1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубомора во врската

Дискусија во 'Врски' започната од kate, 19 ноември 2009.

  1. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Знам дека не треба веќе да мислам на тоа, еве се трудам да прекинам да мислам, ама вака некој испад кога ќе направи после тоа многу мизерно се чувствувам |( како и да е, мило ми е што не мислите дека сум чукната што сум се налутила, што имам поддршка :lol: :*
     
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Мислиме дека си чукната што уште му немаш раскинато, али ајде, изгледа чекаш пак да ти ја удри главата од ѕитче, па продолжуваш во меѓувреме да трпиш вакви понижувања како ова последното, па потоа да се убедуваш дека многу те сака бидејќи после 20 минути дошол да те гушне.
    Свести се еј :fubar:
     
  3. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    :headbang: ја имам разбирање машко кога е сам со другари да одлепи и да си каже која би ја плеснал ама пред мене никогаш не би трпела дури и би го плукнала во лице па ако сака и 10 години да сме во врска или брак поред тебе жива претпоставка секси и убава тој за друга да збори што би и правел како со тебе да нема секс и како ти да не ги задоволуваш неговите сексуални фантазии и желби девојче освести се со тој муабет тој те понижува и докажува дека не те почитува :headbang: :fubar:овоа е мизерна навреда не те заслужува верувај....
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bubeeeeee

    Bubeeeeee Активен член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    0
    treba da si veruvate dvajcata ne treba da postoi ljubomora :)
    [mod-kirilica:2mt91t1v][/mod-kirilica:2mt91t1v]
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Да ти кажам искрено мене ми е ова бесмислено однесување од твоја страна.
    Во ред, ти си била таму и реално многу е важен тонот со кој го искажале нивното размислување, ама не гледам зошто да ти гази толку по нерв, зашто се чисти глупости.
    Посебно за такви некои ѕвезди, како може за тоа да љубоморите?

    Чак што више, јас си имам to do list, така си ја крстив, и таму си ги имам сместено типците што јас би ги легнала (Џастин Тимберлејк, оној од Марун Фајв... итн) дечко ми ме ограничи на 5 само, да не сум претерувала, кај него се засега помалку... :D
    Мислам не можам да сфатам како некој може да се кара и расправа за вакви работи?

    Ако сега станува збор за перверзен и напален мањак што само тоа го мисли и дрнда, ејјј брат оваа да ја плеснам, еј онаа да ја лупнам, аааа види ѝ гз, види и цицка, тогаш нешто не е во ред со него, и не би имала врска со таков неизживеан СЕЉАК.

    Ама што рекол еднаш дека би ја плеснал Џена Џејмисон - и јас да се лутам? Да љубоморам???
    Дај не ме зафркавајте.

    А кога поминува некоја згодна и прекрасна девојка покрај нас, дури и јас се вртам, и јасно кажувам дека да сум машко - и ја би. :D
    Љубовта и почитувањето се во ред, треба да се држи до тоа, ама за некои одредени работи претерувате со вашата љубомора.

    Па како сакате за во иднина, ако го губите сонот само затоа што дечко ви рекол дека би ја плеснал Бијонси, ваше си е.
     
    На marija.directioner, marta.99, LilBaby и 6 други им се допаѓа ова.
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.685
    Допаѓања:
    97.992
    Пол:
    Женски
    Залутав во темава и навистина има постапки за посматрање. :) Јас не можам да сфатам како некој може да е љубоморен на се и свашта.Љубомора да почувствуваш да ,ама ако има вистинска причина за тоа.И обично ја чувствуваат луѓето кои се несигурни во себе и плус плашливи .Ја немам проблем ако тој гледа коментира се нормално ако е во границите на нормалното.Се разбира дека нема да поднесувам неоправдани гушкања,седнувања во скут и такви некои слични егзибиции.Да се потресувам за едно здраво и нормално гушкање и бакнеж во образ,или телефонирање не ми паѓа на памет.Ако некој сака да превари во врската и кога ќе фрла ѓубре ќе може да го направи тоа.Џабе се паѓања во несвест и љубоморни сцени.Со тоа не се задржува партнерот и не се докажува љубов.Може само да се изгуби .
     
    На imelda, la-lita-e, WarriorAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Нема што толку да се дискутира на темава, ако партнерот сака да изневери ќе го направи тоа и крај. Без разлика дали јас или тој ќе си ги проверуваме пораките во мобилен или на фејсбук, дали ќе ми се налути ако излезам со другарите, или дали јас ќе му направам сцена за тоа што другарка му му се јавила на мобилен.
    И јас искрено мислам дека не е љубомората никаков доказ за љубов, може некад сум мислела, али дефинитивно ако некој не е љубоморен значи дека е смирен човек и не сака да се замара со глупости, далеку од тоа дека не е заљубен!
     
