Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубомора во врската

Дискусија во 'Врски' започната од kate, 19 ноември 2009.

  1. srcka-22

    srcka-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    мацо фала многу:)))) инаку сватив дека навистина лјубомората е многу страШна работа инаку сите ние сто сме Љубоморни треба малку повеке самите да си помагаме сватив дека нема потреба од тоа да пребарувам на фб кој му сЕ пријатели па кој му ставил ike ИТН...знаЧи сватив дека ако сака да те вара ке те вара и или ке дознаеШ со тек на време или не треба малку по опуШтено оти како Што каза некој погоре ке остариме набрзина и после ке ни ги удрат клоците па ке не заменат со др помлада:))))))))
     
  2. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Ако некој ви каже за себе дека воопшто не е љубоморен, верувајте дека ве лаже. Не постои човек на светов на кого би му било сеедно неговата сакана да зборува со друг, а недај боже нешто повеќе.
    Мислам дека малку љубомора во врската е и добро, добро е да знаеме дека некој се грижи за нас, и не му е сеедно каде сме и со кого, тоа всушност ни дава до знаење дека тој навистина не сака и се грижи за нас да не не загуби. Но претераната љубомора е лоша, и во многу случаеви и доведува до крај на врската ! :^)
     
  3. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    заради таа љубомора си ја уништив врската
     
  4. srcka-22

    srcka-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    знашчи понекогас и самиот партнер ние крив за агресивна лјубомора поради тоа што ако знае дека си лубоморен што има додека сте заедно да гледа по други,да излегува сам на некој начин те доведува до лудило ама јас вака ке ви казам дотерајте се направете се најубави и сватете дека зивотот е еден и никој не е совршен да се нервирате за неги и неговите мани и постапки пордаи тоа кога ке с енаправите најубави во себе ке иамте силна самодоверба и нема да дозволувате да ве повредува неговата глупавост кога ке види что има до него ке нема да има потреба да погледне во друга ја сова го науцив и си го применив верувајте нема да згресите направете и вие такво нешто и не се замарајте за него сепак не вреди повеке од вас нели:)
     
  5. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Љубомора,но дали постои соодветен бројач што би можел да ја измери? И кои се нејзините димензии,висина, ширина, длабочина? :?:
    Нормално е кога некого сакаш, да чувствуваш страв да не го изгубиш.Ама ненормално е да се ставаш во позиција истиот да го гипсираш до тебе, зашто се чувствуваш несигурно ако ти не си во негова близина.А зошто би постоела таа љубомора?
    Најчесто се болно љубоморни оние лица кои немаат самодоверба.Ако тој некој при првото излегување сам, е способен да изневери,тогаш си имала залудно потрошено време со него. :worried:
    И наместо времето што треба да го поминете заедно, да го искористите за милување,бакнежи, љубов, го користите за гушење и расправии и тоа доведува до крај на врската. :x
    Порано можеби ќутеле и голтале, па дали им чини или не небитно,ама сега се живееме во демократско општество, каде луѓето живототго сфаќаат поинаку,подобро сам цел живот,отколку нечиј роб.Има многу примери кога жената едноставно не сака да се врзе, си наоѓа парнер за без обврски, или пак некој што ќе и направи дете,и си живее какосамохрана мајка со детето, си гради кариера, без притоа да бидат осудени од околината. :!:
     
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Љубомората не е секогаш доказ за љубов.Една моја другарка опсесивното гушење и постепеното подредување на волјата на нејзиниот дечко го објаснуваше со фактот како таа нему му значи премногу и затоа тој е толку заштитнички настроен кон неа.Сето тоа е извртена слика,реално никој го нема правото на целосна контрола врз никого ни партнерот ни родителите,колку и да се нивните одлуки добронамерни,а грижата искрена,мора да постои граница до каде имаат влијание и нека бидат припомош при вршење избор,но никогаш да се тие тие што фактички ќе го извршат изборот.
    Вистинската љубов ја почитува единственоста на поединците и способноста да се дефинира и уважува личниот идентитет на другиот.

    Како низ магла се сеќавам не тоа како во некоја книга која сум ја читала човекот беше љубоморен на сонот бидејќи тогаш ја губел саканата и со тоа неговата љубов го губела совршенството.И не е толку ретко луѓето да го уништат оној што го сакаат или оној од кој се опседнати поради ова чувство.Бидејќи љубомората ако и се даде голем полет е чудна дивина и деструктивна природа има.Во мали дози ако е присутна е дури и пожелна делува како Вегета на сексот и не прави будни и свесни дека не треба да го занемариме својот партнер и да се најде нашата врска во мрежата на лошите навики.

