Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубомора во врската

Дискусија во 'Врски' започната од kate, 19 ноември 2009.

  1. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Љубоморна сум, понекогаш и без причина ама никогаш не покажувам и се е во нормални граници. На тој начин си се бранам дека не ми е гајле и делувам премногу ладно, што и баш не е убаво. Сум имала дечко кој воопшто не бил љубоморен ама и тоа не е убаво и покрај сите „докази“ за љубов. Но гледам по бившиот дечко на една другарка кој беше премногу љубоморен, на почеток се и беше супер ама после се се смени. И покрај тоа што и кажувавме да расчисти со него додека е време, она не, веруваше дека ќе се смени. Љубомората која преминува нормална граница е болест која не се лечи колку и да вика некој ќе се промени. После тоа другарка ми неможеше да се оттргне од него 2 години, кога и да раскинеа он не ја пушташе да излегува со никого и никаде, и се јавуваше дома во 3 навечер да види дали е дома, ја малтретираше и понижуваше каде и да ја види и дооолго време од кога ставија (он кога стави) крај на врската не ја пушташе дечко да фати, нон стоп и се закануваше. :fubar: Значи со болно љубоморни личности да се нема работа, многу е лошо.
     
  2. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    па не би рекла дека сум нешто претерано, едноставно си го чувам она што е мое :) знам да се налутам знам да му преречам но сето тоа во граница, оние девојки што се болно љубоморни и да сакаат да бидат во врска со некого порано или покасно доаѓа крајот, кое машко би сакало таква партнерка, да го следи секој негов чекор, многу битна работа во врската е довербата и секако слободата, треба да се запрашаме како нас би ни било доколку тој се сомнева во нас и постојано не контролира, како би ни било нас коа би биле со другарки да ни се јавува и да ни додева на тел... исто така би им било и нив.. значи слободата е многу потребна во секоја врска :) не зборам за правење работи над граници али изгелување со другари понекогаш потреба да се биде сам и такви работи
     
  3. n.i.k.i

    n.i.k.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Па не сум нешто претерано љубоморна да му проверувам телефон, кога ке ми речи дека ке оди на кафе да му се јавувам на секои 5 мин кај си, со кој си, кога бегаш дома и слични прашања од таков тип значи никогаш вакво нешто не ми се случило. Некогаш ми се слулува да избувнам и да му префрлам нешто но сето тоа во границите на нормалата, значи ништо претерано.
     
  4. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Не сум ич љубоморна и стално се караме ради тоа со дечко ми, мисли дека не ми е битен ич чим за ништо не реагирам. Едноставно не можам да се замарам со тоа, долга ми е врската некогаш, да не речам стално ми е преку глава така да не ни мислам на такви работи. Кога е он љубоморен не го трпам тоа и има страшни последици, така да се контролира.
     
  5. ruzmarinka

    ruzmarinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    137
    Многу сум љубоморна,понекогаш не знам како ме трпи.Да е обратно.. :envy:
     
  6. irena-10

    irena-10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    882
    Јас сум понекогаш љубоморна ама никогаш не се случиле некои драстични расправии во ворска со тоа, додуша и никакви се немаат случено. Ама понекогаш, како сега на пример, ме копка не знаете колку. Почна да се дружи со еден другар што беа скарани и беа кајс естра му на роденден, и почна да се гледа и со нејзините другарки кога е кај него, и сеа знам дека е многу смешно што ќе го кажам ова, ама се адна на фб со неа и со една нејзина другарка, можеби нема причина ама еве сеа кога се слушнавме едвај се воздржав да спомнам и да прашам за тоа. Таа знам дека имаше дечко ама тој ја остави за друга, ама не е битно тоа. Ме вади од кожа тоа што вака се осеќам, знам дека ме сака, ама многу ми е страв да не почне со некоја од нив, да се гледа, да комуницира, па да му се допадне некоја, ах леле. Не знам како да се справам со сето тоа. :(
     
  7. moiLolita

    moiLolita Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Здраво девојки, да се пожалам малку за мојата ситуација. Во почетокот на врската бев многу љубоморна и цело време го проверував, едноставно чувствував дека нешто има, и на крај излезе дека навистина нешто има. Сите работи на кои се сомневав испаднаа вистина...му раскинав. По долго извинување и покажување решив да се смирам и да поминам преку тоа, од тогаш се' е различно...го имам целото негово внимание и љубов, но сега има друг проблем. Некако почнува да ме гуши цела оваа работа. Ми треба време малку насамо, малку женско друштво без да треба да му се јавам или да му титкам додека сум излезена, но тоа е проблем бидејќи тој не излегува никаде без мене, и кога ќе излезе со другарите нон-стоп ми титка и ми се јавува да ми каже каде се, што прават, каде ќе одат...и тоа некако почна да ми смета. Сакам да биде посамостоен и да ужива и без мене, за да неморам јас да стравувам за да му кажам дека сакам да излезам и да се забавувам со другарките. Секогаш кога ќе кажам што сакам да правам(без него)него тешко му паѓа. Ништо не ми забранува, но гледам дека тешко му е кога ќе излезам јас или кога ќе направам нешто без него. Дали мојата љубов изчезнува што сакам да ме остави понекогаш да уживам и без него, или неговата љубов е преголема што јас не ја заслужувам? Кое е вашето мислење девојки? Што треба да направам според вас? Како вие би постапиле?
     
