Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубомора во врската

Дискусија во 'Врски' започната од kate, 19 ноември 2009.

  1. Virus997

    Virus997 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    66
    Љубомората е повеќе причина да се скараш одколку да покажаш чуства кон некого.
     
  2. Innna

    Innna Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    И уште еднаш помош!
    Вака, со дечко ми сум веќе година и два месеци, убаво ми е , осеќам дека ме сака, но во последно време стално се караме за некои работи за кои наводно јас сум виновна зошто го прашувам, и ми вели дека во последно време сум станала многу љубоморна...Верувајте пробав да се сменам и се беше ок некое време... Вчера додека тој беше излезен со другарите незнам што ми текна зедов да му ги гледам сликите на фејсбук...И се скаменив...на повеќето слики имаше коментари од пред 5 месеци од девојка која му се обраќаше со СРЦЕ и му имаше ставано срциња и слично...и сите тие коментари во еден ист ден и во исто време... По некоја случајност претходната вечер тој ми кажа дека ја има избришано од пријатели... И токму поради тоа што ми вели дека сум многу љубоморна јас вчера ништо не му реков, ама тој примети дека нешто не е во ред со мене и уште полошо помисли дека сум лута што тој излегол со другарите... Во мене се јави некој сомнеж кој страшно ме прогонува! И испратив покана на таа девојка од профилот на еден другар ама уште ме нема прифатено...Понекогаш си мислам дека може тоа да биде само некоја со лажен профил која сакала да внесе недоверба во врската, ама не сум сигурна...Не знам дали нешто да му спомнам на дечко ми зашто знам дека пак ке ми се наљути а уште полошо може и да стави крај за нас :(
    Девојки многу ми значат вашите совети, ве молам за помош!!!
     
  3. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Епа тој фејсбукот ги расипува врските...
    Јас немам, тој нема и УБАВО НИ Е ;)
     
  4. Innna

    Innna Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Јас сум и тоа МНОГУ против фејсбукот... Се сложувам со тебе дека ги расипува врските и што се однесува до мене доколку тој се сложи јас веднаш би го избришала, ама тој никогаш нема да се сложи така даа...
     
  5. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    исто и јас немам и тој нема и така поубаво :) :)

    а зошто и вие не прекинете со фб?..
    мислам нема ни ти ни тој ни девојки ни машки да ве гледат...
    е ако си лјубоморна,прашај го што и како со таа лучност,може само онака се другарски...
    и ако ти пречи нека ја избрише,кази му дека ти смета..
     
  6. Innna

    Innna Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2

    Тој веќе ја има избришано, и тоа ми кажа уште пред да ги видам коментарите... Не сакам да отворам стари рани, ама не сакам ни да оставам некој да ми ја гази гордоста...Иначе јас имам направено нов профил со најблиските личности, атој си го задржа стариот, така та мислам дека тука тој нема повод за љубомора.Исто знам дека никогаш не би се откажал од фејсбук, тоа му е ко некој вид зараза и затоа не ни пробувам... Не знам во последно време се осеќам ко да се гушам, чувствувам преголема болка во мене и не знам каде да се обратам :((( Сепак фала ви девојки !
     
  7. kiki4kablondy

    kiki4kablondy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Женски
    Јас имам долга врска 5 години речиси никогаш не сум била љубоморна бидејки не сум осетила потреба да бидам љубоморна, ама овие денови веке не си се препознавам себеси, дечко ми се вработи на ново место цело време е опкружен со жени, еднаш во месецот иде на состанок надвор од градот бидејки фирмата не е од скопје, а после состанокот имаат коктел забава, он се ми кажува како поминува и се и дури што муабет прави( јас не го прашувам :) ) ама некако имам некое претчувство дека нема да биде ок дека можеби ме варал или ке ме вара, и еве неможам да спијам се нервирам... инаку во неговото однесување нема никакви промени, ист е како што беше и претходно ама незнам зашто вака, ке скренам кај и да е ако наскоро оди на состанок :rofl: дури се чудам од кај ми излзе оваа љубомора ;)
     
  8. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Љубумората од негова страна ни ја уништи две годишната врска.
    Ми се чини болна љубомора,паталошка незнам како да ја наречам.
    Самиот тој си се угуши,а во последно време ме гушеше и мене.
    Тој стави крај неможеше повеке не се издржуваше.
     
  9. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.665
    Пол:
    Женски
    Секој човек е љубоморен ама тоа треба да биде во граница
     
  10. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Овде на оваа тема пишував па да продолжам.
    Сношти вечер се јави прв пат после пет ден,откако тој посака да се разделиме,за денес ме кани да се видме.Разговоров почна во нормален контекст,но продолжи со навракање во минатото и набројување на моите постапки од негова страна.Кога,како,кое време сум кокетирала,флертувала дури и со неговите блиски луге абе што да ви кажам сите мажја ми ги намести.Искрено ни се правдав нит го слушав што збори почна смешен да ми бива.На телефонот по зборувањето ми делуваше како пивнат,па му одбивам на алхохолот.Човечето се губи во зборувањето од неговата болна љубомора.Тие што биле со вакви дечковци можат добро да ме разберат.На почетокот на врската ми годеше по малку,а сега после две години ме изморува,троши,а во последните денови ми е смешно,смешен е тој со неговите обвинувања и погледите на животот.Свесна сум не треба повеке да си го трошам времето со овој човек,почнувам да оладувам и дај боже ова да ме држи да не паднам во искушение да не подклекнам,да не ме фати депресија.Јас сум тип што бргу засакува,но бргу и оладува а тоа е донекаде и добро.
     
