1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубомора во врската

Дискусија во 'Врски' започната од kate, 19 ноември 2009.

  1. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Уф да,да и јас и тој сме љубоморни.Јас сум многу љубоморна.Ама и тој не е нешто поткаран.
    А и друго:
    Љубомората е знак дека некому му значиш нешто, и се плаши дека ќе го изгубиш :) :^)
     
  2. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Знаеме и двајцата да бидеме љубоморнички, ама го контролираме тоа, ќе си кажеме маката мирно, ќе си поразговараме, ќе се убедуваме и.. :inlove: :rofl:
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Исто, да не кажам с'што. :D
    Мене ми е многу глупаво кога гледам парови кои прават ептен шпански серии со љубоморните испади, па не се поштедуваат ниту во јавноста. Смешки глупави. :|
    Љубомората не ја сфаќам толку трагично, секако сè додека и двајцата партнери си ги знаат границите.
    И напротив, сметам дека не е знак за можен крај на врската или дека нешто не е во ред меѓу партнерите.
    Нормално е да има љубомора, ама понекогаш.

    Лошо е кога преминува во навика, се губи и доверба и сè паѓа во вода, си барате глупави причини за испад и кавга, па затоа можеби повеќето ја поврзуваат со разнишувањето на односите и чувствата во врската.
    Малку љубомора не е на одмет - ај признајте дека кога има такви ситуации веднаш се чувствувате поважни во очите на партнерот и некако ви дава до знаење дека сепак не му е сеедно и сте му важни. :evil:
    Има разлика помеѓу таа мала доза на љубомора и онаа како што љубам да ја наречам „болната“.
    Јас сум сепак за малку од тој првиот тип на љубомора, со која лесно можеме да се справиме сите, а на таа другата ставам голем и дебел икс. :)
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 1-Lady-in-red

    1-Lady-in-red Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    44
    Бев љубоморна додека не бев со него а сега му верувам премногу, долго време сум со него и нема причина за љубомора, а кај него постои малку љубоморност но срце е тогаш :lol: хах во тој момент дури повеќе си го сакам :*
     
  5. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    24
    Претерано сум љубоморна а дечко ми ужива да ме гледа како се нервирам , тој се смее ме гушка и ми вели дека само мене ме сака , а кога излеземе во дискотека или било дека тој ниту една девојка не ја пропушта од поглед , и кога му речам зошто ја гледаше таа таму ... и тој се смее и вели нема врска не е точно , ТЕ САКАМ само тебе, или ако отиде некаде и не ми се јави 4 часа и јас веднаш си правам филмчиња , или кога каже некоја девојка дека му била убава и одма јас детективско досие што ,како , од каде е , и кога ке ја види ми иде да го убијам .... И најмногу ме нервира што има 2 , 3 другари и тие ме зафркаваат демек ја виде онаа таму или нешто сл. Јас сум осамена душа , откако се фатив со него веќе 4,5 години немам права пријателка , немаме друштво , и тој кога си иде со другари на кафе јас останувам дома , одам и јас понекогаш ама сакам да си имам другарки , да си излегувам со нив , ама никако да се здружам со некои , да мислам на нешто друго а не само тој што прави сега , со кого е ..... дрн дрн дрн .. јасно ви е..како иде тоа :envy: :doh: :doh: :doh:
     
  6. Sharlot-1

    Sharlot-1 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Љубомората до одреден степен е позитивна емоција која покажува дека всушност сте луди по личноста која е со вас, но кога ќе ги надминеме границите , треба да се запрашаме дали станува збор само за неверојатно голема љубов или недостаток на самодоверба . Тоа го имам доживеано, размислив и сфатив дека всушност целото внимание сум му го посветила на саканиот запоставувајќи се себе си , оттука започна љубомората за секоја девојка , се додека не се свестив и не се посветив на себе . Облечи го она во кое се чувствуваш најсекси, стави ја шминката која те прави заводлива ,добро погледни се во огледало , потсети се дека ти си таа која тој ја држи за рака , ти си таа на која тој и се јавува штом ги отвори очите ,ќе сфатиш дека немаш никаква потреба од тоа што те мачи цело време- љубомора. ;)
     
