Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубомора во врската

Дискусија во 'Врски' започната од kate, 19 ноември 2009.

  1. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    ^^ како како??? не сфатив?? мојот дечко (ТОЈ Е ЖЕНЕТ) ми кажува кога да илзевам и со кој (МНОГУ СЕ САКАМЕ ) тоа го прочитв или???
    љубовта не е некого да го програмираш и да му кажуваш што да прави, љубовта е да сакаш и почитуваш некого онаков како што е со сите негови мани и доблести!!
    а во овој случај како што го сфатив јас нема ниту љубов ниту почитување
     
  2. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    А ти му кажуваш ли кога да легне во креветото со жена му или кога да си ги бакне децата? :tmi: Ако тој има право да ти ги бира местата на излегување и друштвото тогаш реално е и ти да му се мешаш во животото на твојот ,,дечко,, Мораш под итно да наметнеш свое влијание во неговиот живот како и тој во твојот (сигурно и тој ќе те слуша бидејќи многу те сака)! мораш малку да вмешаш прсти во неговиот однос со жена му (на пример) колку да го потсетиш дека тоа го правиш од љубов и дека очкуваш исто така од љубов да ги слуша твоите наредби!
    Аххх колку ме вадат од кожа вакви ,,проблеми,,! :tmi:
     
    На biljanavasileva му/ѝ се допаѓа ова.
  3. biljanavasileva

    biljanavasileva Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2010
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    2
    fala mi pomogna tvojot komentar ;) iskreno pozz
     
  4. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    :lol: :lol: :lol: :lol:
    И? Мислиш ли дека ќе успееш? Сигурна си дека ќе те слуша? Со двете уши? :tmi:
    Не биди наивна бе жити се! Отварај очи со време и бегај од човекот кој најверојатно сака само забава! А ти нели сакаш повеќе...пошто гледам девојка за мажење си! :lol:
     
  5. afife

    afife Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    7
    :swear: Многу ме интересира како ќе реагира дечко ти после
     
  6. Good-Lily

    Good-Lily Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Добро бе луѓе, не ги читав сите коментари, али како што гледам изгледа не знаете што се подразбира под поимот “ љубомора“..... Нормално е во секоја врска да има одредена доза на љубомора, за тоа воопшто не треба ни да се коментира. Меѓутоа, претпоставувам дека многумина од овие што коментираат немаат ПОЈМА што значи љубомората - онаа болна која недај боже некој да ја доживее. Од неа страдаат и љубоморниот и партнерот и сите блиски!
     
    На maa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Љубомората е најстрашната работа во една врска.Знам,по мене.Така изгубив некој што го сакав повеќе од се.Бевме заедно една година,го засакав уште од првиот миг кога го видов,и тој не остана рамнодушен,можевме да имаме многу поубава врска доколку не бев толку љубоморна.Незнам ни јас што ми стана,претходно имав врска од две ипол години и не се однесував така,а во оваа врска,едноставно не се препознавав себеси со честите напади на љубомора.Незнам стварно зошто,но секогаш успеваше да ми ја разниша самодовербата,незнам ни каде беше проблемот,но добро знам што НЕ требаше да правам.Но го знам тоа сега,сфатив малку покасно,кога имаше еден дечко со кој се смував,не сакав врска и јасно му го кажав тоа,а тој ме побара истата вечер најмалку 15 пати.Ме задуши,а јас веднаш сфатив како се чувствувал дечко ми,кога го барав стално, го прашував со кого е,дали има девојки со нив,се плашев дека некоја ќе ми го погледне и готово, ќе се случи нешто.Си правев филмови ако не ми врати на скајп одма,дека си пишува со некоја друга.Страшно.Постојано се каравме.Се изгубив самата себе,а подоцна го изгубив и него.
    Затоа,не претерувајте,љубомората задржете си ја за себе,ако веќе ги минува границите.
     
  8. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Оф леле,кој не е љубоморен а посебно ние жените:) секогаш ни проработува тоа црвчето,кога ке ни каже дека ке иде да гледа фудбал со другарите,да пие кафе со колега или недај боже колешка,кога не ни се јавува по неколку упорни обиди:))...ама кој сака да изневерува,ке го направи тоа,ке си најде и време и начин и изговор и ти воопшто нема ни да се посомневаш....едноставно опушти се ,уживај во моментите поминати со него,сакај го и не се замарај...оној кој не заслужува да биде со тебе ,можеби твоето срце не,но твојот разум сигурно ке те предупреди:)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Јас сум премногу ПРЕМНОГУ љубоморна, и со причини и без причини, секогаш си наоѓам причини, не му покажувам на него, ама ме јаде од внатре, сеа во последно време приметувам сум научила да се контролирам и поубаво ми е
     
