Ич не е слатко, ниту за гледање, ниту за трпење. Отсликува лабилност и недоверба - што во него, што во себе. Љубомора која оди до таа граница на 10 повици дневно, со кој си, кој е со тебе, ааааааа Петко - дај ми да го слушнам , титни ми 3 пати на фиксен кога ќе стигнеш дома, прдни 2 пати ако си сама или со другарки околу тебе... ... и ред други перипетии и моето најомилено - женско друштво, и задолжително налетува некој витез - Ооооо, тука сте биле вие, јас случајно уз поминување, па да ве ѕирнам. Оф мори муко, еве, во гаќите ни се машките, ги сокривме од тебе, контролору ! Не поднесувам, ниту сакам да ја приредувам, ниту да сум жртва на љубоморни испади. Ми асоцира на несозреаност, инаетливо, размазено детиште, кое не е во склад и слога најпрвин со себеси, па тероризира друго суштество и попатната кутра околина. Поседувам доза љубомора и проклето добро си ја контролирам. А кога можам јас, богами можат и сите!
Јас на почетокот на врската не бев толку љубоморна...Но сега сум многу љубоморна.Знам дека ме сака и сето тоа, долго време сме заедно и супер ни е( нормално ко во секоја врска и ние си имаме падови и се караме понекогаш) ама пак осеќам љубомора кога ке излезе без мене,или ко ке му стиге порака нешто...Пробвам да се воздржам да не види дека сум до толку љубоморна ама не успевам во то.Ве молам кажите ми како да си ја контролирам љубоморава???
Мое мислење е дека коренот на љубомората е во недовербата, доколку јас сум сигурна во неговите чувства кон мене, тогаш нема потреба од љубомора, од болни испади, контролирања и сл. Сепак тоа не значи дека сум незаинтересирана и дека баш ми е гајле каде и со кого е. Јас сум во брак 5 год. и сега за сега му верувам, но кога бевме во врска знаев од време на време да му ѕирнам во моб., сега сфаќам дека тоа биле глупости затоа што секогаш можел да си го "исчисти " телефонот пред да се видиме.
Љубомора, мн. зафркнато нешто. Се трудам да не сум, али таа е присутна. Сеа мислам дека кај мене извира од моето забегано его кое сака секогаш да биде единствено за тој што мене ми е единствен, со мене да почнал да искусува се, ама тоа е невозможно. Тоа може па и полошо да донесе. Знам дека ме љуби тоа го чувствувам, но сепак мислам дека за машко не е доволна љубовта за да се огради од флертување со женски (или некогаш и неверство). Тоа кај нив е анимална побуда, едноставно гледаат некоја лепотица и не може да се контролираат да не се шмекаат. А многу од женските, не сите, можат и си се контролираат. Тука влијае може и воспитувањето. А факт е дека има ите како јака конкуренција меѓу нас женските, мислев во физичка смисла, од убави кон поубави сме. Али во психичка смисла ... тешко. Само машкото си знае каква сака крај себе.
Токму ваков беше дечко ми на почетокот од врската. Не мислам на првиот месец - тогаш нали газиме на јајца, што би се рекло. Ама од вториот месец па натаму.. Уфф.. Кај си, со кој си, прљава ти е блузата - некој ти свршил на неа.. Што се не. И ај некое време недела-две, глупава, го трпев. Ама што е многу, многу е. Претера.. Му кажав ако сакаш да си со мене биди со мене и престани да живееш во твојот имагинарен свет каде што јас те варам постојано. Јас сум со тебе бидејќи те сакам. Take it or leave it. Од тогаш тотално се смени.. Сега се е ок. Инаку за љубомора од моја страна - никогаш не сум ја почуствувала и незнам како е. Па сега ако ми каже со Јанко - со Јанко е, со Станко - со Станко е.. Што има јас да му се мешам. Фала богу дека тој живеел и пред мене, не се родил кога јас сум побарала љубов од Бога. Ама затоа љубомора од страна на машкото сум почуствувала. Маја не, воопшто не е слатко. Создава одбивност. Па на секого би му се смачило некој да му ѕвони на секои 10 минути, да не му верува и да го препрашува некои работи сто пати(ако пред два часа си кажала "бев со Ивона и Симона", а сега со "Симона и Ивона" лажеш душо), да се влече секаде со него, да му чепка цело време во мобилен итн. Претеризам е !
