За жал или за среќа не сум од тие кои сакале и сакаат само една личност. Често се смејам дека срцево е како автобус има место за сите. Сум сакала неколку пати и секоја љубов била различна. Од ова и мислам дека може да се сакаат повеќе личности во ист момент затоа што ни една љубов не е иста. Љубовта и сексот не се поврзани, може да сакаш без секс и да имаш секс без љубов. Кога со една личност ги имаш двете е идеално.
@theowndemon, зошто толку го комплицираш животот? Уште ова ми фали да го мислам. Give me Hallmark. One dream, one life, one lover... Дали љубовта и сексот ги гледате споени и ако да, како ви се вклопува ова со љубовта? И да и не. Верувам дека човек може да се заљуби во некој само затоа што сексот им е добар. Дали мислите дека можите да сакате поќе од една личност во дадено време? Мислам дека може, ама на различен начин. Не барајте да го објаснам ова "различен", бидејќи ни јас не би знаел, ама досега со никој сум немал иста конекција по вторпат, секогаш било различно. Дали мислите дека можи да сакате поќе од една личност општо во животот? Дефинитивно.
Дали мислите дека можи да сакате поќе од една личност општо во животот? - Да, можи да се сакаат повеќе личности ама можи да се деси и човек да сака една личност во животот, така да му се погоди. Дали мислите дека можите да сакате поќе од една личност во дадено време? - Можеби можи, јас лично не. Јас или сум со некој или не, неможам да бидам со некој, а да имам чуства и за друг. Дали љубовта и сексот ги гледате споени и ако да, како ви се вклопува ова со љубовта? - Споени баш не се, љубовта оди со секс, ама сексот оди и без љубов. Мене ми одат заедно, љубовта со секс.
Ова испуштив да го кажам во мојот пост. Верувам дека вака можи да се сака повеќе од една личност, дури и за "слична љубов" да се работи. Интензитет, динамика, причини и вид можи да се различни, ама сакањето, љубовта е тоа.
Дали мислите дека можи да сакате поќе од една личност општо во животот? Сметам дека човек може да сака повеќе пати во животот, не со ист интензитет но да, можно е. Лично јас досега имам само една личност сакано. За жал одамна заврши нашата приказна, на лош начин. Дали би сакала повторно, не знам, можеби, ако ми се пружи шанса и ако биде взаемна. Дали мислите дека можите да сакате поќе од една личност во дадено време? Повторно јас лично не можам да сакам повеќе од една личност во исто време. Би се согласила со @Guns N` Roses ако засакам друга личност или ме привлекува, тоа значи дека со првата нешто не оди. Доколку се случи тоа, би раскрстила со партнерот, нема да биде фер за него ниту пак за мене доколку за момент помислам на друга личност што ме привлекува. Дали љубовта и сексот ги гледате споени и ако да, како ви се вклопува ова со љубовта? Не.Имав долга врска, немав секс, некако не сакав да имам секс со таа личност иако ја сакав. Не можев да го замислам сексот со него.
