Ама пак таму каде што има ваква љубомора има БОЛНА љубов......убаво е да си љубоморен и да ти бидат љубоморни ама до одредена граница ама ова неговово мислам дека е премногу (што правиш ти таму со брат и)
Ми се случило, на секому му се случило. И сето тоа е во ред ако е во рамките на нормалата. Нормално е каде што има љубов да се јави и љубомора. Но ти мора да се контролираш. Неможеш постојано да му висиш над глава и да го проверуваш. Секој има своја слобода. Толкава љубомора може само да ти ја уништи врската. Имај го тоа на ум.
Да има граница во љубомората? Каква граница? Која е таа граница? За мене е една, за друг е друга, за трет е трета....и кој е во право?? Ако сакаш некого и некоја постапка негова те боли, значи дека си болно љубоморен?? Па, во љубовта нема болка и страдање. И зошто ако сакам некого да му правам љумоборни сцени, ситуации и обратно????
^ Па веројатно границата на љубомората е до преоѓање во степен на психичко и недај боже - физичко малтретирање. Е сега, не можеме да кажеме дека тука не ги познаваме границите на овие две. Константно да си под притисок да измислуваш изговори каде си, со кого си, а во случајот пиеш обично кафе со најдобра другарка или другар; да го преиспитуваш твојот избор за облеката која планираш да ја облечеш; да не можеш да кажеш каков однос имаш со колегите од работа; да не може да појдеш на семејна слава без да го земеш господинот; да му даваш целосен детален извештај каде, како, што, со кого... тоа е психичко малтретирање. А физичкото се знае. Инаку, ретко која девојка ги гледа или сака да си ги признае знаците на првово. Изговорите се тие - ама знам дека ме сака, ама тој ми е се, ама ако ме остави јас нема да најдам никој друг. Дури забегуваат накај - па заслужувам така да се однесува со мене, да - крива бев, еееее какви машки има денес, не им обрнуваат внимание на жен(ск)ите, а мојата срцка е постојано покрај мене, ако не му одговорам на повик веднаш или на смс, веднаш го фаќа паника, па тоа е љубов драги луѓе... Аха, сигурно. Спијте на тоа уво. И не, немам жал за овој тип на девојки. Само напред. Тешете се дека љубомората е здрава за една врска. Дури и пожелна.
Не бев баш мала кога почнав врска со еден прилично љубоморен момак. На почеток беше немој излегување без мене, а и заедно ретко излегувавме, па дојде до зошто одиш ти кај другарка ти нека дојде она, за на крај да му се јавувам и во продавница кога одам. Зошто се дружиш со овој, зошто носиш мини? Зошто ова, зошто она? Јас заслепена и заљубена, прва сериозна и подолга врска. На почеток не беше ваков, но после 9 месеци се смени на лошо. Доаѓаше на училиште, доаѓаше во маало, контрола ептен. Другарка ме викна на роденден сама, му кажав каде ќе бидам и тој се појави со друштвото демек го напнале за таму. Ахам! Се свестив кога ме седна една другарка, ме викна на роденден и ми рече дека сака да отидам сама, не со него. Отидов сама и видов што е живот, се забавував , убаво ми беше. Сфатив дека лошо е да си во кафез и дека тој кафез ме чека можеби цел живот. Тешко ми беше да сфатам дека поминувам низ пекол, дека не го заслужувам тоа, но сфатив. Тешко беше да се откажам од него, но се откажав, тешко ми беше и да го преболам, но го преболев. Кога ме фаќа љубомора се враќам што поминав јас и сфаќам дека никој не го заслужува тоа. Лоша е многу. Оправдувам понекогаш, но не секогаш.