  8. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сум имал слична ситуација и јас. Простив неверство, највеќе бидејќи не можев да се замислам без таа личност, ама со тек на време кога продолживме пак заедно ми се разви некое чувство на индивидуалност и потреба за слобода, како да ми згаснуваа чувствата и нејзината љубомора ми помогна да и дадам шут. Очигледно дечкото те гуши со постојаното присуството и давање отчет, ама и тебе чувствата ти спласнуваат најверојатно. Јас барем се пронајдов во твојата ситуација така.
     
  9. anka30

    anka30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Kaj nas e obratno.
    Soprugot mi e mnogu lubomoren , postojano saka da znae kade sum so kogo sum, duri i doma da sum mora vo sekoe vreme da se javam na telefon,i pokraj toa so ziveeme zaedno so negovite.Na pocetokot toa ne mi smetase mozebi zatoa so po kratka vrska se zedovme pa potoa se rodi kerkickata i seto toa ostana vo pozadina . No sega sme vo brak veke pet god. taka da stanuva se po izdrazeno , koga izleguvam pazam so kogo ke se pozdravam , so ke napravam , za sekoe moe dvizene go izvestuvam iako sum postoano so kerkickata, na vecer nemam zelba da izleguvam zatoa so znam so ke sleduva posle toa : kade , so kogo ,zosto bas vo toj kafic ili klub da ne vide nekoj od bivsite i .........sl. nemam nervi a ni zelba da se raspravam za banalni i izliteni raboti . i red dr. raboti .
    Sakam da kazam deka lubomorata e ubiva ljubovta ,sozdava ne potrebni glavobolki , i samoto toa deka edniot od partnerite se gusi vo taa vrska , potocno od ljubomorata toj bara izlez .. potocno bara sloboda i partner koj ke ima doverba vo nego , koj ke postavuva del od prasanata no vo normalna mera . Sekoj covek e lubomoren na licnosta sto e saka toa e normalno zosto ako ne e taka znaci ne postoi ljubov megu niv , no samo ako ljubomorata e vo normalata.
     
  10. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Скоро имав еден испад на љубомора :lol:
    Разгледувавме еден весник со партнерот и на една страница имаше една девојка, така провокативно облечена, а и морам да признаам убава беше. И овој мојов искоментира вика види колку е убава оваа. Јас се изнервирав, одма почнав да се лутам ми идеше да го треснам :@ ( знам требаше да си останам смирена но не можев) А тој не е таков тип како повеќето машки да озборува женски или пред други да коментира вакви работи, да се загледува и сл.само кога сме сами, може да му се случи ова, да ме буцка. И двајцата сме љубоморни, тој малку повеќе :lol: во некои случаи јас можам за без потреба да бидам љубоморна, најчесто тоа си го задржувам во себе, со еден збор не ја покажувам толку често љубомората, но овој пат не успеав :)
    Вие како реагирате на вакви работи, дајте совет за друг пат :lol:
     
  11. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    мислам дека за такви работи човек не треба да прави испади. Мислам што ако каже дека е убава па ок и сама признаваш дека е убава. Мене баш ми е мило кога човек ќе ја има таа слобода да искоментира некој дале е убав или не пред својот партнер. Тоа не значи дека тебе помалку те сака или не си убава. За следен пат обиди се да му се приклучиш во коментарите од типот да ок убава е ништо не и фали баш ќе се осетиш попријатно. Љубомората само ве влече надоле а не ве искачува на следно скалило ;)
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ynafets

    ynafets Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    17
    Немам дечко ..моментално така да нема за што да љубоморам.. али ..кога имав морам да признаам дека не бев љубоморна.. за што да љубоморам.. за ако погледне некоја девојка во списание или на фб и рече дека е убава...? За коментар на фб или лајк на женска слика?..За неговата најдобра другарка?..НЕ на ништо не бев љубоморна .. затоа што бев сигурна у неговата љубов.. и сеуште сум но за жал веке не сме заедно бидејки господ не раздели.. но тоа е што е да се навратиме на темата .. ја бев сигурна у неговата љубов знаев дека ме сака со цело срце и душа и тоа беше една од работите порадишто идев со него.. му верував.. знаев и дека ако ме изневери дека пак ке продолжи да ме сака .. и дека и да ме изневерил сигурно тоа не го направил поради тоа што не ме сакал..значи поентата ми е .. дека јас љубомората ја сметам како еден вид недоверба.. а каква е таа врска ако нема верување мегусебно? -никаква.. значи доколку веке идете со некого бидете сигурни дека ве сака и дека ке ве сака покрај што и да се случи..доколку не го цуствувате така партнерот не почнувајте врска со него се до тој момент... !
     