Токму ваков беше дечко ми на почетокот од врската. Не мислам на првиот месец - тогаш нали газиме на јајца, што би се рекло. Ама од вториот месец па натаму.. Уфф.. Кај си, со кој си, прљава ти е блузата - некој ти свршил на неа.. Што се не. И ај некое време недела-две, глупава, го трпев. Ама што е многу, многу е. Претера.. Му кажав ако сакаш да си со мене биди со мене и престани да живееш во твојот имагинарен свет каде што јас те варам постојано. Јас сум со тебе бидејќи те сакам. Take it or leave it. Од тогаш тотално се смени.. Сега се е ок. Инаку за љубомора од моја страна - никогаш не сум ја почуствувала и незнам како е. Па сега ако ми каже со Јанко - со Јанко е, со Станко - со Станко е.. Што има јас да му се мешам. Фала богу дека тој живеел и пред мене, не се родил кога јас сум побарала љубов од Бога. Ама затоа љубомора од страна на машкото сум почуствувала. Маја не, воопшто не е слатко. Создава одбивност. Па на секого би му се смачило некој да му ѕвони на секои 10 минути, да не му верува и да го препрашува некои работи сто пати(ако пред два часа си кажала "бев со Ивона и Симона", а сега со "Симона и Ивона" лажеш душо), да се влече секаде со него, да му чепка цело време во мобилен итн. Претеризам е !
Za mene ljubomorata, onaa posesivnata ne e dokaz na ljubov.. Ljubovta se bazira na doverba, pocituvanje, razbiranje, a so ljubomorata pokazuvate nedoverba, se kazuvaat navredi, nemoze da se vospostavi nikakvo razbiranje. Toa e bolest za mene, duhovno i psihicko maltretiranje, sum imala iskustvo, davav se od sebe no nikogas ne uspeav da go dobijam toa sto go barav, zatoa moj sovet ne trudete se da smenete nekoj vakov zosto poprvo ke se smenite samite vie. Toa koga togas go sfativ i raskinav, no ete fala bogu, se svrnav nekako, uspeav da se vratam na toa sto bev nekogas zosto jas postojano 24/7 bev so mojot decko, zaboravajki na drugarkite, dobroto drustvo i zabava, na niedno desavanje vo gradot ne bev prisutna pa ni toa sto celoto vreme go posvetuvav na nego ne bese dovolno. Kosata ti e razbusavena so koj si bila, ne mi digna na mob so koj bese, mi vrakas posle 2min so koj dr si pisuvas, nema da odis kaj drugarka me lazes, daj signal od drugarkata, daj signal od domasniot koga ke si dojdes a toj me isprati do kukata, si odis porano a do pokasno si za da odis so svalerot i red dr gluposti sto ne mi teknuvaat. BOLEST, za sreka stanav i popametna, znam kako sto mi treba i sto zasluzuvam, i go imam toa do mene, najmiliot, najubaviot, najsekakviot decko na planetata. And I'm so glad )) [mod-kirilica:1bnr8ewp][/mod-kirilica:1bnr8ewp]
многу сум љубоморна претераноо и признавам ме мачи ова сакам да бидам нормална како да се излечам од оваа болест!!помагајте луѓе!!!
едноставно треба да му веруваш на дечкото...ништо друго....имај малку повеќе доверба во него а и во самата себе...и не избувнувај за секоја мала причина !!!
Zdr na site, pred se skrena sum so postojt temava, i se pronaogjam mnogu kako i site ostanti, jas sum bolno ljubomorna a nemam pricina da bidam, ziveam so decko mi veke dve godini i 24 sati sme zaedno, zaedno ojme na fax, zaedno jadime, zaedno bukvalno se pravime, ama jas sum bolna ljubomorna i to najmnogu koga gledat pornici i koga rabotit racno, to strasno me zivcirat i po dva dena ne mu pram muabet, a toj celo vreme mi objasnuvat deka to e normalna rabota i deka nikogas ne bi me izneveril, a jas ne mozam nikako da se pomiram. Pomagajte ve molam....
Изнервирана па почни и ти со него да гледаш, и ќе видиш дека ем што ќе ти е интересно,ем подобар секс.. А на што тоа си му љубоморна?? Па нема зошто ...секое машко гледа порно...боље пред тебе кога веќе живеете заедно него ли замисли да се крие..полошо тогаш...а тоа рачно што си го работи па нормално кога ти му се лутиш...што он да прави додека гледа, да трпи.... Затоа седни си до него и гледај и ти!
Imam probano poveke pati da gledam so nego ama toj ne saka, a druga rabota nasiot seks ide super ne mozam da se pozalam na to, samo nekogas se desavat toj da me odbiet i da drkat, ili pak da drkat pa da imamse seks i taka. Ako toa zaedno go gledame mene voopsto ne mi smeta, mi smeta toa sto se krijjet od mene i koga ke go prasam dali go pravel toa ne priznavat, i togas mene mi svetit neso vo glava i odma se nerviram.Ako imas uste nekoj komentar slobodno kazi.