    Крајно љубоморниот човек не ја заслужува љубовта бидејќи тој само бара да биде пасивно сакан и притоа притиска и притиска.Нема свест да согледа или па не сака дека најбргу ни лизга од раце она што го стегаме најочајно.Единствен начин да се осигура нечија љубов е да се заслужи,иако имало и ќе има феномени од типот дури и најголемите никаквеци некој да ги сака безусловно и неоправдано.Тоа е еквивалентно со тоа дека и сонцето ја дава својата светлина и топлина на шарената пролетна ливада и на купиштата од Дризла подеднакво,но тоа е веќе друга тема за дискашн.

    Љубовта секогаш треба да остава простор за слободата во делата,мислите,изборите и сл.Двајца луѓе се способни да се сакаат на здрав начин само доколу се способни да живеат и одвоено и независно еден од друг,но свесно избираат да бидат заедно,често и да живеат заедно-само тоа е вистинскиот избор,се друго се бледи копии кои водат до трајни оштетувања на психата кај двајцата од немање мир и акумулација на негативни чувства и постапки и веќе тоа преминува во емотивна војна.Љубовта не треба да биде состојба на војна,а љубомората најважното оружје во арсеналот.

    На крај ќе речам дека секој човек ја има во своите раце и мисли јачината која ќе му ја дозволи на било кое чувство.Истото се однесува и на љубомората,ако наместо ние да ја контролираме и ја препуштиме контролата,не треба потоа да се бара вината кај партнерот или некоја надворешна личност која станала предмет на неговото интересирање или на друго место,бидејќи ние сме ја вдомиле и сме и дале крилја.Нека лета понекогаш но ниско,за нашиот пад под нејзино дејство да не е толку болен и непреболен :) .
     
    На cigarce, Chocoholic.girl, julie77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Astrid

    Astrid Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    23
    Вистинска љубов = доверба.
    Љубомора = недостаток на доверба.
    Точно е дека љубомората е составен дел од нашата врска ама мора да научиме како да ја контролираме ако сакаме нашите врски да успеваат! :!:
     
    На decko му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Јас сум лјубоморна но досега немав прилика да ја исказам бев зафатена со лјубомората на дечко ми мислам бивси.Неговата не бесе како мојата тој имасе психички проблеми и два пати заврсив во болница еднас на брза помос втор пат на интензивна бев демолирана и имам трауми.го мразам и немозам да си опростам на самата себе,за мене лјубомората е пат кон пеколот сто го дозивеав кога ги помине границите не и треба причина си измислува нови предвидува работи си надоврзува банални работи ја минува границата дури и на реалноста.Најпрвин мислев не тоа не е мозно сигурно не е озбилен и тоа како озбилен бил толку озбилен сто на крајот сакасе со кола да вози у провалија со мене,да умреме зосто само така ке биде сигурен дека никогас повеке нема да го оставам.Лјубомора?? не тој заврси на нервно а јас го оставив ми се ези косата кога некој ќе ме праса сто правесе денес?веднас очекувам и се спремам за кавга..
    Мозеби не ми бесе соодветно на темата но според мене таа блага лјубомора сто секој ја има би ја нарекла лјубов а се друго спагја во медицината :!:
     
  9. decko

    decko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    60
    Не бев љубоморен, и испаднав рогоња. Слепо и верував, од проста причина шо и таа била во таква ситуација (бившиот имал друга), и затоа не мислев дека такво нешто би се осудила да направи. Guess I was wrong.

    Значи, поентата ми е, мала доза на љубомора секогаш е потребна. Тука не мислам на забранување за излез, детален отчет на се што се правеле...

