Јас порано мислев дека е безвеза тоа заљубување преку нет но моја најдобра другарка така се заљуби во еден супер дечко од друга земја и сега се заедно скоро година и пол. А дечкото на секој два - три месеци доаѓа тука и супер им е.
Јас мислам дека можеш да се заљубиш во некој со кој си се допишувал на нет, но дури откако ќе се видите и ќе бидете заедно. Како може да се сакаш со некој што уште го немаш видено во живо, со некој со кој не си бил? Може да се заинтересираш за таа личност и да си зборувате, но љубов? Љубовта е нешто многу повеќе од ова.
Мене не ми се случило да се заљубам во некој што го знам од нет, можна е ваква љубов но во овој случај ти не се заљубуваш во личност туку во претставата што ја имаш за него. Е сеа може твојата претстава да биде иста или блиску до онаа што тој навистина е, но можно е и да е многу различна.
Мислам дека е повозбудливо да се допишуваш со некој кој не го познаваш и цело време ти е некаква мистерија каков е во живо, дали е ист како на Интернет. Исто така полесно е да разговараш со некој кога не го гледаш во очи, полесно е да се отвориш пред него, тој има повеќе време да размисли што ќе кажи пред да го кажи, има повеќе време да смисли на кој начин да се изрази за да ви биде попривлечен. Исто и кавгата не е иста на Интернет и во живо... во живо секогаш ќе биде пожестока Сепак мислам дека не можеш да сакаш некој кој не си го запознала во живо, се е поразлично кога луѓето разговараат лице во лице, кога разменуваат погледи, допири, гестови...... Мило ми е за сите кои ја пронашле љубовта на Интернет, но сепак мислам дека вистинската љубов доаѓа откако ќе се запознаете во живо.
Една моја блиска другарка само што се омажи со човек кој го запозна на сајтот пријатели.... а девојката беше повлечена, ретко излегуваше... типот беше од друг град.Се засвигјале, си пишувале, па се гледаа секоја недела... и оп пред 2 месеца се венчаа и ќе си имаат бебенце А сега јас да си кажам за менеееее пред еден месец почнав да си пишувам со една личност на ФБ, ептен ми се допаднааа, баш како за мене е... ииииии неќна се смувавме, си поминав преууубавооооо.Го осеќам за близок, како да го знам одамна, постојано се допишуваме, ама сега е многу зафатен со работата.Многу сум летнатааа, конечно мислам најдов некој нормален со кој можам да се изнамуабетам за се и сешто. И само кога ќе помислам на него имам пеперутки во стомакот. Уф Уф, несакам да се подречам, се надевам ќе ни успее
Можна е таква љубов, но истовремено е и многу ризична, зашто се заљубуваме повеќе во нашата претстава за личноста со која се допишуваме на нет, и впечатоците кои таа сака да ги стекнеме за неа. Проблемот е во тоа што таа во реалноста може да биде нешто сосема поинакво од нашите размислувања и слики, па од голема љубов, со тек на време искуството може да премине во огромно разочарување од кое потоа треба време за да се „закрепне“.
јас и дечко ми се запознавме на hi5 по неколку пораки ме адна на мсн и си пишувавме нон-стоп знам он си идеше порано и останувавме дури до 6 сабајле.потоа следеше 3-4 средби додека ме убеди да се муваме и по 7 мес мување се станаме дечко и девојка.сега речиси одиме 1ипол година
Љубов преку интернет .... Во денешно време, сакале/неќеле, се почесто наидуваме на ваков вид на "љубов". Факт е дека е многу полесно да праиш муабет со некој што не го гледаш, многу полесно е да се запознаеш итн. Како и да е, не еспорно дека можеш многу добро да запознаеш некој преку нет... Да речеме дека ви оди муабетот, се е ок, се забавувате, интересно ви е, сваќате дека имате исти или слични интереси и погледи кон животот, па сваќате дека ок би ви било во врска....се тоа е супер, но доколку ова остане вака пиши пропао....Ок е да си пишуваш со некој на нет, да се запознавате, но МОРАЛНО е да има датум на кој што ова интернет пишување ќе престане и ќе се видите....Тогаш ќе има за што да пишувате, ќе има надеж, ќе има иднина кон која што ќе се надевате....Овој чекор е критичен !!!! Како и да е, мора да се видите во живо, па после решете....А сведок сум на многу врски кои што започнале вака па до ден денес се заедно, а заедно се заради фактот што со самото тоа правење муабет на нет, карактерите се запознаваат до одреден степен, секако имајќи во предвид дека се реални и не се праат нешто што не се....
