Каква љубов ви се молам Свекор ми беше постар од жена му 25 год.и се знаеше дека само за пензијата беше работата И ја доби
Abe najdisi nekoj decko neka e postar ama ne odi vo krajnost 20 godini e premnogu ti ko ke treba da zivees , da se zabavuvas , da setas nego nema da mu bidi interesno bidejki seto ke mu e iziveano i plus ne ti treba nekoj za nastaros da mu gi davas vilicite od casa no ptavi kako sto ti odgovara ti
Половина од вас ни малку не сте ме разбрале..Од каде ги вадите само тие муабети за брак не знам хаха. Јас коа пишав не мислев ниту на секс ниту на брак.Се е до тој постар човек зависи до активноста негова.И коа веќе зборувате за бракови и такви ствари морам да кажам дека ако некој го сакаш не ти се битни годините.Јас коа мислам на постар човек мислам на искусен во сите области.Некој кој научил што е живот,успешен во психичката состојба, јак во карактер.Некој кој знае да милува,да го цени понежниот пол,да почитува А не женското да му биде фигура за секс.И токму тоа го мразам и кај младите машки! Со бифшиот имав врска како во филм и знам дека ретко се наоѓаат такви.Али сведок сум и на други вакви ситуации.И знам дека постојат убави врски со повозрасен.А тоа кавгите или оставање, можно и на некој да му се здосади тоа е сето природно.
Јас лично не би била со некој постар, не ме привлекува баш. Меѓутоа познавам личности што се разлика 20 и кусур години и се ви брак, ниту заради парите, ниту заради пензијата и бла бла. Едноставно од љубов. И се' им е убаво, добро се сложуваат, освен тоа што мажот е постар и иживеан, па нема желба за толку чести дружби и излегувања како жената. А сексот нема врска, ако можел на 56 дете да направи, сигурно може и се уште жената да ја задоволи
Девојче прави го тоа што те прави среќна и не жали за ништо , животот е твој лично твој тебе ти е подарен не го живеј по норми правила и принципи биди тоа што си , и не се правдај не срами и не мисли дека нешто не е во ред со тебе ако сака и 30 нека е холивудските парови се по 40 години разлика па некој им суди ? Гајле не им е ако не ти одговара прекини ја врската ,Живеј за себе не за другите ...
Хмм, во суштина сум конзервативец, но сепак сакам да потенцирам дека ако некој има некое мислење и сака да го сподели со вас, би требало да дадете мислење а не да судите. Колку што можев да разберам( колку што некој на моја возраст може да разбере) се работи за пример до 40 години. Хмм, па не гледам некој проблем, иако можеби би имало понатаму со возраста некој проблем, впрочем сите еден ден ќе бидете постари.
Отсекогаш ме привлекувале постари машки за нешто посериозно, велам постари во граници на нормалата, не 20 години разлика. Идеална разлика ми е од 6-8 години постар, бившиот ми беше речиси седум години постар и горе-долу супер се сложувавме, одевме заедно по кафиња, журки, кај другари негови.. Никогаш не забележав дека не сме на иста бранова должина. Е сега, другарка имаше дечко со кои беа разлика 12 години, и иако супер се сложуваа сега откако раскинаа таа самата ми рече што правел тој со неа, таа е уште дете за него а веќе тој треба да оформува семејство кај и да е, и да води некој сосема друг живот. (Иако тоа си е релативно за секого) И баба ми била разлика со дедо ми 12 години, па одлично функционирале. Значи не постојат правила. Но, сепак лично за мене јас би терала НАЈМНОГУ до 10 години разлика.
Ако ништо друго, гледај на позитивната страна: со татко ти супер ќе се согласува. Шала на страна, терај како тебе ти е згодно така. Не ни прашувај за мислење а уште помалку за дозвола.
Девојко не прашувај за мислење .Коа ти сама си знаеш што е најдобро за тебе Предрасуди не слушај воопшто твој е животот уживај си во своите одлуки! И јас сакам постари па супер ми е и што хехе.
Доколку те прават среќна мажи постари дури и до 20 години, живеј си така. Не го живееш животот за други, за тебе си го живееш. Прави ти како сакаш. Животот е и така краток. Не слушај ничии други негативни размислувања, биди си самата на себе критикувач. Само ти можеш да одлучиш што е добро или лошо лично за тебе. Поздрав
Еве видете овие, можи за нас изгледаат чудно ама тие среќни се, си имаат дете, семејство. Не сите идат за пари. Лично, колку и да велам дека ме привлекуваат Деп и Лето и дека они се мои „мажи“, факт е дека немам дечко постар од 1 година од мене, а сегашниов е дури 1 месец.