Епа да, токму така е. Цело време сака тоа да го постигне...не знам....вака е прекрасен, ама кога ќе му фркне во главата нешто ептен се сменува....последниов пат, пред неколку дена, сакав да му раскинам, ама ајде, вети дека ќе проба да се контролира и да се смени, па ќе видиме....сега за сега е супер, ама ќе видиме, да не зборам пред рака... Позз
Знам дека е тешко да не се биде лјубоморен! Ама исто така верувам дека врската буквално ќе цвета, ако ги намалиме таквите испади! И јас сум љубоморна (многу ), ама некако тоа го чувам во себе, и не правам испади........многу ми е тешко така ама ајде...! Работава ми е да кажам нормално е да имаме испади на љубомора само доколку има причина и повод........ако не...тогаш немојте, тоа кошта врска ( пример..јавување на секое каде си со кого си и сл, кога ќе гледа некои женски (добро сега да не зјапа.., би го опоменала)....,да не се љубомори на неговите другари, зошто си со нив а не си со мене ( другарите нему му се како богови )...и тие работи))
Овој мојов почнува да станува љубоморен Фала богу не со испади на хистерија, ама крвнички се нервира кога треба да седам по кафиња без него. Додуша, знам, не ни беше баш се во ред деновиве, можеби и му дадов повод ама па не направив ништо лошо. Само се чудам кој ден ќе почне да филозофира и да ми држи предавање Оф, долги врски...
Mislite li deka onaa jaka i teksa ljubomora moze da se pobedi??? i nekako ednostavno da iscezne ???? ??
Искрено не...колку и да пробуваш да го смениш таквиот човек нема да го смениш, ќе ти кажам само едно...јас не дека не сум љубоморна, сум во нормала, но откако се сртнав со луѓе кои беа претерано љубоморни, сватив дека воопшто не е потребна љубомора ако некој вистински се сака. Оние кои се болно љубоморни, нема да се сменат...освен можеби ако не побараат стручна помош...мене таквите особи мепрогонуваа долго после раскинувањето...и повторно со љубомора..Пробував да променам нешто. со самото тоа што бев искрена, не криев, сакав за се да можам со него да правам муабет..но не...правиш се само за да докажеш дека нема потреба од толкаво напнување...тој станува уште полош..ако му се довериш што ти се случило покрај љубомората следува и кавга....што е доказ за недоверба. Слатка е малата љубомора....ми прија....но се што е повеќе од малку нека стои далеку од мене.
Уф леле незнам што му стана... Колку повеќе идеме толку е по љубоморен! Онака на се... И кога ќе му повторам се што ми кажал таков му станува јасно дека отишол предалеку и се повлекува... Инаку е љубоморен стварно.. Сега ќе бидеме разделени 9 месеци со можна шанса да се видиме еден месец од тие 9 и незнам како ќе го издржиме тоа... Дури онака седнуваме во кафич и таков ми кажува бројка на машки што ме гледале... аааааа СЕ СНИМА ЕЈ!!! Искрено не ми смета ТОЛКУ МНОГУ ама работата е што на него му влијае лошо... Јас исто така сум љубоморна само не колку него ама си имам испади... Па ме нервира кога сум до него и ќе се загледа во друга бе и таа ќе не помине и таков демек се тегне се чеша нешто прај само да се сврти ЌЕ ГО УБИЈАМ!
Имав ист проблем..одевме 6 месеци и раскинавме.. премногу беше љубоморен и го трпев.. но тој претера.. не сакаше да излегувам со другарките.. да одам кај нив.. се по негово со машки не смеам да се друзам.. меѓутоа тоа не е живот..а ниту пак беѓе убаво од негова страна..па така не се покажува љубов.. и раскинавме пред 1 недела.. меѓутоа и јас како тебе .. неможам да се смирам бидејќи премногу го сакам... и сега незнам што да правам.. пиши каква е неговата љубомора.. што се случува??
Љубомора?Најголемиот убиец во врската! Јас не би трпела кога би бил љубоморен и кога би ме испрашувал каде одам со кого или пак да се лути кога одам на кафиња така веднаш би го откачила без разлика колку и да го сакам бидејќи ако не реагираме на време може да стане и полош на пр од љубомора и да те тепа или пак кога би те видел со др машко(другар) како стоиш би полудел и мислам дека и скандали би направиле. Немојте срцки ни вие не бидете љубоморни ниту дозволувајте вашите сакани да бидат љубоморни!
