Љубомора мора да има во секоја врска ама да не биде претерана.Јас многу бев љубоморна и нон стоп се каравме но сватив дека со љубомората нисто не постигнав и престанав да се замарам и сега ми е многу поубаво откако не се замарам толку односно не љубоморам толку
Јас мислам дека треба да одам на психијатар? Ха.. се зезам. Озбилно, многу сум љубоморна. Сакам да знам секогаш каде е, со кого е, што прави, кој му ѕвони, кој му пишува порака, дали аднал некој на фејсбук, што си пишувал со другарите и слично. Не знам веке дали оваа да го наречам љубомора или опседнатост. Ако не се видиме еден ден веднаш се мрштам. Имам потреба од него. Сакам да се променам! Нејкам да бидам ваква нападна женска затоа што поради тоа многу пати сум имала проблеми. Поминал ли некој од вас низ ваков проблем и како го решивте? Како престанавте да бидете опседната/љубоморна?
Штом самата си го знаеш проблемот и можеш да го кажеш-пола проблем е решен. Во еден твој коментар имам прочитано дека чувствуваш некоја далечина од негова страна- можеби ова е проблемот. Треба да се смириш малку, убава е љубомората но не во оваа мерка. Секој пат кога ќе ти дојде да избувнеш со прашања од стилот на : Кај вртиш? Кој ти звонеше? Со кој се слушна денес? Застани! Издиши неколку пати и преќути, тешко ќе ти биде на почеток многу - тоа сигурно, ама полека ќе почнеш да се помируваш.. Или ако ептен неможеш да издржиш да ја “испукаш’’ твојата љубомора- јави се на некоја твоја другарка и изнакажи и се, ќе ти биде многууу полесно ( поготово ако другарка ти дава коментари дека нема потреба да си љубоморна ), или земи си тетратка и таму пишувај си како се чувствуваш, па секогаш кога ќе успееш да преќутиш и да не се “распрашуваш’’ тоа ќе биде поен + за тебе. Знај една работа, што може многу да ти помогне- машките сакаат самоуверени девојки, девојки што не ги преплавуваат со банални прашања и пред се, девојки што не им вршат постојана контрола. Па ако пробаш да се смениш, малку по малку од кај знаеш? Можеби ќе го изненадиш и ќе почне да му недостига твојата љубомора со што повеќе ќе ти се посвети и ќе биде во прашалници што се случило, а ти ќе знаеш дека играш правилно
Здраво девојки нова сум на форумов можеби и не е најсоодветна темата Сакам да прашам, пред некој ден страшно се скаравме со дечко ми, можеби и бил во право до некаде ама како и да е. Дали вие би дозволиле да ве тепа да ви удира шлаканици да ви ја врти главата за да зборувам и да го гледам во очи, и други работи што мислам дека не ги заслужив верувајте овој пат ке му простам пошто беше под голем стрес но ако се повтори не иако премногу го сакам (и сигурна сум и тој мене) ваше мислење??дали сето ова се оправдува поради големата лјубомора?
Никогаш нема да дозволам да ме удри шлаканица,девојче денеска ке те удри шлаканица утре задутре недајбоже ке те удри повеќе или ке ти биде маж и ке му дозволиш да те удира да те тепа бил под стрес,ајде биди и ти под стрес и удирај го па види как ке му биде мислам некој луѓе премногу си дозволуват па не ти е тој родител да те удира,мислам дека треба да размислиш и да си направиш муабет и со него.. А дали тоа му е првпат или ?
не никогаш предходно во право беше што се налути за ситуацијата, иначе е многу примерен не бил никогаш насилен, премногу ме сака, кратко сме заедно за да знам одприлика 2 месеца но никогаш не бил толку бесен си помисли дека го имам изневерено и сега е се нормално не сакам да се сеќавам на тоа веќе...
2 месеци и не е некој период,но што и да се случи мислам дека предходно треба разговор лесно е да се стигне до удирање,мислам не ја знам точно ситуацијата но како и да е такви бурни реакции не оправдувам,се останува на тебе но едно мое правило,ако го направил еднаш ке го направи и втор пат
Не, нема да дозволам да ме тепа. Не, не се оправдува со никаква љубомора тепањето! И колку он да е во право, не е тој начинот да ти го укажува тоа! Можел со фин муабет да ти објасни ако му пречи нешто и да се разберете ко луѓе, а не со шамари да те учи! Тиквар! А не, се изнервирал идиотот и што сега? Ти треба ко боксерска вреќа да си му? За два месеца не можеш да знаеш за што се е способен човек. Ако не дај боже, се изнервира пак по некое време и ако биде полоша ситуацијата, сакаш помодрена да си шеташ? Јас не би простила, се покажал више што може да стори. На тебе останува.
Сум љубоморна и тоа многу , само не покажувам . Љубомората не ја врзувам со љубов, туку со припаѓање. Кога сум со некој во врска, мислам дека ми припаѓа само мене . Но не сум љубоморна дека нешто ќе направи со некоја, туку несакам кога некој ми го краде него или времето со него , се однесува како незнам колку добра другарка а знаеш дека не му е.. Пример една другарка на мојот сегашен дечко му заѕвоне на телефон 6 пати , а ние бевме заедно, и мене ми скурчи . Ме позна по тоа што свенав одма во расположение. Разговаравме и беше се ок. Инаку кога имаш доверба, се е во ред. И дечко ми ми покажа дека е љубоморен неколку пати , ама мала љубомора на некои ситници. Љубомората е во ред се додека ја контролираш . Што мислите вие љубомората е знак на љубов или припаѓање?
