Fala Butterfly za mislenjeto.Mnogu pati imam pomisleno na toa da zapocnam razgovor za toa ama epten e zatvoren karakter i mislam deka ne samo sto nema da dobijam odgovor, tuku i ke mi se naluti ... zatoa seuste si molcam... ponekogas si mislam toj moze pisuva so dr ama so mene e, so mene go minuva vremeto... ednostavno sakam da ne se zamaram so toa poveke, da go izvadam od glavata ama nemozam... [mod-kirilica:2gao8ywr][/mod-kirilica:2gao8ywr]
И јас сум многу љубоморна. Сакам да знам, каде оди, зошто оди таму, со кој ќе оди таму, кога оди таму и кога се враќа.....И он е многу љубоморен. Но сепак, љубоморни сме си и двајцата во умерена и нормална количина, а се што е нормално и умерено е добро. Секоја нормална љубомора е доказ за љубов. Кога љубомората ја преминува нормалата тоа веќе не е љубов, туку опсесија.
значи не да сум љубоморна тукуууу значи ако не е со мене ме фака паника,се муртам се лутам и ред други работи....ама не за џабе рекле еднаш ако изгубиш доверба то е.......тој мене ми чукна превара на првиот месец од врската барем така ми рече дека само тогаш било.сега сме 2 години во врска супер е се ама ете баш сега е со другари излезен и јас си прам некој филмој како и стално ко ке не е со мене....му простив се ама пак.ако не сум со него џабе е,душата не ми е мирна то е....поздрав срцки
јасно е дека мора да има доза на љубомора додека постои љубов, но неможам да разберам како цел ден да мислиш на тоа каде е? што прави? со кого е? дали те вара? и што се случува со мојот живот тогаш? а и плус тоа не дека е се од љубомората ова потекнува и од недовербата
Lele decki i jas sum mnogu ljubomorna mnogu se nerviram koga go vidam pokraj druga...ne znam mozebi ne me laze mi se javuva na 15 min [mod-kirilica:ehkswe3f][/mod-kirilica:ehkswe3f]
Еее, а за тие 15 мин што не ти се јавува комотно може да легне некоја и да си заврши работа! Нека ти се јавува на 3 мин. за да бидеш посигурна дека нема да има време од тебе ни да се измочка.
Што направи девојче,па тоа е претерано мислам,ако сакаш да остани со тебе почни да му веруваш малку,не значи ако не ти се јавил еден час дека е со друга и прави нешто,ако продолжиш така многу брзо ќе почне да се гуши и ќе избега од тебе. Среди си ги мислите.
Се бројат на прсти двојките кои што немаат проблем со љубомора. Девојки колку помалце љубоморите и му давате слобода на вашиот дечко, толку повеќе ќе ве сака и почитува. Доколку му забраните да искача сам, да се движи во женско друштва и бла бла верувајте во истиот момент ќе пукне. Машки се, не поднесуваат командање, и си бараат слобода кои што ние женските малце потешко ја разбираме. А сега да позборувам за мојот проблем Во врска сум 2 години и нешто ситно. По природа сум најнељубоморниот човек на свет, затоа што сум доста самоуверена и се сакам и почитувам себе. Нашата врска функционираше беспрекорно. Значи и покрај тоа што поминувавме многу време заедно, немаше ни најмалку љубомора од двете страни. Нормално однесување, се случуваше кога не можам јас да искочам да си искочи тој сам. Па подоцна со мерак да си направиме муабет како си поминал, и обратно. Имало секогаш муабети еј оваа добра е или овој добар е и сето тоа завршувало со шала. Но, сега се сменија некои работи. Т.е. пред 2-3 месеци бевме искочени, дотерани, весели и се држевме за рака, застана да се поздрави со некоја најдобра другарка на негова бивша. Се беше во ред додека не почна да го гали, а тој стоеше како попче и уживаше. Јас го штипнав за раката да му дадам до знаење дека ми смета тоа, а тој воопшто не ни ја спушти главата да праша што не е во ред. Да биде уште по трагична ситуацијата веднаш од кога го штипнав се гушнаа и така убаво и еротски си ја зграпчи за струкче пред мене, што побеснав веднаш во моментот. Не ми се веруваше што видов. А барем да се потрудеше да не запознае... Мислам дека се ќе беше подруго. Тој се извини милион пати од тогаш, и сеуште тврди НЕЗНАМ ШТО МИ СТАНА, а за галењето не ни приметив. Се обиде да ми помогне со тоа што не комуницира повеќе со неа и помалку комуницира со женскиот свет по еден заеднички муабет и договор. Ја анализирам ситуацијава безброј пати, и секогаш наидувам на истиот одговор, добро толку ли е големо моето его, па да не можам да проголтам таква работа? Од тогаш па до сега 3 месеци се мачам со мојата љубомора, не ја покажувам пред него и додека сум со него се чувстувам сигурно и безбедно и сум пресреќна. Но, кога не сум со него се мачам самата себе, деструктивна станав, постојано сум љубоморна, кога ќе ми се јави сум нон - стоп отсечна и нервозна. Срцето ми лупа 200 на саат кога е некаде искочен без мене. Не се сомневам дека заради мојата љубомора би ја загрозила нашата врска, туку моето здравје и самодоверба. Навистина ми е премногу тешко, сум размислувала и за стручна помош околу ова затоа што премногу ми значи и сакам пак се да биде совршено. Ве молам за помош!
