Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубов

Дискусија во 'Врски' започната од Gordana10, 12 март 2010.

  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Ljubov e filing koj go cuvstvuvas. Doadja i si odi...
     
  2. Denna

    Denna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    87
    Верувате ли во ЉУБОВ ?!

    Одсекогаш сум се прашувала....постои ли навистина,или само страста е присутна а она другото не постои....што мислите????
     
  3. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    и јас се прашувам за тоа..интересна тема ;)
     
  4. Mina17

    Mina17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Љубов??

    Сите сме имале во животот кој ни значи или ни значел све. Фантазии за каков заеднички живот би имале двајцата. Секој ден поминат со него не ви бил досаден, смеење, гушкање, емоции, све е толку совршено и најубаво. Си мислите дека цел живот ќе бидете со него, дека без него нема да можете да живеете. Но колку трае тоа? Година? Две? Вечно? Дали може све да згасне или што ќе биде ако ве остави и кога ви е уште убаво. Постои ли љубов кај нас младите? На еден или на повеќе сте им кажале те сакам? Јас сепак мислам дека све е пролазно... на пример со една иста фризура не можеш да бидеш подолго од 6 месеци. Додека не созрееш како личност со свое јас и да знаеш да се цениш, не ти треба долга, сериозна врска, кога ке дојде крајот ке ти биде многу тешко. Ке патиш подолго време... односно губење на твоето скапоцено време, џабе. Иако мислиш дека е совршено, мисли и на тоа дека еден ден ке има и крај. Љубов додека не созрееш, нема. Пред тоа све е само привлечност, заеднички мисли. Треба да знаеш да го поминеш убаво животот, а не да патиш и трошиш време за некој кој може и не те цени. Еден дечко, втор дечко, трет све поминува. Љубовта сама ке дојде кога ке знаеш прво сам да се цениш. Совршен? Дали постои само еден таков? Има повеќе кои би ти одговарале и би биле покрај тебе цел живот, но секако не од твојата 15та година. Додека не размислиш што сакаш да правиш цел живот и што сакаш да бидеш не ни треба да се обидуваш да го најдеш совршениот. Најголемата љубов е кога ке почнеш да создаваш семејство, кога знаеш дека нешто е само под твоја сопственост и не може никој да ти го земе.
    Мое мислење само... :)
     
  5. fragolina

    fragolina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    13
    Постои една слика за вистински љубовници односно луѓе што се во љубов не знам кај сум ја видела ама сум ја запамтила и секогаш кога ќе помислам на љубов ми доаѓа таа слика пред очи,односно
    Двајцата љубовници се залепени еден со друг со грбовите и се фатени за раце со испреплетени прсти,а погледите им се вперени во далечина(во различна насока едниот гледа на едната страна а другиот на другата).Значење- тоа се двајца луѓе кои стојат цврсто на земја,се познаваат себеси и другиот и знаат што сакаат од себе и од другиот,имаат изградено сопствени ставови и се трудат да се реализираат себеси на разни полиња од животот,никој никого не притиска за ништо,слободни се да излезат од таа врска кога и да посакаат-тоа е претставено со погледите во далечина во различна насока,но секој од нив одлучува да остане со саканиот затоа што тој/таа така сака и поради тоа така одлучува- тоа е претставено со допрените грбови и испреплетените раце покажуваат дека има многу заеднички работи што ги поврзуваат.

    На друго место имам прочитано дека Љубовта е како пруга, односно составена од две шини и оние даскички кои ги поврзуваат и тоа така може да оди во недоглед како што и впрочем одат шините.
    Значење- двете шини се двете личности кои се во врска-цврсти и стабилни како и челикот од кој се изработени шините а даскичките се работите кои ги поврзуваат меѓусебно.Па драги мои бидете цврсти,јаки,силни како шини и ставајте се повеќе даскички помеѓу вас и вашиот сакан и така пругата ќе оди во недоглед.

    И уште една работа кажана во врска со љубовта почитувам - Двајца вљубени не се оние кои гледаат еден во друг туку оние кои гледаат во ист правец.

    Поздрав,
    Сакајте и бидете сакани
     
    На marama, SpoiledBaby, veri и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Според мене, љубовта е вечна само ако саканиот не е со тебе, сте се разделиле, те оставил и сл. и е вечна бидејќи цел живот си фантазираш за него, како би било кога би било, го сакам само него, тој е вистинскиот и нема никој друг... А ако личноста во која си вљубен е со тебе, после неколку години се е само навика и нема веќе љубов...така одат работите. Секоја чест на исклучоците, кои се еден во милион.
     