девојки ги читам вашите коментари и констатирав дека скоро сите сме со истиот проблем, јас дури размислував да одам и да се консултирам со стручно лице-психијатар се додека не почнав самата да се воздржувам, ми беше тешко на почеток каде е со кој е дали кога е со другари ме лажи и сл.почнав на старт да не му отворам смс и повици кога го направив тој чекор почна и дечко ми да не ми отвара и сватив дека за се што сме се карале биле моите лјубоморни испади. Сеуште не ми е сеедно ме напаѓаат негативни мисли дека тој ме вара но кога не почнувам таква тема нашите односи со партнерот се екстра НО МЕ МАЧИ ПОМИСЛАТА ДЕКА АКО ВО ЕДНА ВРСКА СЕ Е МЕД И МЛЕКО ЕДНИОТ ОД ДВАЈЦАТА ПАРТНЕРИ ГЛМИ ЛУДИЛО. Дали и вие имате за истото размислувано? Поздрав
Тука сууум, same situation here . Значи ми има на милион начини покажано и докажано дека само мене ме сака... Ама, се плашам ваљда од помислата да не го изгубам, па затоа не можам да се опуштам и да уживам, туку нон - стоп правам глупави љубоморни испади, за кои од кога ќе ми помине нервоза, напад на љубомора сфаќам дека се неосновани и не потребни! Човекот си има свои работи, обврски, желби, а јас како некоја глупача само го притискам и со тоа го оддалечувам од мене! Свесна сум дека проблемот е до мене... Ако ми рече срценце утре нема да можеме да се видиме, одма скокам ти не мислиш мене како ми е, не ти е гајле ја дали сакам да те видам... ни прашувам зошто, ни кои обврски ги има... само да се расправам А не сакам! Потсвесно е ова ваљда, ама еве се обидувам да не сум веќе ваква... Не се секирај! Ако го надминеш овој „проблем“ ќе се појави нов кога двајца се сакаат, или кога ти е гајле за некого, не може а да не ти падне нешто криво... иако другиот можеби и несака намерно да те повреди... Да ги откачиме негативните мисли и малку посамоуверено!
mislam deka ne e tocno toa deka ako vo edna vrska se e med i mleko deka edniot glumi ludilo........od licno iskustvo vo vrska sum 5m god i se imame skarano samo 3 pati,od koi jas sum bila pricinata....eve si priznavam deka go izlazav nekolku pati i deka mu priznav ama so tesko srce priznav i deka se sum skrila za da ne go povredam,premnogu zgresiv so poslednata karanica,i eve sega se trudam da vratam del od toa sto sme go gradele 5god,ako nekogo sakate bi napravile se za nego,sekako jas napravivi mnogu raboti otkako go izgubiv,ama eve se trudam tesko e ama ke se izboram za nego zatoa sto go sakam i premnogu mi znaci, kako i da e mozam samo da kazam da bidete iskreni bez razlika dali e toa sitnica ili nekoja golema rabota,eden sovet koj jas go nauciv od mojata ljubov pozz do site [mod-kirilica:1thufc6y][/mod-kirilica:1thufc6y]
На несигурност, немање доверба, недоволна самодоверба, непочитување на партнерот, а и себеси. На ништо друго. Не верувам дека љубомората е знак за љубов, тоа ми е апсолутно бесмислено. Некои мали, минимални испади, по можност што поретки делуваат можеби слатко и смешно, остатокот е само за психијатриска опсервација. Припаѓање ... не би рекла. Љубоморна сум - затоа што сакам да ми припаѓаш само на мене? Попрво би рекла дека потребата некој да ви припаѓа 24/7 само вам, ја поистоветувам повторно со несигурност, страв од напуштање, потребата да се биде покрај некого, да не се остане сам/а.
Секако треба да постои одредена доза на љубомора, во секоја врска бидејки колку и да сакаме да се правиме дека нас, ништо не не допира тоа, просто не е така. Проблемот е во тоа, таа љубомора да не премине одредени граници но ако се случи да почувствувате дека го губите тлото под нозете, тогаш треба да си побарате стручна помош или ако увидите дека вашиот партнер е болно љубоморен треба на време да му, посочите да си побара стручна помош а не да ве, матретира вас.
Кога нашата врска почна да биде сериозна,сватив дека нема потреба од љубомора,пред тоа бев љубоморна .Тој и на почетокот беше љубоморен така и си продолжи,но јас седнав му објаснив дека нема потреба од љубомора,се смени но не многу и сега ќе се случи да забележам дека е љубоморен.Јас му верувам,имаме долга врска а мислам дека врска без доверба не се гради,и 50 женски да има околу него не верувам дека дека ќе почуствувам љубомора само ќе заклучам со тоа дали вреди што е со мене.
tocno taka se soglasuvam,bez doverba nema nisto da dobiete...............jas imam druga maka epten opleskav i sega neznam kako i sto da napravam za da vratam barem del od taa doverba sto sme ja izgradile zaedno ako napravam nesto izleguva glupost i povtorno go razocaruvam,ako napravam nesto ubavo nekakov gest so nekakov poklon ili sms ili neznam ete nesto ubavo, go napnuvam,i samiot mi kaza ostavi na vremeto,a vremeto leci rani...........nemozam da ostavam na vremeto ne sum covek sto se otkazuva od toa sto iskreno go saka nemozam a da ne napravam nesto, i sto da pravam???help
Па можеби сега треба да го послушаш и да оставиш на времето. Тоа не е дека се откажуваш од него, туку ја оставаш вашата врска во рацете на судбината.. Не мора да значи дека ова ќе заврши лошо. Можеби со текот на времето тој ќе свати дека му требаш и дека не може без тебе и тогаш ќе ви е многу поубаво.
а што правиме ако треба многу време.............пример незнам колку ама еве веке 2 месеци поминаа,незнам ама мислам побрзо стекна доверба во мене кога поцнавме да се гледаме отколку сега што знае и како дишам