Пази што копираш од инстаграм, често кога некој ќе го отвори линкот може да му се покаже твојот профил
Vo sekoja verska na start ima lubomora , no toa pominuva vo tek na vreme i koga pocnuva iskrena lubov i doverka togas veke lubomornosta se pretvoruva vo bolest
Тоа и за тебе не чини, и за партнерот. Врската и животот ќе си уништиш. Немој! Доколку сама не се избориш, разговарај со психолог на оваа тема. Не е ништо ниту чудно ниту срамно. Ќе видиш дека после тоа ќе си го смениш погледот на многу нешта, ќе бидеш поопуштена и посреќна. Плус многу работа на себе, самодовербата мора да си ја кренеш. Џабе нервози и тензии ќе креваш, секоја радост ќе ја заменуваш со кавги и расправии. Цени ја љубовта што ја имаш, мислам дека во денешно време никој не сака и не трпи притисок од никој. Партнерот често ќе го оддалечуваш од себе, и љубовта кон тебе ќе ја намалува од ден на ден. Никој не сака притисок да му се прави, и болна љубомора. Затоа мој совет избори се со она што владее со твојот ум.
Не треба да има љубомора во една врска. Штом се појави љубомора кај било кој од партнерите, таа врска е осудена на пропаст. Јас на пример не сакам кога некоја ми гледа цело време во телефон и ме прашува кој ми пишал. Сакам да можам да дишам во врска. Да можам да си искочам со другари во кафич и ресторан или некаде во природа или друг град. Може некој ќе каже дека тоа би бил знак дека ме сака, ама ова баш не е знак. Се знае што е знак за сакање, а не буљање у телефон, па јавување на телефон до кај си, со кого си, што правиш и тн.
Тоа кај си, со кого си и до кај си според мене може да има две значења. Се зависи на каков начин ќе го кажеш, со кој тон и интонација. Конкретно во мојата врска тие прашања ни значат почит еден према друг, не гледаме ништо лошо во тоа да се најавиме каде сме и со кој сме. Многу често се случува он да нема батерија, па ако нешто и многу итно, ќе завртам кај тој што е искочен со него. А другото значење е љубомората и контролата. Една познаничка толку е опседната со дечко и констатно го контролира и преиспитува кај е и со кого е, за во слуај да не е се некоја особа од спротивниот пол. Тој за инат не и крева и оваа ги бомбардира неговите другари со повици и пораки и им вика да и го дадат дечко и на телефон. Тоа е разиката. Но, секако тоа е кој како си се поставил во врската.
Своите несигурности ги префрла на друг и веќе станува мачно и тажно.. за двајцата. Мислев со искренот и повеќе разбирање би се поправило, ама не..
Тоа е веќе класична љубомора. Таквите ситници ги расипуваат врските. Ако сум искочил, а пред тоа сум кажал каде ќе одам, тоа е тоа. Нема што да се јавува.
Не е на одмет и донекаде да има љубомора ,а зошто таа да не му се јави кога сака ?Мене повеќе би ми било сомнително да ми каже не ме барај воопшто, а да ѕвонам за да замарам беспотребно секако не е во ред ниту би го правела тоа.Само би се измачувала себеси ,џабе е се ако тој што е до тебе не те разбира и почитува и ако реши да изневерува што и да правам неможам да го спречам нели така.
Па не е во ред така да му се јавуваш на некој штом ти кажал каде ќе оди. Ај ако не ти каже па да му се јавиш. Ама вака не.
Ни оддалеку не е толку голем проблем жена што ѕвони колку што може да биде жена што наеднаш скроз престанува да ѕвони. Тоа е тоа што мажите не го сфатија. Ако жена како карактер и личност не е некоја досадна, а постојано има потреба да се јавува или допишува со некого, значи дека има некој недостаток во врската и дека машкото не може да ја успокои. А ако се земе во предвид нашата интуиција, често излегува во право. Спокојна и среќна жена не досаѓа, ретко. А додека звоца, има шанса да се поправат нештата оти е заинтересирана. Кога ќе почне на auto pilot одеднаш да биде chill, ти си во право, нема проблем, да важи и слични кратки одговори, со помин нека е чедо.Толку ѝ е во психата завршена врската со човекот, што не ни мора друг да е во прашање.