Љубов

Дискусија во 'Врски' започната од Gordana10, 12 март 2010.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.136
    Пол:
    Женски
    Што мислите за љубовта,дали според вас таа постои/опстојува во една врска,кога се заљубувате,во што се заљубувате кај таа личност? Гледам збориме за врски,тоа е всушност врзување со некого,но дали и колку вистински ја сакате таа личност,без разлика што имате да речам успешни кои можеби често завршуваат како неуспешни врски за да на крај стигнете до вистинската личност,мислите дека тој некој со кого сте биле во животот а не сте повеќе заедно,бил токму за вас,а ако бил за вас ке ве напуштел?Затоа што ние во љубовта сме слепи се додека не се случи нешто за да ни таканаречено „ светне “ одеднаш дека не е тоа што сте го барале,или пак премногу го идеализираме партнерот па се заљубуваме во сопствената визуелизација,не гледајки дека тоа е далеку од тоа што сме го мислеле за таа личност.Што мислите?
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.713
    Можеби на некого ќе звучи смешно и чудно, но според мене љубовта е привилегија која ја имаат само најзаслужните. Во Библијата пишува: „Бог е љубов." Па се држам до тоа дека љубовта е нешто кое трае вечно и не поминува со времето.
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.915
    Допаѓања:
    76.063
    Пол:
    Женски
    Како мала знаев да залутам во бајките, затоа што тие секогаш завршуваа со „И си живееја среќно до крајот на животот“ и тоа ми се допаѓаше... сакав и јас да го најдам својот принц кој верно и безусловно ќе ме сака и ќе си живееме среќно....
    Со секој ден созревав се повеќе и повеќе и сфаќав дека бајките се навистина само бајки, и дека реалноста е поинаква... и секогаш кога мислев дека сакам некого, се случуваше нешто што ќе ја срушеше таа моја идеална слика за љубовта, па со текот на времето почнав да мислам дека луѓето се заедно само од интерес, само заради продолжувањето на видот....

    Но сепак, љубовта постои и уверена сум во тоа... ретка е, ама ја има... и не секое чувство спрема некого може да се окарактеризира како љубов... не можам да ја дефинирам, ама сум ја почувствувала и ја чувствувам, секој ден се повеќе и повеќе, и сум благодарна што сум ја имала таа среќа да чувствувам вистинска љубов...
    Меѓутоа, не тврдам дека како што минуваат годините љубовта ќе биде иста како на почетокот, напротив... ако е вистинска, чиста и искрена, ќе еволуира на повисоко ниво... ако во првите години имало интензивна, страсна љубов, таа понатаму преминува во нешто повозвишено, не само навика, туку и потреба, и како што старееме би требало да е како добро вино... да станува се подобра и подобра, поискрена, почиста, и мислам дека секој проблем и пречка ќе бидат надминати, ако има љубов...

    Ова можеби звучи како бајка, но на нас е да се потрудиме да биде така... барем јас верувам во тоа :)
     
    На sleepingbeauty му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.464
    Краток прекрасен одговор :clap:
    __________________________________

    Еве се мислам што да одговорам на темава. Да ги одберам највозвеличаните епитети за да ја опишам љубовта?
    Не можам така. Но едно е јасно: во секој тлее желбата да сака и да биде сакан.
    Љубовта е.
     
  5. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.152
    Пол:
    Женски
    ЉУБОВ Е ДА СЕ БИДЕ ГЛУПАВ ЗАЕДНО СО УШТЕ ЕДНА ЛИЧНОСТ.... БАКНЕЖОТ Е НАЛИК НА СОЛЕНА ВОДА И КОЛКУ ПОВЕЌЕ ПИЕШ ТОЛКУ ПИЈАЛОКОТ ПОВЕЌЕ ТИ ГОДИ .....ВЕРУВАЈ И НА ЉУБОВТА ДУРИ И ТОГАШ КОГА ТИ ЗАДАВА БОЛ.
     
  6. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    281
    Не знам дефиницијата што ја имам јас за љубовта дали е вистинска :? Мислам дека на мои 50 години, ќе знам дали сум љубела, која врска била страст, која опсесија, која навика . . .
    А дали верувам . . .па верувам, пуста верба :)
     
  7. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.809
    Пол:
    Женски
    Верувам во љубовта,меѓутоа мислам дека никогаш никој нема да ја дефинира.Она чувство што го имаш како пеперутки во стомакот,блискоста кон некој,тогаш кога очајно некој,баш некој, сакаш да те гушне, да биде до тебе, кога тој ти недостасува,треперењето под неговиот допир,сексуалното уживање,сето тоа е љубов.И љубовта не може да трае само ден-два,или неколку години,таа е сепак вечна.
     
