mora da priznaeme deka vrska bez ljubomora ne e vrska, no i vrskata so previse ljubomora veke nanesuva bolka ili na edniot ili na drugiot,... a ne veruvam deka ke uspee takva vrska vo koja postojano ke ima tenzija i karanici...
искрено мора да има љубомора у врската зш тоа на некој начин кај нас лугето тоа е само некој начин за тоа како да го задржиме саканиот покрај себе ама многу пати знаеме и да згрешиме,јас мислам дека таа љубомора има и друго име а тоа е СТРАВ...стално кај едниот партнер љубомората е поразвиена и мозе да донесе и тешки последици али со тек на време и тоа се менува па ко за "беља" се пренесува на другиот партнер...и да јас сум болно љубоморна али некако се учам да ја контролирам ,мора да научам ако несакам да го изгубам саканиот...луге ако си љубоморен барем малце значи таа особа ти значи барем ја така мислам ако грешам слободно поправетеме..
малата доза на љубомора во врска е во ред и се согласувам дека големата е всушност страв да не се изгуби саканата личност,поготово ако си увидел и најмала можност за тоа...а неоправданата љубомора,тоа е веќе болест,пред се несигурност во себе си
Најубаво е да нема воопшто,ама тогаш зашто би постоеле жените???Така со мерка односно во доза на умереност е ок.Ако ги преминува границите тогаш никој не би трпел...
со ова потполно се согласувам,многу поинаку звучи коа ќе кажам маче ти верувам оди кај сакаш, отколку коа од него ќе слушнам ама ич не ме боли ни кај си,ни што си ни со кој си... имаме ситуација кога јас сум љубоморна тој не е,или барем глуми дека не е сеуште неможам да проценам,а по извесни случувања тоа се менува и као демек преку ноќ он станува љубоморен као демек да ми контрира,како да се справич сега со тоа?? малата љубомора ја оправдувам,а максимално се трудам да се контролирам кога осеќам дека ми бега од контрола тоа грдо грдо чуство!
Нормално е да постои љубомора во секоја врска но не претерана, да бидете љубоморни на се и сешто и доколку немате ПРИЧИНА за тоа. Па и да има, љубоморните сцени , испади и забрани нема да ви помогнат да смените нешто, ако сакал партнерот да направи нешто ке направи ,па вие и да не дознаете за тоа. Затоа уживајте во врската и не се замарајте, што требало да се случи ке се случи а вие тука ништо не можете. Може само да разговарате со него, да си кажете што ви смета, што очекувате од него, што сакате што не ....и.т.н. па доколку откриете дека тој го изневерува тоа оставете го, ке си најдете некој што ве заслужува. Позз
Љубоморен не сум ич, ама баш ич. Немам ни причина. На почетокот малце ми се лутеше девојката заради тоа, на мајтап ми велеше и да глумам одвреме навреме. Ама потполно и верувам, така да мислам дека воопшто нема потреба.
... А што доколку тој воопшто не чуствува љубомора ? Јас мислам дека мала доза на љубомора во врската е дозволена и тоа е доказ за вистинска љубов. Но тој воопшто не љубомори...И јас мислам дека не го интересира ни што правам,како правам,со кого .. А јас сум ЉУБОМОРНА и ми смета кога ќе остави и лајк или коментар на друга девојка на фб
Многу е тешко ко ке сакаш некого многу, а ко ке не одат работите, на пример вака. Премногу е тоа што се однесува така со тебе, па ти не си роб или затвореник. Кој е тој да не те пушта да излегуваш ( дури и со мајка ти), кого да додаваш во контакти, каде да одиш или да му забрани некому да те гледа? Мислам дека е апсурдно и претерано. Не смее тој да ти командува, уште де ти рече да се затвориш дома и дури ни на прозор да не излегуваш или кога ќе излееш некаде да се забулиш за никој да не гледа во тебе А и ти си мала, како што видов 15 години, за уште од сега да навлегуваш во вакви работи. Ок е да имаш дечко ако сакаш, но ваков дечко што ќе ти е? Сакаш да ти помине животот само така, слушајќи го и покорувајќи се на неговите наредби и желби? Утре може ќе се земете и тогаш што? Ќе седиш дома и ќе се изолираш, нема да контактираш ни со мајка ти, а камо ли со другарки? Немој така да дозволиш да ти прави, покажи му што ТИ навистина сакаш, дај му ги до знаење ТВОИТЕ сопствени принципи според кои ТИ сакаш да си живееш и да постапуваш, а не тој. Ако не му одговара - има и други момчиња кои се далеку подобри од него и кои навистина ќе те ценат, а и немој уште отсега да си правиш вака и да му дозволуваш некому да те гази, уште си дете и живеј си слободно и како што ТИ сакаш, имаш време и за врска и за се, се само по себе ќе си дојде! Поздрав и пиши што ќе направиш.
Колку луѓе, толку ситуации. Еве и јас не сум воопшто љубоморен, па сепак ме интересира шо правела девојката. Не сега да ја контролирам на секој чекор, пошто и по природа не сум таков, ама онака, чисто информативно, да знам како и поминал денот. А тоа шо велиш ти, дека е индиферентен, можи да е предизвикано од милион работи. Така да, испитај убаво шо е работата.
сонцко дојде денес дома и почна да плачи и да ме моли... ми падна жал но покажав заби и не попуштив. го ислушав една минута и го кажуваше се она што што го кажува после секое карање... ама тој мене не ме ни сакал, одма се откажа и кога го избркав без збор замина фала сепак
Изгледа не му се допадна што му покажа заби и што постапи правилно, можеби мислеше дека пак ќе му се смириш и ќе му прогледаш низ прсти. Знам дека не ти е лесно ама мораше да му докажиш дека си имаш свој став и свое јас. Сигурно мислел дека пак ќе командува ама штом видел дека ти го " тупна од земја" си го покажал вистинското лице. Немој да се налутиш што вака ти напишав, јас само мислам дека е така, сепак ти најдобро си знаеш
и јас мислам дека правилно постапив, бидејќи ако ме сакаше колку шо тврдеше немаше да замине така фала мн