Значи во секундата кога ги прочитав првите неколку редови од постот на членката ова ми пројде низ глава .
Љубовта е како танц каде се потребни двајца се разбира. Каде играат на истата музика,што ја одбрале двајцата. Разбирање доколку едниот го згази на стапало другиот ненамерно. За некого љубовта претставува само болка и страдање, додека за некого претставува најубавото и најпрекрасното нешто на светот, единствена причина за живеење. Постои секако дека постои вистинска љубов,тоа е исто како да сме прашале: Дали постои сонцето?Ако ние живееме во мракот. Но често сонцето не гори па не го сакаме многу (За резерва факторче ќе си ставиме да не не изгори)
Тој. Ај сега сериозно, ако зборуваме за љубов помеѓу двајца партнери во романтична врска, тогаш би рекла - личност која можеби има 350 маани, но тие маани ти се најслаткото нешто. Кога ги затвораш очите и самата помисла дека ја немаш ти ги полнат очите со солзи. Спојлер .... Мора во основно да имате пишувано состав за љубовта и мора да сте напишале љубовта е збор од 3 согласки и 2 самогласки, мора! Оф, јас тогаш пишував за љубовта кон животните и растенијата. Уште тогаш се видело, љубовта и Даклинг...
Мислам дека станува збор за природен механизам сексуалниот нагон да се насочи поселективно т.е. побезбедно. Можи сум јанлаш, не знам.
Па љубов е кога го сакаш некого со сите негови маани и недостатоци, поради тоа што ти е убаво со него поради неговиот карактер.
Врска неам шо е. Ваљда пошо и неам осетено искрена љубов. Според мене љубов е нервози, чат пат убави моменти. Углавном нервози, да не речам срање. @нина122 очекувај напаѓање као тоа си само за пари, овоа оноа.
Љубовта е избор. Би требало да носи радост, среќа. Ама ја се прашувам: Дали ако е еднострана, љубовта навистина е љубов? Или пак е нешто друго, нешто тажно. М?
Љубов е безусловно прифаќање на другиот. Давајќи му ги на другиот слободите да биде тоа што е, да прави што сака итн. А наше е дали ќе дозволиме и колку тој човек да биде во нашата околина. Според мене љубовта е најгрешно толкуваната работа во светот. Од мали децата се научени дека ако прават тоа и тоа и тоа се добри, или ако не прават нешто се лоши и ќе дојде бабарога.(балкан) А се што треба да бидат е да бидат сакани. Тоа по 20 години резултира со мажи кои се борат за пари и статус со желба да бидат сакани и жени кои се деформираат од филери и диети исто со желба да бидат сакани. Не би требало да има услов во љубовта, или причина (интерес). Секакви калкулации од типот ако сум со него добивам тоа и тоа и слично не се љубов. Вистинска љубов би пребродила кога тој маж ќе остане без скршен денар во џебот, или кога таа жена ќе остаре и ќе се здебели.
Najvistinskata ljubov e onaa prva srednoskolska, izgubena nevinost, skrseno srce, kradenje od doma vo docni casovi, beganje od casovi za nekoj sto go sakas, e taa ljubov te osakatuva i en se zaborava,,
Љубовта е чувство на исполнетост, внатрешна среќа, полетност и инспирација за подобар живот. Заедница со партер кој те разбира и ти го разбираш. Те прави да бидеш подобра личност, во молкот пронаѓаш смреност и си ги сакате мааните кои ги поседувате. Како и одговорност, посветеност и истрајност. За жал во денешно време нема љубов и вредности кои ја оддржуваат. Краткотрајната и површната љубов се доминантни. И најчеста е корстиљубивата (навидум љубов) која е присутна денес.
Како скршеното срце е вистинска љубов? Првата љубов не се заборава дека е прва ама не и најголема и највистинска, тогаш во тие тинејџерски години уште самиот себе не се познаваш доволно а не па да знаеш што е безусловна љубов. Вистинска љубов спрема партнер е кога живееш за таа личност и она за тебе, кога и покрај сите подеми, падови и бури што животот ќе ви ги зададе нема да ја пуштиш раката на партнерот, кога ќе бидеш спремен и жив во оган да влезеш за таа личност што ја сакаш, тоа е љубов вистинска.