Па штом целосно прекинал да комуницира со неа и општо со други девојки се држи понастрана значи вистина нема потреба да бидеш љубоморна сигурно таа другарката на неговата бивша го има направено тоа по договор со бившата на дечко ти колку за да ви направат проблем,ваљда со таква цел според мене за да имаат после тема за разговор,а ако толку многу те мачи тоа побарај му поконкретен одговор од тоа незнам што ми стана,кажи му дека сеуште мислиш на тоа и разговарајте,сметам дека така најлесно можиш да си помогниш ... Да знаеш дека ништо не добиваш ако чуваш во себе.
Целосно прекинал, дали? Јас повеќе не верувам дали тој навистина се држи на страна како што ми кажува за да ме утеши. Сепак на ист факултет се, а јас немам пристап нити пак можам да се уверам во неговите зборови. Милион пати се зборело околу тоа не го чувам во себе тоа како се осеќам, туку во себе ги притајувам моментите на љубомора, запознаен е со ситуацијата дека во себе ужасно се нервирам и ми лупа срцево како некоја невротична и џабе. Т.е. сум му рекла милион пати, се чувствувам вака и вака кога ти си некаде искочен. Побарав поконкретен одговор многу пати овие 3 месеци и се што добивав беше извинување и незнам што ми стана. Во ред е тоа, му реков па добро барем да ме запознаеше ... ни на тоа нема одговор!!! Го премолив, и со лошо и со добро и пак ништо. Муабети се правеле многу, и цело време пак истото ми се врти во глава. Проблемот го пронаоѓам кај мене, тој верувам дека направи се за да ме утеши и да ми докаже дека не лаже, јас како да се утешам самата и да престанам да се замарам со непотребни работи?! Многу ми смета љубомората, дури размислував и да прекинам да се гледам со него на одредено време за да се средам.
^девојче ова шо го читам навистина е претерано од твоја страна,ке се разболиш за една случка пред 3 мес?едноставно заборави на тоа и мисламд ека не е тоа воопшто за љубоморење,ц ич.. зашо се замараш за безпотребни работи ,и тоа за пред 3 мес па што е мн малтретирање од твоја страна кон типов многу е...
Незнам од каде да почнам.Во моментот само чуствувам потреба на вас да се истужам.Љубомората е болна работа.Две години е врската ,вчера вечер се прелеа чашата да појаснам љубомората е од негова страна,верувајте веке ми здосади.Не се нервирав,ама успеа расположението да ми го расипе.Ми здосади почна да ме гуши си ги има годинките,а се понесува како пубертетлија.2012 не ни тргна најдобро.Верувајте без причина сам тој си прави некој филмови во главата не бива сите во мене гледат или па јас сум некоја убавица нема врска.Неговиот муабет е овој сама сум си ја дигала опашката сум заведувала,гледала сум по другите мажја поседувала сум некоја мок што ги привлекува мажјата,абе глупости што да ви пишам.од еднаш како што седиме ми го зима телефонот за да ми го проверува и почнува кавгата,а во паметот си велам пред да се најдам со тебе и јас ако има нешто сигурно ке го избришам ама ајде де.Нокеска последната кавга ни беше и денес цел ден го нема да се јави и не мора.Посакувам да издржам и јас прва да не се јавам.Не сакам да се потцетувам на минатите негови љубоморни сцени ке треба до утре сабајле да пишувам.
Сонце претпоставувам дека сте и двајцата во веќе оформени години и најубавите нели ... Кога веќе не треба да се јавуваат вакви испади и врската треба да е зрела. Хмм ама веројатно овој е некој Петар Пан во карактерот ... Мислам дека треба да го оставиш за да размисли што прави и да увиди дека ако продолжи на тој начин можно е да изгуби се посебно тебе. Возрасна си знаеш како да постапуваш верувам, остави го ... дај му до знаење дека не толерираш такво однесување. Ако видиш го нема некој ден да те побара и да се извини или пак да каже дека сфатил оти греши тогаш ти со последен разговор ако е можно со него укажи му дека ако сака да сте заедно да намали со такви испади, да има доверба во тебе затоа што не сте во оние години кога се е дозволено и се е можно. Туку сте зрели и одговорни и треба врската да е стабилна и прифатлива за двајцата.
