1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубов кон повеќе од една личност

Дискусија во 'Врски' започната од theowndemon, 11 јануари 2021.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.333
    Допаѓања:
    164.019
    Пол:
    Женски
    Темава ја отворам во врски зошто мислам дека сексуалната полигамност е многу повеќе општествено прифатена ( иако ептен ограничено) наспроти љубовта кон поќе од една личност. Сега ќе кажам од личен аспект како гледам на ова. Јас мислам дека немаме само една сродна душа туку повеќе луѓе со кои си одговараме. Ако раскиниш со некој кој мислеше дека ти е сродна душа - таму не завршва за тебе љубовта и нема да си несреќен forever. Напротив, има друга личност со која си компатибилен и ќе најдиш среќа. И шо ако имам 15 луѓе со кој сум компатибилна и двајца запознаам во исто време? Шо ако имам чувства кон двата, и двата се океј со то? Зошто општеството врши притисок да се држиме до некаква нормализација?

    Многу често се поврзва секс со љубов, ама јас ги гледам одделени иако многу често се споени. Можам да сакам еден, ама да имам сексуални потреби за повеќе. Или пак да сакам да сум сексуално само со еден, ама емоционално сакам повеќе. Можеби и да сум сексуално со сите со кои сум емоционално заинтересирана. Ова не е нешто шо длабоко го имам мислено туку онака рандом го спомнав и после со членка од тука приватно до длабевме и некако осеќам дека си заслужва посебна тема да видам шо мислат другите. Лично, во цел живот еден имам сакано, па не е некоја мерка дека ова е од лично искуство туку е како некој вид „теорија“ лмао. Ама не исклучвам можност дека ќе сакам пак, па ни дека некогаш ќе сакам двајца во исто време.

    Дали мислите дека можи да сакате поќе од една личност општо во животот?
    Дали мислите дека можите да сакате поќе од една личност во дадено време?
    Дали љубовта и сексот ги гледате споени и ако да, како ви се вклопува ова со љубовта?
     
    На Madrugada, KateKane, Annath и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.584
    Допаѓања:
    79.080
    Пол:
    Женски
    Може. Може и една личност. Ако на некој му се погодила првата личност да е толку добра за да биде и последна, супер. Мене не ми се погоди.

    Јас лично не можам. Ако се појават чувства и интерес за некоја друга личност, толку е од чувствата и интересот за веќе постоечката личност во мојот живот. Пошто во врските сум all in, не half in. Кога сакам, целосно сакам и не можам тие чувства да ги делам. А не можам да сакам ни еден за љубов а друг за секс оти мене тоа заедно ми оди.

    Споени не, оти љубовта се емоции а сексот е страст, но како надополнување едно со друго, да.
     
    На Anastasia9228, tina2018, IRBBB и 7 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    -Да
    -Да
    -Не и Да
    Секс без љубов е интересен спорт.
    Секс со љубов е 'спојување на душите'. (во недостаток на поадекватна фраза)
     
    На Anie93, Cacii123, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Ако добро ги разбрав твоите прашања, еве би сакала да продискутирам за моето мислење во врска со нив.
    Општо да се сака повеќе од една личност во животот, секако дека е возможно и мошне често. Ретки се тие што завршиле во брак, со првата љубов од тинејџерските денови. Само што во различни периоди од животот, различен е интензитетот на љубовта и на сфаќањето воопшто за тој поим. Како созреваме, така љубовта ја доживуваме на сосема поинаков начин и сфаќаме дека љубовта не е само искажување на емоции или опсесија со одредена личност, туку и чувство на интегритет, слобода, разбирање и уште многу компоненти што создаваат една квалитетна врска. Затоа луѓето многу често ги мешаат поимите „љубов“ и „заљубеност“.
    Според мене, можеш истовремено да сакаш повеќе личности со ист интензитет, само ако се работи за љубов насочена кон своите деца, другарки, родители...Но кога се работи за партнерска врска, во тој случај, сметам дека не можеш да сакаш две или повеќе личности со ист интензитет. Љубовта кон партнерот подразбира интимност, страст и посветеност, така што не е возможно сите овие карактеристики да ги чувствуваш кон двајца истовремено. Можеби ќе сретнеме некоја личност која во одреден момент карактерно повеќе ни одговара или пак има повозбудливи, поинтересни и попривлечни карактеристики од моменталниот партнер, но во тој случај не можеме подеднакво да бидеме посветени на двајцата истовремено, секогаш еден од нив ќе има предност и секогаш љубовта кон таа личност ќе биде поголема, така што љубовта кон првиот ќе премине во љубов од сожалување (бидејќи таа личност ништо лошо не ни направила, не ги сменила чувствата кон нас, не направила грешка да ни даде причина да се правдаме пред самите себе си за своите чувства што во меѓувреме сме ги развиле кон некој друг) или преминува во „несвесна“ пријателска љубов, што е пак многу поразлична од партнерската.
    Обично љубовта и сексот одат заедно, иако во поново време, некако „модерново“ општество почна да наметнува некои поинакви стандарди. И тука има разлика, затоа што, едно е да „водиш љубов“, а друго е да имаш секс со некого. Водењето љубов е секако секс, меѓутоа со најголем акцент ставен на емотивниот момент и чувствата кон партнерот и не се сведува само на задоволување на животинскиот нагон. За разлика од „водење љубов“, секс од страст се случува заради тоа што некој физички повеќе не привлекува, меѓутоа на интелектуално или духовно ниво, не можеме да оствариме поголема хемија. И „водењето љубов“ и „сексот од страст“ се поврзани со љубовта, но на различни нивоа, првата заради своите чувства и љубовта што ја чувствувате кон партнерот, втората заради љубовта кон себе си и задоволување на своите потреби. Темава е доста комплексна и повлекува многу потпрашања и поттеми, меѓутоа одговорите на прашањата зависат многу и од индивидуалните сфаќања на единките, нивната перцепција, доживувања, емоционална зрелост, како и нивната способност да направат граница помеѓу чувство на заљубеност, љубов и страст.
     
