Jaс сум многу помалку љубоморна од него. Решив да му верувам, не 100%, ни приближно толку, зашто јас реално и самата на себе не си верувам, а камо ли на некој друг. Ама нема зашто да правам циркузи, ако решил да ме лаже, изневерува ќе го прави тоа и без и со мојата љубомора. Дури љубомората негативно влијае на љубовта. Или се повлекуваш на страна од се за да нема караници или од инат почнуваш да правиш одредени работи кои го нервираат партнерот. Ама без трошка љубомора нема љубов. Ич не го замарам за кај бил, што бил, како бил, со кој бил, да му јавувам 2739 на ден, ма јок. Еднаш интересен беше "другар" од средно негов го викнал на кафе и му донел 2 цури едната за него едната за божем друштво на дечко ми да му прави. И овој 2 саати се туфкаше како да ми објасни дека ништо не правел, дека лошо постапил тој другар кога му донел девојка а овој со години во врска со мене. А јас само му реков добро бе уживај! Па гледајки го како се препотува само за да ми каже дека му наместиле дејт, знаев дека ништо повеќе немало. Али он е повеќе љубоморен. Синојка кога искочи со другарките ви се пуштаа некои? Зошто ти звонел колегата? Зашто си се вратила толку касно? Кој е тој со кој зборуваше? ... И некад знам да му се испоразвикам за тие подпрашања и дека нема потреба од љубомора и од препрашување. Ама од друга страна кога ќе видам каква љубомора постои, а јас само се нервирам што после искачање ми поставува 2 прашања за претходната вечер... Реално посакувам да не е љубоморен до толку. Има девојки што не смеат од дома да мрднат без дечкото, сметки им проверуваат, прават скандали пред други луѓе ... љубомората може и болест да е на некој начин.
Нормално дека постои љубомора,но таа љубомора треба да се сведе на минимум-зошто колку повеќе љубомориш толку повеќе си несигурна во самата себе си!!!
Нина-нина, обратна ти е тезата:колку понесигурна си во себе, толку повеќе си љубоморна!!Јас лично апсолутно не се замарам со љубомора.Ќе испадне дека сум до бесвест сигурна во себе, ама и тоа не е баш некоја тема со која што се замарам.Нема сигурност или несигурност во љубовта.Тука се чувства во прашање, а не сигурност.Лично сметам дека љубомората во една врска може само да наштети а не да придонесе со нешто.И што мислат оние што прават некој си љубоморни испади:ќе постигнат нешто конструктивно со тоа.Напротив.Сум имала напаст љубоморен дечко и стварно не помина добро кај мене, си беше шутнат по брза постапка.Пред се треба да си веруваме двајцата, а не да си ги проверуваме телефоните или искачањата и сл.Штом дошла работата до таму да проверуваш некој кај е со кој е или каде е, знајте дека работата не ви чини.
Се сложувам со тебе дека љубомората во една врска може само да наштети а не да придонесе со нешто.Меѓутоа воопшто не мислев на сигурност или несигурност во љубовта,туку напротив на сигурност во самиот себеси.А тезата е таа: љубомората= несигурност во самиот себе! Јас лично не сум љубоморна...но сепак одредена мала доза на љубомора сметам дека кај секој постои
i jas sum ljubomorna ednas mn se iznervirav na edna zabava igrase so edna drugarka mene me mi e bliska i duri se slikale i slikata bese objavena na f.b. e stvarno se iznervirav a imase i pricina a odgovorot bese bilo samo drugarski
Многу сум љубоморна во последно време. Одам со дечко ми 10 месеци и секој ден се повеќе станувам љубоморна. Незнам зошто, но ете... Не ми дал некој голем повод за да бидам љубоморна а мислам дека не треба до толку. Порано малку бев но како што кажав од ден на ден се повеќе станувам.. :\ А исто и тој е многу љубоморен и често имаме расправии заради ова. Некој совет за победување на љубомора???
Јас пак цело време си мислев дека љубомората е болест Ќе треба да му се извинам на бившиот ми вереник,неговиот доказ на ЉУБОВ заради каснење од работа од некои 10-15мин,беше претепување до смрт. Неговиот доказ на ЉУБОВ беше скршена аркада,скршена клучна коска,12конци во глава и напукнати 3 ребра. Имам само среќа што живеам во нормална држава,па тој за доказот на ЉУБОВ си одлежа 4години затвор,е на државен регистер за семејни насилници и несмее наредните 10години да ми се доближи на најмалку 500метри. Не е секој како мојов бивши вереник меѓутоа за мене љубомората не е доказ на љубов........
Тоа веќе е болна љубомора,болест.Навистина имаш среќа што си се спасила од него,но и висока цена си платила за тоа.Чика бомб сакаше да каже за онаа симпатична љубомора кога поради некој тип ќе му се заниша малку самодовербата на дечко ти и ќе покаже малку љубомора,што значи дека не сака да те изгуби и дека му значиш.Сепак подобро е така,отколку да не се замара кој ве гледа под око цела вечер,кој ви се јавил или слично,тогаш и јас би се запрашала дали воопшто му е гајле за мене. Мала,сосема мала доза на љубомора навистина често и годи.
^Не велам јас дека секој е како мојот бивши,далеку од тоа,меѓутоа и кај него почна со таа слатка љубомора,демек многу ме сака.После се засили таа болната од кога се веривме и почнавме заедно да живееме за да се збудали од кога останав бремена.Сам во болниот ум си имаше умислено дека не е негово иако ми беше прв и единствен,па во нападот на неговото лудило си го уби и сопственото дете,што се надевам ке го прогонува доживотно.
Значи не можам да поверувам какви се личности постојат на светов. Мене ми е многу мило што си се тргнала од таков гад што не знае да цени и почитува жена.Него господ ќе му суди за се што направил ...
Мала доза на љубомора, да, а опсесивно јавување и контролирање, буричкање по мобилни, читање пораки и секогаш реакција која ти е оваа, според мене е знак на недоволна доверба меѓу партнерите. Јас порано бев мнооогу љубоморна, најмногу се плашев маж ми сам да излегува навечер со другари, не дека не му верувам него, туку не им веруван на другите. Сега не се замарам со тоа ам ич, ја стекна мојата доверба, дури понекогаш јас му викам да прошета.
првата врска бев љубоморна многу беше и тој втората врска, бев и јас, ама тој многу повеке за разлика од мене сега не знам што ми стана ама не сум ама ич љубоморна а тој е љубоморен незнам што да кажам
Не знам зошто ама и јас сум мн љубоморна..полудувам ако излези сам без мене не дека не му верувам него не му верувам на неговите другари и покрај фактот дека знам дека никогаш нема ни да погледни друга јас сепак сум мн љубоморна па кажете нешто како да се отргнам од таа љубомора оти не сакам сепак да бидам толку љубоморна
А чекај не сфатив,ти со цело друштво си во врска па да треба да ти ја заслужат довербата?!Или дечко ти е така малце не тамам,па другарите можат да му влијаат и да го наведуваат на работи?!Ај биди си искрена кон себе,љубоморна си и врска немаш зошто.
Па не можи да го наговори никој дечко ми да напрај нешто што не сака тој ама сепак и јас незнам на која основа сум љубоморна сепак ќе се потрудам малце да запрам со љубомората
Љубомора во одредени граници е здрава во секоја врска,ако ништо повеќе барем ке се трудиш повеќе околу партнерот но не е убава онаа љубомора без причина и болна љубомора. уствари што би рекла јас опседнатост и параноичност
Доколку дечкото е љубоморен тоа е слатко, но кога девојката е љубоморна аууу тоа дефинитивно е 3 Светска војна