^ И на мое бившо љубоморно пиленце му требаа точно 9 месеци да си ја покаже вистинската боја. На почетокот се' беше ок. Од добар, подобар. Започнавме фин, другарски однос, бевме максимално искрени, зашто јас зелената мислев дека така треба да биде - биди си искрен, да не ти се тресне нешто од глава во иднина. Ама погодете што - кога си искрен, ти се треска тродупло. Знаев се' за неговите претходни врски, секоја мала битна и небитна ситница, како и тој за моите. Разликата беше што јас, никогаш не ја злоупотребив неговата доверба, а тој, во секоја можна мала или голема караница ми го истураше тоа врз главата. А не беше ништо посебно. Ама ете, немаше кавга без тоа одвратното - а тој ма бившиот што така ти направил? А ти како си го трпела него? А кога сте биле таму и таму и сте го правеле тоа и тоа - мислиш дека тоа е добро? Стана невозможен, ама ајде, си мислев ќе се поправи, ме сака. Јас имав 22 години, а почнаа да се вртат муабети за брак и бебиња. Бев искрена и објаснив дека нема теоретски шанси да се омажам толку млада, ниту сум подготвена, ниту сакам. Кога ме праша - што сакаш, јас реков, па сакам да завршам факултет, да си побарам работа, да си прошетам, да видам нешто повеќе од Скопје ако сум во можност. На ова добив одговор, цитирам - М, тоа го мислат и прават само курвите. Еднаш дојде да ме земе за едно обично дневно кафе. Не му се допадна како сум била облечена, сум била провокативна (а јас кутрата значи си бев најнормално облечена. Ако некој не сака невкус, кич, голотија, тоа сум јас. Ако туника до колена, хеланки и обични чизми станаа провокација, што понатаму?) Сврте круг налево и почна да се враќа накај мојата зграда. Јас му реков - ако ме вратиш дома, ќе се качам и нема да се симнам. Мислеше се зафркавам, дека ќе се пресоблечам и симнам. Си се качив дома и никому ништо. По 10 минути чмаење во кола, си отиде. Не ми креваше на телефон цели 2 недели, почнувајќи од тој ден. Јас глупачата уште ѕвонев и молев. На крај испадна дека - јас сум виновна. Не ја ценам неговата грижа и љубов за мене. Дека он знаел подобро. Едната моја најдобра другарка за чудо ја бендиса, дека девојката е скромна и не сака да се истакнува. Другата пак за белја, која сакаше повеќе да се дотерува и излегува, не сакаше очи да и види. Почна да кажува злобни муабети, како и мрткало газето, како си го барала, била спонзоруша, материјалистка, простача... му реков да не ме доведува да изберам помеѓу него и неа. За другарите не стануваше ни збор. Си ги имам тројца, и ги знам од прво одделение. Нашите се сите долгогодишни семејни пријатели. Кога ги викнав на роденден , ДОМА , значи и родителите мои по дома - погодете што - не ми дојде. Малтене година дена во врска, он не ми дојде на роденден, оти пази боже - сум си ги поканила другарите. За секакви ситници значи кога ќе му прднеше се лутеше, и го немаше со денови, некогаш со недели. Никакво кревање на телефон, никаква порака, никакво човечко објаснување. Ме доведувал до лудило, до степен да почнам да ги пресипитувам моите постапки и одлуки, и нечесто сум си мислела - па може јас сум виновна бре. дојдов до ситуација да одам кај него дома, да му ѕвонам на врата, со цел да го натерам да поразговараме, оти апсолутно немаше друг начин да стапам во контакт со него, и да лаже дека не е дома. А го слушам буквално позади влезната врата како дава инструкции на домашните. И по една недела еве ти го - насмеан, со цвеќиња, ко ништо да не било. Во меѓувреме, он ја имаше целосната слобода да оди каде сака, јас никогаш не го гушев, ниту го замарав, ниту се опседнував по телефон. Погодувате - и ова не му чинеше. Луѓе со сила сакаше да бидам јас љубоморна. Инаку, ако не хистеришам и опсесизирам околу него, сум била камен, не сум имала чувства, не сум го сакала и не сум знаела да љубам. Тогаш ги открив моите глумечки способности. На два-три наврати морав да изглумам љубомора - зошто онаа те гледа така, која ти е оваа, каде беше, чисто колку да ми се мавне од глава. Не знаете колку