    На KateKane, tina2018, Bozica1980 и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.575
    Допаѓања:
    38.742
    Пол:
    Женски
    Секако дека може да се сакаат повеќе личности во животот.Мене лично концептот за soulmate ми е некако многу розев и холивудски.Тоа не значи дека не постои вистинска љубов тука дека е покомплексно од тоа дека само една личност може да се сака во целиот живот.

    Е сега за повеќе личности во исто време, не.Во тој случај човекот сам си се лаже дека се работи за љубов, или можеби едното сакање е само почит, ништо повеќе.

    Кога се работи за отворен брак/врска(мислам дека и тоа се подразбира тука), во ред, секој нека си прави што сака ама да не замижуваме на тоа дека позади такви желби и потреба за почесто менување на партнери најчесто се кријат поголеми емоционални пречки и незадоволства.Исто како кога некој ќе изневери, секогаш постои нешто што фали, така и тука, само во овој случај се оправдува и звучи помалку болно.

    За тоа дали љубовта и сексот одат заедно, а и за сѐ друго се согласувам со @Gea, многу убаво напишано.
     
    На tina2018, Cacii123, Ambitious и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.993
    Допаѓања:
    55.117
    Пол:
    Женски
    Многу интересна тема, во последно време многу размислувам за ова.
    Јас уште одамна сум со ставот дека имаме многу сродни души на светов и многу "вистински луѓе. Смешно е да мислиш дека за сите има само one true love на светов. Има многу, многу вистински личности за нас, повеќето од нив никогаш нема да ги запознаеме. Ама некои можиме во исто време да ги запознаеме и од тука почнува темава.

    Отворена врска, отворен брак, моногамија и полигамија ко ќе се спомнат (каде во нашево општество сѐ ова освен моногамија не е "нормално") обично се мисли на сексуалните партнери на еден човек. На пример како што во отворен брак партнерите по договор имаат секс со личности надвор од бракот, ама тие емоционално се поврзани само со една личност. А факт за кој скоро ич не се зборува е дека една личност можи емоционално да е поврзана во повеќе од еден човек, а сексуално само со еден at a time. Можеби и нема доволно термини, не знам. Ама мислам дека сексуалноста и емоционалноста можи, но не мора да се поврзани.
    Понекогаш се фаќам себеси како размислувам за "што би било кога би било" ако завршев со друга вистинска личност. И не, не значи дека сум несреќна во моменталната врска, напротив, само на пати ме загрижува дали сум "нормална".

    Секако треба да се спомни дека постојат повеќе видови на љубов: љубов кон партнер, љубов кон пријатели, љубов кон семејството, љубов кон природата и сл. Но ете како би знаеле за сигурно дека одредена љубов кон една личност што ја имаме е таква и таква? Во нашево општество многу ни се наметнува моногамија, но мислам дека не е само тоа во нашата природа. Човек можи да е моногамен за сексуални партнери, но да е емоционално поврзан со повеќе. Или да е полигамен за сексуални партнери, но да е емоционално поврзан со една личност at a time. И така натаму мислам дека се очигледни комбинациите.

    Finally, за прашањата:
    Дефинитивно да.

    Да. Порано бев многу поконзервативна за ова прашање, но сфатив дека не е сѐ така црно и бело. Во човечкото срце можи да има љубов за повеќе луѓе, и не значи дека некој си го "отсакал".

    Како што кажав, можат да бидат споени но не мора да значи. Постои љубов без секс, секс без љубов и љубов и секс заедно (како најврвно нешто).