    Едноставно, од време на време покажување на “роговите“. :D
     
  10. sadstar

    sadstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Дечки ве молам за одговор,очајна сум ;(
    Имав врска од две години со дечко кој беше болно љубоморен,дури претерано...Последниов месец пак секако ме вреѓаше,на моменти ме удараше,ме понижуваше и контролираше..Имавме многу проблеми од минатата среда па натаму и тој ми раскина па после еден час пак се смиривме ама јас бев многу ладна се` до петокот.Тој се чинеше како да е изменет ама наеднаш во петокот вечерта пукна,пак почна да се кара и да ме нервира,пак бевме ладни и многу ретко се слушавме...Пред два дена почна да ми се дере на телефон дека јас сум му го сменила пасвордот на фејсбук,јас му реков дека не е вистина и тој секако ме нарекуваше...Лажга,ваква таква...Вчера кај 12 часот ми раскина и јас мислев готово е,се ослободив од тежок кретен...
    Секако ми е тешко,сепак искрено го сакам ама подобро ми е вака.Мислев дека се е во ред кога денес ми напиша порака дека ако ме видел како стоам со некое машко ќе и прател некои слики на мајка ми..Го прашав кои и ми рече дека ако не помнам ме сликал надолу,ќе ги видел цел град,ќе ми го уништел животот...Пробав да се правам силна и да не му верувам,знам дека на шала ме имаше сликано ама сето тоа заедно го бришевме,ама сега сум многу исплашена од него.
    Него му верував комплетно,тој почна со љубоморава од скоро,мислев дека е каприц но не било...Се повеќе почна да се занесува и пренесува со тоа.
    Ме викна да излеземе сега кај 3 и 30 да ми дадел цд со сликите,прво јас да сум ги видела па после ќе ги видел цел град вклучувајќи ја и мајка ми...Сакам само да се откачам од него,не можам веќе,сакам да ме пушти а тој цело време ми пишува навредливи пораки и ми ѕвони.
    Јас го одбивам и не му враќам но упорно продолжува.
    Дечки што ако вистина има такви слики,што ако не се избришани,тоа беше период во кој многу се сакавме и беше совршено..Што да правам?Очајна сум ;( ;(
     
  11. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337

    Ако мислиш дека немало никакви слики,тогаш батали го.
    Но,ако се сетиш на нешто,дека те сликал или слично,речи му дека ќе го пријавиш во полиција,и дека мајка ти и татко ти веќе дознале за заканата.
    Исплаши го,не му паѓај пред нозе.
     
  12. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    4.565
    Леле со каков кретен си имала работа. Мила, ако ти го даде цд-то одма појди во полиција, и ако ги чуваш пораките покажи им ги за да видам дека ти се заканува. А ти кога ќе се видиш ќе го прашаш, нели ти ми раскина? Леле душичке стварно незнам што совет да ти дадам освен тоа со полицијата. Вакви морони незнам зошто живеат!

    Едит:Мислам да не му кажуваш дека ќе одиш во полиција,зашто ќе мисли дека блефираш и ќе ги стави сликите во јавност. Затоа вака скришно појди си сама.
     
  13. sadstar

    sadstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Како да појдам во полиција кога живеам во ептен мал град,уште имам 17 години,не сакам мајка ми да дознае за се` што се случи...
    Ако отидам во полиција ќе се прочуе насекаде,воопшто не ми е дојдено до тоа,моите се нон стоп по градот и се ќе дознаат...Не знам што да направам веќе... ;(
     
  14. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    4.565
    Ако не појдиш пак ќе дознаат,а вака ќе се тргниш од него!
     
  15. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Кажи му дека ако го направи тоа, ти ќе одиш кај неговите и ќе кажеш за СЕ што ти зборувал, и ќе им ги покажеш на неговите родители овие пораки. Кажи дека ти веќе си им спомнала на твоите дека он е ненормален и дека они очекуваат секакви очајни потези од него. Кажи му дека него нико нема да сака очи да му види по градот заради овие пораки што ти ги праќа.

    Или ако си скоро сигурна дека ги нема сликите, речи му дека е стварно глупав, дека ги бришевте заедно, ама дека овие пораки што ти ги праќал ќе завршат кај неговите дома, кај мајка му и татко му. И речи му дека ти ќе кажеш уште полоши работи за него, што он не може ни да си ги замисли...неговата фантазија ќе го пополни овој дел место тебе...

    И не се плаши. Нема слики.. Само е очаен. Бидејќи е безвреден....
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    јас воопшто не сум љубоморна личност и воопшто не ја подржувам изреката 'каде што нема љубомора нема љубов' далеку од тоа. Љубомората е вид на болест што за жал тешко се лечи :|
     
  17. hunny-bunny

    hunny-bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    80
    епа многу сум си љубоморна, ама дечкото ме слуша и е мирничок така да немам проблеми хихихи
     
  18. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Комплетно му верувам и досега немало причина за голема љубомора од моја страна. Онака само малку нешто ако ме испровоцира од време на време, зависи од расположение, но не му велам ништо. :) Тој е повеќе љубоморен од мене, а најтрагично е што знам дека ми верува и јас не правам ништо што би ја загрозило нашата врска, само мора да ми пререче некогаш колку да ме изнервира :^) Ама го научив и почнав да се навикнувам, а и повеќе внимавам да не го испровоцирам, посебно во ситуации каде знам дека да сум на негово место и јас така би реагирала :)
     
  19. happynessss

    happynessss Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    18
    Љубомора само кога е оправдана, ама не во преголема доза, нема потреба од драми, а ако ми треба внимание, знам и јас малку да ја предизвикам :D
     
  20. sanjchi

    sanjchi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    6
    Хммм....дада и на мене ми се случува и тоа често...љубоморам без никаква причина... но такви сме ние женските.... :D