Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубомора во врската

Дискусија во 'Врски' започната од kate, 19 ноември 2009.

  1. DzivDi

    DzivDi Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    љубомора

    Hellp во врска сум веќе година ипол до пред некое време не ми пречеше ништо што ке направи мојот дечко кај ке оди и слични работи веќе 3-4 месеци се наоѓам во голем проблем ми пречи се сто ке направи дали ке појде некаде со др на кфе дали ке се дружи со некои девојчиња кои ги знам и јас исто и сум во контакт со нив било што да направи мене ми прече и си мислам дека ме изневерува помогнете ми незнам кај да се обратам за помош...
     
  2. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    зборувај за тоа со него...мозе не прави нисто лосо па да помислис такви работи...следиго и види сама со свои оци и нема да ти преци повеке....иако знам како е ова цуство најпарвин зборувај со него дека ти преци и слицно а пота ако сакас мозе да го следис и да видис сама со свои оци па да нема повеке такво цуство..
     
  3. DzivDi

    DzivDi Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    ne odi nikade postojano sedi doma i ne izleguva mnogu bidejki znae deka na mene mi preci i deka ke napravm kavga bez pricina zatoa izbegnuva mnogu retko odi ama sekogas koga ke zamine jas se lutam znam deka greskata e moja a tolku e mil so mene ama jas toa go zloupotrebuvam postojano go odbivam se inatam se lutam bez pricina mi se slucuva nesto neznam sto kako toa da ne sum jas jas obicno sum vesela nasmeana ozitivna licnost sto se zafrkava so sekoj razbira zafrkancii a sea ednostavno sum odbivna sprema sekogo nemozam da podnasam nikoj sakam samo da sum sama i nisto poveke
    [mod-kirilica:2ip7f5h9][/mod-kirilica:2ip7f5h9]
     
  4. 1-Lady-in-red

    1-Lady-in-red Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    44
    На почетокот на врската имаше љубомора,а сега откако ја зацврстивме не гледам причина за љубомора,постои некој мал грам на љубомора за да биде повкусна врската :lol: но повеќе од тоа НЕ.Кога би била во една таква љубоморна врска не верувам дека ќе издржам го гледам тоа како недоверба и ужасно ме провоцира да реагирам негативно :fubar: па зарем и вреди да се живее на тој начин,верувам на партнерот исто како и во себе(во долга врска сме) а ако се уверам дека моето мислење е погрешно ќе се исправам,ќе продолжам...но се разбира без него |-) Значи со ова сакам да ви кажам дека подобро би била сама отколу во некоја нездравава врска,во која ќе владее љубомората :)
     
  5. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Малата и привремена љубомора е нормална и неизбежна во партнерските односи ако има љубов. Меѓутоа, хроничната и претерана љубомора е многу непријатно чувство - кое има сила да го наруши здравјето, да произведе насилство и да го уништи бракот или врската.

    Љубовта и омразата се измешани во љубомората и тоа бидејќи личноста набљудува дали неговата голема љубов према партнерот е загрозена со појавата на трета личност, конкуренција.

    Омразата тогаш е насочена, како према конкуренцијата, така и према саканата личност, бидејќи новата потенцијална љубов измеѓу нив значи губиток на љубовта за личноста која чувствува љубомора. Примитивниот смисол на омразата е во тоа да се задржи објектот на љубов за себе.

    Кога преоѓа во патологија
    Зад патолошката љубомора секогаш стои претерана желба за контролирање и поседување на партнерот, која ни говори за присуство на лична несигурност или чувство на ниска вредност. Тука како да постои правилото: ако некој е неосновано љубоморен, тогаш е понесигурен во себе.

    Дали љубомората може да биде оправдана
    Секако дека љубомората може да биде и оправдана. Многу луѓе обвинуваат дека со чувствата на партнерот нешто се случува, се сомневаат, но нивниот партнер го негира сомнежот и дури може да се лути бидејќи некој воопшто се сомнева во неговата искреност. За жал, голем број на случаи на сомнеж се покажале точни.

    Конструктивно решавање
    Потребно е веднаш да се реагира и тактички, но сигурно да се сврти вниманието на партнерот на она што ви смета во неговото однесување. Потоа набљудувајте ја неговата реакција на тоа. Ако се налути, а вие сте биле многу внимателни и конструктивни во својата замерка, тогаш ќе имате проблеми со него. Партнерот кој навистина ве сака нема да реагира бурно и налутено затоа што вие сте осетиле љубомора, туку ќе проба да ве разубеди со насмевка и прегратка. Истотака, ќе го приметите неговиот труд на таквите недоразбирања да бидат што помалку.