    На крај би кажала дека сѐ додека е некој среќен со ситуацијата во која се наоѓа и не повредува никој, апсолутно ништо не е погрешно. :)
     
    На Infinity freedom, KateKane, Guns N` Roses и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    Seks i ljubov ne e isto normalno. Razlichni chuvstva se vo prashanje.
    Mene iskreno mi e nesfatlivo kako nekoj mozhe da saka povekje lichnosti vo isto vreme. Znachi NE OSUDUVAM, tuku ne razbiram. Smetam deka ne e mozhno da sakash povekje lichnosti vo isto vreme i za niv da imash isti chuvstva.
     
    На Just.do.it и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  8. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    Бинго! :D Најдете што ви одговара. Мислам дека никој што си има расчистено со себе ќе му смета кој како сака. На луѓето им смета различноста заради недостиг на личен мир и исполнетост, и репресија на себеси (некогаш заради себе, некогаш заради околината, некогаш и двете). Ако јас сум несреќен и ги следам правилата, мораш и ти.

    Мислам дека љубовта е неограничена. Сигурно би можела да сакам повеќе луѓе во исто време, иако не би била (мислам дека не) во полиаморна врска зашто сум многу интровертна личност и немам желба да бидам со повеќе луѓе. Стварно мислам дека лично не би имала енергија за полигамија, ми треба многу време да бидам и сама со себе, а мислам дека еден од главните фактори што ги прави полигамните врски тешки, е времето. Љубовта (и со тоа партнерството) не е само апстрактно чувство, туку нешто на кое работиш секој ден. Моногамијата во тој поглед ми е ептен таман, и ми одговара.

    Никој не осудувам и никогаш не би си земала за право да кажам дека ако некој сака повеќе луѓе истовремено, не знае што е љубов. Дефинитивно треба сите да се преиспитаат убаво каде стојат, и да се искрени и пред себеси и пред партнерот. Ни моногамијата ни полигамијата не се за секој, и тоа е океј. И двете може да бидат многу токсични.

    Здравата љубов и добриот секс не се споени, ама кога се, се неизмерно подобри отколку ако се разделени. Јас сум од тие што силно веруваат дека и сексот и љубовта стануваат подобри со текот на времето. А не би останала во една врска ни без здрава љубов, ни без добар секс.

    @theowndemon еве една девојка што ја следам, што ги покрива многу од темите што ги чепкаш, скролај надолу, може ќе ти одговори од друга перспектива некои прашања: https://www.instagram.com/bygabriellesmith/
     
    На KateKane, DiCaprio, Ketchup и 6 други им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Ами јас убаво пишав во друга тема. Еднаш можеш да сакаш до крај, втор пат веќе даваш пола од крајот.
     
    На senjorita-v и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.333
    Допаѓања:
    164.019
    Пол:
    Женски
    Фала! На прв поглед ми се допадна шо видов, ја запратив за да можам убо да раскопам.
     
    На dayla му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.767
    Допаѓања:
    177.971
    Дали мислите дека можи да сакате поќе од една личност општо во животот?
    Долг е животот, се се може:emo:

    Дали мислите дека можите да сакате поќе од една личност во дадено време?

    Сум можела. Дали би можела во иднина, не знам, долг е животот:lol:

    Дали љубовта и сексот ги гледате споени и ако да, како ви се вклопува ова со љубовта?Може и не мора, сите варијанти се можни. :)
    Со ова последново имам малку проблем. Прашањево е дел од патријахалната матрица, која наметнува дека жената треба да биде вљубена за да има секс? За мажот, нормално, такви prerequirments не се неопходни, напротив. Верувам дека за секое човечко битие е возможно да има секс без љубов, оти е нагон, и љубов без секс, оти и мозок има, па евентуално не секогаш мора љубовта да се канализира преку секс.
    Колку повеќе го читам третово прашање, толку помалку го разбирам и си мислам дека ја промашувам темата:?:
     
    Последна измена: 11 јануари 2021
    На KateKane, senjorita-v, Ava.84 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.271
    Допаѓања:
    9.093
    Пол:
    Женски
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  13. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Дали мислите дека можи да сакате поќе од една личност општо во животот?
    Да. Секоја љубов е чувство само за себе, чувство што е различно од претходното или следното... Љубовта може да има многу димензии и секоја е убава сама за себе. Сум сакала повеќе личности, но секогаш ми се чини дека последната љубов (засега) ми е најголемата.

    Дали мислите дека можите да сакате поќе од една личност во дадено време?
    Не ми се случило. Сум имала противречни чувства, како привлечност кон две личности во исто време, но секогаш едното превладувало.
    Не ми се допаѓа таа поделеност, бидејќи сум личност што сака да се посвети и да се вложи целосно.
    Инаку секако дека е можно, но не е својствено за мене, ако можам така да се изразам.

