1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубов спрема себеси/себичност

Дискусија во 'Психологија' започната од Blindfold, 29 ноември 2014.

  1. Blindfold

    Blindfold Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    Која е границата помеѓу себичноста и здравата љубов спрема себе?Дали секогаш ги ставате потребите на другите пред вашите или секогаш прво размислувате што е најдобро за вас?Колку време посветувате на себеси и своите потреби,и со кои активности се опуштате и се наградувате,без разлика дали е на физичко или духовно поле?Постои мислење дека ако не се грижиме првенствено за нас,нема да бидеме способни да се грижиме и за нашите блиски,бидејки тешко е човек што не е задоволен со сопствениот живот да има позитивно влијание на другите.

    Јас одсекогаш сум била несигурна,самокритична и сум се ставала на второ место после моите најблиски.Имам 23 години и веќе неколку години се обидувам да го променам тоа,да си ја подигнам самодовербата,да го сменам мојот став дека не заслужувам некои работи и дека не сум доволна добра,но не е лесно да се смени перцепцијата за себеси што си ја имала целиот живот.Кои се вашите мислења околу оваа тема?Колку треба да си посветуваме внимание и да ги ставаме нашите потреби на прво место без притоа да бидеме себични?
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Од љубов кон самиот себеси до себичност има голема разлика, барем според мое скромно мислење. Да си задоволен од она што си и да си свесен за сопствената вредност е различно од она ставање на сопствените потреби на прво место по секоја цена.
     
    На Mikha4, Tanjamm, Mantub и 8 други им се допаѓа ова.
  3. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Себичноста некогаш може да биде одбранбен механизам за да се заштитиш себеси од другите коишто сакаат да те повредат и да те искористат.Јас мислам дека одсега треба да се ставаш себеси пред другите во една разумна мерка,да си направиш добро првин на себеси,а потоа на другите и да не дозволуваш никој да се гребе од тебе,да те искористува и да те повредува затоа што никој нема фала да ти каже што си се замарала со него и што си го ставала га*от во оган поради него.А,за релаксацијата во слободно време најди си што те интересира,дали тоа е џогинг,шетање,читање книги,слушање музика или гледање филмови и серии тоа нека биде твој избор.Се надевам дека сега ти се многу појасни работите и дека ти е многу полесно.Поздрав и само храбро гурај напред,не се обѕрнувај воопшто назад!:!::hug::l:
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Teodora*

    Teodora* Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2014
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    1.768
    Пол:
    Женски
    Кога го прочитав насловот на темата прво што ми падна на памет беше пораката што ја добив од една драга личност во најтешкиот период во мојот живот. Малку е подолга и е текст на Чарли Чаплин :)

    Кога навистина започнав да се сакам себеси сфатив дека болката и емоционалното патење се само предупредувања кои ми велат дека моментално живеам спротивно од своите верувања. Денес знам дека тоа се вика веродостојност.

    Кога навистина започнав да се сакам себеси, сфатив колку можам да бидам убедлив и да ги наговорам другите да го прават она што јас го сакам, колку и да не е вистинскиот момент. Денес, тоа го нарекувам почитување.

    Кога навистина започнав да се сакам себеси, престанав да го посакувам туѓиот живот и можев да сфатам дека сè што ме опкружуваше беше предизвик за да растам и да се развивам. Денес, тоа го викам зрелост.

    Кога навистина започнав да се сакам себеси, сфатив дека под било кои околности секогаш сум на вистинското време, на вистинското место и дека сè се случува во вистинскиот момент. Така станав многу посмирен. Денес, тоа го нарекувам самодоверба.

    Кога навистина започнав да се сакам себеси, престанав да си го крадам времето и да правам грандиозни планови за во иднина. Денес го правам она што го сакам и што ми носи среќа. Ги правам работите кои сакам да ги прават и кои го радуваат моето срце. Денес, тоа го нарекувам едноставност.

