Јас мислам дека што и да речеме за лубовта е многу малку во споредба со тоа што навистина е. За лубовта нема дефиниција тоа е чуство која те тера да се надеваш да сонуваш и да се будиш секое утро со помислата дека си некому потребен.Се надевам дека некој од вас се согласува со ова.
Љубовта е копнеж или стремеж кон некого или кон нешто. Едно е да се заљубиш, а друго е да љубиш. Љубов со најдолг рок е невозвратената. За љубов се потребни двајца. Да сакаш некого и да бидеш сакан е да чувствуваш сонце од обете страни. Не може точно да се дефинира што значи љубов но, постојат повеќе: кон татковината, кон пријателот, еротска љубов, која е мотив за многу епови, драми и поеми итн., мајчинска љубов, сестринска љубов и многу други како мотиви за книжевни дела. Црвената боја мене ме асоцира на љубов, планета Венера е планета на љубовта. Ако тоа не е љубовта, можеби и не постои друг извор на живот.
Јас до сега сум се заљубила два пати. Во основно училиште си имав платонска љубов и се заљубив во неговата насмевка. Пред некое време се заљубив во убавина, во она што јас го идеализирам, во она што од секогаш ми било привлечно. Во врска мислам дека повеќе доминира сакањето. Ако си во врска сакаш, може и да си заљубен, но никогаш не ми се случило да сум заљубена и долго време да имам врска со таков дечко. Заљубувањето е лошо зошто завршува со скршено срце. но мора да се стави крај, зошто секој заслужува подобро. Добро е зошто поминува за кратко време. Кога ќе се заљубам немам некој фид бек, а кога мене некој ме сака, јас помалку го сакам или воопшто не го сакам. Мислам дека така си одат тие работи, ако се најде компромис некој, односно ако и тој и јас сме тука некаде на исто ниво со емоциите, чувствата, сексуалната енергија и привлекувањето би рекла тој е тој што го сакам за сопруг.
Јас верувам во љубов, а и знам дека постои. Порано кога немав дечко си мислев ќе ме сака ли некој мене, ќе почуствувам ли јас љубов, ќе сакам ли јас некој, но наеднаш се се смени го запознав него и животот ми се смени почнав да верувам во љубовта, а и во чудата што ги прави љубовта.
Понекогаш љубовта е како илузија. Сум се нашла во ситуација да се запрашам, веќе на крајот на врската, како јас сум можела овој да го сакам? Како цело време да сум била заслепена па одеднаш сум прогледала. Но, некогаш љубовта е толку реална, движечка сила без која ништо не би имало смисла. Можеби навистина во животот само еднаш вистински се сака. Љубовта всушност е во нас самите, секогаш присутна (зависи кој како и колку ја има). Се разгорува тогаш кога ќе сретнеме некој со кој се поврзуваме на некој чуден начин. Сила. Но често тоа не е она вистинско, како на почеток што пишав. Верувам во љубов која трае цел живот. Треба само да се знае како да се негува.
Секако дека верувам во неа. И верувам дека може да трае цел живот. Без љубов животот не би ми имал никаква смисла. Најмоќното чувство што може да не' натера да се жртвуваме, да преминеме секакви препреки и да откриеме сила во нас, за која не сме ни биле свесни дека ја имаме. Единствено љубовта може да даде вистинска волја за живот.
Љубовта е тага и среќа истовремено . Болка и копнеж , вознемиреност и толку голем мир .. таа е како ветер . Љубовта не се опишува , љубовта се чувствува .
Што претставува за вас љубовта? Што е љубов? Дали постои вистинска љубов? Не знаев каде да ја сместам темава дали во психологија или тука. Почнав да одам на психијатар и ме праша што за мене претставува љубов и не знаев да и одговорам. (Зборувам за љубов кон партнер ) * Споена дупла тема
1. За мене љубовта е нешто највозвишено. 2. Љубов е кога го разбираш другиот, а и тој тебе. 3. Постои.
Љубовта е најубавото нешто што може да му се случи на човек,посебно ако е возвратена. Според мене без љубов си како пола човек.
Љубовта е чувството, кога се чувствуваш исполнет, среќен, таа личност што ја љубиш кога ќе постане дел од тебе ете тоа е според мене љубов. Постои вистинска љубов, скриена е во нас, еве конкретно за љубов спрема партнер, кога ќе се појави тој вистински партнер ја буди и излегува на површина.
Љубовта ја замислувам како ситуација при која двајца луѓе се „користат“ (користат, во наводници) меѓусебно за заемно себеусовршување, за развивање на своите потенцијали како човечки суштества, нешто што одделно никако не би го постигнале. Љубовта ја разбирам како во филмот Call me by your name, кога љубовниците ќе си ги заменат своите имиња, кога границите меѓу нивните личности се поместени, но, сепак остануваат засебни индивидуи. Нема вистинско вљубување без да изгубиш дел од старото јас, и како што вели Жижек, there is no falling in love without the fall, исто како што нема вистинско кафе без кофеин. Мораш да дадеш дел од себеси за да добиеш нешто повеќе од самиот себе. Љубовта е комбинација од романтика и организација. Таа е согласност ти да ги измиеш чиниите кога другиот ќе биде уморен, подготвеност да се откажеш од расправијата што не оди никаде, кога одиш да ги земеш децата од училиште, иако си работел трета смена, кога смислуваш мили зборови што само вие двајцата ги разбирате, кога ги сакаш работите што другиот ги сака, а на кои претходно не си им обрнувал внимание, кога твојот свет станува и негов/нејзин. Љубовта е симетрија без да е строго симетрична, и не е вистинска кога се квантифицира. Љубовта е една од причините да се биде жив. И ви посакувам на сите да ја препознаете, имате и одржувате.
Неможиш ниту да ја опишеш, ниту да ја раскажиш. Љубовта се чуствува. Го допира срцето, допира до последниот нерв. Чуство кое го носи човекот во облаци, најубаво нешто кое не се опишува, рај. Дури и ова кое го пишувам сега на оваа тема, од дното на душата и срцето ја чуствувам силата која ја поседува љубовта, градите ми треперат, ја ставам раката на срце и го чуствувам забрзаното чукање. Размислувам и си велам, господе која е оваа енергија и сила која извира..