Љубомора во бракот

Дискусија во 'Брак' започната од renata76, 6 април 2011.

  1. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    Сакам да ми помогнете,
    премногу сум љубоморна на сопругот, цело време се мислам каде и како и со кого е,
    и кога ќе се врати дома следуваат 100 прашања, па караница и не знам што.

    Некогаш и не сакам, ама тоа е, како да ја лечам ова пуста глупост, стварно не знам, сакам некој совет да ја смирам душата моја која е вознемирена!!
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.336
    Премногу љубомора во бракот!

    Имаш доверба во маж ти? Клучно прашање на кое самата ќе си дадеш одговор. Ако имаш доверба, тогаш зошто се караш со него. Излегуваш и ти нели, а тој тебе те масира така со милион прашања?
    Ако немаш доверба во него е друга работа. ТОгаш треба да се направи многу напор за да се ти убедиш во нешто. И да го нон стоп прашуваш, биди сигурна дека нема да ти каже ако направил некоја грешка.
    Едноставно неможеш да го контролираш, ако наумил нешто и сака да направи, ќе направи без да знаеш ти, а ако мислиш дека ќе го спречиш на некој начин - не верувам дека би ти успеало.
    Опушти се и уживај во бракот. Не го одтргнувај од себе со многубројните караници и не му прави одбивност. Сакај го таков како што е и уживај во семејството.
     
    На Филотеа, georgnicos, srcka-22 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Премногу љубомора во бракот!

    Зошто си љубоморна? Тоа е првото прашање. Дали ти тој има дадено причина да бидеш љубоморна? Пример неверство порано, па затоа немаш доверба во него. А таа доверба се гради, нема тука лек преку ноќ.

    Друго, дали ти е досадно? Велиш цело време се мислиш како, со кого, каде, и кога се врати дома го испрашуваш. Ако ти е досадно дома може едноставно љубомората потекнува от тоа што ти се осеќаш заоставено додека тој постојано ужива, се шета, се дружи...
    За тоа има лек, земеш контрола со својот живот, излегуваш и ти, се најдеш со друштво. Вечер или утре ќе имате двајцата што да си кажете и раскажете, убав муабет. На сите ни треба време одделно од партнерот затоа што сите имаме прво свој живот па потоа живот делен со партнер.

    Последно, дали е љубомора или контрола? Ако инсистираш да знаеш 100% од времето тој каде е и што работи, тоа е сакање на целосна контрола врз таа личност. Тоа право го нема никој да го бара од партнер. Со таква контрола партнерот ќе се осеќа врзан со синџири, не може да дише, а постојаното искажување на недоверба со прашања носи ризик за опстанокот на бракот.
     
    На Imperatorka5, srcka-22, renata76 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Љубомора ... а зашто си нанесуваш болка самата на себе. Ако нема причина за љубомора, нели сте во брак а твојот сопруг е човекот во кој си се вљубила и таа љубов сте ја крунисале со брак.Ако е така мислам дека не е убаво да го гушиш со твоите љубоморни испади и да му забрануваш каде што треба да излезе сам. Мислам дека и ти како жена не си секогаш во негова придружба сигурно понекогаш имаш потреба да излезеш сама и сега што треба да прави тој да те следи да урла по тебе или да ти кажува што да носиш на себе и ред други работи... ајде како би се чувствувала ти .
    Во секоја врска, брак неизбежно е да се наиде на неа , понекогаш и за ситници... малата и привремена љубомора донекаде е и нормална во блага форма кажано кога и не би постоела значи не му значиш некому нешто . Лага би било ако некој каже дека никогаш не го почувствувал тоа чувство.
    Меѓутоа хроничната , претерана љубомомора е непријатно чувство рамно на болест, прво за личноста која ја поседува па потоа и за најблиските. Истата може да ја уништи секоја врска, брак... ако се нема меѓусебна доверба , почит и разбирање со љубомора само се нанесува гушење и нетрпение меѓу сопружниците. Ако сопругот дечкото или било кој да е е склон на неврства и бурен живот и деноноќно да го контролираш ограничуваш пак ќе најде начин да ја постигне својата цел. Затоа треба мирно без кавги да му кажеш на својот сопруг што ти смета кај него , и со што тој придонесува истата да владее со тебе. Сувишни се зборови ти најдобро си знаеш во кого е грешката , дали твојата љубомора е оправдана или не . Се надевам ќе бидеш јака и ако нема повод за истата ќе се смириш и ќе ја надминеш ...
     