по сите што ги прочитав решив и јас да пишувам и јас неодамна запознав една личност преку нет, прво ме адна на фб после мсн и бевме долго време другари кои што си ги кажуваа маките, меѓутоа еден ден реши да ме праша дали се сложувам да бидеме нешто повеке и да се однесува поинаку со мене затоа што иако не сме се виделе сеуште ме чувствува мн блиска, секој ден зборуваме се си кажуваме но уште го немам видено, не знам дали е љубов или потреба да се биди со некој многу сум збунета... но знам дека не можам без него, се надевам дека ке биде се ок, и ке продолжиме да бидеме заедно, со сите овие стории што ги прочитав ме охрабрија малку дека има надеж...
Не е љубов,не сеуште Тој е само опсесија,бидејќи трошиш многу време со него. Нормално е,меѓутоа ако не сте се виделе сеуште..неможе да биде љубов. Љубов неможе да биде со некој,со кого никогаш не си го вкрстила погледот. Меѓу вас пости привлечност,почит и обожавање,можам да кажам. И да знаеш,дека така мислиш дека неможеш да без него.Можеш,2 недели да не комуницирате,страстите ќе спласнат. И,немој да веруваш во сите тие сајбер разговори,немој да бидеш наивна..преку мсн,фб секој може се да ти каже. Инаку,ти посакувам се најдобро.
Ах што ни направи овој интернет.. единствено што е лошо околу ситуацијата со запознавање нови луѓе е тоа што незнаеш со кого разговараш,дали е тоа вистинскиот опис на личноста. Треба да препознаеш... А нормално дека секој има комуницирано со некоја личност преку интернет, и секој си има своја приказна ... Љубов преку интернет не постои, тоа е само навика.
jas se uveriv deka od vrska na internet nema nisto. Se dopisuvav so eden Amerikanec , se dopisuvavme sekoj den, nikogas ne mi pokasa negova slika, a barase moi sliki , i jas prosta pustiv . Me mamese za negovoto ime, deka e razveden obecavase brda i dolini. Jas sym omasena i seto toa go pravev so strav. Pokasno razbrav preky e-mail od negovata zena koj e toj i sto pravi , se dopisuvase so mnogy drugi sekoj den . Jas napraviv golema gresaka sto pustuv sliki na nepoznat , Tie sliki za maly ke zavrsea od negovata zana i kerka na plej-boy a isto i vo racete na mojot maz.Od moe iskystvo nemoj da verubas vo nikogo , pogotovo od stranstvo ako go gledas na kamera , ne slika moza da ti prati pogresna slika. nipica e vo potpolno pravo, sega i jas ne veryvam deka ke se vlubis vo nepoznat- [mod-kirilica:17dl1qch][/mod-kirilica:17dl1qch]
Добро бре Емилија, со сета должна почит, но КАКВИ ПО ЃАВОЛИТЕ слики му праќаше, па да можат на плејбој да завршат?
Љубов преку интернет и нема. Преку екраните, тоа може да биде само привлечност, обожавање и заинтересираност во другата личност. Може да делите исти или слични интереси, но сепак љубовта е голем збор. Како што кажа Мистери, ова допишување на интернет некој ден ќе мора да престане и личностите конечно да се видат во живо и да се запознаат, па потоа да одлучат што сакаат понатаму и да видат дали сето тоа ќе прерасне во вистинска љубов. Како и да е, сепак треба многу да се внимава, зашто прво некој може да ни се претставува како фин дечко и вас да ви изгледа како да ги поседува сите квалитети кои вие ги барате, а во реалноста да е нешто сосема друго. (Пример, мислам на возраста, може да е некој манијак, педофил и слично..) Затоа, претпазливо! Второ, може да се доживее страшно разочарување, можеби само заради претставата која вие сте ја имале во глава за таа личност, а таа не е тоа што вие го замислувате. Не зборувам дека личноста е на пример насилник, манијак или такво нешто, туку едноставно не е тоа што вие го барате а во меѓувреме вие сте изградиле совршена визија за него (ова најчесто се случува на оние што имаат голема фантазија, на пример како јас. ) Но, како и да е, јас знам вакви приказни што сепак завршиле со среќен крај. Една колешка на мајка ми контактирала со некој дечко од Хрватска, кој навистина излегол како многу пријатен и еве сега тие се заедно, па дури имаат и бебенце. Исто, и една моја другарка контактираше со едно дете преку мсн и фејсбук, и другарка ми тврдеше дека е заљубена во него, дури и тој истото го велеше и можеби 2 месеци беа во врска, но интернет врска, дури никогаш не се ни видоа. Всушност се видоа, но сосема неочекувано и мноогу подоцна, откако се заврши. И потоа другарка ми свати дека тоа всушност не било љубов и расчисти со тоа.
