A мене ме чуди зошто се даваат пасвордите на фејсбукот?Па тоа е приватност да го е*ам. Да сака да те изневери ке го стори тоа и ич око нема да му трепне.
Знам дека е лична работа ФБ, и не сегогаш го проверувам ама некогаш во лутина отворам.Ама добра сум не сум отворила одамна а имам намера и да му кажам да си ја смени лозинката ..Иначе во право си
Сметам дека малку љубомора во врската на некој начин е корисна.Секако во граници на нормалата. Тоа значи дека ја сакаш таа особа,се грижиш за неа,за вас како пар пред се,а ако баш ти е гајле со кого е и што прави значи не е тоа тоа..не е вистинскиот . Мојов на почетокот на врската вика ако сакаш да си ги размениме пасвордите на фејсбук ? јас ваква бев.Што има потреба од тоа ? Ако до толку не ми верува и сака да контролира се боље да не сме ни заедно.2 месеца и нешто сме заедно и ниеднаш не сум му го земала телефонот и да почнам да чепкам по пораките или незнам што.Тој направи така па убава лекција му одржав после тоа Ако нема доверба нема иднина.Не сакам врска во која постојано ке му вршам контрола над профилот или мобилниот или пак тој на мене .Глупо ми е многу :geek:
Љубомора треба да има во определена доза, доволно да не ја затруе врската и да ја уништи. Порано јас бев многу љубоморна и тоа не ми донесе ништо добро; цело време се нервирав, ако не ми се јавеше се депримирав одма итн. Со тек на време успеав да се псравам со љубомората и да ја сведам на минимум. Инаку не да си љубоморна, не пораки и повици и фб да проверуваш, ако те вара, вара те, со ништо не можеш да го спречиш тоа, туку само ќе го направиш повнимателен.
А зошто да не му го знае пасвордот на фб или било каде? Не велам дека треба да му отвара и чепка, ама што сега: ај мижи да го напишам пасвордов? Да беше сеф со пари ќе разберев, ама фб...
^ Има вистина во ова... Мене еден дечко одамна без проблем ми го кажа пасвордот, демек нема што да видиш од кај мене, а и му средував фармата на времето... Коа почна нешто да крие... Е тогаш, сам си ја средуваше фармата...
imam problem..a moze i ne e problem so deckomi sum vo vrska skoro 2ipol godini...na pocetokot bese mnogu privrzan za mene duri jas i mu priznav deka togas ne sum go sakala...pomina vreme i go zasakav i se i ni bese super...po nekoe vreme pocna da bide podrug da ne e onoj kako so bese na pocetokot.. go prasuvam zosto etoa taka znae da kaze deka me saka deka nisto ne e i deka nemoze vo vrskata da bide se kako sto bilo na pocetokot..eve sega vo posledno veme preku den poretko se slusame toa e na fb i navecer ako izlezeme setanje i standard sekoj den pomos i kazete kako da postapam na ova ne sakam da bide vaka zosto mnogu go sakam i mnogu mi znaci a on e takov daa ako nekoj go vikne za pomos ili slicno on odma odi a so mene preku den ne se gledaaa... heeelp
Абе зошто мижи да го напишам пасвордов? Јас лично, да го пишува пасвордот додека сум во истата просторија, нема ни да погледнам кон тастатурата и да му ги следам прстите, па да видам што напишал. Едноставно не ме интересира. Кога би ме интересирало до толку нешто, поарно ќе му речам Покажи ми, отколку да му знам пасворд и сама да си проверувам. И обратно, кога дечко би сакал кај мене нешто да види, ќе му покажам, не е проблем никаков, ама пасвордот не му го кажувам. Тоа си е лична, приватна работа.