    На renata76 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    Фала ви многу за советите (тие што одговориле), јас се трудам да се смирам, но се случува на пример, едно време добро сум, смирена, го разбирам, не му викам ништо, ама некогаш ми пука главата, и затоа мислам дека ова е болно.... кога ќе се смирам се мислам зошто јас правам вака, нели треба да попуштам малку, да не претерувам...ама тогаш и се тресам, па ако во случај да ја слушам дека зборува со женски глас, тогаш збеснувам, одма му викам ти имаш нешто....

    Проблемот е од порано, пред неколку месеци, поради негова вина, значи неверство и толку ми треба, затоа ви велам дека треба многу време да помине, за да помине и мојата љубомора и да може да се врати довербата

    ама тешко
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.336
    Ако имало неверство тогаш оправдана причина зошто немаш доверба во него. Разговарај и кажи му зошто некогаш така си иритирана и така се однесуваш кон него. Ќе треба да те свати и убеди дека не е така.
    Знам дека е тешко да се врати довербата ама со заеднички сили се може.
    Ако си му опростила тогаш ќе треба да најдеш начин како да го надминеш тоа. Едноставно не мисли на тоа, ако нон стоп си го враќаш филмот се поголема криза ќе те фаќа. Ака сака пак да направи некој испад ќе направи без да знаеш и неможеш да го спречиш.
    Остави му простор да ти докаже дека тоа е минато и нема да се повтори, а ти надмини го тој проблем.
    Среќно
     
    На renata76 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. brazilia

    brazilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    744
    љубомората е составен дел на љубовта, тоа е ноќна мора на љубовта. љубо - мора!
    не треба да се претерува, иако и јас понекогаш претерувам, од истите причини, ситно неверство (во мислите), кога еднаш ќе ти влезе црвот, а и ако имаш некои ситни докази, тешко е, стварно е тешко!
    но, одиме напред!
     
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Добарав тема, ајде на крај овде ќе прашам. :$

    Што ако сопругот е страстен лајкувач на Фејсбук? Поточно, ако на секоја девојка мора да и лајкува слики и да коментира: уау, прекрасна си, супер си. :tmi:

    И да е верен сопруг, и да не прави ништо со никоја, не е малку претеризам на секоја слика одма лајк.лајк.лајк...? А, да не спомнувам ако повеќето од тие девојки се ****** во градот. :x
     
  9. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Не може да е верен а на секоја женска да и става лајк и коментари,тое ти е исто како да и се пушта на секоја што ке стигне....таквите мажи се големи манијаци, а како што викаш ти тие на кои им остава коментари се к*рви,тоа значи дека мажот цели кон лесен плен :!:
     
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.635
    Допаѓања:
    321.552
    Пол:
    Женски
    Не сме љубоморни ни двајцата.Ок можеби малце но ништо страшно.Не си чепкаме по мобилни,не претураме по нечиј џеб,ниту пак си ѕиркаме по фб еден на друг.Често имаме патувано и сами надвор од државата без ограничувања ,без досагања по тел.
    Незнам што би правела ако би почнел да ми брани некои раб.Јас сум срекна само кога се осекјам слободна.Додуша не сме ни дале причина за љубомора.Мм не е тип да флертува,да загледува.Секогаш си ја гледа својата раб па така немало место за испади од моја стр а и обратно :)
     
    На LadyLollypop, Annath и t-sweet им се допаѓа ова.
  11. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    17.843
    Пол:
    Женски
    Љубоморен е...Посесивен,чепка во мобилен,немам фб(последно време се воздржува од таа убиствена навика и се осеќа ралакс во воздухот).Лично не сум дала повод за таквото негово однесување но ме убивал во поим со испади на љубомора(дома само ,пред луѓе држи поведение).Важно му е мислењето на другите од една страна сака да се гордее со одржана и убава жена од друга страна знај животот пекол да ми го направи.
    Подолг период внимава на однесувањето и имам чувство дека е оној поранешниот маж во кој се заљубив пред 20 години ..Или прелесно простувам,или премногу се надевам...
     