Изнервирана, не се замарај со глупости, нормално е да си игра самиот, еве ќе ти кажам маж ми се тушира 45 мин, што мислиш што прави, сигурно не си ги бричи нозете.... А зошто воопшто го прашуваш, велиш дека сексот ви е супер, што тогаш, остави го...нека гледа сам, ти занимавај се нешто друго.
Мора во секоја врска да постои доза на љубомора ,но не претерана.и јас во почеток на врскава бев претерано љубоморна сакав да знам каде е со кого е на секои 15 мин му звонев му досадував но тоа само го притискаше него и осетив дека го губам така,но постепено почнав да не му звонам толку често нашиот разговор траеше само неколку минути одма ја осетив промената,сватив дека само така може да дојде до крај на врската,никогаш после тоа не го контролирав само се јавував да го слушнам и него му беше многу мило.и еве сега е така во овие 5 год што сме заедно истото е ,јас одам кај сакам но и тој и нема никаков проблем.но понекогаш ни доаѓа убаво малку да почуствуваме дека е љубоморен така се чуствуваме дека му значиме. Биди силна и немој да го гушиш
Не сум љубоморна а и мојот дечко не е.Без гушење, претерано јавување,следење(како што има некои),или слично, најопуштено и со доверба,стигнавме до врска од 6 год! Девојките што се љубоморни, навистина не ги разбирам,не ги сваќам,мислам(што не значи дека е точно)дека имаат ниска самодоверба и заради тоа се јавува љубомората.
Порано си бев така по малце љубоморнаА сега веќе си отрпнав нити он е љубоморен нити пак јас и супер ни е. Искрено незнам како може некој да се замара со јавувања на секои 5 мин и прашања од типот кај си? со кој си? и после неколку мин пак истото. Така кога и да седнам со една другарка на кафе само со телефонот е во рака,неможе човек со неа нормален муабет да направи...Веќе не ни имам желба ни кафе да пијам со неа,па досадно ми е
Ме седна дада ме еден убав ден,кога уште Мистериозна немаше поима од тоа како функционираат машките,и ми рече... Се,се,секаков,грд,убав,богат,сиромашен,прост,глуп,паметен,интересен,секакво машко имај дадичка,но НИКОГАШ,НИКОГАШ,ЉУБОМОРЕН! Прво ќе биде телефонот. Проверување на секои два саати,ма каки два,два е премија! На секои две минути. После ќе биде контролирање на излегувањата. Ако е возможно,известувај го каде си,кога си отишла да мочаш,кога си трепнала.. Ако не е возможно,направи го да биде возможно! Е после може да дојде до едно повисоко ниво.. Може да крене рака на вас. Да си излечи некои свои комплекси. Ебати болната работа. Макар што за нас шкорпиите велат дека сме љубоморни,јас не се сметам за таква. Најверојатно затоа што не сум имала таква врска,затоа што секогаш сум знаела на што сум и што чувстува тој за мене. Ниту сум имала повод да бидам љубоморна,ниту се трудам да играм на таа карта ако сакам да го вратам или да го изнервирам. Глупости. Тоа е за деца работа. Ако гледаш дека малку се оддалечува од тебе,дека врската малку ви е монотона,да,збуцни го, да види дека може да те изгуби,но секогаш во границите! И контролирано!
Љубомората, нели е некој вид на страв од загуба на саканата личност. Јас сметам дека не постои љубомора без љубов, ни љубов без љубомора... Меѓутоа, да се има граница до каде таа љубомора оди... да не премине во посесивност и болна љубомора која не може да се контролира... Со дечкото сум 8 години и мислам дека досега сме немале некој поголем проблем заради љубомората... имаше едно време кога "одлепив" но тоа беше само период кај мене.. Љубоморна сум до одредена мера, нели не е сеедно кога некој го чепка тоа што е мое... но да му проверувам во телефонот, да му се јавувам на секои 5 минути, да му читам пораки и ред други работи, тоа никако.. ни јас нему, ни тој мене... Па нели многу е лесно да избрише повик или порака? И што? Ако сака да направи нешто, ќе направи и јас нема да разберам... се е прашање на доверба. Но сепак сметам дека без љубомора врската не ја бива...
Извини што ке ти пишам али мислам дека е бил во право...премногу вршење на притисок врз партнерот не е убаво дали е маското кон женското или обратно не е битно, но не е убабо тоа ја олабавува врската и по некое време доага и до раскинување...мислам дека треба да ставиш крај на љубомората и да веруваш во него, да не му вршиш премногу притисок...