Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубов vs Навика

Дискусија во 'Врски' започната од Boyfromtown, 9 април 2010.

  1. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    883
    љубов или навика

    ја сум у долга врска. мојата љубов не помина во навика него во потреба :hai:
     
    На sonce777 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Нема ништо лошо во корисните навики во љубовта - како бакнежот на испраќање, како пораката за добра ноќ, како малите тајни кои со сигурност си ги применувате во сексот, бидејќи знаете колку ви значат...Навиката за мене не е синоним за тревога, огромен дел од нашиот живот е составен од навики и голем дел навики кои несвесно се создаваат меѓу партнерите ја јакнат врската, не се причина за нејзина монотонија или баналност.
    И ако секојдневното присуство на саканиот е навика јас сакам да ја поседувам, сакам да сум навикната на секојдневни разговори или мигови кога зборовите се излишни, љубовта е само уште една навика, од низата животни навики, а наше е да се избориме да трае доволно долго во нашите животи. Дали ние ќе ја претвориме во конструктивна или деструктивна навика е тука лежи зајакот.
     
    На 1209, zhap4e и Trendafilka им се допаѓа ова.
  3. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    За кого како....мислам дека кога некој пар е подолго време заедно ,е зошто сеуште се сакаат а не од навика,ме нервираат мислењата кога ќе кажеш дека си во долга врска и ќе ти рече-Хм,па од навика :devil: Е НЕ Е НАВИКА...неможеш да бидеш со некој па и 100год ако не ти е убаво...ако престанала љубовта се става крај и готово,освен ако ти самиот не сакаш да се измачуваш и сам да дозволиш така да биде....ние сме тие што си ја правиме убава врската-ако има љубов и разбирање има се... :) мене лично никогаш не ми е било досадно ептен во врската,секако имало некои мали периоди,ама во целина ми е убаво..8 години сум со дечко ми оти го сакам,и со него сакам да го поминам животот :inlove:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. invincible.06

    invincible.06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    21
    ми се случи неочекуваното....... во врска сум 2 години и нешто и имав прилично добра врска .......се разделивме на само 4 дена(а претходно се гледавме секој божји ден) ...отидов во село ....го видов бившиот муватор и оп паднаа гушкања, нежности, се освен физичко неверство...и се вратив ...сега сум ладна кон дечко ми и осеќам како се овдека да ми било навика со него....Што ако стварно сватам дека е така ??што ако испаднам гомно и паднам на солзите на тој од село.....стварно сум изгубена ...баш ми треба ваше мислење...
     
  5. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Јас мислам дека сепак тоа е минлив период она со кое ти се случило со тој од село,ама не знам.Тоа ти можеш само да го одгатнеш,бидејки го познаваш повеке.Зошто да си расипеш две годишна врска со некој со кој сигурнио ти е убаво заради некој муватор?Можеш да бидеш сигурна дека ке има нешто повеке од мување со тој?Од кај си сигурна дека солзите не се лажни?Можеби се вистински,но само тој знае дали има чуства кон тебе или не.Не ризикувај наеднаш за да не се каеш подоцна.
     
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Во секоја врска има и навика, особено ако е подолга. Но љубовта е љубов, не смееме да ги помешаме љубовта и навиката затоа што може да биде болно и за двајцата.

    Љубов е, кога и после толку време се чувствуваат истите треперења кога сме заедно, да не кажам пеперутките во стомакот, бакнежите се исто толку страсни како и првиот, меѓу нас постои искреност, почит, разбирање. И двајцата се трудиме да внесеме нови нешта во врската, да не стане монотоно, затоа што баш монотоноста во една врска е убиец на љубовта (мое мислење :!: ). Се додека уживам додека сум со него знам дека постои љубовта.
     
  7. reddevill

    reddevill Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    21
    навика дефинитивно како и секоја друга од која потеско се одвикнуваш
     
  8. LittleBadGirl666

    LittleBadGirl666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    11
    Мислам дека баш се во животот станува навика.... И љубовта после подолго време се претвора во навика .. И неможеме да се замислиме не без љубов од него туку без неговата фигура до нас. Едноставно неможеме без секојдневието со него ... стравуваме дека ке се чувствуваме празно без него! Ја мислам дека самата љубов бледи со текот на времето...не е истата од на почетокот ! ;)
     
    На reddevill и Butterfly15 им се допаѓа ова.
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Голема е разликата. Имам лоша навика што пушам цигари и да, навика е затоа што имам потреба да го задоволам организмот со никотин и едноставно да вртам нешто по раце :) . Навика ми е да секое утро пијам кафе со цигара. Пушам не дека ги сакам цигарите (бог да чува ако сум вљубена во цигарите) туку дека имам навика.
    Си го сакам мм и постои љубов не дека сме навикнати еден на друг (се навикнуваме на нашите навики, карактери јас на него тој на мене со тек на време) туку дека уживаме заеднички во малите моменти. Моменти кои не исполнуваат. Пиеме кафе и пушиме цигари од навика дваицата, а уживаме во моментот што сме заедно и сакаме да сме заедно.
    Љубовта е насекаде околу нас само треба да ја здогледаме, почувствуваме, радуваме на малите нешта кои ни го одземаат здивот.
     
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Лошо е кога љубовта ќе ти стане навика, затоа јас гледам колку што можам да одбегнам рутина и да смислам нешто ново и интересно. Сепак мојава врска е сеуште тазе :)