  7. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    381
    Љубов :inlove: :inlove: :inlove:
    Верував, верувам и ќе верувам.....Едно огромно Да за љубовта...Постоела, постои и ќе постои...Верувам во љубов не само на збор него сум ја почуствувала и знам што значи...Нема некоја посебна дефиниција, секој си ја дефинира љубовта на свој начин... љубовта има три фази првата е... Заљубеност е она од што имаш пеперутки, страст спрема партнерот...кога мислиш дека се е розево...она убавото запознавање меќу двајца...откривање на сите тајни, мани и доблести...НО тоа не е љубов....втората фаза е пријателство...се привржуваш за партнерот, делите се......си имате свои тајни свои случки свои доживување....третата и најубавата зрела љубов која се одржува, која не е толку интензивна како заљубеност но сепак е слатка, убава, смирена....нешто помеѓу ова...некој микс...е Љубов.... :inlove:
    Најубаво е кога сакаш и си сакан!!
     
    На Vik-to-ri-Ja, 2468 и gami им се допаѓа ова.
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски

    Многу вистинито. :clap: Неколку пати ова го имам сретнато, и не можам да не се сложам. Вљубените гледаат во ист правец ( одн.би требало да гледаат) за да можат да имаат заедничка иднина, не за да ја предвидат, туку за да бидат на исто рамниште кога ќе се појави некој проблем. Вљубените кои гледаат еден во друг се заслепени, и таква љубов не трае долго.

    А моето мислење за љубовта.
    Многу кревко цвеќенце! Со најмалиот ветер може да се скине. Но, прекрасно е.
    Има разлика помеѓу заљубеност и сакање. Заљубеноста може бргу да ја снема, ама ако била искрена ќе се претвори во сакање, а во спортивно ќе се претвори во навика.
    Не можам, а и не сакам љубовта да ја гледам од тој аспект на навика...затоа што не е. Љубовта е на повисоко скалило од сите чувства. Врв на емоционалната хиерархија!
     
  9. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Многу ми се допаѓа одговорот на Queen.S, така да нема потреба да објаснувам, само ќе кажам дека потполно се согласувам со неа и ДА верувам во љубовта, сум ја почувствувала и ја чувствувам :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На Queen.S му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Не барај совршенство за да засакаш, бидејќи може да умриш без љубов...
    Најди нешто несовршено, сакај го и направи го совршено!( тоа е љубов)
     
  11. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Мислам дека многу би се препознале тука...Слепо веруваат дека другата личност има некои квалитети што се далеку од реалност се додека не се случи нешто да ти ги отвори очите за да ја видите таа личност со истите очи како што ја гледаат и многу други...

    А инаку на прашњето дали постои? Да постои...Кога нема тајни, кога се работи на секој проблем заеднички, кога се разговара отворено на се што се случува помеѓу вас двајца...Значи многу важен чекор е комуникацијата...Без комуникација колкава и да е љубовта НЕ УСПЕВА!!!...после тоа нормално си доаѓаат доверба, разбирање, толеранција, компромис итн итн итн
     
  12. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Во неговата душа,срце неговото размислување.

    Љубовта е привилегија што сите ја немаат и не се наоѓа лесно...
     
  13. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    321
    Што е љубов?

    Зошто човекот сака?
    Зошто му е грижа за другите повеќе отколку за себе?
    Зошто идеализираме и ја игнорираме реалноста?

    Експерти од своите области се потрудиле да ни одговорат, ова се нивните "дефиниции":

    Џим Ал Калили (физичар) :Љубовта е хемија.
    Билошки гледано, љубовта е моќна невролошка состојба како гладта и жедта, која трае подолго. Зборуваме за слепа и безусловна љубов над која немаме никаква контрола. Тоа не изненадува, бидејќи љубовта во својата основа е хемија. Додека страста е сексуална желба со одреден рок на траење, вистинската љубов со себе повлекува цела низа на реакции во мозокот – феромон, допамин, серотонин, окситоцин. Меѓутоа, од еволутивна перспектива, љубовта може да се набљудува како алатка за опстанок на човечкиот вид кој ни помага да одржуваме долгорочни односи и ги воспитуваме децата.

    Филипа Пери (психотерапевт) : Љубовта доаѓа во различни облици
    За разлика од нас, луѓето во старо време немале само едно име за различните емоции. Денес ние тоа го нарекуваме љубов, но претходно секоја емоција имала свое име. На пример , ерос - кога станува збор за сексуална љубов или агапе- кога станува збор за најчист облик на љубовта. Сето тоа е љубов, но невозможно е да се очекува сите можни облици на љубовта да бидат исполнети од една личност.

    Јулиан Багини (филозоф) :Љубовта е страсна посветеност
    Невозможно е да се даде одговор на прашањето „што е љубов“, бидејќи љубовта не е единствена работа. Љубовта за родителите, партнерите, децата, пријателите, државата, Бог..сето тоа е љубов со различни квалитети, но секоја од нив има свои видови – слепа, едностастрана, трагична, упорна, возвратена итн. Но, во своето најдобро издание, љубота е наша одлука односно страсна посветеност на одреден однос кој го негуваме и развиваме. Затоа, љубовта е многу повеќе од чувство. Таа е страсна посветеност.

