Одмаааааааааа прекини ја врската !!!... Никој нема право да се однесува така кон тебе ниту пак да крева рака на тебе.. Ќе најдеш сто пати подобар, млада си, животот е пред тебе
Па да,разговор секако. Вака треба да изгледа: Јас и ти раскинуваме,ти си луд. Чао пријатно. Чавки ли ви го исклукале мозокот?Да му ќутите на некој што ве мава?
ЦЦЦЦ до кога ќе дозволувате бре физички да ве малтретираат??? Зар тоа ви е доказ за некоја љубов?? Како можете да сакате таков човек.. Јас имам дечко, 1 недала ваљда пошо така ми личи....Се знаеме 5 години..ако цела врска биде вака како што е сега....Јас ќе бидам пресреќна...Си кажуваме се, каде идеме каде сме биле како сме поминале..ама нема сеа специјално најавување кој каде оди. Значи, ништо не е променето...буквално сме си и како другарчиња.... дури и да не сум со него, пошо нели е прерано да се збори..е таква врска сакам....сакам да можам да се нашалам за се, да не се плашам што ќе кажам , облечам, кај ќе идам..... некој сега да ми забрани нешто, одма го бришам...Не можам ја така...Сакам буквлано срце одам таму, ако срце убаво да си поминеш.....
Освен твоите родители никој не те чувал за да крева рака на тебе..ако еднаш ти кренал рака тоа ке го направи втор пат...ако не преземеш некакви мерки верувај...јас не би трпела такво нешто..иако и јас имам проблеми во врската..Дечко ми е стршно љубоморен..ми забранува дури да излегувам од дома..бидејќи е во Италија се гледаме на кам..кога ке ме види така посредена со шминка..веднаш за кого се шминкаш и ред други работи..веке не се трпи..се чувствувам немокно знам ако му раскинам повеке тешко ке ми биде сум пробала али не бива го сакам премногу...но сепак не кренал рака на мене...ако крене рака тоа ке ми помогне да се тргнам од него...барем така мислам поззз
море море како знам на моменти да збеснам ! како знам да отидам да искубам некоја дрољетина али ајде де сеуште не сум се спуштила така ниско инаку чат-пат, знам да бидам а и немора да значи
Бев љубоморна. Да. И тој знаеше и како за инает се „смешкаше “на секоја. ОК љубави, ќе се смешкаме заедно -ти на женските ,јас на машките. Го изеде љубомората.Не се смешкавме ни 2 дена,а тој ме седна да разговараме за љубомората,хахаха. Па зошто да љубоморам?Ќе постигнам нешто?Ќе одам нон стоп со него и по него за да видам дали ќе и се насмее на некоја или дали ќе погледне во некоја? како и да е љубомората не е добра за двајцата.Едни наши комшии ,за жив грев нигде не одат ,не излегуваат на јавни места -пуста жената,мажот и го било страв да не му ја погледне некој жената. Љубомората е до тој степен што дури не и дава да работи,туку само дома и во двор со детето.Леб ,со леб ,продавница-кога тој ќе дојде од работа.Е сега ,дали има нешто од минатото што до толку е работата незнам!
Мајка ми и татко ми рака на мене не кренале, не па некој копук. Еднаш штом се деси, ќе се деси пак, нема толеранција ни преговори. Не постои нељубоморен човек. Познавам демек ладнокрвни и индиферентни девојки, но е чиста глумажа. Интересното е, што баш таквиот пристап фунцкионира. Таквиот I dont give a fuck став пали. Секогаш кога жена дозволува да и` се наредува и да слуша се` што ќе и` се каже (па уште и за алишта, wtf) - престанува да биде интересна, колку год била убава. Не е финтата да се привлече, туку да се задржи. Се` додека е типката свој човек, држи до себе и не заборава дека има сопствен живот, не е секогаш на закачалка, понекогаш може да се види со него, понекогаш не може... Он ќе трча по неа. Мажена жена од речиси 40 со 3 деца, цел живот тера таков "сеедно ми е" став, и и те како ја обожава сопругот. Јас што сум женско не можам да поднесам жена со љубоморни испади не па маж. Убави луѓе има на тони, машки, женски. Нормално е да се загледаш или искоментираш. Не значи дека го отсакуваш другиот и ќе се ожениш/омажиш со било кој/а убав/а што го знаеш. И нормално, кога и да му се деси на батето да погледне на страна, не се коментира ТИ ВАКА А У ГАДЕ ЕДЕН МАРШ НЕ МЕ САКАШ ЛИ ЈАС НЕ ЛИ СУМ УБАВА дрн дрн. Тишина, и на следното машко сушстество што ќе помине - земање мерка од глава до пети. Сеедно каков е. Пишав еднаш, еве пак - со карање и чангризање кај машко ништо не се постигнува, пошо у првите десет секунди престанува да слуша. Строго со акција. Доволно е да измеркаш друг.
