А да си го земиш дома да си го врзиш за радијатор или за некоја поголема шипка со лисици? Тогаш 100% ќе си сигурна дека не те изневерува.
Љубомората во врската нормално мора да е присутна за да се знае дека си значат меѓусебно, но секако до одредена мера. Се си има своја граница. Со претерана љубомора може да се изгуби партнерот бидејќи постојано ќе се нервира од љубоморните сцени.
Љубомората е убиец на врската, според мене. Мала доза љубомора може да делува симпатично, но мала доза а не драмење и контролирање, распит како на суд да си, каде, кога, со кој, што и како е претеризам. Па и јас сум човек и тој е човек, имам право јас на свој живот без никому да поднесувам детална сметка кога сум прднала и што тој ден сум ручала. Мене ме гуши некој да ми зад пети 24/7 и да се пазам како се однесувам, да не погледнам некој, да неможам да искоментирам и теко даље. Затоа со Петко мој си имаме опуштена врска, љубомора минимална која како што кажав може да биде симпатична доколку е во граници на нормала, нормално се сакаме и понекогаш може нешто да засмета но никогаш во овие скоро две години не сме соочиле со караница заради љубомора.
Љубоморна сум ... признавам ! Ама и дечко ми е...Доволно, колку што треба! Ако е претерано, тогаш следи разговор од каде и зошто се јавил тој налив на љубомора ?! Јас малце знам да претерам ама па досега од своето искуство сум сфатила дека исто ми се фаќа- дали ќе го пазам од женските или не, тој ако сака нешто на направи- ќе си го направи фино лепо Спојлер А, ако некој/а сака да си е 100% сигурен во својот партнер може слободно да ангажира детектив, да постави камери во секоја соба кај него дома и + да го прати преку GPRS ..е тогаш зошто да постои љубомора и сомневање ?!
Јас сум љубоморна-признавам ,но во одредена мера. Додека дечко ми воопшто ама воопшто не е.На почетокот беше да,но како што врви време се помалку и помалку,сега ич Знам,претерувам, барам влакно во јајце,но понекогаш ми смета дека воопшто не е љубоморен па дури и си мислам дека не се интересира за мене Кога ќе го прашам зошто така тој ми одговара "па јас тебе ти верувам 100% затоа немам потреба од љубомора" Што мислите вие за ова девојки?
Можеби навистина многу ти верува и е сигурен дека не би го изневерила, а може и едноставно не сака да покаже дека е љубоморен како на почеток што бил. Не ми делува на ништо страшно, уживај си во слободата што ти ја пружа
Дека не е љубоморен-длабоко во себе се сомневам ! Сигурно чувствува некоја мера на љубомора која може да ја контролира. Или па можда до тебе е?! Сигурно цело време знае кај си , што правиш и сл. па затоа ете стекнал доверба во тебе и до негде е сигурен дека нема да бегаш лево-десно, па дечкото смета дека нема потреба од љубоморни сцени! А тебе тоа многу ти смета, претопоставувам! Дечко ми на почетокот од врската не беше љубоморен, жива се изедов зошто, како, што?! Му дадов до знаење дека таа негова 100% доверба ми смета! Му кажав дека имам дечко, па дека сакам и тоа да го осетам, да ме заштити, да ме спречи неккогаш во нешто...а не искулиран тој па јас позеленувам, поцрвенувам и се нервирам зошто е толку ладен...кога на крај се воспостави дека сме различни личности па дека не сака за глупости да се расправаме, за разлика од мене - јас немам влакна на јазикот па правам сценички сместа, во моментот!
и кај мене слична ситуација, јас сум љубомотната, бев и повеке ,но кога каза дека не толерира тоа и дека смета оти не сум таква и затоа е со мене , малку се сменив,но во душата не. тоа сто ме боли ме боли, знае цесто да казе дека ке се гледа со ,,некоја,,одвреме навреме ми го прави тоа,ми казал дека врски претходни му се распагале поради неговата љубомора,а сега веке ич не е љубоморен .мене искрено ми смета тоа.кога ке му кажам несто јас за да го направам љубоморен ми вика: баш ми е галје.каде е вистината во сето ова?може ли навистина да се променил?може ли дане му е гаље јас што правам или е сигурен дека не правам ништо.а инаку врската е ок, сака да се гледаме и да сме заедно. Но....знае ли човек
ако сака да направи нешто ќе направи, а, ако немаш друга работа-љубомори! Не трпам љубомора, што има да седам и да се нервирам, леле каде е, со кого е...