    Кога навистина започнав да се сакам себеси се ослободив од сè што не беше здраво за мене – од храна, до луѓе, предмети и ситуации кои ме влечеа кон дното. На почетокот го сметав за егоизам, но денес знам дека тоа е љубов кон самиот себеси.

    Кога навистина започнав да се сакам, престанав да посакувам постојано да бидам во право, а така многу помалку грешев. Денес сфатив дека тоа се нарекува скромност.

    Кога навистина започнав да се сакам себеси, се одреков од навиките да живеам во минатото или да се грижам за мојата иднина. Сега живеам во моментот во кој се случуваат работите. Така секој ден го живеам со полни гради и тоа го нарекувам исполнување.

    Кога навистина започнав да се сакам себеси, открив дека само мојот ум може да ме поремети и дека само од мислите можам да се разболам. А штом започнав да го користам своето срце, мојот ум доби драгоцен сојузник. Денес оваа врска ја нарекувам мудроста на срцето.

    Нема потреба да се плашиме од кавги, соочувања и било какви проблеми, затоа што понекогаш и ѕвездите се судираат, па од тој судар настануваат некои нови светови.

    Денес научив дека тоа се нарекува живот!
     
    На Tanjamm, Mami3, IRBBB и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.152
    Допаѓања:
    76.572
    Пол:
    Женски
    „Како да ги сакаме другите ако не се сакаме себеси?“, го поставил некој оваа паметно прашање за кое треба да се замислиме. Себеси треба да се ставиме на прво место ама не во смисла на себичност. Често слушаме дека некој вели сака да го промени светот. Или дека сака да промени некого или нешто. Но за таа промена треба прво да тргнеме од себеси. Ако сакаме да дадеме на некого пример, треба ние да бидеме тој пример.
    Затоа треба прво да научиме да се сакаме самите и да си се почитуваме самите, да си простиме прво на себе па потоа и на другите. Нема тука никаква себичност, едноставно така функционираат нештата.
     
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.692
    Пол:
    Женски
    Себеси се сакам најмногу и се почитувам најмногу.Се научив со текот на времето и досегашното искуство секогаш себеси да се ставам на прво место, а потоа другите.
    Али не сум себична.
    Кога некој има потреба од моја помош или било што што ме вклучува директно или не, мене, секогаш сум спремна за акција.
    Се случувало некогаш за ситници да изигнорирам некого бидејќи не сум сакала во моментот да превземам нешто или пак да си го рушам акомодитетот.Ама само кога се ситници во прашање.
     
    На Tanjamm и Dadusicka им се допаѓа ова.
  7. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.303
    Пол:
    Женски
    еве роднина моја ми рече дека сум дрска и себична а така и ми треба кога попуштам и секогаш кога дебатираме се прифаќа нејзиното за точно а мојот став и не мора .само ми е криво што секогаш се прави дека помага а ми префрла дека ме сослушува и чита и покрај обврските иако и јас имам обврски еве викендот цел и го посветив и ми рече не наоѓаш време за мене ме ставаш на игноре а ручек вчера одложив за неа и се ако треба но ете пак не е доволно но сфатив се ми префрла дека и праќам мн работи а она морала да наоѓа време за да чита
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Elf

    Elf Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    2.121
    Пол:
    Женски
    Не си ти себична, туку она е таква по прочитаново.
    Разговарај со неа кажи и што мислиш она може не е свесна како се однесува. Ако сакате меѓусебна комуникација треба взаемно да давате не само едната личност да биде се. Ако не разбира тогаш одалечи се од неа некое време можеби ќе сфати сама.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.303
    Пол:
    Женски
    она утрово прати линк и јас и написав ништо не ме занима и она ми скокна одма како сум ја игнорирала и сум била дрска и себична додека она само давала реплика и се извинив ако звуечв незаинтересирано,инаку она ми префрли втор пат е ова да начека момент да ме обвини и да ми каже дека ја трупам со линкови и дека не сум наоѓала време за неа а баш нејзе и пишам најмногу дури се направи важна рече наоѓам време за тебе и покрај тоа што имам повеќе обврски и што ли не .дека и паѓа мојата дрскост во очи а јас само ја замолив да бидам малку сама оти сум во депресија
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.228
    Не се исти овие две работи. Ако се сакаш себеси, ќе имаш некоја дистанца со одредени луѓе, да, но себичен човек е злобен човек, оној кој напакостува и гази преку се за да стигне до својата цел.
     