    Дали љубовта и сексот ги гледате споени и ако да, како ви се вклопува ова со љубовта?
    Не се.
    Сум имала секс без љубов и не беше лошо, сум доживеала и многу, многу силна платонска љубов. За мене не се неразделно поврзани.
     
    На KateKane, senjorita-v, Роберт 7 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Lazy - Daisy

    Lazy - Daisy Нов член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2021
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    16
    Дали мислите дека можи да сакате поќе од една личност општо во животот?
    Апсолутно. Во животот никој не сака само една личност. Сепак, секоја љубов која ја чувствуваме и секое искуство ни е различно, во зависност од времето и личноста.

    Дали мислите дека можите да сакате поќе од една личност во дадено време?
    Според мене и моите лични искуства, не.
    Сметам дека не можеме да гаиме исти чувства кон две индивидуи истовремено. Иако, можеме да не бидеме сигурни кој и што сакаме, чувствата кон еден се разликуваат од оние кон друг.
    Кога се зборува за ова, често се мешаат поимите љубов, страст и заљубеност.

    Дали љубовта и сексот ги гледате споени и ако да, како ви се вклопува ова со љубовта?
    Не ги гледам како такви. Различно е.
    Сум имала секс без љубов и љубов без секс. За секс доволна е само физичката привлечност, не и емоционалната.
    Сексот е физички акт. Љубовта е повеќе од тоа...
     
    На KateKane, Ambitious, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.668
    Допаѓања:
    16.158
    Пол:
    Женски
    Дали мислите дека можи да сакате поќе од една личност општо во животот?
    На 17 години мислев дека првиот дечко ќе ми биде првата и единствена голема љубов во животот. ДА може да се сака повеќе од една личност во животот, не гледам причина зошто не би можело, лично јас сум сакала повеќе од едаш до сега.

    Дали мислите дека можите да сакате поќе од една личност во дадено време?
    Јас лично не би можела, не сум таков тип. Ако засакувам втора личност при партнер, значи дека со првата личност нешто не оди.

    Дали љубовта и сексот ги гледате споени и ако да, како ви се вклопува ова со љубовта?
    Да, но и не мора.
     
  16. Cacii123

    Cacii123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Дали мислите дека можи да сакате поќе од една личност општо во животот?
    -Јас мислам дека може да сакаме повеќе од една личност во животот, но сепак кога ќе ја најдеме нашата сродна душа како што викаат, тогаш таа е вистинската и е последната личност која што ќе ја сакаме искрено и ќе оформиме фамилија со неа и ќе имаме меѓусебно разбирање и компромис, односно најмногу ќе си одговараме со таа личност.

    Дали мислите дека можите да сакате поќе од една личност во дадено време?
    -Мислам дека во дадено или исто време не можеме да сакаме повеќе од една личност, туку секогаш едната ќе ја сакаме, а додека другата само ќе не привлекува. А доколку мислиме дека сакаме повеќе личности во исто време тогаш постои несигурност во нас или пак воопшто не ни ја сакаме таа личност, но самите не сме свесни за тоа, поради некои икс причини.

    Дали љубовта и сексот ги гледате споени и ако да, како ви се вклопува ова со љубовта?
    -Не мора да бидат споени затоа што постојат личности кои само не привлекуваат сексуално тоест имаме страсти спрема нив, имаме добар секс и само меѓусебно се задоволуваме (секако тоа се прави со договор), но немаме чувства на љубов спрема нив.
    -Но љубовта и сексот можат да бидат и споени, а тоа е кога сме истовремено и заљубени во таа личност односно имаме чувства на љубов кон неа и истата не привлекува и сексуално, односно преку сексот освен што можат само страстите да бидат искажани, тука се искажува и љубовта помеѓу партнерите.
     
    Последна измена: 12 јануари 2021
    На Ambitious и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  17. ☆P!nselsp!tze☆

    ☆P!nselsp!tze☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    814
    Пол:
    Женски
    -Да.
    -Да.
    -Не.
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Оти бе да не може да се сака повеќе личности во исто време?
    Исто како што сакаме повеќе роднини, повеќе пријатели, исто и ова.
    Љубовта може да е со различен интензитет, различна диманика, ама пак да е некој вид на љубов.

    или... ?
     
    На Nigredo Odor, Snowflake92, Amellie13 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    1. Секако дека да.
    2. Може да се сака, но со различен интензитет. Секогаш едниот за нијанса ќе биде помил...
    3. Не.
     
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.767
    Допаѓања:
    177.971
    Можеш, ако имаш капацитет за љубов.
    Во моментов капаците имам 0,5;), ама не било секогаш така.
     
    На ☆P!nselsp!tze☆ и WildMk им се допаѓа ова.