ви благодарам што го поделивте вашето мислење, да ви кажам право јас секогаш сум велела дека нема љубов преку нет, и не дека верувам дека е ова љубов туку потреба да се биде од некој сакан и да се привлече внимание, ете како што сите пишуваат неки работи не се кажуваат в лице или некој нема храброст да го каже тоа па полесно се охрабрува ако пишува, но сепак за да има љубов прво треба да се види да се допре да се доживее... и не е некој педофил и манијак во случајов сосема нормален човек. како што гледам повеке има негативни мислења, но кога го прочитав форумот со како ја запознав мојата љубов 70 % беа преку нет и се зачудив, и затоа сакав да напишам и да видам какви мислења има. а за тоа дека девојката пуштала слики па завршиле на плеј бој па нека це внимава какви слики се пушта не е до тоа работата.... а ете имало и случаеви каде биле со хепи енд па се надевам ке има хепи енд, и после средбата обавезно ке напишам каков енд ке има
После толку време читајќи ги сторииве собрав сили и јас да ја споделам мојата Беше тоа лето 2008 пред крај на 4 година срдно, бришев контакти од мсн и имав еден контакт со кој никогаш немав пишано, бидејќи го имаше и кај другарка ми и ми спомна дека правела муабет ама бил сумљив викам ај да видиме мене шо ќе ме излаже мене. После еден ден детево ми пишува, после неколку месеци во листата на контакти, он ми пишува ден после помислата да биде избришен. Абре телепатии. Ми кажа исти информации како и на другарка ми, но пак не бев сигурна дека е искрен. Сето тоа прерасна во муабети, муабети, споделување на тајни, премногу добро пријателство. Си разменивме и бројчиња, комунициравме преку смс, станавме зависни еден од друг. Бевме 24/7 на интернет, заедно по цел ден разговаравме и се гледавме. Веќе тогаш бев уверена дека детето не ме лажело, се запозна со моите, јас со неговите , се беше како од бајка, но само едно недостасувше, бевме прееемногу раздалечени. Имав понува да одам и живеам кај него, разговараа неговите на оваа теме со мене, но според мене бевме многу мали за такво нешто. Не беше во прашање друг град, држава, беше континент. Мораше да седи уште 3 години за да добие државјанство што и му беше цел. А инаку е од овде. Поминав најубави моменти со него, ми даваше совети, знаеше да ме ислуша, но не беше до мене да почувствувам нешто и физички. Функциониравме 2 години, ми пречеше што беше премногу љубоморен и што морав да објаснувам 2 саати дека имало гужва низ град за да стасам до дома и да се чуеме тогаш кога сме се договориле. Всушност беше и прв човек кој го сакав, до тогаш никогаш немав дечко, беше искрена њубов не бев со никој ниту кога бев со него цели две години, не беше ниту тој, му верував, имав шпиуни и бев уверена дека детето не ме лаже. Не лажев ниту јас, таква искреност не знам дека би му дала некому после оваа. Но, почнавме да се караме многу често, за банални работи, навистина функиониравме како да сме еден на друг. Но сето тоа заврши не славно. Купи карта (иако не ми се веруваше, ја видов , беше вистинска, ми беше како сон), конечно ќе се видевме, но пукна енда кавга и се падна во вода. Ја откажа картата и се запре тука. Еден период се одбегнувавме со цел дека ќе се заборавиме еден со друг, но кога ќе почневме да правиме муабет повторно си кажувавме еден на друг што навистина чувствувавме. Бе атоа депресии и раочарувања. Но искуство плус. И ден денес имаме чувства еден спрема друг, се слушаме 2-3 пати месечно, но се однесуваме како ништо да се нема случено и повторно тие емоции и љубов. Летово конечно во план е некој договор да се видиме, па се надевам ќе се реализира...