Значи или јас сум изрод или не сум имала до сега партнер кој би ја разбудил љубомората во мене. Ама стварно. Ама никогаш,стварно никогаш не сум му барала на бивши извештај,каде како што биле,како правеле,кога какале и така натаму. Само еден од бившите ми значел многу за да оноа,сакам да знам каде е и како е. Али ни тоа не му го правев. Едноставно имамвме доверба. Другите,сите ми се небитни. Никогаш не сум била љубоморна,по природа не сум љубоморна,така да не знам.. За скорпиите секогаш читам дека сме многу љубоморни,али што знам.. Никогаш не сум се нашла во ситуација да бидам болно љубоморна,до забрани да стигне цела работа,а тоа фб,проверување и такви ствари ми се чисти глупости. Се надевам дека и во иднина ова ќе си остане и дека она што и јас не го барам од него,дека и тој нема да го бара од мене,затоа што во тој момент кога ќе ми каже доста од нешто,јас ќе му кажам за нашето доста.
јас сум премногу љубоморна. незнам што да правам со тоа. се обидувам да не бидам некогаш но неможам да се воздржам.
Мислам дека може да дојде до вакви работи поради љубомора. Ако некого, пр. дечкото постојано, ама баш постојано постојано постојано го прашуваш(го давиш) каде бил, со кого бил, дали контактира сеуште со бившата, дали постои некоја друга во неговиот живот и сл. можеш да очекуваш дека ЌЕ го направи тоа, иако до сега не го правел. Тоа е научно докажано! Лично јас, ајде да не кажам ич, ама многу малку сум љубоморна. Мислам дека љубомората е повеќе штетна. Во ред, добро е да постои мала доза на љубомора, сепак и тоа е на некој начин доказ дека нешто му значиш на партнерот, но не секогаш. Преголема доза на љубомора може да доведе само до прекинуваље на врската. Ретко кој може да издржи таков притисок, додевање, постојано испрашување.
A пак воопшто да не прашуваш ке помисле партнерот к*р/долната ја боли за тебе кај си со што си и што правеш.Да бидам искрена јас порано бев претерано љубоморна.Абе ми пукаше филм ако видев некоја да му лајкнеше песна,статус или слика и веднаш си помислувам дека има нешто и започнувам со моето напнување.Исто така и денес,претерав,и сум свесна ама не сакам да го загубам ако премногу си дозволува а тој е во таков период што сака се да искуси.Сакам јас да ме почитува додека е со мене и да не погледнува во други,сакам комплетно да ми се посветува а додека е со другари што сака нека направи.А да дознаам дека ме изневерил е нека му ја мисли.Нека си бира парцела односно место за гроб за да го закопам.Некој би рекол ако сака да те изневери ке го направи и тоа и да ти е во комшии така прочитав некаде на форумов и така е.И се лути партнерот доколку сум љубоморна,па ако ми дал повод за тоа зошто да не сум?
И јас станувам ваква луѓе.. се ми смета дури се срамам работите што ми се мотаат во глава да му ги кажам!! ке ми се смее не не .. не смеам !!!
kako da ja kontroliram ljubomorata? Ve molam za sovet kako da ja kontroliram ovaa ljubomora???? koja mislam deka ja ima preterno mn a toa ne mi se dopaga .....
kako da ja kontroliram ljubomorata? Помисли на тоа дека ке го изгубиш дечко ти ако продолжиш вака.Друго не знам што да ти кажам
Нормално е во секоја врска да има мала доза на љубомора! Некогаш е и убаво. Знаеш дека премногу му значиш на другиот и не сака да те изгуби! Но, повторувам само доколку ја има во мала доза! Јас сум љубоморна, секако. Некогаш знам да претерам и после си трескам глава затоашто сум си дозволила за банална работа да пројавам љубомора!