  7. lilybeth

    lilybeth Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Откако сум со новиот дечко сум за 1 пат љубоморна дотолку ... со претходните кои и не ми значеа нешто многу не се нервирав многу , не прашував каде ке оди ,што ке праи ... итн . Они мене да , јас онака ретко да бев нешто љубоморна,моето мото беше дека љубов не постои , се е само страст , почит и разбирање , а љубов можеш да имаш само за себе ...Е сега е друга ситуација , за првпат се грижам за некого толку , го сакам и да , знам да бидам прилично љубоморна , но никогаш како него хаха Ч) Мислам на почетокот и слатко делуваше , не дека сега н е е некогаш и ми годи... но не сакам да се нервира без потреба ... Кога и да излезам морам да објаснам , каде ,со кого ке одам ,што ке правам ,кога ке завршам со кого сум кажала и обично здраво , со кого сум кажала нешто повеќе , кој дошол/прошол до мене ... дури некогаш мисли дека нејкам да му кажам па ми вели ке дознаам,ке ми кажат , некогаш и за најбанални работи на некои машки им префрла зошто така ми се обратиле ова она ... дури и со неговите другари некогаш кога ке направам муабет ме распрашува што ,како ,ми се лути... премногу го сакам и не сакам да се нервира за глупости , сакам да го смирам , да му доловам колку го сакам...го правам тоа , се обидувам... но едноставно и тој ми има кажано дека мора да ја прифатам неговата љубомора , дека не можел поинаку...
     
    На Sharlot-1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sportistka1995

    sportistka1995 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    21
    Јас да сум љубоморна не сум...дечко ми е толко како да кажам... верен што кога другарите му зборуваат за женски тој ме прашува дали сум океј со тоа...јас сакам да му покажам дека е слободен. Но тој е тооооооолку љубоморен што неможам да му покажам дека е единствен во мојот живот... Знам дека тоа значи дека не сака да ме изгуби но незнам како да му докажам дека нема да ме изгуби. Значи баш пред некој ден се сликав со еден другар и веднаш му стана криво (иако не покажа, но го гледам како се понаша) . Потоа, јас сум ваква особа која покрај се сака своја приватност.. имам пасворд на моб кој и тој не го знае и се лути веднаш, а кога ме праша дали сакам да го добијам неговиот пасворд на фејсбук веднаш одбив. Незнам со кој зборови да му докажам дека е единствен, едноставно не ми верува иако ме знае долго време.
     
  9. Sharlot-1

    Sharlot-1 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Те разбирам потполно,нешто слично се случува и кај мене се имам пробано шо ми паднало на памет, ама ... :|
     
    На lilybeth му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    4.207
    Пол:
    Женски
    Некој спомна на темата, љубомората често може да значи несигурност поттикната уште од детството. Во тоа и се уверив. Мојот бивши уште пред да излеземе беше опсесивно љубоморен, само јас бев будалче, прв дечко, прва љубов и тоа не го воопшто сметав. Неговите не му обраќале доволно внимание, љубовта ја добивал единствено од баба му, таа го чувала од кога имал еден месец, ама тоа воопшто не го оправдува :!: Не треба затоа што не добил доволно грижа од неговите јас да патам. Не треба некој да си ги лечи комплексите на мене затоа што како мал бил повреден :fubar: Има луѓе од далеку повеќе дисфункционални семејства кои излегуваат како здрави, стабилни особи. Пробав милион пати да му докажам. Се откажав од све живо што познавав заради него. Па која девојка на 16 години си ја дава невиноста на некој ако не го сака? На 30 ајде, нема каде веќе ама не знам кој му беше поголем доказ од ова. Другарките ај, ги баталив, ама дојде ред да ми вика нели ти е цел ден со твоите? Нели си го видела татко ти денес? Па да го нарекува него ненормален, а мене секојдневно да ме навредува и понижува. Го сожалувам од една страна, а од друга мислам дека тоа е некоја болест, да си придаваш на личното его со тоа што ќе повредуваш некој друг, што ќе го кршиш, да се насладуваш на туѓата слабост, да го гледаш како плаче по тебе и на крај после 2 саати молења да ми рече ајде ти давам шанса, испиј го какаото и во кревет, те сакам превише, сакам цел живот да бидам со тебе. ;( Вака ли мислеше цел живот? ;( Некое време откога раскинавме ми вика најди си некој што ќе ти дозволува да одиш кај што сакаш. А муабетот беше дека сакам со сестра ми да излегувам. Што, тој ли треба да ми даде дозвола еден ден не дај боже да се омажам со таков, до мајка ми да отидам, на сестра ми да и се јавам, со другарки на кафе да седнам, на работа нема да ми даде да одам најверојатно. Или треба да се радувам на секои пет минути што во раат ќе ми ги остави со моите да ги отседам :@
    Најлошото е што од почетокот се неверојатно фини и добри и постепено почнува и кога веќе се свестиш си фатен во неговата мрежа. :( Фраеров мој, бивши фала богу, си шеташе кај му текне, а јас седев дома со солзи и со телефонот во раце. Еднаш му пререков за нешто и ми се чини Трета Светска настана. Ама ако ми е, јас си покажав слабост ама од кај да знам, никакво искуство немав, не знаев да покажам заби. Барем добра лекција испадна и сега сум многу посилна од порано. Во лице ми велеше дека сум слаба, глупава, без свое јас, уживаше да се изживува врз мене, да ме омаловажува. Епа нема веќе :shake:
     
