Па добро,ако не ти е убаво со него и ако не чувствуваш дека го сакаш тогаш зошто идеш со него?! Ем се измачуваш себеси,а го измачуваш и него,нели?Тој ќе те моли,ќе плаче ама откако ќе сфати дека нема веќе љубов ќе си го организира животот на свој начин и без тебе.Објасни му убаво дека вака веќе не оди и дека не го сакаш повеќе.Најубаво ќе биде така
Стави крај , ако не ради тебе тогаш ради него . Не е фер вака да се измачува . И ти ќе најдеш некој што нема да мора така да му правиш , а и тој некоја што ќе го направи среќен и без навредување.
Девојкава изгледа е некој лев карактер,па ниедна мајка не сака детето да и е малтретирано,фала богу дека ќе реагира,а оваа па како помала место почит,остра на јазик.А дечково или е мека душа или е плачко тежок...едно е.Нема достоинство и карактер да ги оконча работите.Никој нормален во име на демек љубов,а патем ова не е љубов,не би трпел вакви глупости. Не ми се ни делат совети,кога е јасно како ден,ме иритира безосетноста и безкруполозноста.Чуму?!За ќеф?!Од досада?!Од што?!Па кој заслужува психички да биде малтретиран?!Ај обратна ситуација,тебе ќе ти биде убаво?! Раскини,не го мачи дечкото,најди некој друг кој ќе има м*да (простете на јазиков) да го издржи тоа или па ќе ти се сврти и ќе те врати од таму каде што си дошла. Не поднесувам навредување во врската од било која страна!Еден збор боли повеќе од еден шамар.
Се согласувам со Лилит. Иако е убаво за промена да се прочита пост каде девојката е таа што навредувала, а не обратно
секако дека не е љубов да навредуваш некого и да го понижуваш девојко тоа што ти него му го правиш6 месеци не те оправдува во никој случај ти си со него од навика или чисто онака колку да си ја ладиш(се извинувам на изразот ) да ти мине со некој времето во превод со погрешен вистинскиот да го чекаш ...стави се на негово место замисли си дека тој тебе те понижува и потоа запрашај се дали тој тоа од љубов би го правил ???очигледно тебе тие интересно да те молат и да ти плаче или на тој начин си лечиш комплекси
Љубовта се состои од взаемна почит, кога тоа го нема се е џабе. И мислам дека не ти треба дечко што не е доволно достоинствен да се сврти и да си отиде. А тоа што плаче и те моли тоа се вика емотивна уцена. Лабилен карактер. Таквите се најлоши.А тебе тоа сигурно сега ти е интересно си мислиш дека премногу те сака зошто дозволува да го навредуваш и не те остава поради тоа. Не човек треба прво себе да се сака за да може вистински да сака друг.
Ааа тоа никакооо !!! own: ни да навредувам ни да ме навредуваат досега фала му на бога ме нема навредено ама секако ако е навреда во права смисла на зборот ќе му го памтам и нема да го гледам како досега. Тоа според мене е недостаток на почитување на партнерот НИСКО многу ниско .А ако толку многу ти значи мислам дека ќе размислиш многу подобро пред да кажеш нешто не може да биде Љубов
Само нека се обиде уште еден, и ќе види како е да е повреден, а не навреден. Претходниот дечко ме нарече ку*ва два пати. Никогаш не му простив и некогаш не му го заборавив тоа, ама лудо дете поминам некако преку истото. И згора на се ме нарече така затоа што кога тргнал да ме баци сум се тргнала, а мојот бивш не гледал. Дека јас очи на тилот имам, па ќе видам дека е позади мене тој.
Што кога партнерот ќе ве навреди ? Па ме нема којзнае што навредно, или и да кажал нешто сигурно не било толку големо бидејќи не сум го запомнила. Инаку, ако ме навреди би ја прекинала во истиот момент комуникацијата и би ја продолжила после неколку саати или денови, за да помине афектот (инаку може да се исповреѓаме). Па после ќе разговарам смирено и би му кажала што ме навредило.
Што кога партнерот ќе ве навреди ? ме има навредено.еднаш му простив но се повтори и ставив крај на врската.сватив дека нема ни грам култура и почит спрема мене.па затоа не гледав причина да останам во неквалитетна врска.
Што кога партнерот ќе ве навреди ? инаку и на мене ми се деси пред некој ден да ме навреди, беше во момент на караница меѓутоа му простив. Но му реков дека мојот однос спрема него нема да биде ист како порано, и навистина сум во план да го сменам за да сфати некои работи
Што кога партнерот ќе ве навреди ? ако еднаш те навреди немој да мислиш дека подоцна не може.мене искрено таков човек не ми треба што не ме почитува.
Не е љубов. Викјате гласно, ама не се навредувајте. Бидејќи зборовите што си ги кажувате ќе ви останат в глава. Ме навредуваше, и тие зборови никогаш нема да ги заборавам. Заради тоа и ми стана далечен и ми ја искриви сликата за него.
зависи како се навредувате со стил или без ..... ја си го предизвикувам да се навредуваме (тоа е терапија за да го опуштам кога е здрвен) а после тоа следи чуда... Мислам да се навредиме до оној степен кај што ке бидеме лути нема шанси..... ја ке го речам ова рчкање затоа што ни е забавно
Навредувањето во врска е една од оние работи поради кои сум спремна во истиот момент да раскинам со дечко без разлика колку го сакам во моментот. Значи, ако некој те сака вистински, никогаш нема да да си дозволи да те навреди или пак да се чувствуваш глупо и тажно поради него.
Незнам ние сакаме да си се навредуваме ама онака слатко некако....изгледа немате појма После расправа знаете ли што следи за смирување ????