беше тогаш среќен. Каков ДЕБИЛ! На еден детски семеен роденден, само роднини и дечиња инсистираше да дојде. Срам не срам, го понесовме, како некој кум седнат на масата. Што ли очекуваше не ми е јасно, па да нема доверба во мене да одам со моите сопствени родители, дека одиме во бордел или машки стриптиз бар? Или дека некој ќе ми се пушта од гостите? Врв на мојата приказна. Негов роденден, ние кај него дома, со неговите и сестра му. Си легнаа луѓево, ние демек водиме љубов. Во моментот ми стигнува порака, беше некаде околу полноќ, гледам - пораката од еден мој бивш дечко, кој ми е многу близок и ден-денес, драг, вистински пријател. Само ме прашуваше нешто во врска со некои документи и на крај пишуваше поздрав. Збесна. Ме натера да се облечам, извикувајќи секакви, ама секакви погрдни зборови и пцовки. Влеговме во лифт, почна да лупа и треска, ме збутка во ќоше и почна да ме дави. Останав без воздух, не знам колку време траело, секунди ли, минути ли, си мислев леле боже немој да умрам сега и овде, со овој. Сакаше да ме врати дома, влегов во такси и никогаш веќе не погледнав назад. Ако некого го допре мојата приказна, мило ми е. Ако некоја извлече поука, уште помило. Вие сте сите девојки, здрави, прави, чувани од дома, се треселе над вас од моментот кога сте излегле од стомакот на мајка си. Кој го има тоа право да се однесува кон вас како да сте некое ѓубре собрано од улица? Да се тресете од некој мочко кој се осудува да крене рака врз вас? Јас мислев дека тој е сиот мој свет, дека ќе се промени ако ме сака, дека ќе му влијаам на љубомората и навиките, ќе се освести, ќе увиди, ќе сфати. И ништо, ама ништо не се смени. Мислев нема да преживеам, а станав посилна. Некој гледал над мене и ме спасил. Значи буквално ме спасил. Денеска такви ретардирани кретени намерно затруднуваат девојчиња, и после - ајде, мора да се земете, срамота е. И така животот станува кошмар. Моите совети во врска со љубомората не се извадоци од некоја бедна чик литература - мажите се од Марс, жените од пичку си матер. Не млатам празна слама кога давам совети тука. Бидете сосем сигурни дека сум искрена и знам што зборувам.
леле Трендафилке постов твој ме исплаши малку искрено И јас си имам еден љубоморен многу,ама многу .иста приказна неможам да отидам до кај другарка на раат или па недај боже да излезам со друштво.Мене ми се допага шо е таков,ама претерано е веке.сакам да се грижи за мене кај сум што сум.ама ја не смеам да облечам суќна(односно сум смеела ,според него.А у ствари ке дигне трета светска војна и ке има лутења ,па карања ,па расправања итн итн.) За следење да не отворам уста,обавезно.излегов еднаш без него,кај се налути дојде направи скандал ме изнаврега,зашти излегов во друштво и имаше мој бифши.ни направив нешто со него,ни до него седев ни ништо!!Рака до сега нема дигнато.Ама што да му правам,такво е лутко.Го сакам многу и некад е супер и прекрасен за многу други работи.и трагедијата е шо пред мои другарки и другари он се ми дава уствари,оди ако ,носи тоа ако..а на само после сосема друга приказна ..што имам зборено со постари ми викаат ,денес е ова утре ке почнеш да работиш,нема да те пушта ни на работа? незнам како да му дадам до знаење ,дека го сакам стварно и дека нема никогаш да направам ништо.зашто цело време него во мозок му се вртат тие работи .и само се заканува ке ти вратам за ова ке ти вратам за она не сум била свесна што ке направел.се налути прееска дека сум му мафнала на негов другар,шо наводно не сум го знаела а го знам зашто коа сме седеле заедно има поминувано.така ми дојде дигнав рака мафнав,не беше ништо.он одма од кај го знаеш шо си правела со него ..карање итн.понекад ми е страв ,да не се влошат рабоите ,да не стане полошо.зашто ова е како болест вака со волкав интезитет.а не сакам да прекинам со него,а незнам како да му објаснам да престане да се однесува вака..... ://////////
Ај прочитај ја пак приказната на Трандафилка. Ако таму не си го најде одговорот тогаш незнам што да ти кажам.