  10. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    СУУУУУМ и тоа многу! Една од најголемите мани ми е, но знам дека начесто е неоправдана па некако со тешки маки преќутувам и си ја смирувам бујната фантазија, знам да бидам љубоморна и на девојка што знам дека му е другарка со вековиииии- страшно од моја страна.
    http://www.youtube.com/watch?v=gmZfi46AuJA
    А да видам па дека флертува со некоја готово ВРИЈАМ хахаха. Воопшто не е убаво тоа чуство и може да ја уништи врската со сигурност. Значи ако немате взаемна доверба врската нема иднина.Секако дека никој не сака постојано испрашување и да се чуствува како под истрага... со кој зборуваше на телефон, па со кој се поздравуваш, па од каде го знаеш... А јас лично си сакам во врска мнооогу слобода, да си шетам каде сакам и да уживам а да не добијам 100 повици од типот а сега што правиш, со кој зборуваш и истото по 5 мин :lol:
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Љубомората е ок до одредена граница да не кажам нормално али нешто повеќе од тоа е веќе проблем.
     
  12. alisa222

    alisa222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    46
    Леле не да сум љубоорнааа ,премногуу :devil: Ама сепак знам да се контролирам ,но во некоја ситуација нема шанси да не ми се покаже на лицето , :^) дечко ми одма ме приметува и во тој момент праи се за да не се налјутам зш знае дека следи карање ,но имам приметено дека понекогаш и самиот ме учи како да ја контролирам ,зашто тој тоа вешто го праи :)
     
  13. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    цела недела, а може и повеќе само туку се жалам... не знаев што ми е... или можеби знаев, ама не сакав да признаам!!! љубоморна сум! чувствувам гооолема доза на љубомора... ме гуши веќе, не можам да се поднесам, дури и огорчена сум :( .
    знам дека ми е период (ме фаќа на моменти), ама мислам дека ќе полудам. секогаш кога ќе се слушнеме на телефон со дечко ми, барам рачка да изреагирам за нешто, да се налутам, па тмурна сум, не зборувам... едноставно сум љубоморна на луѓето што се околу него кога не сум јас. на моменти тој дури и како да се потресува кога ќе му се јавам... ми објаснува се, ми вика да не му правам така... да не се лутам без причина :| ....
    знам дека не е убаво сето тоа, знам дека претерувам... мојата љубомора прави да ја изгубам довербата во него :doh: , цело време се сомневам, паничам, си правам филмови во главата... ме полудуваат тие мисли!
    помогнете ми девојки како да го поминам овој период, оти на глава му се качувам :worried: . не сакам кога сум ваква!
    тој не ми дава повод за цело ова, се произлегува само од себе... или може ме води некоја женска интуиција |(
    како и да е, не ми е лесно, само тоа ќе го кажам.
     
  14. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    381
    Ахх бе Бројче како ја да сум пишувала...и ја имам такви моменти кога сум љубоморна на сите околу дечко без разлика машки ли се женски ли се....ама тоа не е женска интуиција тоа ни е вродено кај нас женските ( и плус дечковците ни се женскароши, мала доза на сомневање секогаш мора да има) ама и иманешто подобро МОЌ ПОТСВЕСТИ и оптимизам дека не е се како што изгледа...само тоа ни е спас....;)
    Епа мило Бројче....Don't worry, Be Happy!! :*
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Де бре девојки, до толку ли? :|
    И јас сум љубоморна, нормално живо суштество, не викам не, ама се контролирам и тоа многу добро.
    Немам никакви испади, верувајте никој не го сака тоа.
    Машките па посебно не поднесуваат девојки контрол фрикс - кај си, која ти е оваа, зашто не ми титна, не ми крена после 3 ѕвонење, дај да слушнам со кого си...
    Немојте, ќе си ја упропастите врската и животот.
    Прво, го навредувате него. Штом сте љубоморно опседнати, значи сметате дека партнерот е лабилен и секој момент може да ве изневери.
    Второ и НАЈВАЖНО - се навредувате и потценувате самите. Не вредите ли, не сте сигурни во себе, немате самопочит?
    Машките сакаат сигурни и одмерени, ненападни девојки. Мала доза на љубомора од време на време и слатка и интересна, таа болната патолошка за мене е болест! Не е Љубов, не е интуиција во прашање, туку параноја и болест!

    Пробајте да се контролирате. За ваше добро. (купувајте македонски производи). :D :D :D

    Еве вчера на пр. мојот дечко ми кажа дека си договорил кафе со една другарка. И знам дека порано си се свиѓале, си муабетат од време на време, си кажуваат некои работи.
    Што требаше јас да направам? Глава да му отсечам? Сега ние сме заедно и готово, светот прекина да се врти, не постојат ни другари, ни другарки, само ние дишеме на оваа планета :^)
    Му реков само убаво да си поминеш, ниту сум му ѕвонела, ниту го барав, ниту ништо.
    Зашто му верувам и не ми дал причина за поинаку.
    И јас си одам на кафе и муабет со моите другари и за мене тоа е буквално свет чин, не смее никој, ама НИКОЈ да ми забранува, да ми го прекинува или уценува.
    И тоа е.
     