    На AlmedinaDina88 и Daleron им се допаѓа ова.
  12. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    61.155
    Таму каде што љубовта владее, лутата љубомора е стражар на љубовта. [​IMG]
    Мала доза на љубомора во бракот е добра - значи непостои рамнодушност меѓу сопружниците!!!
    Но, и за љубомората постои граница - секое забранување (немој на кафе со пријателките, неможеш на веселби кај пријателките сама...), мешање во начинот на облекување (немој прекратко, ова ти е предеколтирано...), мешање во начинот на живот (требаше оддамна да си дома...) - едноставно „гушат“ и ја „ладат“ љубовта !!! [​IMG]
     
    На LUCERKA, <3 pleza4e <3, Daleron и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.833
    Допаѓања:
    122.863
    Ееех жени,има ли некоја на која мажот и работи во странство? Не ми се верува дека го убедував да оди во странство со години за да можеме да спечалиме за стан-бидејќи сме со кирија со години и многу други работи кои ни требаат,и пред некој месец конечно отиде 3 месеци таму еден тука потпиша на година дена,си велам година ко година ќе летне,а јааас неможам а да не мислам дека може ќе си најде некоја таму,како да се справам сега со ова,поготово што јас го натерав сега немам уста нешто да му префрлам,3 месеци без жена којзнае поготво што иако е инженер работата му е тешка сигурно ќе си најде некој издувен вентил......и стално мислам на тоа,дури му се лутам не сакам ни на скајп да му одговорам гордоста не ми дава да признаам дека ми е криво што отиде......а јас го натерав:^):$
    Жена бе жена,ужас:sweat:
     
    На Mariangel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mariangel

    Mariangel Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    47.003
    Пол:
    Женски
    Еееее истата мака си ја имаме.. :|
     
    На AlmedinaDina88 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Мила човек што сака да изневери, не му треба да отиде во друга држава за да изневери :) знам дека ти е тешко ама сигурно и на него не му е лесно тамо далеку од се...според мене грешка ти е тоа што се лутиш и го игнорираш на скајп...така само лошо можеш да си направиш. Нормално е да бидеш малку љубоморна ама немој да претеруваш и да го игнорираш.
    Добро е тоа што е инженер...треба да си бидеш мирна и сигурна што ке ти се врати дома.
    Мојов исто требаше да оди ама неможев да се помирам со тоа затоа што 90% беше можноста да ми го вратат во ковчег ;( затоа што таква му е работата...реков ако треба леб и сол ке јадам ама не дозволувам да оди...парите после не ми требаат ако го нема него.
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Maceto123

    Maceto123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    960
    Пол:
    Женски
    Немој така да мислиш, само на тебе си правиш потешко, а самата таа помисла може да ти ја наруши хармонијата во бракот....А ќе се надоврзам и јас со @<3 pleza4e <3 дека човек ако сака да изневери не му треба странство. А башка тоа што човекот отишол таму на твое барање, и искрено ако на некој му е тешко тоа е на тој што е далеку од дома и од фамилијата и е сам, ти како така тука ќе ти помине денот, со роднини, пријатели, на работа пак имаш некој свој со кој можеш кафе да се напиеш, и замисли тој да почне да сумња во тебе дека ти ќе си најдеш некој да те одржува или како што ќе кажеш ти издувен вентил што ќе остане од бракот. А зашто еве ти, јас или некој друга жена не отиде во странство да спечали за стан за кола и за дома, туку најлесно ни е мажите да одат. Немој така те молам сама не си ги загрозувај убавините кои си ги имаш, остани како до сега и тргни тие мисли од главата :) Позз
     
    На <3 pleza4e <3 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.352
    Допаѓања:
    161.199
    Да ти се придружам и јас и јас сум во иста ситуација али еве 6 година Ако почнеш да сумњаш значи унапред да си знаеш дка ке имаш тон нервози и беспотребни кавги ако сакаш да си го уништиш бракот само продолжи вака како што си почнала
    Те свакам дека ти е тешко и нормално е ама рачунај и него му етешко ти си имаш мајка татко сестра брат другарка комшика а он нема никој Е да те предупредам празниците се смрт ке бидиш за никаде ама баба ми пак вика топол газ и пари нема у исто време така да тоа е почеток е со тек на време ке се свикнеш па после и нема ни да ти недостасува еее кога заминувал мојот порано по една недела го плачев од кревет не станував ама ете сега лајт сме сите по дома
     
    На Winter Lady и Maceto123 им се допаѓа ова.
  18. Vikiliks

    Vikiliks Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    32
    Здраво женички.Гледам одавна не е пишувано на оваа тема..Баш сега кога ми треба да се истушам некаде :)
     
  19. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    Знам за негативните страни на љубомората, но тешко се справувам. Некаков совет?
     
  20. Abc07

    Abc07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Obidi se da ne pridavas na znacenje na ljubomornite ispadi. Neznam sto bi pisala drugo dosega ne sme imale ljubomora vo brakot. Probaj so razgovor da mu dades doznaenje deka nema nikakva pricina za ljubomora od negova strana.
     
    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.