Љубоморна сум и сваќам дека тоа навистина смета, но што да правам бе убав е! Се има случувано пред мене девојка да му се пушта ама јас кога прозборев..штама иии магла! Додуша ни он не е нешто подобар но, никогаш не кренал рака на мене, знае само да се налути или да се прави ладен иако по погледот го познавам!
Девојки имам еден проблем... Со дечкоми сум во врска 1 ипол година.. го сакам премногу и знам дека ме сака.. но има еден проблемммм.... МНОГУУУУУ ЕЕЕ ЉУБОМОРЕННН... и јас сум не викам не но он навистина претерува... секогаш мисли дека одам со некој друг... кога правам муабет со некој негов другар се лути мисли го свијам дека му се пуштам и разни глупости... Некој пат знае и да рече собери деколтетоо... бла бла (нај смешно ми е секое машко гледа некоја добро скоцкана женска а кога се работи за нивната таа не треба да биде такфа.. ццц оди па разбери ги маживе )... навистина не знам што да правам... ако не го сопрам некако ке продолжи ке почне да ме гуши ее тогашшш ниии В од ВРСКА !!! хеллппппппп грлс .... фала однапред
Вака сега, јас имав еден дечко сега бивши значи и ФАЛА МУ НА БОГА што е бивши.Значи љубомората е многу лоша работа тоа може да премине во болна љубомора, е тогаш е лошото.Мојот бивши ми беше пре пре преееее љубоморен ептен вкрај значи, и не ме оставаше да носам сукња ни фустан ништо, да не носам блузи со длабоко деколте ма какво длабоко никакво деколте, да носам ролки ме тераше во есенско време и во зимно време.Да не одам со сестра ми да шетам ќе не гледале машки, да не излегувам со брат ми другарите негови ќе ме гледале.Да не одам кај братучед ми исто и неговите другари ќе ме гледале.Не смеев да имам фејсбук, скајп, ништо значи не смеев да се приближам до компјутер.Кога и да одев до продавница до маркет, или на факултет морав да му се јавам секогаш, аууу да и патем не смеев да се шминкам за на факултет ме пречекуваше од факултет, не смеев да пушам, ми кажуваше со кој да се дружам од другарките и смеев само со една другарка да се дружам и да одам со неа на кафе ама и тој да идел со нас...ааауууууу многу работи има неможам до утре да напишам, па муабетот ми е дека ако и овој твојов прави вака одма да се скараш многу поубаво ќе ти биди после, јас уживам сега со мојот нов дечко срце е еве скоро година сме заедно и нема ништо од ова горенапишаново спротивно многу ме разбира и почитува.
не е до толку.. ми дозволува да се шминкам .. не се караме премногу јас сум за тоа повеке да се договориме околу некоја работа отколку да почнеме караница... не знам ке почекам уште малку ако не се смени ништо .. ке го седнам на еден добар муабет ... а ако и тогаш не биде ништо ... ке мора да раскинеме.. 18години имам не сакам да ме гуши некој уште сега Сепак фала ти пре пре пре многууу
Нема проблем.Ти си веќе доволна возрасна за своите ставови и постапки.Јас ти раскажав само едно мое искуство.Ќе ми биде мило да се средите со дечкото да имате еден спрема друг еден компромис, седни го и направете муабет, и со смирено, а ако не бива, тогаш ти заземи си свој став и кажи му дека ќе се смениш ти или крај ќе ставиш.Најубаво е со муабет да се решат работите, но ако тоа не бива, тогаш и понатаму да одолговлекувате пак ќе биди исто вреувај а може и полошо да стани.А ти ги имаш најубавите години, затоа уживај.Колку би сакала да се вратам јас на тие години и да сменам многу нешта во однос на тој бившиот мој аххх...само тоа е времето си поминува, затоа размисли си ти сама најубаво.Ти посакувам се најубаво.Поздрав
Многу сум љубоморна се разбира мислам како да кажам него не му искажувам туку во себе сум многу љубоморна нормално е секоја девојка сака да знај дечкото кај и оди со кого се дружи пасворд од фејзбок нормално е да се знај ... ама јас мислам дека претерав но сакам совет да ми дадете зашто многу се нервирам ... кога си ги дознавме пасвордите со дечко ми јас цело време се приклучував од кај него и кога тој беше онлине јас цело време му чепкав во разговори и тој виде дека истовремено сум приклучена од кај него и одма го смени пасвордо и ми рече кога немам доверба сега нема да го дознам и јас се си мислам дека се боцка со некоја си пишува не знам шо да помислам , понекогаш сум пишман шо ненемам доволно доверба мммммм мн сум збунета сакам сите проблеми да ги кажам но неможам ... од една страна мислам дека ако си пишува со девојчина на фејзбук пошто не е во живо работава не знам на што да мислам повеќе ... се надевам дека имате некој совет за мене ....