Здраво на сите!!! Бас ме заинтересира оваа тема..Јас сум во тазе врска, не сме ни месец заедно со типот...Ама све ова со нас ми личи како нож со две острици...Сега ке ви објаснам зашто: Он успеа за 10 дена мене да ми каже ТЕ САКАМ, ми кажа дека е пресреќен со мене, дојде кај мене дома да се запознае со мајка ми(он инсистираше на тоа), кажал дома на неговите за мене, па дури почна и брак да ми спомнува Секс не сме имале уште... Мене он не ми дозволи јас него да му кажам ТЕ САКАМ, значи да му кажам, мене кога ке ми дојде, туку он успеа тој одговор форсирано да го добие од мене... А пазете го ова- типот преку ден си е на работа, попладне спие, навечер во теретана, па си глеа фудбал...а мене кој ме врти??? Само он коа е расположен тогаш ке ме викне негде да одиме...Е сега темата љубомора да ја вметнам во ова: до сега не сум осетила ни грам љубомора кај него, како гајле да му е...А на неговиот ФБ, една тешка дролја, на wall секој ден му прикачува љубовни песни и што е најтрагично , он и ги коментира, демек му се допаѓаат...Јас се спукав со неа, преку коментари, му дадов на знаење дека тоа ми пречи, све со убаво му кажував,не правев испади и за ШТО???? Пак исто... Само ми рече, другарка му била и ништо повеќе...Епа јас на другар мој сигурно нема да му ја закачам песната - BABY IF YOU GIVE IT TO ME од Bysta Rhayams...А оттогаш и он мене не ми праќа љубовни линкови на ФБ...Затоа ви реков работава е нож со две острици...А верувајте ми, не сакам сега да се правам нарцис, нескромна и самобендисана, немојте ве молам погрешно да ме сфатите, али јас главава ке си ја исечам ако некад ТОЈ биде во врска со девојка како мене(манекенско тело,убаво лице, имам завршено претежок факултет, професионално готвам, ги сакам луѓето, сакам на сите да помогнам, не сум арогантна и сум премногу ситуирана,што ајде тоа не е ни толку битно...) ОН го знае тоа, свесен е за тоа и пак си се понаша како врскава да му е на последно место и скрева внимание на некои дролји таму гадни Значи незнам сега дали од мене љубомората говори, не знам??? Но овие гестови негови ме излудуваат и ВЕ МОЛАМ ДАЈТЕ МИ СОВЕТ, ВЕ ЧЕКАМ!!!!
ох на овие години ваков памет па не ни треба да барас совет за ваква работа. девојко иди гледајте фудбал заедно излагајте па ако се сака ке се најде време за се а искрено тој ако решил да те мафта и ако сакас наоми кембел биди тој пак ке те мафта. незнам што да ти качам али треба да се потрудиш ако толку ти значи да најдеш заедничи теми меѓу вас двајцата извини што сум директна
Ти кажал те сакам после 10 дена врска?! Јас веднаш од него би побегнала. А на фејсбук не си требала да се препукуваш со таа девојката што му ставала линкови. Ако веќе си завршила претежок факултет како што велиш, сигурно имаш барем 25 години и барем малку памет и искуство во главата и би требало да знаеш дека таквото однесување асоцира на незрела личност, несигурна во себе, па уште и ги потенцираш своите квалитети. Нормално е кога некој ти значи да има љубомора, ама да ја покажуваш така во јавност не чини. Требало со него мирно да поразговараш и да му кажеш дека ти пречи. Што има некој друг да знае за тоа?! Исто така, би те советувала - поработи си малку на себе, на својата самодоверба - не велам дека треба да леташ в облаци, ама пак не треба ни да се понижуваш. Само кога ќе научиш навистина да се цениш себеси, само тогаш ќе најдеш вистински човек што ќе те цени таква каква што си. А на овој, мислам, само му го креваш егото, особено со препукувањата преку фејсбук, па тој сега се прави голем фраер. И не испаѓаш нарцис со тоа што се опишуваш себеси, напротив, мене ми оставаш впечаток на несигурна личност која бара потврда од другите дека навистина вреди нешто. Мој совет е да го откачиш и да си уживаш во животот и младоста што ја имаш. Ќе најдеш некој кој навистина ќе знае да го цени тоа што го имаш и што го даваш.
