1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубов-омраза, или омраза-љубов?

Дискусија во 'Психологија' започната од RainHunter, 31 мај 2011.

  1. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски
    Љубов наспроти омраза и обратно се две страни на истата монета.
    Линијата е толку тенка што не се гледа разликата меѓу нив. По силата и интензитет се еквивалентни, само што едната е стоечка а другата свртена наопачки. Нешто како мрачната и светлата страна,денот и ноќта. Взаемното хранење и нивното коегзистирање е показател колку се променливи нештата од утрото до ноќта.
    Лесно е луѓето што ги сакаме во следниот момент да сме исполнети со омраза кон нив,за после тој момент да пројавиме љубов, нешто што сосема природно се прифаќа.
    Колку некој далеку оди во љубовта или омразата Е индивидуално. Во зависност од прагот на осетливост, психичките кочници, општествените мерила, може да направи работи кои најмалку се разумно диктирани, може да убие или да биде убиен, затоа што изворот е некаде на друго несфатливо место.
    Ако сме допрени од нив забележуваме дека нешто моќно се придвижува во нас, во спротивно сме рамнодушни. Според мене Рамнодушноста кон луѓето,настаните и ситниците кои го чинат животот е во спротивност на љубовомразата.
     
  2. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Уф многу е тенка линијата помеѓу љубовта и омразата.Многу е лесно да ја претвориш љубовта во омраза,а омразата во љубов е многу тешко.Кај мене се случи љубовта да премине во одбивност и горчина кон одредена личност,но не омраза во вистинска смисла на зборот.Не му посакувам добро,но ниту пак лошо.Некој треба многу да ме повреди и навреди,да ми го направи најлошото нешто па да го мразам.
    Многу е потешко да се премине од омраза кон љубов бидејќи ако мразам некого тешко дека ќе го засакам,можеби ќе го гледам со други очи,кон него ќе чувствувам само рамнодушност,но никогаш нема да ја засакам таа личност.
     
  3. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    .. 8) ...кај мене не е тенка линијата помеѓу љубовта и омразата....
    . 8) ..долго време треба некој да засакам...
    ... 8) .долго време ми треба некој да замразам....
    :wasntme: значи од крајност до крајност...ако засакам,патам боледувам,плачам се смеам....
    ама ако замразам....нема шанси да биде дел од мојот живот....ни под разно.... :wasntme:
     
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.145
    Допаѓања:
    76.557
    Пол:
    Женски
    Од љубов може да се створи омраза, но од омразата нема да се створи љубов, јас така мислам.
     
  5. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Омраза за мене не постои . Постојат само две чувсва ЉУБОВ и СТРАВ . Е сега стравот што си носи омраза сам по себе тоа е друго .
     
  6. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.081
    Пол:
    Женски
    Of izgleda sum epten isklucok .. Omraza , pa ljubov koja inaku seuste trae :D
     
  7. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    љубоста се раѓа од омразата
     
  8. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.197
    Допаѓања:
    2.522
    Па викаат дека најчесто таму каде што имало голема љубов може да се роди уште поголема омраза.Ама па што знам,омраза ми е некако многу тежок збор.Не знам дали би можела да мразам некој што сум го сакала,сум поминувала убави моменти со него и ми значел многу во животот.Попрво би рекла дека во сплет на околности би можело да настане разочарување,гнев,бес и тага...ама омраза...Не знам,никогаш не се знае
     
  9. Monica*

    Monica* Активен член

    Се зачлени на:
    13 април 2015
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Лошо е кога љубовта ќе премине во омраза додека да мразиш некој па да го засакаш е подобра варијанта бидејки на тој начин срцето кое било затруено со омраза се чисти од таа нечистотија
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Се сложувам.
     
    На Monica* му/ѝ се допаѓа ова.
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Не знам да мразам, не знам ниту какво е чуството "омраза" кон некој. А не сакам никогаш ниту да го запознаам.
    Да така не можам да кажам факт дали од омразата настанува љубов или обратно, но сметам дека љубовта е премногу возвишено и благодетно чуство за да се меша и мери со омразата.
     
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.692
    Пол:
    Женски
    Тенка е линијата меѓу нив.
    Јас лично, лесно засакувам луѓе и се вљубувам( ако си дозволам можам за 2 нед. да се вљубам во некого).И тогаш правам се за тие личности кои ги сакам и ми значат.Ама во моментот кога ќе ме повредат или ќе приметам дека не го вреднуваат тоа што го правам за нив, мојата емпатија одма згаснува.
    Многу пати ми се случувало личности кои сум ги сакала скоро колку себе, ,,преку ноќ” да ги замаразам и да ги отфрлам од мене.И ретко кому од нив сум дала втора шанса во мојот живот.
    Додека пак, ако веќе некого мразам/не го сакам, а има причина и е ,,поткрепено со факти и аргументи” тогаш мнооогу време и труд од таа личност ќе треба да поминат за повторно да почувствувам трошка емпатија.Можам некого да мрзам или сакам со недели/месеци/денови или години, ама едното многу лесно може да стане другото.Додека пак второто, многу тешко првото.
     
  13. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Јас мислам додека не не повреди некој ретко кој со здрава глава го сака само тој што го сака него. Моето искуство до сега така се покажало. Колку повеќе удари, толку повеќе сакаш да ја цениш личноста, но ако не се возрати никогаш тогаш е страшно. На крајот се освестуваш. Нормално имало и такви ситуации.