  11. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Знам понекогаш да бидам љубоморна, мислам дека така покажуваш дека некој всушност ти значи, па боли луѓе кога на пример некој ми се пушта и него му е сеедно. Тоа значи не му е гајле.

    Само што тоа кога сум љубоморна го решаваме или со мирен разговор или на смеа на шала некако ќе му речам колку да си има до знаење. Нормално не се случува секојдневно, ама од време на време добро е, колку да не се изгуби осетот. :D

    А дечко ми пак беше повеќе наклонет кон онаа посесивната љубомора, не ме оставаше да дишам бре. И го седнав еден ден, си го направивме муабетот, откривме од кај потекнува љубомората, од стравот да не го изневерам, зашто некоја пред мене тоа му го направила. Му кажав дека никогаш не би го направила тоа, затоа што оние што изневеруваат ги сметам за слабаци со ниско ниво на самодоверба што сакаат егото да си го напумпаат, а мене тоа не ми треба зашто сум си доста самоуверена, па и да бидам искрена понекогаш по малку нарцисоиднаж. :$

    И оттогаш ми има кажано дека има целосна доверба во мене и сега двајцата си ја имаме само онаа во границите, нормалната љубомора. ;)
     
  12. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Според мене љубомората не е знак на ниска самодоверба во самите нас туку е резултат на недоверба во партнерот . Зад таа недоверба во партнерот секогаш има некоја причина или сомнеж и сигурно партнерот дал некаков повод за ние да чувствуваме љубомора .Еве јас на пример сум била љубоморна и секогаш сум се расправала со партнерот ,едноставно ме иритира кога зјапа по други девојки и коментира како јас да не сум убаво облечена и средена епа неможе така очите да му гледаат во други прво затоа што со тоа покажува дека не ме почитува ,друго мојот сомнеж оди до таа мера што јас мислам дека мојот партнер би бил способен да ме изневери со тие девојки што ги зјапа и ги лајкнува на фб и трето не сакам мене некој будала да ме прави јас да го сакам ,да бидам мила и добра кон него а тој да ме изневерува ако е толку маж и сака друга нека ми раскине ,нека ме остави па после со која сака нека биде а не да ми биде милица со сто лица !!!
     
  13. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    ии јас :| неможам едноставно да се контролирам..
     
  14. babybelle

    babybelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    70
    Никогаш претходно не сум била љубоморна (иако демек хороскопот ми го наложува тоа :lol: ) се дури не почнав врска со човекот што прв пат искрено си го сакам. што е мое, мое е!!! и му правев љубоморни сцени (не до толку психопатски) ама сега кога ќе погледнам на назад, си викам па добро бре, кај ми бил паметот?!? што сум го малтретирала човеков со глупости, кога тој никогаш со ништо не ми дал повод за тоа, сум си ја расипувала врската со глупи испади, а со тоа сум си се омаловажувала самата себе си. Мислам дека кај мене беше некој периодичен недостаток на самодоверба и доверба во неговата љубов, не знам веќе што. Среќна сум што еве некако собрав сила и го надминав тоа.

    Имаше една другарка на која му бев љубоморна. Девојкава важеше за згодната и убавата во друштво, а и таква беше што заведуваше све живо околу себе, иако мозок ко на врапче има. еднаш случајно го видов како ја загледа и толку ми требаше, девојкава ми стана ноќна мора. Колку само сум се расправала поради неа, за сега по година - две да ми е смешно сето тоа и да се чудам самата што ли сум мислела тогаш.

    Минатиот дечко ми беше мноооооогу љубоморен и ја имаше онаа пасивна агресија - кај беше, со кој беше, па ќе излезам на кафе со другарка и имаш јавување на две минути, па што носиш.....Па не дај Боже да не му кренам на тел. ааауууу пекол! Нормално дека го откачив и среќа моја што навреме ми текна, ама си викам да не ми влијаело тоа па и јас покрај него да сум станала таква?!?

