Прилично нова сум на форумов и не знам како одат работите тука но ако има ваква тема нека оди оваа во канта одма. Што мислите вие за тоа ако пример девојката има 20 години а партнерот 40?? Морам да признаам од секогаш ме привлекувале постари мажи.Од кога знам за себе.Никогаш не сум сакала некој мој врсник.А во оваа моја последна врска бевме 9 и пол години разлика.И знам дека за некој ова звучи ненормално, но јас сум едноставно таква.Не сум ниту по парите на некој ниту ништо едноставно повеќе ми годи некој искусен маж во животот. На некој начин уплашена сум да му кажам на некој бидејќи не знам како може да реагираат. Еднаш се обидов да засакам некој врсник но за джабе само се измачував себе си.Коа срцето не ми сака не ми сака не можам да се натерам никако да престанам со ова.Ај да беше период, но не е бидејќи јас уште од мала мојата прва љубов беше по возрасен човек. Едноставно морав да пишам да се олеснам.
Морам да признаам дека и мене ме привлекуваат постари мажи,сум имала и симпатии и на моја возраст ама мислам дека многу поубаво би било да сум во врска со некој постар човек мислам дека повеќе ќе има разбирање и почитување,сакам поискусен постар од мене во сите области да можам да дискутирам со него да може да ме разбере и неми смета што ќе биди постар.
Хмм нема никаква врска разлика во години но нормален човек на тие години би требало да биде во брак и да има деца. Е сега побогу има многу причини зошто некој е сингл. Дискутабилно и релативно е се, се зависи од тоа каков однос ќе имате еден спрема друг. Размисли за 10 години од сега што ќе биде и дали сакаш таков партнер, однос, брак. За 10 години од сега тој ќе ти биде цимер, ќе наликува по малку и на татко/свекор. Да допишам и на мене ми се допаѓаат постари но не повеќе од 7 до 10 години.
Премногу е 20 години, еве на пример да се омажиш за него, тој кога ќе има 75, ти ќе имаш 55, реално е на тие години и да почине, а ти може да живееш до 80, тоа значи дека 25 години ќе бидеш сама, освен ако не планираш на стари години пак да се мажиш.
Навистина, како вака не размислувате??? Еве на 20 години нека е тој и 30тина, ама ти ко ќе влезеш во зрелите женски год.40те. он веќе ќе задедува. Познавам една што за статус и живеалиште(да остане Ск.)се омажи со 11год.постар од неа, она имаше 22на свадба он 33, цели 20ти ги помина во деца раѓање/воспитување и облекување како тетка за да го личи него во друштво со неговата генерација. Просто јас ја жалам.
Тоа е релативно кој кога би починал и кој до кога би живеел. И помлади за несреќа заминуваат...Битен е квалитетот на живот што би го имале таа помлада, тој повозрасен. Ете јас пишав за пример каде тој повозрасен и наметнуваше таа да се однесува и облекува како да е 10години постара за да не се осеќа реалната разлика од 11години помеѓу нив во друштво.
Јас мислам да не се замараш со гореистакнатите предрасуди и да си тераш како ти е ќејфот. Ич да не ти е гајле кој што ќе каже, сама си господар на своето тело и на својот ум. Ако сакаш и со 30 години постар тргни, ако ти е убаво тебе и те исполнува тоа, не му ја мисли за предрасуди глупави. Сѐ што не си направила, утре ќе ти биде криво. Еден е животот и терај си како ти годи на тебе, наместо да се измачуваш со нешто кое другите ти го налагаат. Ја имаш целата моја поддшка!
Има една изрека кој како си ја наредил така ќе си го живее животот.Втора изрека не волим те што си леп него што имаш во џеб! Да бидеме реални секогаш има нешто зад трпење, најчесто финансиска стабилност. За себе ќе речам дека сакам искусен и зрел човек покрај себе, кој многу подлабоко размислуав трезвен. За пари не се продавам, финансиска стабилност сама ќе си ја постигнам, нема да дозволам да зависам од некого за едни влошки. Не се предрасуди во прашање туку реалност сурова реалност јебига. После 10 години а може и порано таа ќе си тргне да бара куп швалери затоа што ќе и се гади од неговиот мирис, негова еректилна дисфункција па ќе мора да го клука со вијагра, секако ако има јако срце, ако не отиде во тиквите.
Па кога он ќе биде 70 а таа 50, вијаграта ќе биде неизбежна , освен ако не е некој кој се држи добро физички.