    Џоџо Мојес (писател) : Љубовта е двигател на светот
    Што е љубовта, за виси од тоа каков е нашиот статус. Доколку сте сигурни во љубовта, таа ви е потребна како воздух. Доколку ја немате, таа е опсесија која боли. Љубовта е двигател на сите приказни – не само оние романтичните. Највеќе фасцинира онаа точка пред љубовта, кога работите се неизвесни и полни со исчекување.

    Сепак, мене повеќе ме интересираат вашите размислувања, вашите примери од реалноста, што за вас е љубов?
     
    На tinan му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Што е љубов?

    Дефиниции ?? :o
    Епа за мене е Љубов, кога у 4сабајле ке станам да си земам едно лажиче мед, и нормално неможам да отворам тегла и се вратам изнервирана у кревет , ке појде Тој без да му се рече и ке ми донесе цела лажичка мед, само зашто неговото бубашвабче сакало мед и не сакал да го остави туку така ...

    и ред др работи...
    Абе за секој индивидуално, какви дефиници. Се осјеча тоа ...
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  15. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    321
    Што е љубов?

    Затоа дефиниции е во наводници, пробале експертите да објаснат од свој аспект..

    Мене ме интересира ваше мислење, дискусија, дали љубов е страст, искреност, разбирање.. Дали на вас ви е потребно сето тоа или и без ништо може да ја наречете љубов..

    За темава ме поттикна неодамнешна случка кога ми рекоа дека моите критериуми за љубов биле многу високи, дека сум живеела во илузии, дека премногу размислувам на непотребни работи, иако јас мислам дека тоа што го барам е многу едноставно...
    А, можеби и живеам во илузии |(
     
  16. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Што е љубов?

    Хм.. :^) И мене така ми збореа, дека многу прибирам, премногу високи критериуми итн. па еве сум сега со дечко кој има се' што јас посакував (не зборам ниту за надворешно ниту за материјално туку за внатрешното) :) Не слушај што ти зборат само стреми се' да си ја оствариш својата цел. ;)

    Е сега околу темава. Мислам дека има многу да се' збори и секој на различен начин ќе си ја дефинира.
    За мене е љубов кога те почитува, те разбира, те поддржува, те штити, ти верува, искрен е со тебе и многуууу други работи кои се' чувствуваат. Кога би одел и до крајот на светот само за тебе да ти биде убаво. :inlove: И не, не е љубов ако те изневерува, не е љубов ако те навредува итн.

    Абе љубов е кога би можел и во раце да те држи само за ти да не се' мачиш и да газиш на земја... ете тоа е љубов. :$
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    321
    Што е љубов?

    Се согласувам со тебе, и не, нема да се откажам од своите критериуми затоа што се различни од туѓите и затоа мислат дека моите се високи..

    Имав ситуација кога го имав покрај себе тоа што го посакувам, тоа што отсекогаш сум го барала кај некого..
    И додека сите ме прашуваа "кај го најде", "како мислиш да живеете", јас ги убедував дека тоа е тоа што ми треба, и дека се друго е релативно, со време ќе се среди..
    И додека јас ја живеев бајката, тој се разбудил, ја доби самодовербата што му недостасуваше, и кога требаше да кажеме Да, тој рече мислам дека сум во заблуда, ова не е љубов..

    На крајот на патот во погрешен правец мене ми остана прашањето што е љубов..
     
  18. Monufche

    Monufche Активен член

    Се зачлени на:
    23 април 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Верувам во Љубовта..
    Ама јас немам среќа во неа. :/
     
  19. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    како што гледам 13 години имаш 8) не се секирај има време за љубов,мали сме си уште :rofl: 8)
     
    На Lovy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки

    Еве што можам да кажам. Знам дека боли. Физички боли. Тие што осетиле знаат за што зборам.
    Има нови клинички студии кои покажуваат дека социјално страдање, социјална неадекватност или ако ви е полесно, скршено срце, може да се третира со лекови за болка.
    Горе доле делува. 500 милиграма Tylenol наутро + 500 навечер и ќе те протера денот. Оштетува јетра по долготрајно користење но се си има цена.

    Значи, физичка и емоционална болка се поврзани.

    Љубовта е се ..... и ништо во исто време...

    Проблем е кога ќе ја изгубиме.

    Се мислев дали воопшто ова да го напишам ама кога хелекс, дијазeпам и што се не се голта како тик-так, па и ова...

    Уствари нема некој што не гледал бар една епизода на Др. Хаус.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.