Добро е барем што си свесна дека си ти премногу љубоморна. Дечко ми понекогаш не е свесен колку испади на љубомора има ,само филмови има во глава и морам да го убедувам дека тоа не е така. Покрај него и јас станав, а не бев... Сега ни почнаа најкризните моменти од коа идеме и нон-стоп се караме ..и највеќе ради таа љубомора.... нема никогаш тоа да се смени, колку и да има љубов меѓу двајцата ..
Сонце за жал ти премногу си му дозволувала до сега па така и овојпат ќе чека тој да попуштиш. Се зависи од тебе дали ти и понатаму ќе дозволиш тој да те тероризира со неговата неоснована љубомора. Јас сметам дека досега си му дала доволно шанси да се поправи, но претпоставувам колку го сакаш и колку сакаш вашата врска да успее па затоа дај му уште една шанса. Дозволи тој да те побара и направете здрав муабет, очигледно е дека дечкото и голем проблем. Ако не е подготвен да преземе нешто околу тоа немој и понатаму да си го уништуваш животот со ваков човек, после може и од дома да не те пушта да излегуваш, ни до кај родителите да отидеш...
Јас не лубоморам речиси лубомората ја сведувам на минимум али поубавата страна лубоморе страшно чат пат и на живци оде
Љубоморам да,но бжво одредени мерки,б идејќи бившиот ми мој дечко ме умре буквално со љубомората, значи кога ќе бев излезена сама на секои 5 минути ми се јавуваше и на секое морав да му кажувам каде сум со кој сум и што правам. Но,доста за тоа завршена тема е ,туку во сегашната моја врска постои љубомора но,во рамките на нормалата. А морам да си признаам јас сум повеќе љубоморна за разлика од дечкото . Кога сме веќе кај оваа тема морам да си споделам една ситуација. значи пред некое време дечкото мој ме замоли да видам дали има некоја важна порака кај него на fb и јас фино лепо си влегов си видов, но не морав да си влезам сегде,а пусто мое женско копкање ме натера да прочитам еден разговор помеѓу дечкото и една му бивша негова колешка од на факс каде што му кажува дека секси му седи новата боја на косата и дека е секси и мене ми се крена косата од тој муабет, што беше изненадувачки за мене, не дека немав доверба во него, но ми се свртеа едни милион прашања во мене околу таа ситуација и одма дирек си го прашав и на крај добив одговор дека се зезал со неа, што за мене не беше доволно тоа,па тука уште еден тон прашања му поставив и после еден убав долг разговор м исе извина милион пати се се заврши убаво и сега не пропуштам прилика да го зезам на таа тема, сепак после ова некако љубомората се зголеми кај мене, но му верувам целосно и мислам дека нема место за паника
искрено некаде лјубомората ја сметам за вистинска лубов,до некаде он кажува дека те сака само за себе и посакува,дека не сака никој ништо да помисли за тебе(знаеш за машките какви се) он е машкои знае што мислат машките за некоја девојка убава секси и слично е него тоа му пречи и не сака некој да го помисли тоа за тебе бидејки те сака.. али сепак да се знаат работите до каде се.. доколу нема причина за тоа кажиму дека до сега ништо против вас не си направила така да нема ништо и да направиш.кажиму дека го сакаш само него и дека воопшто не ти е гајле за некоје друго машко.. искрено знам како е да си лјубоморен и го разбирам и дечкоти тоа ни е внатре во крвта за некоја личност која ја сакаме и посакуваме само за себе,не сака да никој не и направи нешто на својата лјубов...така да зборувај смирено и кажиму го тоа...
Девојки...помош !! Детето што ми се свиѓа и што му се свиѓам...многу ама баш многу љубомори... Се гледаме секој ден во училиште , како и обично со сите што ги знам се поздравувам...и вака сега од почеток... има едно дете Владе што уште од мали се познаваме...се дружиме.. во исти ден сме родени , заедно учевме до 6-то и сега е во другиот клас... јас продолжив да се дружам ама и почнав многу блиску да се однесувам со Владе затоа што нговата девојка ми е фамилија и јас го чувствувам како брат... се беше во ред до пред некој ден...додека стоевме заедно со Владе гушнати и поминуваше детето што ми се допаѓа и само не загледа остро и владе се тргна. Во Саботата зашто по ново и во сабота одиме во школо седеше на часови зад мене и цело време кога ке се свртев назад гледаше во мене и еден од часовите ни беше споен со класот од Владе...и тој седна до мене ...кога се свртив назад да видам што прави детето што ми се свиѓа толку остро ме погледна и се сврте на друга страна што мн ме навреди...си реков да зборувам со него...ама после зборував со другарките ми рекоа подобро да не постапам така... и стварно не реагирав никако но денес додека бевме на одмор дојде Владе и се задиравме во училница...тој го гледаше сето тоа и наеднаш излезе од училница...ние се зачудив ме и кога излегов надвор го видов како излегува од WC со мојата најдобра другарка....ама се направив наудрена ...што треба да правам сега? на 1-ви мај сме заедно со исто друштво... дали треба да реагирам некако за да има нешто помеѓу нас или да оставам се на него ?