Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубомора во врската

Дискусија во 'Врски' започната од kate, 19 ноември 2009.

  1. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    И плус ќе му текнеше дека малце повеќе претерува со тоа што го правеше и што те ограничуваше и ќе гледаше да не е до толку. Поздрав :*
     
  2. engels

    engels Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    i jas se soglasuvam
     
  3. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    и јас се согласувам потполно и истото си го спроведувам :lol:
     
  4. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    4.776
    Двајцата сме љубоморни и знаеме за тоа :D
    Скорпии сме , тоа е нормалноо :lol: Мене ми е баш слатко тоа затоа што си знаеме граници сепак :$
     
  5. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    308
    Не се знае кој е пољубоморен :?: Не знам, ете секогаш сум љубоморна со причина, го имам и фаќано неколку пати како ме лаже, нормално дека ке бидам сомничава, а мене ме напаѓа што е и уште еден доказ дека ми праи нешто позади грб, само не знам што е тоа :?: ај ке дознаам наскоро зошто се излегува на виделина порано или подоцна ...иначе прав детектор сум, ретко ми поминува лага а да не приметам :D
     
  6. Schmetterling

    Schmetterling Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    14
    во љубомората има повеќе самољубие отколку љубов...незнам каде го прочитав ова ама така е,и како што има погоре напишано некој, љубомората е несигурност во себе си пред се
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Ете го најдобриот пост на цел форум!!! Потпишувам со две раце!
    Тој што не осетил, како е да имаш болно љубоморен дечко никогаш нема да знае...! Еве сегашниов мој срцко не е љубоморен воопшто и јас сум среќна поради тоа. Ни мала доза на љубомора не сакам. Воопшто. Затоа што, јас си знам во предходната врска колку пати го јадев стапот ни крива ни должна, да знаете како е ради љубомора без никаква основ да си дојдете од матура во 1 часот!!! Кога ќе го доживеете тоа, ќе бегате како од ѓавол од љубоморни створења. Од створења на кои нема да смеете тон да им повишите оти ќе го јадете дебелиот крај! Верувајте девојки, не сакате да вкусите такво нешто. Еве, јас и Трендафилка сме вкусиле, значи не е добро!!! Ни малку да е љубоморен, воопшто ич не треба да биде. Нема ништо полошо верувајте!!! Не смеев да мрднам ни до комшии, налет тоа што беше и од друг град па неможеше да ме контролира. Да знаете како сум му се тресела да седам дома за кога ќе титне на домашниот телефон да се нацртам на месенџер. Веднаш, без доцнење ниту минута. И на крај, каде жртви во такво измачување пак да си го изедете ќотекот. Тоа ни на најголемиот непријател не би му го посакала. Тоа е пекол во една врска... Уживајте со дечковците додека не станале ѕверови, додека се добри и додека смеете секаде да одите. Не бунтувајте дека не се грижат за вас, се грижи и те како, само тоа што не е љубоморен не значи дека не ве сака, туку напротив, ја има целата доверба во вас и верува во вашата љубов!
    Мислам дека после се Господ ме благослови со ова златно што го имам сега покрај мене.
     
  8. CutieDoll

    CutieDoll Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    6
    oh.... i jas sum go osetila toa na svoja koza.. iuste postoi...megjutoa za seta ljubomora sum vinovna jas..bidejki se odnesuvav mnogu nezrelo vo vrskata..stoev do maski ..so maski ova pravev ona ...lazev ...i sega taa ljubomora postoii i e mnogu ogromnoa i losa.. megjutoa sto da storam koga jas sum vinovna ..:(
     
  9. Iva-Sliva

    Iva-Sliva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    46

    смени се... ако ти значи дечко ти, ќе се поправиш и ќе бидеш примерна и умна девојка. и јас го имав проблемот, али сега веќе не... се може да се смени само ако се сакате. Со среќа и се најубаво. позззз :*
     
  10. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Мене врската ми е година и пол ..на почеток тој беше премногу љубоморен поради тоа јас ги изгубив сите другарки бев под негова контрола!! ;( ..ме изневеруваше..но тогаш ни јас не го сакав толку ..Но потоа се сменија мн работите едноставно сега тој не можи без мене а тоа се случи од ко почнавме да имаме односи...но сега јас станав премногу љубоморна но од причина што не сакам повторно да ме изневери зашто мене тоа најмногу ме повредува а го сакам..Јас поради него ги изгубив сите другарки СИТЕ!!! и тој сега ми вика да сум почнела пак да се дружам со другарките на кафе ова она...а јас си сум тро појче горделива а и не ги сметам за вистински другарки туку само за едни лицемерни створенија зашто тоа и се..и не сакам со нив...а со ова љубоморава не знам како да се справам не сакам да сум таквааааа :(
     
  11. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    Мислам дека љубомората се јавува само кога немаш доверба во некого...па сега ти види си дали му веруваш на дечко ти...ако му веруваш незнам тогаш од каде се јавува љубомората...потполно те разбирам и јас бев таква...болно љубоморна, за секакви ситници се лутев,несакав да видам ниту една девојка во негова близина...меѓутоа со тек на време стекнав голема доверба во него, му верувам и болната љубомора исчезна...а знај дека од љубомората можеш да си ја расипеш врската...верувај му на дечко ти ако заслужил !!!
     
