Вчера доживеав нешто слично но не знам дали може да се нарече љубов. Како и да е , се издвојува од онаа обична привлечност која е честа .. Еден прекрасен дечко ми се најде кога имав проблем со паркирање.. Три коли буткаше заради мене иако тој можеше да помине. Ме воодушеви со пријателскиот гест... а цело време се гледавме долго и посебно, насмеани си тоневме во погледите еден на друг, без мисли за сексуална привлечност( не ме измери каkо што знаат мажите) многу јака енергија проструи , но мајка ми ме чекаше во кола и му кажав фала и си се свртев. Се надевам дека повторно некогаш ке го сретнам
Љубов на прв поглед...? Здраво...Јас сум нова на Фемина...Се надева дека нема да имаме никакви проблеми...Но да се вратам на темата...Постои ли љубов на прв поглед???Според мене да...Сеге ќе ви ја раскажам мојата љубовна приказна...Се преселивме во друг грат па морав да го сменам училиштето...Така,во новото училиште видов едно многу убаво дете по име Кристијан...Го симпатизирав уште од почетокот...Но незнаев дека и тој мене ме симпатизира...Еден ден тој ми направи сопка,но не успеа...Тогаш му реков: „Sorry,дечко не ти успеа...“Тој се насмеа и ми рече гледајќи ме во очи: “Следниот пат ќе ми успее!!!Mwa“ Тогаш уште повеќе го засакав...На еден роденден,на кој и тој беше таму ми кажа: “Здраво...Како си?„ А јас му одговорив: “Hi!„ Ми рече : “Сакам да те прашам нешто...„ А јас му одговорив: “Слободно„ тој ме кажа да излеземе надвор...Кога излеговме ме праша: “Ќе сакаш ли да се фатиш со мене?? „ А јас му одговорив : “Да,да,да„ тој ме прегрна и ме бакана...Јас велам дека оваа е љубов на прв поглед...
Љубов на прв поглед-Да или Не Да постои.. Еве ја на пр се вљубувам на прв поглед.. али дечкото мора де е топ шо се вика без влакна на јазикот па да се вљубам у него.
Љубов на прв поглед-Да или Не Привлечност на прв поглед да, љубов не. За да сакам некој треба да го запознаам, карактер,особини, да видам како се однесува према мене, какви животни ставови има и сл. На прв поглед може некој само физички да ми се допадне.
Љубов ? Хммм не мислам дека не постои човек што може одма да се заљуби во некој. Не е возможно А да му се допаѓаш да има хемија мегу вас двајца се разбира дека од прв поглед може
Порано мислев дека постои љубов на прв поглед, ама после сватив дека гледам многу шпански серии. Постои хемија, физичка привлечност на прв поглед која понатаму ако се развие доволно врз основа на карактерот на другата личност - може да прерасне во љубов. А каква љубов е таа со некој што речиси воопшто не го познаваш, освен што знаеш како изгледа и ете можеби си слушнала некои коментари од страна во врска со него.
Не верувам во љубов на прв поглед, верувам во привлечност, некоја хемија но тоа е тоа. Според мене не можеш да се заљубиш во она површинското, надворешното, тоа може само привлечно за око да ти биде. А за душата да ти се исполни треба добро да го запознаеш човекот и да се заљубиш во неговиот карактер, неговите доблести и мани и да го прифатиш таков каков што е. А за тоа треба време, доста време. На прв поглед јас можам само во чевли да се заљубам.... или друг некој предмет
Верувам дека постои, затоа што ја доживеав таквата љубов уште пред 10 години и сеуште постои во моето срце.
Прво не верував, мислев дека треба да го запознаам подобро и сите тие работи, и ми се случи еднаш да се заљубам до уши така на прв поглед, и самата незнам како но се случи ете.Никогаш не вели никогаш
Јас верувам најискрено се заљубив по втор пат откако го видов ^^ ама првата прегратка беше нешто посебно..
ДА! Верувам и тоа како.Длабоко во тоа верувам дека постои љубов на прв поглед. Еве со дечково што го сакам се видовме и одма се заљубивме. И сигурна сум дека постои
Пф,романтичарот јас јас верувам во секаква љубов,на прв поглед,со разлика во години,а посебно во љубов на далечина. кога е љубов се е можно
Никогаш не сум доживеала и едноставно не верувам. За мене љубов значи да го сакам комплетно, физички и карактерно. А на прв поглед, можно е само физички да ми се допадне и да ме привлече. Е за да го засакам вистински, потребно е повеќе. Ако после тој прв контакт, продолжиме да комуницираме и се развие нешто повеќе од симпатија, не значи дека тоа претходно било љубов на прв поглед, туку дека со текот на времето сум го запознала подобро, внатрешно, карактерно и сум сфатила дека тоа е тоа.
Како може некој да не верува ако знаеш дека тој е тој ке почувствуваш... се имам заљубено на прв поглед идев со дечкото и ден денес ќе идев да не мораше да замине во странство its such a petty сите велеа добар пар сме ама тоа се деси и ден денес си се слушаме преку интернетов си комуницираме сеа за жал само на другарска база
Љубов е силен збор, можеби може да се јави некоја искра на прв поглед но љубов ЈОК. Е сега ако таа искра прерасне во љубов,па вие тоа го сметате за прв поглед тоа е друго.