1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубов преку интернет

Дискусија во 'Врски' започната од gabice, 3 јануари 2010.

  1. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Не верувам дека може преку интернет да се заљубиш во некој, исто како и во живо. Не ми штима тука нешто.

    И Емилија дај ти се молам Плејбој? -.- Извини вака, ама пукнале тие за твоите слики.
     
  2. aliciakeys3

    aliciakeys3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    21
    Да, сум имала искуство и тоа со двајца.Не сум била затрескана,со едниот се видов 3 пати на кафе,а со другиот се гледав 2 недели.не сум се гледала на камера такви глупости едноставно пишував мн се зближив ,цел живот си го прераскажавме....кога се гледав веке немаше што да правиме муабет и едноставно толку ми здосадија особите, едноставно како особата со која сум пишувала да била една, а со тој што се гледам друга,незнам чудно.друга е хемијата кога се прави муабет во 4 очи.после тоа мн ретко пишувавме,веќе изгубивме контакт... веке не се ни замарам со некој да правам муабет непознат...
     
  3. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Незнам дали можам моето искуство да го наречам виртуелна љубов... Бевме обични познаници, потоа и 'другари'. Ме стаписа неговиот поглед од првиот момент кога го видов. Многу бев срамежлива. Имаше нешто што многу мистериозно во неговиот поглед и сакав да го запознаам, ништо повеќе. Тогаш имав и долга врска од 4 години со друг дечко. Бев мн срамежлива да му пријдам. Работевме прилично многу блиску и секој ден се гледавме. Ми беше само занимација за на работа. Се дотерував, го шпионирав по цел ден, дури и дознавав која смена е и се местев намерно да бидам и јас иста смена. Го аднав на HI5. Беше тоа пред едно 3 години, фејзбукот не беше многу актуелен. Па никако неможев да се осмелам да му пишам и решив на побезболен начин да дознаам се што ме интересира. Многу лесно и брзо направив нов профил и дадов име на прекрасната блонд девојка што дури отпосле приметив дека сум избрала слики од вистинска убавица.Беше многу лесно. Планот беше едноставен. Само го аднувам правиме муабет еднаш и го бришам профилот.

    Да не должам многу... Еднаш за отприлика 1 месец стана секој ден по цел ден а понекогаш и ноќ! Создадов нова личност! Бев многу претпазлива, многу запазував на детаљи неможеше никако да ме фати во лага. Tотална опсесија, која траеше цели 11 месеци, секој ден.... Секако морав да му дадам и број. На почетокот ми беше страв да зборам да не ме препознае по гласот затоа што бевме на здраво како си а се гледавме секој ден, но потоа... цел ден на интернет, цела ноќ на телефон. Девојќи... колку го сакав!!! За мене беше нешто невозможно, а неможев без неговиот глас. Со текот на времето како повеќе навлегував беше се потешко... но и двајцата немавме веќе трпение. Тој сакаше да ме види, и да ужива со мене. Ме сакаше и тој, тврдам! Никој не тепа време на интернет 11 месеци :) Незнам сега се чудам сама на себе како сум можела толку да одолговлекувам средба... секогаш измислував причини и секогаш толку навлегував во нив што дури и сама си верував на моменти.Се заврши кога се договоривме да се видиме... ја фрлив картичката со бројот, го избришав профилот и исчезнав.

    Од тогаш се сменив. Се направив девојка што би можел да ја погледне, внимавав на изгледот секогаш!Помина скоро година ипол.Со тек на време се зблизувавме и конечно го добив тоа што го сакав. Прекрасна вечер, исполнета со преградки и бакнежи... само една но многу значајна за мене! Кратко после тоа се скаравме. Јас сакав врска а тој сакаше да ме запознае несвесен дека многу добро ме знае. Се скаравме за глупости и веќе 2 години не збориме. Имам дечко моментално и мислам дека е вистинскиот.. Го обожавам и сакам...

    Но никогаш нема да го заборавам 'С'... сеуште сонувам, сеуште се измачувам, има и моменти кога сакам да му се јавам и да му кажам се... но помислата дека за него не сум ништо повеќе од мување некако... убива.

    Па го кажав моето искуство. Сте дожевеале ли нешто слично и како сте се справиле со тоа? поздрав до сите феминки :)
     
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.145
    Допаѓања:
    76.557
    Пол:
    Женски
    Не постои љубов преку интернет. Тоа е само некаква илузија, залажување, не е љубов.
     
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    10.370
    Друже, ај ако не ти е тешко да им потврдиш на оние кои не веруваат дека постои љубов на интернет.


    П.С. Јас не верувам во љубов, ама ти си типичен пример дека постои затоа и те цитирав па ако може дури и совет како успеавте.
     
    На Milobebence и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  7. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    И јас не верував,ама ете работите се променија,па сега јако верувам.

    Како што пишав и погоре,све беше случајно,и као од досада чатување,па премина на вибер,па гледање,па чат пат гледање,и ете врска,па се надеваме и на нешто посериозно,затоа што сме си љубов за сва времена,да се биравме немаше да одбереме толку слични.
     
    На Milobebence, Herrera, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Бракот ми е производ на таква љубов... :inlove:
    Што повеќе од тоа да кажам? :)
     
    На Milobebence, Herrera и Јаневски им се допаѓа ова.
  9. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Мислам дека модерниот начин на комуницирање преку сите овие канцерогени маркетинг базирани „друштвени“ мрежи е несоодветна замена за нешто што порано било вистински и многу поискрен, неопходен контакт со луѓе.

    Што ако имам 250, 500, 1000 „пријатели“ тие не ми се пријатели, тие не ми се веќе ни познаници, сме се заборавиле. Со колкумина од нив би си се нашле за арно и за лошо? Батали тоа, со колкумина од нив би се препознале доколку се видиме повторно, низ годните?

    Уништувањето на средната класа, секојдневната капиталистичка борба за живот, стеснувањето на свеста, туркањето на Масловата пирамида, наложува значително помало негување на социјалните врски.

    Батали познаници, батали пријатели, роднини се одродуваат, не дека нешто - едноставно не си се од корист во општеството. Поимот куќна слава до пред некоја деценија беше секојдневие, сега е непозната именка.

    Секоја чест на оние што успеваат да го разберат, да се снајдат во хаосов и да преживеат.
     
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Ја зачитав темава наназад... хах, колку била површна 2010/2011. :D
    Постои, и тоа како. :) Многумина гледаат на спротивната, негативна страна - но всушност постојат доста луѓе на кои пишаната форма и интернетот им дава слобода да бидат токму искрени и свои, и да ги покажат своите квалитети кои слична личност може да ги препознае. Секако дека можеш да се заљубиш по многу споделени слични искуства, вкусови, ставови на разни теми - па тука е и физичкиот изглед, за кој сега со сите тие апликации, праќање слики па и гледање во real time е потешко да се лаже. :D
    Во 2018 ова си е најнормален начин на раѓање на чувства и започнување нешто повеќе, исто како запознавање на било кое друго место. :)
     
    На poenta, IM.TMKQ, Dream-Girl и 3 други им се допаѓа ова.