Љубомора во одредени граници е сосема океј.. многу мала дозаа.. ноо болна љубомора е убиец на врската.. Ќе трпиш, ќе трпиш и на крај чашата прелива.. Јас не сум љубоморна имам многу доверба во него... Но тој... на почетокот беше страшно многу, сега подобро по многу разговори и кавги на оваа тема.. но некако човек неможеш да го промениш. И ако нашето пукне, ќе биде само поради таа љубомора..
тој сто ј а има љубомората знае колку е тоа силно чувство. камо да можев да не ја осејкам, мислам се трудам , но пак си постои , ех сега не толку силно колку сто бесе , но ја има.
Љубомората е сосема нормална работа. Ако некаој не љубомори на партнерот значи тука и цврста љуљбов не постои!
ја имав таа прилика да се запознаам со љубомората глупа работа...на почетокот на врската супер беше , ама после почнав да станувам многу љубоморна и ништо добро не добив од неа...нон стоп кај си? со кого си? зошто си? како си? ГЛУПОСТИ ...најглупата работа е што ти сам си се нервираш, губиш живции, и не сфаќаш дека уствари проблемот е само во тебе, а не во партнерот....сеуште сум со партнерот со кого ја запознав љубомората, но за среќа работите полека полека се оправаат...сеуште сум љубоморна, но тоа е она мала, потребна љубомора која ја потхранува врската...пу пу дан се урочим дури еве сега ми текнува дека кога бев многу болно љубоморна нон стоп на форумите барав начини да се ослободамм од неа...сеа дури не ни влегувам на такви темии...еве денес случајно ја видов и си викам да ја споделам и мојата приказна со феминките
нормално е да има љубомора во врската но да не биде претерана кај беше со кого беше, зш не се јави да кажиш дека ќе излегуваш па не знам ти какви забрани тоа е веке терор и таквата врска оди во пропаст. Искрено и јас сум малку љуоморна како и сите. но претераната љубомора не ја опраавдувам
..некој тука кажа дека доколку нема љубомора , нема ни љубов . Јас не се слагам со тоа , напротив Во вистинската љубов сите чувства се позитивни и се насочени кон човекот кој го љубите, при што интересирањето за нешто од страна е намалено или нормално го нема . Исто така нема ниту повод што кај партнерот би можел да ја разбуди љубомората кога се работи за вистинска (зрела ) љубов. На почеток од врската можеби да , нормално е да ја има во минимални количини , што дури и јас не го сметам тоа за љубомора туку љубопитство , за да дознаеш повеке за партнерот и да знаеш што можеш да очекуваш од него ....а ако е присутна и понатака тогаш е вистински проблем ....затоа што тоа значи дека првенствено не сме сигурни во самите себе ...а што останува за сигурноста во нашите партнери
Минималната доза на љубомора е здрава . Опасно е ако се претера ,па целата поента на врската да премине во Истрага ( на местото на злосторството)
Некои си имаат проблем да не носат кратко или теколте јас па обратно како ми е запнат секогаш деколте, секогаш кратко нервоза дури да те фати,па и срам Неможам јас секогаш така! Незнам што му е П.С.малку сум оффтопик се извинувам
љубомора во одредена граница - ДА! понекогаш таа мала граница причинува и задоволство , така тој повеќе сваќа дека има нешто вредно до себе и само за себе.. љубомората неможе да се скрие или избегне.. умерената љубомора е добра за здравјето и за поткрепа на самодовербата
Љубомора секогаш постои, мој проблем е што некогаш сум љубоморна и без причина, само џабе се нервирам.