Да верувам во неа. И мојата љубов која ја доживувам и живеам е дело на љубов на прв поглед. Што ли ќе се случеше да не го приметев а и он мене ?
Се заљуби на прв поглед или уште еднаш да поминам? За мене вакво чудо не постои. Можеби ќе се појави некоја хемија и привлечност во прв момент, но тоа е далеку од љубов. За да кажеш дека некого вистински сакаш, треба и вистински да го познаваш.Тогаш кога ќе знаеш дека е далеку од совршен, а пак тебе ќе ти е најдобар. Да му ги знаеш и сите мани, и пак да го сакаш. А ваквото сакање на прв поглед е само обична фантазија, сакање на некој си фиктивен лик кој си го имаме созадено ние во умот, врз база на она што го гледаме надворешно. Ајде бре па како можам да го сакам, кога незнам ни дали има три чисти во главата.
Оооо, да, верувам и тоа како верувам... Да не се случеше љубов на прв поглед (привлечност, вибрации, огромна хемија), не знам кој би ми бил маж
Па си верувам! Иако ако нашето беше љубов на прв поглед, требаше да бидеме заедно на 5 годинки. Ама ако, на прв поглед е хемијата, привлечноста. Има нешто,нели?
До сега не ми се случило да се заљубам на прв поглед. Обично ми треба повеќе време да си ги средам мислите, затоа што понекогаш јас самата несакам да си признаам дека сум се заљубила. Инаку верувам дека може да ми се случи и мене.
Не верувам. Привлечност, хемија, вибрации итд да, ама љубов... Љубовта се гради, треба време, треба да се согледаат и маните на партнерот, не само доблестите. Кога ќе го прифатиме со сите мани и доблести може да се рече дека е љубов. Се друго за мене е заслепеност. Затоа многу врски не успеваат. Кога ќе излезат на виделина маните се крши совршената слика што сме ја имале и не сме способни да преминеме преку тоа, па врската пука. Љубов на прв поглед... Смешно дури.
Цела ова кованица не ми оди никако заедно-најпрво-љубовта е една од најкомплексните емоции кои ги искусуваме-ако ги искусиме најпрво,понатаму прв-значи нешто што неминовно и не мора да се повтори и поглед-сетилна визуелна слика,елементарна перцепција. На прв поглед може да ми влета во видокругот некој за кој мојот внатрешен радар ќе го окарактеризира како потенцијално интересна индивидуа,тоа да.Јас сум голем скептик за правење сценарио за ендлес лав стори од само еден поглед,може во мене е грешката по ова прашање.И колку би траел онака тој поглед пред да ја премине границата на убавото однесување и не се претвори во ѕверење или зјапање за да можам да си извртам доволно сценарија за да се насочам накај сферава на чувства и мисли околу некој кој случајно влетал во видново поле?! Ма,ни заљубеност не ми продуцира за толку кус интервал мозочево,па колку сака нека е надворешно вау-ефектот на човекот,јес да би сакала да видам некој и со еден поглед да ме нокаутира во секој можен поглед преку некои седмо или осмосензорни вибрации од аут оф спејс или минати животи да ми дојде порака хис д ван ,ама ова е риал лајф,не сум хероина на фикшн стори,а би јас да бидам не дека не.Ај сега нека ја налутам кармата ли,некоја си виша сила во вселенава и ме разубеди,м :geek: ?!
Најверојатно само тој што ја почувствувал знае да објасни,како зошто што..интересна појава е,се дешава само еднаш у живот според мене и тешко е да им се објасни на другите луѓе како се случува! ама едноставно кога ќе го погледнеш у очи и чувствуваш нешто што и сам не можеш да си го објасниш со оглед на тоа што прв пат ја гледаш личноста! го одвојуваш тоа чувство од сите други до сега,сфаќаш дека не го гледаш на ист начин како згодниот дечко што поминал пред тебе на улица до пред некоја минута..има нешто повеќе! ми се случи на мене и иако не заврши среќно сеуште со насмевка сум на лицето кога ќе се присетам на чувството..неописливо е!
Не верувам во љубов на прв поглед затоа што ми се нема случено досега Оф топик : Eве што е вистинска љубов http://www.youtube.com/watch?v=SEbCGoCRLu8
Љубов на прв поглед? Од кај знаете дали е тоа љубов? Незнам,не верувам дека постои.Ми се случило да запознам некој и потоа постојано да мислам на него.Ама, дали е љубов или не,немам појма,незнам што е љубов.
Можеби постои, мене никогаш не ми се случило.Ама како и да е сакам да верувам дека постои, сигурно е убаво чувството кога ти се сретнува за прв пат погледот со “љубениот“
Не е можно да засакаш некого на прв поглед. Божеее..Па од кај се познавате. Според мене на прв поглед може само да ти се допадне некој.