    На BoaVista, Springy, sashamkd и 6 други им се допаѓа ова.
  16. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Трендафилке се сложувам со тебе.
    Точно е дека машките сакаат сигурни, ненападни девојки. И точно дека со љубомората партнерот може да мисли дека ние го сметаме за лабилен и не доверлив.
    Ама понекогаш и машките сакаат мала доза на љубомора од женска страна. Не знам зошто ама тоа е како сигурност за нив дека ние сеуште се грижиме за нив, сеуште имаме чувства. Зборувам значи, за многу мала доза на љубомора, а не за посотојано јавување, опседнатост, луидило....
    И да не се повторувам. Не вреди врската да се уништи заради преголеми испади со љубомора. Секој мора да научи како да се контролира.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Нормално е во секоја врска да има љубомора. Некаде повеќе некаде помалку. Секој човек е љубоморен, ако некој рече воопшто не сум љубоморен, а е во врска и е заљубен во својот партнер тогаш сигурна сум дека лаже. Затоа што нормално дека не ни е сеедно ако сме вљубени. Јас во скоро време имав неколку пати испади на љубомора за кои подоцна сфатив дека биле непотребни и без врска.
    Кога бев во врска со бившиот, тој беше од типот на тие машки што сакале да му забранувам на пр не може да одиш на кафе и сл. а јас ништо од тоа, воопшто не му забранував му верував и му викав ок оди убаво помини си. Потоа ми кажа мдека тоа мое однесување не му се допаѓало, ми вика па јас сакам да ми речеш не , да ми се спротиставиш некогаш. Значи има различни карактери. Исто така дечкото од братучетка ми, љубоморен е бидејќи премногу ја сака се плаши некој да не му ја "украде". И ги брише машките пријатели од фб, ако рече со некого здр на улица кој е овој од каде се знаете, значи буквално за се бара објаснување од неа, а многу се сакаат. До негде и го оправдувам неговото однесување затоа што ја има изгубено довербата во неа и затоа постојано ја контролира...
    За мене можам да кажам дека не сум премногу љубоморна, успевам да се контролирам во некои такви ситуации :lol:
     
  18. Lina89

    Lina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    нормално е во секоја врска да се има љубомора но јас претерувам ептен сум љубоморна а нема за што.
    денеска бев кај дечкоми, тој додека работеше нешто во дворот јас за да не седам така викам ке му ја исчистам собата. чистејќи најдов едно писмо од една бивша, не ме држеше срце а да не го прочитам, можеби не е во ред да се чепка по туѓи работи ама кога видов дека е од неа морав да го прочитам. писмото беше од 2006 г. во него пишуваше „ да не претеруваше јас со мојата љубомора сеуште ќе бевме заедно“ добро е што го прочитав писмото барем сватив дека ако претерувам со љубомората и мене ќе ме снајде истото. повеќе нема да бидам љубоморна оти несакам да го изгубам дечкоми го сакам премногу
     
  19. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    има случаи кога многу сум лубоморна, потоа се мислам зошто, како
    и на крај гледам дека и без потреба некогаш се нервирам и станувам лубоморна!
    некогаш ми иде све да му забранам, се женско чудо
     
  20. ceca-ceca

    ceca-ceca Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    јас сум повеќе љубоморна од колку што искажувам. мојот дечко а сега свршеник од никогаш не бил љубоморен и не правел сцени, но јас не можам така. Верувам дека љубомората се јавува повеќе поради чувството на посесивност одколку љубов. Тоа го дознав со мојава сегашна врска, сигурна сум во неговата љубов иако тој не ја искажува љубомората. Кога ја почнавме нашата врска јас воопшто не бев заинтересирана толку за него и не ме интересираше каде е и што прави. Проблемот се јави кога тој се заљуби во мене баш поради таа слобода која ја имаше..... што сега ја нема. Кога во неколку наврати ми ја докажа неговата љубов сфатив дека не ќе можам да најдам друг како него кој ќе ме сака бескрајно и истовремено ќе ми даде слобода да размислувам широко и да ја планирам мојата иднина на мој начин.

    Мој совет: Колку и да сте љубоморни трудете се тоа да не го искажувате во форма на бунт и револт. Обидете се да разговарате и да ја начнете темата во фома на шега, на пример....при секое сомневање кажете му со блага насмевка што ве мачи и потоа насмевнете се. На тој начин му докажувате дека се сомневате, но од друга страна дека тоа не ве мачи затоа што е тој ваш. Верувајте дека ќе му биде мило што ќе ја осети вашата љубомора како чин на заљубеност а од друга страна нема да почувствува притисок ниту одбивност кон вас. Ако навистина е неверен сам ќе се издаде со своите постапки, но ако навистина ве сака.... којзнае можеби ќе ви се случи истото што и мене.... Ќе ви предложи брак... Поздрав :hai:
     
    На sashamkd му/ѝ се допаѓа ова.