    Дали се лечи
    Лечењето на љубомората е лечење на изворот на лична несигурност и чувството на ниска вредност. Не е доволно тоа личноста да ја уверуваме дека претерува со својата љубомора, дека би требало подобро да ги контролира своите изливи на љубомора. Тоа ништо нема да промени. Мораме, во текот на повеќе месечна работа, да му помогнеме на клиентот да ги препознае и осветли несвесните чувства кои се покренати со одредена динамика од семејните односи (во детството и младоста), динамиката која носела непрепознати значења дека таа е небитна, губитник, неспособна, зависна од другите, неатрактивна, неинтересна, обична. Овие болни чувства мораат да бидат препознаени и доживеани за личноста да ја врати вербата во себе, своите особини и можности и реално и рамноправно да влегува во љубовни односи.
    Љубомората ја сваќам како страв од страна на партнерот да не ве изгуби.
     
  6. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    Јас имам проблеми со љубомората. :worried:
    Со дечко ми бевме скарани од прилика две недели и тој ми рече да размислам убаво што сакам да биде со нас и да му кажам.
    Вчера се видовме и му реков дека веќе не сакам да се гледаме толку често, не сакам да му знам пасвордот на фејсбук, не сакам да излегува со мене кога не сака и нема да ми смета веќе ништо и за ништо нема да му преговарам.
    Но сега ме јаде од внатре љубомората. Сакам да му влезам во фејсбукот да видам што има, дали си пишува со некоја.. :@ Баш сега му пишав да ми го даде пасвордот, а тој ми рече па нели ти сакаше вчера така? Ми рече кажи ми што те интересира јас се ќе ти кажам.
    Како да ја тргнам таа љубомора веќе?
    Како да престанам да бидам љубоморна и да му верувам? :(
     
  7. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Само се залажуваш,неможе да не си љубоморна ако го сакаш.Јас би ти препорачала да си бидиш љубоморна ама не го искажувај тоа пред него :lol:
    Еве јас толку време сум со мојов и неможам да ја победам љубомората,па ни тој :lol:
     
  8. Anicka.B

    Anicka.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    16
    Јас бев љубоморна, но веќе не сум
    Ама ненормално многу ми смета љубомората во врска :@
    Дечко ми ( веке екс :D ) имаше чудно мислење за зборот ВРСКА :^)
    Нему не му сметаше ништо , доколку за тоа е навремено информиран и е даден „опис“ со кого, каде, поради која причина :devil:
    Мене тоа ме нервираше затоа што и сами знаете дека може непланирано да излезе нешто, било седенка, било излегување, било шопинг ... е секогаш ко ке се десеше нешто такво , непланирано, кај нас имаше „ војна “ која завршуваше со раскинување, и наредниот ден следууваше смирување.
    Ама , тој начин на „комуникација „ мислам дека ме натера да престанам да го сакам бидејки постојано ми одеше на нерви . се слушавме по 10000 пати на ден и не секогаш имавме што да си кажеме. Бев искрена и постојано му велев дека таа негова љубомора и радозналост ке не уништи, не ми веруваше :(
    Е сега се надевам СЕ УВЕРИЛ
     
    На mari-mari му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lady.com-mm

    lady.com-mm Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    5
    Luge mi treba sovet...sepak tuka na forumot ima licnosti koj mnogu poveke imaat pominato vo zivotot od mene taka da ve zamoluvam da me sovetuvate kako da go prebrodam ovoj periot,znaci imam 18 god imam seriozna vrska i na nekoj nacin sum verena no toa ne znaci deka za brzo vreme i ke se mazam.Zborot mi e vo posledno vreme sum preokupirana so minatoto na decko mi toj imal vrska od 2 god i mnogu bil zaljuben no sega znam deka e toa sega minato zatoa sto nie dvajcata sega se sakame i srekni sme no me maci toa sto taa devojka t.s negova eks devojka i spiela kaj nego i bila bliska so negovite roditeli...Me bole mnogu toa i me mace no neznam kako da go prebrodam,no najmnogu me bole toa sto taa mu bila prva ljubov se plasam deka nema da ja zab nikogas..... :)))))
    [mod-kirilica:Dxk0e656][/mod-kirilica:Dxk0e656]
     
  10. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Првата љубов е убава, но зарем не си среќна што ти си последната и што со тебе решил да го живее животот? Уживај во љубовта, не ја труј со љубомора :)
     
    На lady.com-mm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lady.com-mm

    lady.com-mm Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    5
    Да среќна сум што јас сум тааа што ја избра но сепак некој работи ме копкаат.....тааа девојка му правела проблеми во др врски што тој ги имал после неа,Мене само ме страв да не го загубам поради таа девојка :)
     
  12. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    јас веке не знам дали е лјубомора,лјубов од срце,,глумејне дека е лјубов,само искористувајне не тело и срце,,или сто усте не.NEZNAM!!!!/....
     
  13. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    А незнаеш ни Љ што е и дека е буква полна Љубов и дека Љубопитно очекува да се сетиш на неа, и дека нема да е Љубоморна ако ја искористиш, а тек па за Њ...
     
