Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубомора во врската

Дискусија во 'Врски' започната од kate, 19 ноември 2009.

  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    знам дека се спомени :D Aма не можам да се контролирам, поготово кога ќе почне приказни да ми раскажува :devil: :devil:
    едноставно јас никогаш не му зборам нешто убаво за моите бивши, нити имам нешто од нив :)
    Aма ме научи веќе дека сум таква, и сега па и мајтап си тера :D
    A некад седнуваме заедно и ги трачариме неговите бивши,а и моите
    Aма ете, многу сум љубоморна, не ми се верува дека јас сум ваква, ама тоа е!
    Hе дека сум болно љубоморна или не знам ти што, си има другарки, поготово една од бебиња се заедно, дури и гола шета пред него, па не ми е ич криво, ама за бившите да, љубоморна сум :D
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Многу убаво си направила.
    И јас сум љубоморна како и секое женче, ама да дојдам во ситуација како твојата, да налетам на слики од мојот дечко со негови бивши и да му речам - фрли ги или одлободи се од нив? :^)
    Па ќе ме погледне како да сум мрдната, си го знам дотолку, мислам дека сосем, целосно ќе се разочара од нашиот однос, довербата која ја имаме и врската во која вложуваме.
    Нема јас што да се мешам во нечие минато, исто како и он во моето.
    Да фрлам јас слики и спомени од моите бивши (од време кога не ме ни знаел мене, ниту нив, и обратно)...
    Ајде, богати...
    :^)
    Ај ставете се во обратна ситуација, он налетува на ваши фотки и ви наредува да фрлите се - ќе послушате?
    Прво, според начинот на кој добивате наредба, 100% ќе реагирате одбивно и за инат нема да ги фрлите, не дека ви е па многу гајле за некакви си фотки...
    И што добиваме со тоа?
    Спомените си се спомени со причина, си ги имаме сите, слатки или горчливи, ЈАС И САМО ЈАС и ОН И САМО ОН ќе се реши дали сака да се ослободи од нив или да си ги чува во подрум, во фиока, во ковчег или ќе го нахрани контејнерот со нив.
     
    На Bambi.12 и lolyta777 им се допаѓа ова.
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски

    Потполно се согласувам...

    Јас сум болно љубоморна на моменти, само фала му на Бога знам да се контролирам и да избројам до 100 и да сфатам дека сум беспотребно љубоморна...

    Знам да прикријам, знам да преќутам, да се осигурам дали има потреба или не од испади, среќа до сега немало... :)

    И како што кажа Трендафилка, нема потреба ниту тој да знае за моето минато, ниту јас за неговото, сепак е минато, а и кога се двајца во прашање битна е иднината...

    Сепак, мала доза на љубомора, искажана на интересен начин е многу нормално за било која врска.
     
  4. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Лудичко,јас ништо не реков. Нашата љубомора многу повеќе се разликува од машката. Знаеме до каде може да оти нивната а до каде нашата... :)

    Мислам дека се разбираме.
     
  5. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    Сметам дека со тоа што си го направила само си покажала пред сопругот дека си една разумна и искрена жена без прерасуди. па ок секој има минато и треба да се почитува тоа а плус гледам по кажувањето дека ти си знаела за таа девојка па ок зошто да фрлаш нечие минато зашто да заклучуваш нешто што се случило сликите остануваат да не потсеќаат како на нашите спомени така и на нашите грешки. пред се ќе речам едно браво и јас би постапила исто. Јас без проблем си чувам албум со слики од бившиот воопшто не сметам дека тоа е грешка ниту пак до сега мојот ми замерил.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    јас не се соглесувам спомените си се спомени никој не може да си ги одземе тие се во вашите сеќавања сепак мислам дека фотографиите со бившите се непотребни
    нели ви е непријатно да ги гледате? фала богу дека секој има минато и дека имал дечко/девојка ама па не мора да чувате слики
    можеби размислувам вака зошто сум љубоморна ама сепак слика да најдам негова со бившата одма ќе ја фрлам и без да го прашам како што јас немам слики неќам ни тој да има. исто важи и за мечки кучки зајаци и се што е дадено од бивши.
     
  7. rak1

    rak1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    45
    Многу сум љубоморна. Тој е на факултет со Скопје а јас сум си дома.. Дури и кога е со девјките на неговите пријатели јас почнувам да се карам и нервирам.. се би направила да ја нема таа љубомора.. :(
     
  8. a29

    a29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Нормално е тоа. Но мислам дека треба да се опуштиш малце :)
     
  9. Ivana91

    Ivana91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    ljubomorata e bolest sto ja unistuva vrskata.nesto najloso sto moze da postoi e koga eden od partnerite e ljubomoren moze da dovede do kraj bez razlika kolku trae vrskata
    [mod-kirilica:2rfk13rd][/mod-kirilica:2rfk13rd]
     
    На ANELIJA му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    И јас сум љубоморна ама се контролирам ништо не му забранувам знам дека забранетото е најслатко
     
  11. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    745
    и јас сум многу лубоморна и неможам да поднесам ако не е по мое
     
  12. srcka-22

    srcka-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    znaci celo vreme gi citav vasite prasanja i odgovori i mnogu mi s edopadna apa resiv da se registriram i ajs:))) normalno so isti problemi kako vas:)) jas imama isto problem znaci imav vrska dve god. na pocetokot normalno ne bev zaljubena i posle se zlajubiv mnogu sto stanav i mnogu ljubomorna sega sum verena ( mi izvadi prsten i me pobara na mnogu neocekuvano mesto)nema pricina za sumnja ama ja sum preopteretena so toa kade odi,koj go bara na tel,i jas se osekam mnogu loso ama toa eposilno od mene pa ako moze nekoj sovet:))))
    [mod-kirilica:252yttox][/mod-kirilica:252yttox]
     