Довербата е најважната работа во една врска. Залудно е да се сакате ако не си верувате. И мислам дека залудно го губите времето, ако не му веруваш. Зошто си со него, ако мислиш дека тој си пишува со друга?
Искрено и јас сум имала искуство со љубоморен партнер и стварно е неподносливо. ко некој да те држи на конци цело време, и н он стоп се сомнева во тебе во секој збор во се што ќе кажеш во секој што ЌЕ ТЕ ПОГЛЕДНЕ... да не си му дала повод? Јас имав 17 години првиот пат кога идевме и 21/2 вториот пат. Демек се сменил. Одевме во просек по една година секој пат, но поради фактот што он не живееше во земјава, тоа не беше ни толку исфорсирано ни ни толку силно изразено. Јас се справував драстично со тие ситуации пошто од секогаш сум била самосвесна во поглед на тоа колку ведам, што е она што го нудам и што е она што го барам, и поголемиот дел од времето типов се контролираше. Имаше он некој комплекс со себеси. Вриеше од пари, фрчеа Дукати мотори, Спортски ниски коли најнови модели и слични нешта што ги форсираше пошто веројатно сметаше дека нема што да понуди. А напротив, мене тоа донекаде ме одби од него. Не дека не бев импредионирана, онак првите пет минути, ама ако тоа е длабочината на човекот, малку е... недоволно. Во најмала рака, ако тоа е начин од да ги замаскира своите психички недостатоци - во самодоверба, во интелегенција во што ја знам... Ондак, фала - не би. Јас бев заљубена и се трудев да му влијаам на секој начин - пробав со фино - да му покажам дека треба да ми верува. Пробав со лошоо - он гукни нешто - јас раскини... Пробав со игнорирање... НИШТО НЕ ПАЛИ. Пошто грешниот пристап е на тоа да се гледа како проблем во врската. ТОа е проблем на неговата личност и вие девојќи немате нипто со тоа. Тоа се некомплетни луѓе. И тие врски порано илии покасно завршуваат или со среќно раскинување/развод или со несреќен ЛЕПЕН брак. Јас не сум човек кој прифаќа нешто подобро од она што го заслужува, иол пак посакува, така што мене овој човек не ме направи среѓна и јас експресно успеав да го заборавам. Беше прва љубов, онаква занесена...Но не беше тоа тоа и сега сум сигурна во тоа повеќе од било кога. Никој не е должен никому да полага сметки. Човекот што ми е сега љубовта во мојот живот ме научи дека ако нема доверба..Не може да има љубов. ТИе работи речиси секогаш одат заедно. Довербаа е знак на почитување на личноста. Значи дека си спремна или спремен да го превземеш ризикот и да му ја дадеш на тој човек моќта да те повреди..но да му веруваш дека никогаш нема да го направи тоа. Е тоа ми е мене најтешко... Но мислам дека е прашање на време кога ќе се опуштам целосно... Доколку рубиковата коцка е сеуште вака совршено разместена, да не речам наместена, како сега...
Пробај со разговор да решиш.И мојот дечко беше таков и двајцата многу се сакавме..ама беше премногу љубоморен.И ја секој ден се карав зашо е љубоморен и му викав или смени се или крај со нас!И еднаш му раскинав така 4-5 дена неќев да попуштам и ми рече ај да се обидеме нема да биде по старо .. и пробав и стварно се се смени Мислам дека се ова со разговор може да се смени .. или со игнор
i jas sum lubomorna sekogas mu proveruvam vo negoviot mobi tel ili nekoako se javi na domasen tel jas sum sekogas sum do nego ili koga e izlezen sam bes men togas pokazuvam lubomorni sceni i od moja ljubomora odma doajgam ama doajgam so raspravija i mislam da ne me izneveruva