    На eliesaab, SnowWhite8 и hermosa им се допаѓа ова.
  11. *Ива

    *Ива Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    Сосема различни работи.
    Љубов према себе е да си свесен колку вредиш, да сакаш, почитуваш и шириш љубов кон други ама и да знаеш каде е границата и кога си ти најважен. Љубов према себе е да си свесен за сите свои маани и предности и да научиш да се носиш со нив. Да се вложуваш и веруваш во себе.
    Себичност е во секој да гледаш конкуренција буквално за се и да одиш газејќи преку сите. По мене себичност е знак на слабост и сомнеж во себе.
     
    На Tanjamm и Elf им се допаѓа ова.
  12. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.403
    Допаѓања:
    35.982
    Себична сум. Ама сум и емпат и коректна. И чувствителна . Ама се исфалив:rofl:Љубов кон себе е неопходна како и грижа за себе. Кога ни мањка, не сме во никаква рамнотежа.
     
  13. Elf

    Elf Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    2.121
    Пол:
    Женски
    Љубовта према себе не може да штети никому баш напротив може само да се шири и на другите луѓе околу нас/вас.
    Бидејќи човек што се мрази себеси сигурно нема да шири љубов.

    Љубовта спрема себе е најубавото нешто што човек може да си го даде себеси, баш себично е да мислиш дека некој човек не треба да се сака себеси и треба некој друг поише да сака.
    Себичноста е сосема друго нешто, коа гледаш за себе и сакаш на друг да му наштетиш на другиот човек да нема само ти да имаш и никој друг.
    Криво ти е кога другиот е среќен, кога постигнал нешто, кога има поише од тебе. Е за мене тоа е себичност.
    А не кога се сакаш себеси.
    Зашто кога се сакаш себе ги сакаш сите околу тебе! :inlove:
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Кога ќе почнеш да повредуваш луѓе околу тебе, заради 'Јас'.
     
    На hermosa и candy.cane им се допаѓа ова.
  15. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.975
    Допаѓања:
    8.739
    Пол:
    Женски
    Еден период свесно многу ги осудував себичните луѓе, но откако подобро ги запознав - сега имам поголема слика.

    За да опстоиш треба да си себична личност. За пред други, а за себе друг третман.
     
    На black-angel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Laufinam

    Laufinam Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2020
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Има изрека... ако не си за себе, не си ни за другите...
    Не е себичност ако гледаш за својот интерес без да нанесуваш штета на други.
    Не е себичност ако одбиеш да се жртвуваш себеси за што годе било.

    Пример - собирање донации...
    Имам дојдено до сознанија дека од донирани средства 85-90% остануваат за фондацијата која ги прибира. Одат за "трошоци на работење" а всушност се перење пари и крадење. И на крај жртвите добиваат нешто непотребно... наместо пари или храна или покрив над главата добиваат стар фен за коса (мора стално добар изглед) или друштвена игра (да не им е досадно).
    И после кусиш од себеси и парите свои, за што...?
    За богат газда да те излаже и се сити над глупавите кои го направиле побогат.
     
    На cresa-jagoda, Tanjamm и raww им се допаѓа ова.
  17. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Јас себе си се сакам многу.
    Неможе тоа да се каже дека е себичност.
    Себичност е кога љубовта спрема себе ја искажуваш јавно и доаѓа до "фалење".