    На WarriorAngel и mims-89 им се допаѓа ова.
  14. malecka90

    malecka90 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    ЉУБОМОРА Е НЕИЗЛЕЧЛИВА БОЛЕСТ!! :D :D :D :D
     
  15. FemmeFatale

    FemmeFatale Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Велат,понекогаш личам на разузнавач во ДБК , или десна рака на Сашо Мијалков :D
     
  16. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.354
    Допаѓања:
    3.627
    Пол:
    Женски
    Леле кога ќе ми текне порано колку сум била љубоморна, брееееј.. :$ :tmi: :tmi:

    Сега, гледам дека се дешаваат работи пред мене а јас воопшто не се замарам.. Дали ми поминало или јас сум се исфилмала појма неам, ама во последно време ама ич не сум љубоморна.. И боље ми е вака.. :D :D :D
     
  17. 1-Lady-in-red

    1-Lady-in-red Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    44
    јаооооооо која болест ли ја имав и сега се прашував,додека дечко ми ми беше симпатија абрееее град ќе превртев да знам каде е со кој :( страшно :lol: сегаааа нее во ред ајде можеби сум љубоморна но си имам мерка :D имам доверба во него и се излечив од онаа болеста :tmi:
     
  18. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Од љубомора до ЉУБОМОРА има разлика.
    Секако, некои работи не ми паѓале сеедно, мислам, да не се правеме нешто што не сме - емоционално недостапни.
    Но главна поента е како ги поднесуваш и како се справуваш со истите.
    Ние од понежниот пол, ако дечко не ни рече кој ти е тој што ти пушти смс?? - автоматски не не сака, додека ако ни рече - тој е конзервативен и не ни дава простор да дишем, ме гуши. :!:

    Често разговаравме со дечко ми за „Љубомора“ и двајцата имавме заедно мислење дека на секој ни треба простор и време само за него, во кое нема да вклучен и другиот.

    Почитувањето, нормалната перцепција на неговото/нејзиното социјално опкружување се многу битна алка, во целата таа ситуација, како и личната самодоверба! Искрено не би сакала да му дишам на некој у врат 24/7? Дали нашите заеднички моменти треба да се темелат на константни објаснувања и тупење во место?

    Љубомората понекогаш е знак дека на некој вистина му значите,но тоа е во умерена доза се разбира..

    Сакам да уживам во врската, да градеме најубави спомени, да созреваме, а не да се занимавам кој го боцнал на фејс бук, лозинка од него, кој му титнал, што разговарал итд..

    Имавме прекрасна врска, взаемна љубов, разбирање, почит, интереси. Само ме напушти прерано и замина да ме гледаш и бодриш од кај облаците... Зошто... ;(

    Јас и тој ќе бидеме пак заедно но некаде на облаците...таму каде што тој ме носеше секогаш кога ќе ме фатеше за рака...јас му ветив и тоа ќе го исполнам..
    Ќе бидам јака и ќе успеам во животот, а тој секогаш ќе биде тука со мене...можеби не можам силно да го гушнам и да ги видам неговите прекрасни очи но можам да го почувствувам неговиот дух...како е со мене и тоа ми дава сила...јас знам дека тој никогаш не ме напушти и никогаш нема да го стори тоа... :!:
     
  19. Innna

    Innna Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Читајќи ги коментариве гледам дека не сум единствената која не може да се справи со љубомората :) Повеќе од година сме заедно. И иако летото во два различни града бевме јас воопшто не бев љубоморна и е се замарав кај е и со кој е, за разлика од него. Сега сме скоро нон стоп заедно но јас премногу сум љубоморна, ми смета тоа кога пишува со други на фејсбук, а најмногу од се ме нервира што тој се сака да знае кај мене што се дешава, а јас кај него не смеам ништо да чачкам. Тоа јавува некоја недоверба кај мене и колку и да ми кажува дека ме сака мене тоа ме измачува. За мене фејсбукот е небитна ствар и се потрудив да не се замарам што прави, ама за него е премногу битен и пред некој месец кога се скаравме го сокри она дека е со мене во врска и уште не го има изменето. Се мислам дека нешто крие од мене и тоа ме прогонува колку и да се трудам да се контролирам.Ве молам за помош!
     
  20. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    Вака не можеме никако да ти помогнеме.
    Можеби крие нешто од тебе, а и можеби е само тоа во твојата глава. Јас мислам дека најдобро ќе е да зборуваш со него и отворено да му кажеш што ти смета и што те мачи. Вака ако молчиш и ако чуваш во себе, само полошо си правиш.
    Точно е дека колку и да сме љубоморни треба да го чуваме тоа во себе, но оваа ако не го извадиш од себе само повеќе ќе те измачува и на тебе нема да ти е убаво.
    Затоа зборувај со него прашај го се што сакаш, кажи му се што сакаш и види тој што ќе ти каже.