  13. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Епа веќе кога сте свршени нема потреба од толку љубомора...инаку за помош незнам како би те советувала бидејќи тоа е многу силно чувство и неможе баш да се контролира се јавува моментално и може да избијат триста кавги тогаш после се смируваш и сфаќаш дека не требало така...ако немаш причина да бидеш љубоморна-ако ти бил верен еве сега имаш и доказ-те побарал за жена ,значи те избрал тебе и не му треба никоја друга,можеш само гордо да си сешеташ со него под рака :lol: и немој сега да почнеш да претеруваш за да недај боже се исплаши и избега... :!:
     
    На srcka-22 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. abeajde

    abeajde Нов член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    16
    Постои ли девојка што може да ја контролира љубомората или што може целосно да му верува на дечкото...мајкому ако некој решил да вара ниедна сила не може да го спречи..така да љубомората само побрзо ќе ве остари...и зашо љубоморите, се губи енергија без потребно....аххахахха
     
    На srcka-22 и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  15. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Не сум љубоморна девојка.

    Не можам да речам дека не сум била вистински заљубена, ама и кога бев, никогаш не сум изреагирала љубоморно. И машко ко машко, почна тоа да му пречи. Па почна еден круг на „прво тој мене намерно ќе пробува да ме направи љубоморна“, па „јас нема да се налутам и со тоа повеќе ќе го напнам“, па „ти мене не ме сакаш, гајле ти е“, и на крај едно „Крај.“

    Машко што вика дека не сака љубоморна девојка, лаже суши. Секоја љубомора во нормалните граници, значи тука не спаѓа следење на секој негов чекор, инспекција на мобилен и забранување (Боже, колку тежок збор е тоа) на контакти со други девојки, е добредојдена за здрава врска.

    Понекогаш посакувам да покажам мал дел од таа љубомора, ама не ми оди. И да зборува со девојка на телефон пред мене, нема да го прашам која е. Не викам дека моиве постапки се исправни, ама барем докажуваат дека иако мажите велат дека не сакаат љубоморни девојки, повеќе не ги сакаат оние што не се.
     
  16. ANELIJA

    ANELIJA Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    154
    Може да се каже дека љубомората може да те убие.Ова го имам доживеано и знам како и сум кажала дека никогаш нема да си дозволам да претерам крајно со љубомората.Кога бев на почетокот на врската се беше мед и млеко мислиш ке полеташ.Но после неколку месеци кога почна дечко ми со неговата љубомора си велев ај ке престане ке престане лелеле луѓе кога ке ми текне се ежам.......какви сцени незнам уште што не,но то после премина на психичка база,за кое немаше лек и потоа следеше крај.Но помина извесен периот тој пак ме побара.Секако малку помалку љубоморен од тогаш,и со тек на времето и годините тоа се сведе на минимала.И можам да кажам фала му на господ.СЕКАКО ТАА МОРА ДА ПОСТОИ(љубомора,то се тако мора) но за се има граници.и ја сум не велам дека не сум ама во нормала сум :) :)
     
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Кога сум во врска сум многу љубоморна ама за среќа знам да се контролирам и да не го покажувам тоа цело време инаку незнам што би правела... Мислам дека ако постои љубов во врската е нормално да има и љубомора, се разбира се додека љубомората не почне да ја уништува врската. :|
     
  18. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Јас сум по природа љубоморна и посесивна. Што е мое, мое си е, па смеј чепни го да те видам. :D
    Во претходната врска бев психо љубоморна, но самиот партнер го правеше тоа. Неговата прва љубов ни се мешаше во врска. Јадно патетично девојче, кое што се не измисли за да ми помине низ нерви.
    Со сегашниот дечко, немам такви моменти. Ја има онаа слатка љубомора, но самиот тој и неговото однесување прават да не се замарам до толку.
     
  19. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Јас мислам дека не постои човек кој не е во мала доза љубоморен на својот партнер, бидејќи ако ја неме таа мала љубомора тогаш не ви значи партнерот и затоа и не ве ни интересира за него. Но, морам да напомене дека претераната љубомора од типот каде беше, со кого беше итн може да го гуши вашиот партнер и да му се здосади од вашите испади на љубомора и на крајот ќе ви рече зар немаш доверба во мене па за се и сешто ме прашуваш. Така да не претерувајте со љубомората, не велем да ја нема туку тоа нека биде малку подзаскриено нека партнерот мисли дека му верувате, бидејќи мажите ја сакаат таа сигурност и доста се плашливи иако на прв поглед се груби и посилен пол од нас жените, но во се сме појаки жените.
     
  20. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.917
    Допаѓања:
    4.550
    Сите луѓе што тврдат дека не ги интересира ништо и дека не се воопшто љубоморни кога ќе го здогледат својот партнер како разговараат со некоја, се хипокрити. Нема човек на планетава земја кој не ја поседува оваа особина. Се раѓаме со неа и секогаш ќе ја имаме во себе. Лично, сум љубоморна. Љубомората ми се движи од нормала па до ненормално :D А љубоморна сум затоа што сум посесивна - си го сакам тоа што е мое и не сакам да делам! ]:)
    И не ми е срам да си признам. лалала :P