Дали мислите дека можи да сакате поќе од една личност општо во животот? - Можно е. Според мене на сите некогаш во животот ни се "допаѓале" повеќе личности додека не го најдеме вистинскиот. А според мене "допаѓање" и "сакање" е едно исто. Јас пример кога ќе го најдам "вистинскиот" само него го сакам. Дали мислите дека можите да сакате поќе од една личност во дадено време? - Неможам. Се согласувам со тоа дека ако се "заљубам" во друг, тоа значи дека со првиот нешто не било во ред. Да бил во ред првиот немало да се случи вториот. Дали љубовта и сексот ги гледате споени и ако да, како ви се вклопува ова со љубовта? Како што рече Вајд. Секс без љубов е интересен спорт. Секс со љубов е 'спојување на душите'. (во недостаток на поадекватна фраза)
Не знам како е можно повеќе личности во ист период да се сакаат, не ми е јасно. Еден човек ако го засакаш лудо, нема други, барем јас така мислам. А повеќе личности низ животот да ги сакаш можеш, да. Но еден останува незаборавен. (Од искуство)
Да, може да се сакаат повеќе личности во текот на животот, зошто да не. Кога сме помлади, повеќе се занесуваме по концептот за вечна љубов, ама тоа од гледање многу амерички романси, од бајките што ни ги презентираат од најмала возраст, и фамозното happily ever after. Истовремено можам да сакам различни луѓе, ако зборуваме за партнер, деца, роднини, пријатели. Љубовните врски во кои сум била не биле секогаш од љубов, иако сум мислела дека е баш тоа. Истовремено да сакам повеќе различни партнери, не. Нема шанси. Кога се фокусираш на еден човек, даваш сѐ, за друг не останува. Ама, не е вечна таа љубов, само еволуира, и тоа зависно од насоката во која се одвива врската. Не верувам во концептот на сродни души како две половини од едно цело, верувам дека може двајца да бидат сродни според начинот на живот, ставовите, размислувањата, степенот на едукација, меѓусебно надополнување. Љубовта и сексот не се едно. Може да бидат поврзани, но и не мора. Жените повеќе го поврзуваат сексот со емоциите, за разлика од мажите, ама не генерализирам, бидејќи има жени кои немаат проблем со секс без емоции, има мажи кои не можат да имаат секс без емоции. Лично, поубав ми е сексот како надополнување на љубовта, иако и обратната ситуација не ми е туѓа, сум ја практикувала не така ретко. Нагонот не е емоција, ниту љубов. Само порив за опстанок на видот во природата, со исклучок на човекот.
На 16 години се фатив со еден дечко и неколку години сме заедно но млада сум сакам забава а знам дека нема да преболам секаков женкар а дечко ми е срцка во секој смисол.. мене друг ме привлекува ноо ете неприфатливо ми е
Дали мислите дека можи да сакате поќе од една личност општо во животот? Може и секоја љубов може да е поразлична од останатите. Дали мислите дека можите да сакате поќе од една личност во дадено време? Според мене не може. Врската ја замислувам јас и партнерот, нема место моите чувства да се споделат и со 3то лице. Ако вложам во едно, не можам и во друго. Моментот кога друго лице емоционално и љубовно ќе почне да ми значи, тоа прераснува во емоционално неверство и е време за промени. Дали крај на врската или крај на блискоста со другата личност и посветување целосно на врската, е избор и одлука на тој кој ќе се најде во ваков тријаголник. Ако партнерот е вложен само во мене и нашата врска, не заслужува моите чувства да се поделени и со друго лице. Дали љубовта и сексот ги гледате споени и ако да, како ви се вклопува ова со љубовта? Барем емоции или заљубеност да постојат. Не ми се случило да сакам секс без емоции. Не знам дали понатака би се случило, но немам потреба од секс само за задоволување на телесните потреби. За мене тој чин е повеќе од само нагон.
Оти да не? Не може да си ги сака другарите, ако те сака тебе? Имаш ти монопол врз нејзината љубов, или шо?
Може да се сака повеќе пати во животот. Иако секоја љубов е различна и во различен период од животот барем јас имам различна дефиниција за љубов, да може. Ама мислам сепак иако е различна љубовта со секој партнер, нешто било или е поинтензивно. Дали може во исто време да се сакаат двајца? Хмм, не да се сакаат. Ама може и додека си во врска некој да ти одвлече внимание, да ти њ привлечен, моментално интересен и сл. Ама дека ги сакаш и двајцата не. Ако си во врска а ти привлече некој друг исто така сум и да и не дека нешто не е во ред со партнерот, до мене е бе може, таков ми е карактерот(ми се случиле и двете ситуации де) А дали се споени сексот и љубовта? Може и да се, може и не ама сепак е поврзано со емоции. Има триста комбинации Значиии ми испадна се може да е и да и да биде не. Па добро
Дали мислите дека можи да сакате поќе од една личност општо во животот? Апсолутно. Не исто, не со ист интензитет, не со иста желба и способност за жртвување, но да. Дали мислите дека можите да сакате поќе од една личност во дадено време? Не сум сигурна, но мислам да. Дали љубовта и сексот ги гледате споени и ако да, како ви се вклопува ова со љубовта? Не. Љубовта без секс ми нема поента искрено, а сексот без љубов е чисто задоволување на потреби, така што дефинитивно е можен. Поверојатно ми е од кежуал секс да настане љубов, него да истрае љубов без секс.