гледам само женски дискутираат,па еве малку од мој аспект т.е од машки гледан аспект(нажалост не баш од сите машки) . верувам во љубов преку интернет.не знам зашто некои викаат дека не може да биде љубов се додека не го видиш.колку што ја знам љубовта не е нешто што физички ќе го видиш или допреш,туку ја осеќаш,ја имаш во себе,не значи дека ако не си го видел/а дека не можеш да се заљубиш.ако веќе знаеш премногу работи за него/неа,ако знаеш како дише,многу е лесно да се заљубиш во него/неа.мислењата од типот 'треба да го/ја видам' повеќе звучат као прво сакам да видам дал е убав/а,згоден/на,секси итн итн,па после да го/ја засакам. јас мојата девојка ја запознав на интернет,од друга држава е,беше тука,живеевме заедно,после јас одев кај неа,сега за некој месец треба да дојде она,па да се вериме тука,и заедно ке одиме во нејзината држава.заедно сме веќе година и 10 месеци,малу далечината е проблем,ама ке дојдат подобри времиња.
можи да успее љубов преку интернет јас сум пример за тоа....се запознавме случајно преку некоја страна уште пред 1 год и тој ми пишуваше секој ден најобични муабети правевме и интересен ми беше а и видов слики од него и така симпатичен ми се виде али уопште не ми падна на памет дека можи да биди нешто од тоа допишување...после 3-4 месеци тој почна да ми пиши како се заљубил многу во мене и сето тоа јас не го сфакав за озбилно и се зезав со него после тоа разменавме бројчиња и си се слушавме секој ден и ми беше како најдобар другар али тој цело време ми велеше те молам да се видиме многу те сакам (а инаку тој е од друг град) јас не се решавав сеуште што знам чудно ми беше прв пат такво нешо ми се случи и еден ден се решив после една година пишење слушање на моб тој стварно беше упорен и си реков ај....собрав храброст...и се договоривме каде кога све... и се видовме и тој уште толку почна да ми збора колку ме сака и ме бакна...си попраивме муабети тој ден на тоа останавме... чао чао и толку...али после кога си заминав дома почнав да размислувам за него нон стоп многу ми беше убо кога ме бакна ...и му реков сакам пак да се видиме и пак дојде се видовме и прерасна во голема љубов каква до сега не сум осетила и сум многу среќна еве веќе 1 година сме заедно и е супер... али да се разбериме тешко е да се одржи љубов преку интернет некогаш се караме па се мириме али треба да бидиш многу стрплив и обавезно да се слушаш со него секој ден и да си кажвате како се чуствувате зошто тоа ке ја зацврсти врската (јас сум многу избувлива али тоа му е ке ме трпи )
Да не го повторувам истото што сите го пишале на темава. Бидејќи подруго е некој да е тука до тебе, да гледаш како реагира во живо, како се однесува, отколку на мсн/скајп каде што нема баш и некој бади ленгвиџ. И јас си летав со паметот дека е љубов и после запознавањето тргна, но Ашлинг веднаш му стави крај на почетокот зошто сфати she has no feelings for anyone. Иако ми се јавуваше постојано кога минував низ срање период,се интересираше за мене, јас сепак и тоа не го почитував и не му кревав ни на телефон.(освен првите 2-3 пати) Заклучок: за ваква љубов"(со една наводница, бидејќи делумно можеби некаде постои) треба труд. И во секој случај запознавање. Иако ќе треба подолго време да се гледаш со некого, за да го запознаеш. На мсн лесно е да кажеш и "те сакам", "сакам да те ебам", "те мразам", уствари поинтензивни "чувства (и ова со една наводница) и лесно можеш да кажеш дека си тажен, среќен, се ти е океј или не. Се друго е булшит. anonimen1 разликата е во тоа што кога ќе се карате на мсн онака можеш да кажиш се што сакаш и не сакаш, еготрипаш, ќе се распалите буквално и двајцата,а во живо да се сретнеш нема да можеш збор да изустиш од она што си го кажал на мсн. Барем кај поголем процент од луѓето така е. Зошто ти гледаш во мониторот, а не во нејзините очи.