  13. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    СЕ ПРОНАЈДОВ во случајот со твојата другарка,и јас имав таков дечко,,,и усте полуд!Конечно едвај го симнав од врат,дури на периоди уште имам некои такви проблеми,а веќе повеќе од 1 година се сме заедно.Лоша работа е тоа,и јас одев долг период со него 3 години,ама не биваше и од сега многу пазам со кој ќе си имам работа следен пат...
     
  14. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Да се согласувам, но во некои моменти сосема спротивно реагирам, и после некое време си викам чекај не сум јас тоа, зошто така изреагирав, зошто така направив :?:
     
  15. cece07

    cece07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    11
    Љубомората само ја упропастува врската а нејзиниот исход е КРАЈ.(само време е во прашање кога ќе пукне)
     
  16. tani4ka

    tani4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    5
    да точно е дека љубомората ја упропастува врската и затоа секогаш кога сте за нешто љубоморни,кога че видите на пример стаел лајк на слика на некое девојче не мора веднаш да испаничувате,нека помине некое време 15/20 минути и че ви помине..или ако сте љубоморни тешете се самите,секогаш кога ќе видите нешто што ќе ве направи љубоморни запрашајте се себеси зошто сум љубоморна кога вчера ми рече дека ме сака и разни други примери..За љубомората најдобро е да не ја искажувате бидете љубоморни но во себе и тешете се сами :D :* ;)
     
  17. beautiful1

    beautiful1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    33
    Во врска со ова во право сте но не сосема. Еве на пр: тој ставе лајк на некоја слика на женско како ќе се чувствувате вие? Што би помислиле во моментот и што би помислиле другите што знаат дека тој е во врска со вас а лајкнува слики на други женски а не дај Боже да пише па коментар? Машко не остава лајк на женско оти му е другарка или ради реда туку машките оставаат лајкови и коментари кога сакаат нешто со тоа девојче.
    Кај мене во врската и двајцата сме љубоморни и јас и тој. Значи се договоривме во мојот живот ќе биде само тој машко и секако татко ми исто и во неговиот женски само јас, мајка му и сестра му. Ниту погледнувам во друго машко а мислам дека и тој ми е верен бидејки имам цело поверение во него. Кога ке посумњам нешто дека не е во ред го прашувам и за се нешто сум љубоморна исто и тој. Но што ако не сме љубоморни еден на друг и ги оставиме работите така? Тоа ке испадне дека не ни е гајле еден за друг. А вака барем знам дека тој се грижи за мене, дека ме сака а исто и јас. Онака зошто би биле љубоморни еден на друг нели? Бидете љубоморни но до умерен степен. Позз :*
     
  18. StefiNikola

    StefiNikola Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    57
    Девојки ми треба помош!!! Имам 18 години а имам врска 2 ипол години. Го сакам премногу а сигурна сум дека и он ме сака но има еден проблем МНООООГУ Е ЉУБОМОРЕН!!! Не ми дозволува кратко, деколте да носам, љубоморен е на секое машко (за другари не правиме муабет-не постојат другари) дури и на само со брат му кога ќе останам он умира од љубомора. Пред некое време љубомората како да му стана болест, кога одам кај другарка на кафе ме испрашува што сме збореле, еден период знаеше и рака да крене на мене... Мислам дека ќе полудам веќе како 24/7 под надзор а сум. Дајте ми некој совет дали да му раскинам само не ми кажувајте да разговарам со него бидејќи сум разговарала 100 пати и пак ништо :?: :?: :?:
     
  19. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    762
    Стефи извини вака ама дечкоти да не удрен со мокар чорап по глава :?: Шо се занесува тај :fubar: како може некој толкава контрола да врши, па не си му дете :!: дури ни родителите така не контролират.
    Па и рака да крене на тебе :swear:
    Ако вака продолже , најубаво за тебе ке биде да го оставеш, па да му дојде мозоко на место. Млада си не дозволувај некој да си поигрува со тебе. И да го сакаш, и да ти е убаво со него „коа не е љубоморен„ , сепак .... ке останеш „не дај боже „ без другарки, другари... и само со него....таков живот не е убав. а чим и пробал рака да дигне на тебе....
    Не е убаво да ти викам „раскини му„...ама и после развогор ако не се смене, друго нема. Не дозволувај некој друг да ти го зима правото на слобода.
    Поздрав и гуд лак :*
     
  20. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Каков црн разговор бре девојчиња? Кога некој во врска ќе крене рака на вас тогаш нема никаков разговор. Оставај го овој забеган додека не станало уште полошо. Ќе си најдеш некој нормален кој ќе те заслужува а не некој искомплексиран. Олку љубомора е само доказ дека станува збор за личност која си има еден куп комплекси и ни малку самодоверба. Таков не ти треба, верувај!