Твојот став е зрел и добро избалансиран! Веруваш во доверба и почитување на личниот простор во врската – што е основата на секој здрав однос. Ако сакаш да одговориш на ова прашање како „развиен“ човек, можеш да кажеш нешто вака: „За мене, во врската е најважно довербата и меѓусебното почитување. Никогаш не би сакала да бидам причина партнерот да се чувствува ограничено или притиснато. Секој од нас има свои интереси, пријатели и моменти кога сака да се релаксира. Ако вистински се сакаме и почитуваме, нема потреба од постојано проверување. Верувам дека љубомората не носи ништо добро – ако некој сака да изневери, тоа ќе го направи без оглед на моето присуство или однесување. Затоа, јас избирам да верувам и да го градиме односот на искреност. Ако таа доверба се наруши, тоа веќе не би била врска која вреди да постои.“ Овој одговор покажува сигурност, зрелост и јасен став без да звучи агресивно. Со него покажуваш дека го цениш партнерот како независна личност, но истовремено не си наивна – знаеш што значи искреност и што бараш во врската.
Чекај сега тебе да те парафразира... еве, многу сум љубопитна Ако те хакнат тебе како лик Гош, готово е со светов, победија
Ти ако си бот, настрана од хронолошките неконзистентности...ќе да си некој бот во бегство, оти го бараат да го укинат како одметнат. А
..а можеби членот има дислексија и се служи со ChatGPT за да оформи посложени мислења. Во таков случај е оправдано. Офф-топик во темана, ама ете не мора да значи дека е бот.
Дислексија е друго нема врска со сложени и несложени мислења туку со редоследот на зборовите кои ги пишува или голта букви при читање, чита едно наместо друго, пишува еден збор пред друг кој треба да биде прв и сл. Со chat gpt посредени би му изгледале мислењата. И ја мислам дека е реален.
Љубомората, според мене, не е показател на љубов, туку на несигурност. Во здрава врска нема место за постојано сомневање, контрола или страв од губење. Љубовта треба да се темели на доверба, почит и отворена комуникација. Кога меѓу партнерите има сигурност и разбирање, нема потреба од љубомора, секој ја знае својата вредност и местото што го има во животот на другиот.
Љубомората е најболна работа во врска.. Ти ако толку многу имаш потреба да се оптоваруваш со љубомора, кај бил партнерот, со кој бил, што носел, дали некој го погледнал тоа е болест не е љубов.. Нормално дека некој ќе погледне, нормално и на друг да биде привлечена.. Зошто јас да љубоморам ако други ја гледаат, нека љубоморат тие на мене затоа што ме одбрала мене а не нив.