Јас мислам дека можам до кај 5-6 да сакам во ист период, ама фокусот т.е. сконцентрираноста е обично на двајца.
На две столчиња се седи, на три може и да си прилегнеш. Шала на страна, колку и да ви е чудно има многу повеќе случаеви од што мислите и така двајца се зезнати бидејќи третиот не е сигурен во својте чувства и не знае што сака.
Како и да е, колку и да е точно тоа "сакање на повеќе личности" мислам дека би траело многу кратко, неколку денови, месец, два најмногу. Дури и тоа е многу според мене. Разбирам да ти се допаѓаат повеќе личности кога си во сингл период, ама да сакаш повеќе личности НЕ и не разбирам. Подобро би било кажано "посакуваш повеќе личности". Така веќе, посебно од машки аспект, има малку смисла.
А зошто да е сконцентрираноста исклучиво на двајца, за да падне добра тројка? Е сега не темава: Дали мислите дека можи да сакате поќе од една личност општо во животот? - Да. Дали мислите дека можите да сакате поќе од една личност во дадено време? - Да, блиските личности си ги сакам сите истовремено, а ако станува збор за сакање што резултира со секс, не. Дали љубовта и сексот ги гледате споени и ако да, како ви се вклопува ова со љубовта? - Јас како што гледам во околинава претежно сексот си го конзумираат чисто како физика, без никаква љубовна хемија, се изневеруваат и шуто и рогато. Мене како ми се вклопува ова, никако не ми се вклопува и ден денешен не разбирам како може да се вараат со кој стигнат и каде стигнат имаат ли тие луѓе обврски спрема фамилијата по дома, работат ли нешто, како постигнуваат се', да им се поздачудиш на умот.
До кога бе ќе судите според полот на личноста? Нема машки, женски, се си зависи од карактерот на личноста. Проблемот кај тие личности е себичноста, недостаток на емпатија, а од друга страна се и страшни манипулатири. Тие не одат на околу и велат си имам девојка или дечко. Си почнуваат нешто на страна и ти додека се сетиш си станал љубовник/ца. И така со еден удар сје*ат две муви, и на крај тие испаѓаат жртва
Не судам според пол и не викам дека и жени нема такви. Ама не сум сретнала јас лично, а мажите(пријатели, роднини, другари) шо ги познавам, 90% се од тие "е шо ако иам жена/женска, ја пак си праам шо сакам и со која сакам". Извини "мажиште" жената е за по дома. Неблагодарни! Среќа што немам јас налетано на таков, јас за лајк ако стави на некоја се нервирам, а да се осуди на нешто повеќе.. Хе хе