Девојки ме интересираат вашите мислења за оваа тема. Верувате ли во љубов на прв поглед или мислите дека тоа се само работи од шпанските серии, дека парнерот треба постепено да се запознае, каква душа има, зашто изгледот понекогаш може да не излаже. Чекам ваши мислења.
ДА! Верувам. Ми се има случено,пред околу 2 години.За жал немаше ништо помеѓу нас освен другарство,бидејќи како повеќе се запознававме станувавме се поблиски и подобри другари.Имаше жарче ,но не оставивме да се разгори зошто знаевме дека после врска нема да останеме во толку добри односи.Сега имам врска од 1 година и поретко се гледам со него,но другарските односи ни се супер.И ден денес кога ќе се сретнеме сме си радосни и ни е мило што се гледаме..Тоа е накратко
Јас не верувам во љубов на прв поглед,можеби тоа е заради тоа што ми се нема случено или пак имам сосема други ставови на темава.Сметам дека "љубовта" на прв поглед е всушност некој вид на заљубеност т.е занесеност,привлечна сила што те тера да ја запознаеш таа личност поубаво.Љубовта е да не можиш да живееш без некого,да го сакаш искрено без оглед на се,да не си злопамтило,да не можиш без неговите очи,допир,насмевка,збор,бакнеж,прегратка...Љубовта е нешто преубаво што се случува по извесно време,откако убаво ќе го запознаеш некого,физички и психички,ќе го засакаш искрено,ќе го дадиш животот за него ако треба.Љубовта на прв поглед за мене е само физичка привлечност,вистинската љубов тек доаѓа понатаму Оф топик: Темава ме потсеќа на вицот,веруваш во љубов на прв поглед или да поминам уште еднаш.
Нема начин да се докаже дали постои или не. Љубовта е многу повеќе од физичка атракција, а тоа е се што може да почувствуваш за некој што прв пат го гледаш и не знаеш ништо за него. Љубовта доаѓа после некое време од кога ќе ја запознаеш убаво личноста, од кога ќе поминеш време со неа, дознавајќи и ги интересите и размислувањата. Тоа што луѓето го нарекуваат љубов на прв поглед е само голема физичка атракција и желба да се дознае нешто повеќе за личноста, но не љубов.
Љубов на прв поглед, па .. Мислам дека не е можна. Секој може од поглед да е фин, убав, и сл. Но секој е различно. Порано верував, но сега мислам дека не постои. Како ќе можеш со еден поглед да дознаеш дека тој е тој правиот за тебе? Фантазии.. Порано знам дека немаше млад човек кој не верува во љубов на прв поглед. Сите се заљубени на прв поглед, чудо. Мене посебно, ми треба месеци за да го дознаам прво човекот па да го засакам.. Општо како човек. А за дечко, кој мислам да делам се со него, сите мои моменти, доверба да имам во него.. Тешко одбирам , со тек на многу време.
мислам дека имаше ваква тема но ако, да одговарам и тука. не верувам во љубов на прв поглед, на прв поглед може да те привлекува некој, некој вид симпатија, но љубов не. љубов е кога го познаваш некого, и без оглед на се го сакаш (бил тој/таа добра или лоша личност, убав/а или не толку привлечен/а), значи се заљубуваш и во неговата/нејзината внатрешност, а не само да те привлекува надворешната убавина.
Ја отворив темава за да видам што мислат другите, ама еве и јас ке кажам дека и јас не верувам во љубов на прв поглед. Тоа е точно дека кога ке видиш првпат некој човек можеш да почувстуваш само физичка привлечност, ама ти треба време за да го запознаеш каков е. Кога првпат го запознав мојот бивши дечко ептен бев "затрескана", ама со текот на времето сфатив дека таков човек мене не ми одговара, имаше многу работи што ми сметаа кај него и дури сега сфаќам дека тоа било само моменти на привлечност и ништо повеќе. Со сегашниов дечко идам 2 години, го сакам, ама мислам дека ако сакаш некого да познаваш добро ти треба многу повеќе време.
Неможе да биде љубов тоа чувство кон некој што ни името не му го знаеш а да не зборуваме за карактер,познавање и бла бла....Како што кажа Harlow тоа е само физичка атрактивност и ништо повеќе.Ми се нема случено до сега на прв поглед да ми се допадне некој али кој знае what the future may give !?
Јас лично не верувам во љубов на прв поглед. Симпатија да, но за да го љубиш некој треба да го познаваш. Барем за мене е така. Јас не можам да љубам некој кој знам само како изгледа. Треба да знам негов карактер, темперамент, круг на движење, пријатели итн (да не должам многу, ќе дојде оф топик).
И јас мислам дека допаѓањето на прв поглед не може да се нарече љубов... Магнетска привлечност може да има, но сепак љубовта е длабоко чувство што не може да се јави од една средба.
Да, верувам ! Уште со првиот поглед тоа чувство на привлечност прерасна во огромна љубов која и ден денес трае..
Јас мислам дека на прв поглед можеш да почувствуваш привлечност, но за да се заљубиш целосно во некој ти треба време да го запознаеш, да станете поблиски. Љубовта се надоградува во текот на животот, но и се јавува постепено
Не верувам дека постои. Може да ти се допадне, физички да те привлече и во моментот да изгледа како љубов но љубовта е премногу силно чувство за туку така да се дојде до него.
Љубов на прв поглед не постои. На прв поглед само физичка привлечност или страст. Ако таа првична привлечност порасне понатаму во нешто поголемо, и партнерите си одговараат, се појавува љубовта. Тогаш тие ќе тврдат дека било љубов на прв поглед ама љубовта доаѓа подоцна Ако пак таа првична физичка привлечност не прерасне во понатамошна љубов, тогаш тие ќе тврдат како постоело само страст
Да, да, да... постои. Ми се има случено...неверојатната работа беше што беше на прв поглед кај двајцата, со се пеперутките во стомак и некој чуден немир... Неверојатно и благодарна сум му на животот што ми овозможи да го искусам тоа. И траеше со години, само што јас бев тиква зелена и единствениот виновник за се што не чинеше . ТОЈ беше безмалку совршен Никогаш веќе не ми се повтори тоа во животот, освен, нормално, љубовта кон дечињата, ама за таа љубов не требаше ни поглед, доволно беше сознанието дека растат во мене
да,верувам пошо ми се има случено,толку ми стана мил,драг,се стопив,да не ми се имаше случено може ќе речев страст или привлечност на прв поглед ама тоа беше тоа и траеше тоа чувство мноогу долго ама за жал не повеќе...
Дефинитивно DA!!!! Верувам и тоа е таа моја љубов што и до ден денес е со мене и ме прави најсреќна на цел свет
Првиот пат кога го видов мојот сегашен дечко, имав чувство дека светот престана да се врти за момент. Блеев во него како некое теленце во шарена врата кое моли да лизне малку сол од рачето. И миг потоа - си го замислив гол. Страст и магнетска привлечност на прв поглед - ДА. Љубов - НЕ. Во тој момент не помислив дека некогаш би ми рекол - среќен сум затоа што постоиш, помислив само да го соблечам и да го злоупотребам максимално. И многумина го мешаат овој момент.
Темава е за категорија секс.Зошто,читај пост погоре! Премногу пубертетлиско поимање на љубовта е во спротивно.
Ооо и те како. И не само тоа, него по се изгледа само така функционирам. Ако не ме голицне нешто од старт, после па ич. Вибрации, се е до нив... кај мене тоа.