Jas iskreno sum mnogu ljubomorna....dali i horoskopskiot znak taka me tera... Skorpija najnegativna osobina za niv e bolnata ljubomora. Sega i jas znam do kade e granicata, ne mozam da ljubomoram ako odi na kafe so prijateli , ama koga stanuva zbor za prijatelki pa i ne mi e bas seedno...a mozebi sum takva poradi toa sto ne napravil nisto za potpolno da mu veruvam. Koga bi bilo se ok i koga ne bi me lazel i jas nema da se odnesuvam taka. sepak ke postoi nemoja ljubomora, no vo ramkite na normalata. [mod-kirilica:1uzfcv47][/mod-kirilica:1uzfcv47]
Треба да постои љубомора, но во границата на нормала, ако е болна љубомора и штети на врската и доаѓа до прекин.
Јас не сум љубоморна воопшто. Ладен тип сум. Не се замарам. А тој сега не е толку љубоморен како претходно.
значи вака јас сум во врска веќе 2 години,и моментално сум скарана со мојот дечко.тој често ми се лути и ме прави љубоморна. ве молам помогнете ми како да го вратам повторно како да се смириме бидејќи премногу го сакам :/
i jas bev ljubomorna i toj isto sekogas koga izleguvav me prasuvase dali ima nekoi maski so mene i me terase ako imase da mu prakam link od fb koj se tie no znam deka toa go pravese da proveri samo dali sum so nekoj no sepak mene mi bese mnogu glupo taka i zatoa prekinavme spored mene ne treba da ja napnuvas situacijata proveruvaj ti no bez toj da znae i vnimavaj da ne te fati
штом си две години во врска, значи би требало до сега да има создадено доверба ако имаш стварно причина за љубомора, значи ако тој намерно се пушта на други девојки пред тебе или слично... ако те прави на тој начин љубоморна, тогаш проблемот е до него. ако си љубоморна на сите девојки што му се доближуваат значи ти убаво размисли си дали има причина за да толку бидеш љубоморна мој совет е јави му се, извини му се, видете се и убаво поразговарајте. објасни му во кои ситуации те прави љубоморна и речи му да се обиде да го поправи тоа. штом сте две години заедно вие сигурно се сакате и нема потреба заради љубомора да расипуваш тоа што го имате. и најубаво ти го познаваш и знаеш на што е спремен. знаеш дали би можел да те вара, да биде со друга или целосно е посветен на тебе. сепак најубаво е да си разговарате. попушти во оваа ситуација зашто како што те сфатив ти си ја почнала караницата зарди љубомора. ако премногу го сакаш само јави му се и зборувајте убаво
Идам со дечко ми веке 10 месеци и љубоморна сум али со граница нели нормално али тој е претерано љубоморен. Нон стоп збориме за тоа и ми кажува дека се плаши да не ме изгуби и дека пробува да се контролира али со самата помисла дека сум на работа со колегата (работам во тобако и двајца сме на смена) он се губи и ако не му се јавувам почесто го фака паника. Супер е , срцка е и мн ме сака , вика дека мн ми верува али ги знаел машките какви се. Секогаш само ради тоа се караме али кавгите ни траат неколку минути и после се е како што било...
Да,сум љубоморна ама не признавам.Колку пати ме има прашано љубоморна си Искрено никогаш немам покажано дека сум љубоморна , за разлика од него ^^И да се надоврзам на коментаров над мене дека воопшто не се сложувам со тоа.Нормално е да се биде љубоморен, ако не си јас тоа го свајќам као демек АЈ ГАЈЛЕ МИ Е ШО САКА НЕКА ПРАВИ