Нормално е да има љубомора ама да биде во дозволени граници.Не е љубомора забранување да излегува со другарки или другари,да не смее да носи некаква облека,да не оди никаде, да седи дома да не оди никаде.Не оправдувам.
Во секоја врска има љубомора ама да не е претерана, посебно во помлади години ја има повеќе ама како старееме така и љубомората се помалку ја има.!
Не треба да има љубомора во врската. Таква врска каде што од едниот партнер има љубомора, таа врска е осудена на проспаст.
Треба да има мала доза на љубомора, здраво е. Ќе видиш колку ѝ значиш на другата страна и дали/колку се плаши да те изгуби. Ако и на двајцата им е сеедно каде е и што прави другиот, е таа врска е осудена на пропаст.
Еве јас и маж ми воопшто не сме љубоморни, и одлично функционираме. Доза на љубомора или љубомора не е доказ дека некој те сака, или дека се плаши да те изгуби. Да имаше маж ми доза љубомора, немаше маж да ми биде.
И јас сум тим- Не за љубомора во врската. Љубоморна личност ми делува на несигурна, незрела, нестабилна што си нема расчистено некои нешта во врската.
Мажи кои што сакале некоја жена и биле како избезумени од љубомора ми се чини дека никогаш не ја заборавиле таа жена. А овие другите шо им е се сеедно имам чуство како ради реда се заедно
Љубомората е знак на недоверба и на слаба самодоверба.Подобро сама би останала отколку со некој дечко љубоморен па да треба да се расправам и објаснувам секој ден. Затоа што доколку некој сака нешто да направи ќе најде начин не можеш да го спречиш.
Љубомора е нормално да постои но ако е во претерана доза е измачување за двајцата ,ако не ми верува тогаш нека ме остави наместо да ми прави стресови .Јас сум љубоморна но мислам дека треба личноста до мене да ме почитува и сака ,ако не е така џабе оти ќе љубоморам .Сум трпела сцени на љубомора и воопшто не е пријатно,се карате наместо да уживате тоа е како еден вид болест
Тие си имале психички проблеми кои што би требало со разговор со психолог да си ги решат. А не да се земаат за репер за што било, дали се мажи или жени истото важи за двата пола.
Тие што мислат дека љубомора во било која доза е здраво. Имате сериозни проблеми со себе. Работете на себе повеќе, тогаш ќе сфатите дека партнерот не треба да е љубоморен за да ви докаже дека ве сака.
Истово го мислам, затоа спомнав во кој тим сум, но имам приметено како народ сме доста љубоморни. Се љубомори секому, за било што, до степен што ма во колкава доза нека била, ете и најмала, љубомората во врска се смета(ла) за сосем нормална појава. Од таа сеприсутна љубомора се тера кон нормализација на нешто ненормално и се тера до тоа сега да се смета за ново нормално.