    Мило ми е што читајќи тука коментари, неколку девојки, вклучувајќи ја и Трендафилка, буквално ми удрија шамар и ме освестија за ова мое однесување. сега сум мирна, спокојна, и секој нареден момент кога ќе ми дојде да реагирам љубоморно, бројам до 10 и си се прашувам дали вреди да ја уништам вечерта за некоја глупост, кога може се да си биде како што треба?

    Девојки, не си го расипувајте тоа што го имате доколку немате вистинска причина за тоа! Јас ако не се приберев на време, верувам дека ќе го изгубев, немојте и вие да ја правите истата грешка. Не го правете она што не сакате вам да ви се случува. И не трпете, не вреди!
     
  15. bejbi19

    bejbi19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    24
    И јас сум љубоморна и он. :)
    Убаво ми е кога е умерено љубоморен, така искажува дека му е грижа за мене и ме сака само за себе. :P
    Е сега се случува и да претера со љубомората и тогаш највеке ме нервира кога морам по 1000 пати да пофторувам и објаснувам како на ретардиран :devil:
    Ама ако, пак ми годи, загрижувачко е кога нема да има љубомора и едноставно нема да се секира за вас, значи му е сеедно ;)
     
  16. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Да сум била љубоморна не викам не, ама до одреден степен и сум се трудела колку можам да не ја покажувам.Крај краева сватив а била а не била љубоморна исто ми се фаќа ако сака нешто да направи ќе направи така да научив многу добро да си ја контролирам, додека тој беше премногу љубоморен поготово последниов период па така решив да ставам крај на врската.Додуша имаше тука и други причини ама сепак и таа негова љубомора премногу ми сметаше.Напорно е некој нонстоп да ти труби сега каде со кого како телефонот стално дрн дрн, или па тресење глупости за секоја една моја другарка на сите маани им најде и толку беше пукна.Да знаев дека ќе ми биде вака убаво порано ќе ставев крај ама ајде си се тешиш нема веќе ке се опраи ама не.
     
    На babybelle му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    јас сум љубоморна и тоа многу :doh: баш вчера многу некако се налутив, ми се уништи вечерта.. Седевме со дечко ми и со другар во маало, и нешто овие двајца почнаа за девојки да зборат, па за порничи, па за која порно ѕвезда да имаат можност би ја плеснале.. јас се навредив, се налутив и си отидов. Искрено многу лошо се осетив, сега јас до него седам, он нема гајле си збори која ја преферирал па која би ја .... да имал можност.. Многу се навредив, и денес само на тоа мислам се нервирам :@ Несакам така да збори за други, било да биле реални личности или нереални ко во случајов. :@
     
  18. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Па со право си се налутила, и ја би да сум на твое место. Барем ти се извини ли? Такви муабети се за со другари а не во присуство на девојката, каде му е почитта кон тебе :?: Плус штом знае дека си љубоморна зошто уште додава сол на раната :^) Предупреди го за нареден пат пат, барем пред тебе да се воздржи да си ги искажува сексуалните фантазии.
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Па се налутив и си отидов, и мислев дека дури не ни приметиле. Башка што и двајцава немаат осет, често седиме тројцата, јас дечко ми и другарот, бидејќи и на двајцата ни е многу добар другар.. и често на пример да помине некоја девојка другаров знае да му рече ЕЈ АЈ ПЛАКНИ ОЧИ, КАЖИ КАКВА Е :@ јас пукам..
    ај неколку пати премолчев ама вчера ми пукна филмот, ептен се налутив, станав си отидов. Мислев дека не ни приметиле овие, ама после 20 мин дојде кај мене пред врата почна да ме гушка, ми вика што се лутиш за глупости?! За мене баш и не се глупости, премногу се навредив. Рече демек немало да се повтори па ќе видиме. Следен пат ако се случи вакво нешто ни на едниот ни на другиот веќе муабет не им правам. Зошто стварно не е фер.. И другаров па ко воопшто да не приметува ДЕКА ДЕВОЈКА МУ седи тука со нив, дека е малце глупо такви муабети пред мене.. Еве цел ден веќе само за тоа се нервирам, уште од глава не ми искача.
     
  20. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    добро си постапила значи си си кажала што ти смета он ти обека дека нема да го прави тоа и крај на приказната немој да се измачуваш уште со тоа кога веке сте го разјасниле сега узивај и гледај да не се повтори и да ти кажан со право си се налутила и јас исто би постапила
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.