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.287
    e mnogu sakam koga slusam vakvi razmisluvanja-deka ljubovta e vecna.a ne koga ke slusnam nekoi vikaat pa ne go sakam kako porano,ljubovta traela dve godini, ne mi se isti cuvstvata,navika...ako e vistinska ljubov ke trae i traeeee :D
     
  9. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    256
    se slozuvam so vas, lubovta postoi, i trae vecno ;)
     
  10. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    871
    Допаѓања:
    195
    ееххх љубовввв.....нема нешто поубаво од љубов :) за љубов нема дефиниција
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.759
    Допаѓања:
    77.414
    Љубав је кад ти срце дрнда! :D
     
    На Vik-to-ri-Ja и De-lovely им се допаѓа ова.
  12. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.404
    :rofl: :rofl: гушка бе срцка ме изнасмеа :rofl: :hug:
    инаку за темата....љубов е.....и кога го мразиш и сакаш да го ставиш под нозе...ти знаеш дека го сакаш...и кога му викаш дека ќе продолжиш без него, а знаеш дека нема...кога .......ај ќе допишам другпат :rofl:
     
    На Vik-to-ri-Ja му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    558
    Не верувам дека има идеална љубов. Ништо идеално не постои. можеби некој со кој сум била, бил тој, принцот, но верувам дека тоа не биле нашите пет минути, па тој воз одамна поминал. Кога се заљубуваме во некој се заљубуваме во тоа што е во првите неколку месеци, тој е тогаш фин мил...Но , со текот на времето се си излага на виделина. Никогаш не можеме да бидеме сигурни дека тој/таа е баш за век и векови и единствена голема љубов. вистинската љубов не умира(таа тлее длабоко во нас, дури и кога не сте со таа особа) , само така може да се знае дека некој/а е вистинскиот/та. Зар е љубов ако во еден момент се посомневаш во своите чувства, зар е љубов ако усните бакнале и некој друг. За мене не, љубовта е нешто посебно што му е потребно на секој човек.
    Со еден збор, живото ни носи изненадувања. Но, сигурна сум дека животот го чува најубавото за нас, и кога тогаш ке си го најдеме својот принц. :*
     
  14. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    871
    Допаѓања:
    195
    Па то бе Lilit стварно се изнасмеав кога ти го прочитав постот ств на место е :rofl:
     
  15. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.809
    Пол:
    Женски
    [youtube]<object width="480" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/SEbCGoCRLu8&hl=en_US&fs=1&"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/SEbCGoCRLu8&hl=en_US&fs=1&" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="480" height="385"></embed></object>[/youtube]
    Видете, слатки мали дечиња како тие ја дефинираат љубовта :inlove: :$ :)
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.713
    - Мушкарац не може да се заљуби у мушкарцу.
    - Како сад то?

    :lol: :lol: :lol: :lol: Слатки душички
     
  17. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.807
    Пол:
    Женски
    :D лелеее срциња малетки :*
    ахх љубов :$ најубаво чувство :angel:
     
  18. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    312
    90% мислам дека љубовта е идеал = нешто што скоро е невозможно да се постигне
    останатите 10% ги давам за навиката........
     
  19. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    312






    ИИИИИИИ.........хехехехех мале4ки срциња.......
    колку се паметни........леле........... 8) :D
     
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.269
    Допаѓања:
    25.725
    Јас нешто многу не се замарам со љубовта, што е, како е, дали го сакам, или е само навика, ти реков ми рече. И не мислам дека е вечна, мислам дека може да помине.

    Едноставно ги доживувам работите, ако сум со некој и ми е убаво - го сакам. Убаво ми е со луѓето што ги сакам, иако нормално е сите понекогаш да те налутат. Ги сакам децата, го сакам сопругот, ги сакам мајка ми и татко ми, го сакам брат ми, ги сакам другарките, другарите на саканиот, некои од колегите, баба ми, брат му, неговите
    (така- така :D )... сите тие ги сакам, и пријатно ми е во нивно друштво.
    А дали е потреба, навика, рутина или не знам што - баш ми е гајле. Мене важно ми е убаво :D

    Не ми е страв да сакам. Секогаш сум влегувала со потполна доверба во какви и да се врски, макар и по цена да бидам разочарана.

    И да, мислам дека може да помине. Ќе рече некој не била вистинска - била, ама се скршило нешто. И треба да сме спремни за нови љубови, кои постојано доаѓаат (не мислам тука само на љубов кон личност од спротивниот пол, или како и да е веќе, туку во пошироки рамки).