Притигрл-Ј..значи вака...убавината,квалитетот, карактерот и слично не се гарант за тоа дека секој еден ќе те сака..Едноставно тоа се случува само по себе или не..Сигурно си свесна дека денес убава и паметна и своја и образована и успешна девојка не значи дека може и да биде среќна во љубовта...Имам слушнато една добра констатација-Подобро да сум среќна отколку убава..Е сега за случајов со дечкото..Па мене ми личи дека он тебе сега ко да те искушува дали ќе трчаш по него цело време и ќе полудиш по него што би се кажало..Веројатно ти по мене си секако доста заинтересирана за него и веројатно му даваш до знаење.. е, а он сега тоа го користи и му одговара што една таква девојка ја има во раце..Пробај да се дистанцираш пробај да не потпаѓаш многу на неговото однесување покажи дека си своја и биди резервирана..И немој да покажуваш љубомора или слабост на некои типки кои или се дел од неговиот љубовен живот или не..Имај свое достоинство..И ако нешто те иритира кажи му отворено а не да се препукуваш со типките на ФБ ...Ова е мое мислење и мој совет..Твое е дали ќе прифатиш и како ќе решиш понатаму да ја насочуваш врската со него..Со среќа
Во своите рани 17-20 години (нагласувам дека зборувам за себе, а не за било кои други девојки) бев прилично љубоморна, по природа сум малку, ама ова повеќе беше глумење лудило, од ништо - правење нешто, исценирани сцени, па незборување со денови, па помирување со солзи, едноставно милувам да кажам од премногу гледање американски филмови, бев зависна од драма (The Drama Queen) Сакав да проверувам по мобилни, се лутев за секоја девојка што застанала, се сликале заедно, го испрашував за бившите. Денеска се срамам од ова незрело, детско однесување. Го препишувам на младост и неискуство, секој мора да помине преку тоа и еден ден конечно да се порасне, барем малку. Полошо од љубоморен дечко нема, го имам почувствувано на своја кожа (каде одиш, која ти е таа другарка, вака ли се обекуваш за на работа, ќе те вратам да се пресоблечеш , не може сама да седиш со другарите, каде без мене, ајде сега да си направиме дете-јас сакам да си само моја ...) и повеќе НИКОГАШ! Значи , ве молам ако ова воопшто допре до некоја девојка, а ќе препознае нешто од својот дечко во овој опис - не си велете го сакам и не можам без него, ќе се смени, или би направил се' за мене. Оставете го и бегајте што подалеку. Конечниот исход барем кај мене беше една мала физичка пресметка и никоја не би сакала да остане 2 минути без воздух, со модар врат. Секој што вели дека доза љубомора е здраво за една врска, или така се јакне или се покажува љубовта колку е вистинска и силна е - нездрав и се лаже! Не е здраво, не е полезно. Најдеструктивната емоција која воопшто некој може да ја поседува. Денеска сум благодарна што сум лишена од овие драми. Како и секој нормален човек, некогаш ми се јавува сомнеж, но го разрежувам. Смирено си прашувам, каде, што, како, ако ме интересира. Немам никаква забрана за ништо, ниту јас сум се осудила да забранам некому нешто. Можам слободно да кажам дека сум комплетно посреќна, отколку било кога порано. Не се лутам кога загледува некои згодни девојки, па и јас погледнувам убава девојка, фала богу ќе ја искоментираме, коментираме и згодни момци, никој никому не го допрел телефонот, не зборуваме за бивши,секој си има слобода да си излегува сам со своето друштво, а за фамозниот фб... досега требаше да се испоубиеме по нечија логика! Кај мене пишуваат само другарите, зашто ги имам повеќе, а него може да му бесат и порно ако сакаат, само се смеам, ме забавуваат, едноставно не дозволувам да ме погоди, знам што поседувам, и знам со кого се гушкам на крајот од денот.
Да продолжиш со твојот живот таму кај што си застанала. Со раскинувањето си решила многу. Не ни помислувај да се смириш со него. Освен ако не ти одговара да ги исполнуваш неговите УСЛОВИ.
ljubomora deckomi e premnogu ljubomoren na se.....koga ke vidi deka sum na fb ukl mislam deka ke poludi od nervoza misli deka mn mi pisuvaat i me zamaraat t.e mi se pustaat
Чололадна, мала си за уште сега да си имаш работа со љубоморни типови. Уживај во младоста, ако сега не се дружиш, не излегуваш , кога ? Зарем сакаш младоста да си ја поминеш во расправање и прашања од типот : кој ти пишал, кој ти е овој што сака од тебе?
за љубоморна не би ми било прв пат да слушнам дека сум некогаш и претерано ама неможам да се исконтролирам,поготово не кога ке ми се појавам некои чудни превртувања низ стомакот, а верувајте со помош на тоа имам фатено дека сега веќе бившиот дечко ме има изневерено! сепак, со новиот дечко со кој сум во врска само 5 месеци,некогаш се осеќа жм мн посигурно а некогаш збеснувам на истиот начин... од него за љубомората, добивам коментари од типот ич не ми е гајле кај си со кој си,јас колку што знам ти не си девојка на која јас би требало да и се замарам... (наводно ми верува) но го кажува тоа како - к.р не ме боли прај што сакаш... а тоа заболува... сепак разговараме на таа тема доста често и е поттик да се испокараме ако треба,знаци мојата љубомора наспроти неговото ич не ме боли прај што сакаш! се има ли некој најдено во ваква ситуација и како се има справено со сето тоа?? јас некогаш можам, но исто толку често и полудувам...
jas mislam deka onie sto se ljubomorni premnogu samo go branat ona sto e nivno,nemora da znaci deka ne mu veruvam no sakam ednostavno da znam shto se slucuva so nego isto kako sto i toj saka da znae shto se slucuva so mene,a i denesnite momcinja dokolku ne gi kontroliras dovolno mozat lesno da ti izbegaat od race