  11. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.448
    Пол:
    Женски
    Јас лично не сум била љубоморна, но секогаш сум имала љубоморни дечковци...највеке ме иритира ккога ти се јавува на секој 5 мин кај си , со кој си, што правиш итн. Со самата таа љубомора ми прави и мене да се чувствувам така и јас да станувам љубоморна... Љубомората може да ја уништи врската...а врската се заснова на доверба, разбирање почитување...
     
  12. Bel-Golub

    Bel-Golub Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    48
    аааууу многу е лошо лубомора во врска
     
  13. yokee.love

    yokee.love Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    mi treba help ... i posle 6 meseci uste neznae dali treba da prodolzi so mene ili ne ,da opleskav ama mislam deka treba da kaze i da ne me drzi vo neizvesnost,i da mi dava lazna nadez.neznam kako treba da se odnesuvam???????????????????? neznam kako da postapam aj eve nisto ne pravev 6meseci ama veke neznam kako treba ........
     
    На anielita му/ѝ се допаѓа ова.
  14. anielita

    anielita Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Нема потреба од прекумерна контрола.Пар бргу би си досадил ако нон стоп се под лупа и испрашувања.Подобро е без испади,некако на дистанца.Нормално е да постои мала
    љубомора,без неа нема ни љубов.
     
  15. anielita

    anielita Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Откачи го и тој нека се чуди што го снашло,а не ти да се мачиш.Колку и да го сакаш...
     
  16. Teja.meow

    Teja.meow Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Preterana ljubomora ...

    Вака значи.Со дечко ми сум заедно 2 ипол години, но многу ме мачи неговата љубомора. Нормално дека во врската треба да има љубомора,но ова е стварно претерано.Кога сум со другарки на кафе у кафич дали имало машки...па не сме само женски на планетава фала богу дека имало но јас толку многу го сакам што неможам друг да погледнам,едноставно очиве не ми даваат. Стварно незнам што да правам премногу е љубоморен и пример прееска бев докај една другарка во маало да земам работна за во школо што ми требаше нешто и ми се јави и ми вика каде си и му кажувам и ми вика што праите викам ништо на цигара седнавме си праиме муабет и да ми ја даде работната да поправам оцена и ми вика аха како па да не сигурно брат и е таму ти што праиш со него...глупости живи. Јас стварно премногу го сакам и си викам ај еден ден ке се смали таа љубомора но 2 ипол години идеме како што кажав кога ке престане да љубомори за секакви ситници. :@ Стварно се нервирам многу а многу го сакам. Ве молам дајте ми совет што да правам.Сум правела муабет со него ми кажал многу те сакам и неможам да не љубоморам не го барај тоа од мене.
     
  17. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    ^Мораш малку да му покажеш заби,зошто ако стално си премолчуваш и си се надеваш дека еден ден ќе биде помалку љубоморен многу ќе згрешиш. Ќе дојде до крај на вашата врска. Мора да сфати дека ако продолжи така ќе те изгуби. А доколку те сака( како што ти вика) мора да може да се смени колку толку према тебе, т.е да се контролира. Верувај еден ден ќе ти пукне филм и ќе ја немаш повеќе оваа толеранција што ја имаш сега.
    Јас знам дека е нормална појава љубомората,но не можам да ги разберам оние машки кои без причина имаат љубоморни испади поготово за вакви банални работи.
    Искрено, верувам дека доколку дозволиш таков однос од него и му премолчуваш,тој така и ќе си тера и ништо нема да се промени.
     
  18. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.448
    Пол:
    Женски
    Мене ми е јасно дека ти го сакаш и 2 години сте заедно, но ако вака продолжи работата од врската нема да остане ништо. Секојдневно ке се карате кој со кого излегол и ке пукне еден ден. Разговарај уште еднаш убаво со него но ако и понатаму продолжи незнам што да ти кажам... :(
     
  19. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    ТАМУ КАДЕ ШТО НЕМА ЉУБОМОРА, НЕМА НИ ЉУБОВ ;)
     
  20. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Прво да те прашам дали е љубоморен откако сте во врска, што значи 2ипол години, или пак сега почна вака да се однесува и да станува болно љубоморен? :^)

    Имав сличен проблем, но тоа за среќа траеше кратко 1-2 месеци тоа му беше еден кризен период. :) Сега кога ќе разговараме на таа тема се смее и вели глупаво сум постапувал. :lol:

    Можеби и кај партнерот твој е период, или пак можеби си му дала причина да се сомнева, не знам.
    А ако е постојано таков од почетокот на врската, јас не знам како издржуваш. :x
    Мој совет разговарај отворено, кажи му дека не е во ред тоа што го прави, нека се стави на твое место па прашај го дали ќе му биде убаво.
    Без разлика колку е голема твојата љубов спрема него, мислам дека треба малку да му се спротиставиш, ти не си му роб.. :fubar: За твое добро ти велам.. можеби му е период ќе му помине , но ако има таков карактер тешко дека ќе се смени.