Има една приказна. Ако сакаш да фатиш птица на дланките, мораш рацете да ги држиш мирно така таа ке види дека има простор, и дека нема ништо да и направиш и ке застане. Ако долета и наеднаш ја зграпчиш, таа ке се преплаши, ке почне да се бори и ке излезе. Поздрав до сите кои успеваат дланките да ги држат мирно. Што можете да направите вие мори чафки едни (се извинувам за епитетот) ако тој некој си ваш сегашен дечко ја сетне љубовта на својот живот додека е со вас? Или што да направави тој ако се појавува во вашиот живот некој типац у пичку матер јак за вас, за кој мислите дека тој е тој, и ништо друго не ве интересира? Љубовта е виша сила бре! Тоа ми е мене сфатено, дека јас ко јас, ништо не можам. Тоа е тоа, па макар и на глава да застанам. Ако ми е дадена причина вистински, да би се однесувала љубоморно од типот да прашам и да кажам дека такви мисли имам, дали се вистина или не. Секогаш викам отвореност, ние повеќето сеуште сме млади не сме венчани Господи Боже, што и да се случи да кажат. А се осмели ли некој зад грб да ме прави ненормална, искрено к***в ме боли, оти се што си дозволил си има своја цена која понатаму на било кој начин ке ја плати, а јас ке си го најдам капачето на друго место.
Љубомора во врската, нездраво е ако ја нема, и ако ја има премногу. Златната средина е клучот. Нормално дека сум љубоморна ако насетам нешто што не ми се допага. И тој е љубоморен ама не искажува. Имаме обавезно на 3-4 месеци по еден ден кога сме скарани и кога се кажува се, и што се мисли и што не се мисли, и тоа карење трае само еден ден. Другиот ден се е по старо и секој си знае што му пречи на другиот и пак такви грешки не се прават.
a sto da pravam pak jas...vek tri godini se matkam so zenet na koj na pocetok ne mu bev tolku ljubomorna...se dodeka pocesto ne pocnav da naletuvam na zena mu...pocnav da se zamaram kolku cesto spijat zaedno bidejki koga deteto im bilo pomalo spielo so nejze sega veke deteto si bara svoj prostor no ponekogas spie so majka mu...kako i da e mene mi smeta...covekot se zanimava so muzika...recisi sekoj den e so mene(znaete vo koja smisla)i pak jas sum nezadovolna mislam dali gi komentira zenite dodeka e na svirka tvrdi deka ne a znam deka nee taka lazenjeto za banalni raboti napravi vo nisto da ne mu veruvam...za nego crnoto e belo...pomlada sum od nego 15 godini i pak su jas ljubomornata neznam kako da se spravam so ova...mislam deka ova ke i ostane problem i za normalna vrska...kako da mu veruvam deka negovata zena ne e tolku zainteresirana za odnosi koga zenata izgleda kao devojce zarem e mozno toa?ili sum vo vrska so tip koj uspev ai so mene is o nejze ,,aktiven do tolku da bide,,togas on e-fenomen...bidejki mi epostojano pred oci pretpostavuvam deka n epostoi i treta..nemozam da tvrdam..ama mi preci sto iskomentiral za nekoja tinejdzerka a pred mene vika takvite luge bile pedofili a sto e on???kako da pocnam da ne se zamaram za tip koj e zenet kako bar na nekoj koj ezenet da ne mu pravam ljubomorni sceni...ocajna sum.postojano mu prakam sms koga ke sfatam deka prethodnata vecer bil so zena mu...go ubivam so gnasni komentari kako,,kako domasniot sex,a??,,mi se povraka od moite zborovi ama posilno e od mene.... [mod-kirilica:2vk7jk7a][/mod-kirilica:2vk7jk7a]
Љубомората може само да ја расипе врската ништо друго.Според мене доколку мојот партнер е љубоморен значи дека не ми верува,дека нема доверба во мене,епа ако немаш доверба во мене,ако не ми веруваш ако мислиш дека кога ќе се свртиш јас ќе те изневерам тогаш зашто си со мене?Според мене секоја врска за да биде успешна освен врз љубовта е базирана врз довербата помеѓу две личности.Поарно доколку нешто не ти се допаѓа гласно и јасно кажи го во лице а не некои љубоморни испади.Со тоа само го гушиш партнерот па дури може да се створи и одреден степен на одбивност..