Дали мислите дека може да сакате повеќе од една личност општо во животот? Да. Исто како што се заљубуваме, така и се одљубуваме. И повторно може да се заљубиме, и повторно да се одљубиме. По придрода човекот е таков, да вкусовите, желбите, очекувањата и потребите ни се менуваат... и нормално, животните ситуации.Барем јас така гледам на работите. И мене концептот за сродна душа сега ми е малце смешен, иако додека растевме, мислам дека сите верувавме (или бевме наведени да веруваме) дека постои само еден човек, еден партнер, еден сопатник, сеедно како го нарекуваме. Дали мислите дека можете да сакате повеќе од една личност во дадено време? Ако зборуваме за љубов, во смисла партнер, дечко тука ми е малку поделено мислењето, зошто едно време бев убедена дека сакам две личности во исто време. Ама, што повеќе фатам да размислувам (а одбегнувам да се навраќам многу на тие времиња) мислам дека само кон едната била љубов, а кон другата сум негувала некои други емоции налик љубов. За љубов према семејство, пријатели, не ни коментирам зошто се подразбира дека да. Дали љубовта и сексот ги гледате споени и ако да, како ви се вклопува ова со љубовта? Сексот и љубовта ми се две различни категории, но дефинитивно дека кога ќе се спојат е најубаво. За сексот е доволно само страст, физичка привлечност.... Тие што имале секс без љубов најдобро знаат. А тие што имаат љубов без секс... не знам што би кажала за нив.
Дали мислите дека може да сакате повеќе од една личност општо во животот? Не само што може, туку јас лично мислам дека ми беше доста поучно и убаво искуство тоа што доживеав љубов од различни луѓе, со различна перцепција за истата. Нема универзално правило за љубов, нема правило како треба да изгледа, затоа што е толку субјективно и различно чувство и секој ја искажува на различен начин. И ме оформиле и созреале како личност искуствата и ми покажале дека некој може да искажува љубов на начин на кој што мене воопшто не би ми ни текнало. Дали мислите дека можете да сакате повеќе од една личност во дадено време? Не. И тоа кого сакам ми детерминира мојов мозок во секојдневни ситуации без јас волево да размислувам за тоа. Ако нешто ми се случи убаво на работа, прво кај што ќе помислам да се јавам, таму ми е срцето. Исто ако се изнервирам нешто, се натажам, кај сакам да кажам прво - тоа е тоа. Кога дрма земјотрес таму кај што прво се јавувам да проверам дали е добро, таму кај што сакам да го споделам секојдневието. И секако човек за кој сакам да си го споделам слободното време, да правам заеднички работи како готвење, шетање, одење во кино и слично. Може да ми се привлечни повеќе луѓе во исто време, ама да сакам не. Дали љубовта и сексот ги гледате споени и ако да, како ви се вклопува ова со љубовта? Не. За ова "бетер од маж сум" (колку ја мразам оваа поделба, агитирам против неа) ама комотно можам со некој да отидам само ради задоволство и ич да не се замарам. Ваљда дојде тоа од една претоксична врска каде излегов максимално повредена, па потоа ми требаше долго време за да се приберам И не гледам ништо погрешно во тоа да одат луѓе со други колку за задоволство, не мора секогаш да си вљубен со некој за да си поминеш убаво. Е ако си вљубен во таа личност тогаш имаш се, а не само сексуално задоволство. И имаш комфор за да експерименитраш и пробуваш нови работи со човек од доверба.