Секој си прај како шо сака ама ова ме интересира, дали како што ете една девојка која сака постари мажи, како ќе продолжи во иднина кога ќе дојди стара и кога постарото ќе биди некој буквално подгрбавен дедо? Ќе сака тие кои се врсници зошто посекако, почетнички ги сакала нив, или ќе сака уште години погоре? Само љубопитност.
За себе ќе речам дека сакам искусен и зрел човек покрај себе, кој многу подлабоко размислуав трезвен. За пари не се продавам, финансиска стабилност сама ќе си ја постигнам, нема да дозволам да зависам од некого за едни влошки. Не се предрасуди во прашање туку реалност сурова реалност јебига. После 10 години а може и порано таа ќе си тргне да бара куп швалери затоа што ќе и се гади од неговиот мирис, негова еректилна дисфункција па ќе мора да го клука со вијагра, секако ако има јако срце, ако не отиде во тиквите.[/QUOTE] Ќути девојче не се брукај.Има и млади импотентни ,а и такви што на 16год смрдат !
@fallenangel зошто одма поврза дека се продава за пари ако има фетиш на постари мажи? Ако ѝ е ради пари зарем не може да најде некој на нејзина возраст богат? Баби и жаби и двојни аршини. Машките смејат да се палат на милфари, ама за женското срамота било. И доста со тие бабини деветини, ако е постар одма дека има еректилна дисфункција. Сум била и со постар и со помлад и искрено постарите подобро се држат по тоа прашање, пошто овие денешњациве само трева, пиво и компјутер ги интересира и се делумно закржлавени, за разлика од овие што иделе у војска.
Конкретно се однесуваше на примерот што го даде девојката погоре.Океј не се продава ама си наоѓа спонзор ете ти филувано со машничка. Постојат доста примери каде шти тие 40 годишни чичиња плаќаат факултети, им уплаќаат за возачка дозвола, ги носат на одмори и ред други работи. Хахахаха што има ја да се брукам бре девојче, да не сум легнала јас со старец смрдлив или со 16годишникили пак мене да не ми смрди кожава. Кој си ја има мувата на капата ќе си ја ишка. Само си искажав свое мислење и став ако вие се пронајдовте во моите постови и се навредивте ваш проблем!
@fallenangel Лелеел сеа испага дека си ја имам мувата на капата ммм. 1: Девојчето не спомна дека се пали на 80годишни туку на 40-50 . 2:хм е нз баш дали на 40год не би му се дигнал . 3:Девојчето спомна врска НЕ БРАК ,па за вие да тропате изрази како :ќе останеш вдовица и сл.
Ти ко ке имаш 40 тој ке има 60 години , и бимбиљот ке му биде мртов , а ти сеуште млада ,со полна пареа , што ке прајш тогаш ? Ке го воскресниш од мртвите бимбиљот ??
Како прво ниту девојчето го навредив ниту ништо само го прашав да замисли живот за 10 години од сега! Тоа го мислев затоа што не е исто моментална страст и приврзаност наспрема со некој да го поминеш цел остаток на младост, живот. Друго нека проба ако толку многу и се допаѓа го свиѓа, мене не ми е гајле јас псоледици не трпам за неа. Второ ти прва и пиша дека ќе ја иселат од дома нејзините. Трето не спомнав дека ќе остане вдоциа или ен знам ти што. Тоа со еректилна дисфункција го дадов како пример за 10 години до сега тој ќе биде 50 таа 30 ако малку се разбираш од пресметување. Ова ти е поткрепено со претпоставка и најбитно биолошки часовник за сексуален нагон. И ти прокоментира дека се брукам затоа што имало и деца на 16 години што не им се дига и смрделе па несе навредив оти не сум била со таков и оти јас не смрдам. Револтот што си го имаш затоа што се чувствуваш навредена не го истурај врз мене. Ја никого не навредив ниту прозвав по име, само си се искажав. Дури и девојката ако не сака да слушне објективно мислење на форум од сосем непознат нема што да прашува.
@fallenangel Ова ми е последно реплицирање. 1:Точно е тоа дека родителите нема да прифатат и си стојам на тоа! 2:Не се чуствувам навредена. 3:50годишните немаат секс ахахахаахааја а ?
@fallenangel а ако е некој од 50 и вода во очи нема (финансиски), ама ете ѝ се свиѓа, пак е спонзоруша?