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Не се обвинувај сама себе! Јас имам другар што редовно си одам по кафиња па што?! Треба дечко ми да ме заколе ? Нема причина да е љубоморен. Си дава за право да ти наредува и командува а како изговор ја користи љубомората. ФАКТ! пошо знам. Знаеш колку сум блиска јас со тој другар? И тоа не дружам од којзнае кога, нема ни година, сепак се запознавме, слични сме и имаме многу теми на разговор заеднички, па дечко ми никогаш ништо не ми рекол. Тоа го сфатил како другарство големо и нема тука ништо што повеќе да се каже. Не си ја барај вината во себе!!! И никогаш не вели јас сум виновна, ете, така префрлајќи ни ја вината нам не тераат сами да се погазиме. На крај краева, не си правела ти ништо со тие машки.
     
  13. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    да дарки тоа е точно но што ако тој почна да излегува со негови скоро нови познајнички?? знаеш какви се тие што одма одат на кафе?? знаеш што сакаат од ,,другарот,, колку малку само им треба д асе пуштат?? и оп ете ти проблем
     
  14. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170

    се согласувам за ова..дечко ми имаше мн другарки а сега ниедна поради мене..но потоа и самиот си се свести..а ми велеше дека најверни му биле...
    по извесно време дознав дека со од 5 чупина од друштвото тој со 2 се има мувано ...а другари биле???
    е затоа сега нека ме трпи ваква мене љубоморна нека си плаќа :D
     
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Епа ако му дозволиш се и нормално дека на глава ќе ти се качи. Забрани му и нема да има проблем. Тууу јас на мојот ако му ќутев така и за се да му викав добро досега којзнае што ќе се случеше.
     
  16. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Треба да ја има, во умерена доза. Се што е повеќе од умереното, може да доведе до катастрофа! Па, луѓе љубомората е број еден мотив за убиство во светот! Што ни кажува тоа...
     
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    љубомора според мене е нормално да има,на моменти повеќе на моменти помалку.но никако не се согласувам дека треба да постојат забрани-кој што наумил ќе направи,само што ако се забранува ќе го прави без ти да знаеш
     
  18. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    потполносе согласувам со фемина90, доколку ми браниш за инает ќе го направи тоа и што е најважно ќе се скрие и нема ништо да знаеш
     
  19. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    93
    Jас имам малку чуден проблем, кој трае веќе подолго време.. Многу почнав на љубоморам на мајка му и на сестра му на дечко ми... :@
    не можам значи, знам дека не треба, ама посилно е од мене..
    тој е толку поврзан со нив, у секоја ситуација ги брани, истата работа што на мене ми се лути, они кога ќе ја направат се смешка... значи не можам... :@ :@
    Со сетсра му сум ептен блиска, мила ми е другарки сме си, а мајка му не ја сакам баш, и во неколку наврати пробав да и дадам до знаење, мада не знам дали свати.. правилно постапив или???
    Порано не ми беше вака не бев љубоморна ич, ама сега не можам, сакам само јас да му бидам најважна, премногу сум себична, ама не можам да си помогнам :(
     
  20. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Де бре Лижалче , зошто да бидеш љубоморна ?
    Не можеш да се натпреваруваш со мака му и сестра му- ќе изгубиш. Може некои работи те нервираат, ама ако не ја загрозуваат вашата врска и неговата љубов кон тебе, тогаш едноставно ќе мора да се научиш да игнорираш и да не се нервираш.

    Лошо си постапила, исто како он да не ја сака мајка ти и да и даде до знаење, нели тоа ќе те повреди ?
    Не мора да ја сакаш , може да мислиш што сакаш за неа, ама тоа ќе си го задржиш за себе.

    Извини вака, ама ова е искрен коментар. Млада си , ќе научиш дека не треба се да кажуваш и секоја емоција јавно да ја покажуваш. Така ти ќе бидеш чекор пред нив.
    Мајка му е , мора да бидеш тактична и флексибилна во однос на неа, секој намногу си ја сака мајка си, па ако сакаш нешто во врка со мајка му да му ставиш на знаење , ќе мора тоа да биде тактички осмислена постапка за да не излезеш ти лоша или виновна.
    Ова ти го кажувам од лично искуство и е добронамерно , срцка си ми ти , знам дека ќе ме разбереш :)