    На Angel.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. la-lita-e

    la-lita-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    151
    Јас знам луѓе кои над 40 се љубоморни и се карат со мажот/жената,зошто така се носиш,кај беше,пак ли беше таму и таму,неможе на еднодневна прошетка низ македонија да идеш,после работа одма дома..не е само да ги гледаме 20 и нешто девојќи да си кубат коси од љубомора. Има многу полоши случаеви. Не мора да значи дека некој нема доволно самодоверба,може да е од дома така воспитан човек,може да е минал низ некоја лоша разделба или бил предаден,може партнерот порано многу да изневерувал и сеа на тебе те копка да не ти го направи и тебе тоа-причини милион. И право осудуваме,зошто ти така зошто онака ќе му држиме лекција за љубомора. Од кај знаеш низ шо е минал тој човек па да е станал таков љубоморен? Дај му совет како да се промени,не му збори за тоа колку ненормален е со своето понашање и му давај примери колку cool си ти затоа шо тотално различно би реагирал и не се замараш (?) со такви безвезални и "болни" работи.
     
  9. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Луѓе не се лажете љубомора без причина не е знак дека ве сака повеќе, а вие не бидете љубоморни за глупости како на пример за случајот опишан погоре ако рекол дека би поминал некоја си порно ѕвезда што никогаш нема ни да ја види. Престанете да живеете во бајки. Под претпоставка дека некогаш во животот ќе има можност да плесни некоја таква тоа и ќе го направи. Шансите за тоа да се случи се сведени на 0. Како што кажа Трендафилка, ако сте способни да си ја растурите сопствената врска до која ви е стало за ваква глупост, секоја чест.
    Можеби во тој момент си се почувствувала глупаво, но тоа не е причина за раскинување.

    Инаку имав дечко кој беше многу посесивен. Одев подолго со него со надеж дека некогаш ќе се промени, ама карактер не се менува, каков што бил така и ќе си остани.
    За мене тоа беше психичка тортура. Ако се поздравев со другар ми кој го знам од градинка, а плус седевме во иста клупа, тој мене ми беше лут цел викенд. Ако седнев на маса до МАЈКА МИ го креваше носот, а да не правиме муабет за друго. За облеката за право збор ми немаше речено, ама за тоа ми велеше во кафич да седнувам со грбот свртена накај останатите маси т.е. останатите машки, бидејќи му било страв да не ми се залепел некој наркоман или слично, па после тој да имал проблеми.
    Си трпев вакви испади долго време. Се расправав, па ми ветуваше дека ќе се смени и дека нема да се повтори, ама ветувањата ги исполнуваше најмногу по две недели и потоа повторно истата приказна. Еден ден кога си бегавме од училиште една другарка ми рече да и правам друштво за да пиеме чај. Отидов и му се јавив да му кажам. Во рок од 15 минути се нацрта во истиот кафич со другар му, ме гледаше попреку и не ми направи муабет. По неколку дена му раскинав и тоа беше тоа.
    Се правеше за мене, ме чуваше како капка вода на дланка, ама нервно попуштив од таа негова посесивна и болна љубомора.

    Ако некој може да поднеси вакво нешто тогаш смао напред, но не е нормално според мене.

    Јас сум љубоморна само кога имам многу добра причина за тоа, дури и тогаш ако сметам дека ме изневерува прекинувам и готово. Нема потреба од испади.
    Ако некој сака да ве изневери ќе го направи тоа, па ако вие ако сакате и над глава качете му се.
    Ако постојано се однесува како идиот, да зборува за други, да мерка други како мањак во твое присуство, тогаш преиспитај се себеси дали сакаш да бидеш со некој таков и стави крај ако не сакаш, ако сакаш тогаш ќути си и трпи си. Се сами си правиме. Ако му дозволиш, со здравје да си го носиш.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Причина за раскинување? Вие го прочитавте постот или слабо? Јас не си напраив никаква бајка дека он еве одма ќе иде и ќе плесне некоја таква, јас пишав дека се осетив глупо и дека тоа според мене е непочитување. Секој има некој/а на кој/а се пали ама тоа не значи дека ја пред него некогаш би спомнала колку неколку друг ме пали, било тоа било реална или нереална личност. Не си измислувајте реплики и читајте убаво. Барем тоа знаете да правите.
     
  11. plavusaaa

    plavusaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    45
    проклета да е оваа љубомора.... јас сум љубоморна на се љубоморна сум кога дечко ми се опушта во муабет со некоја девојка љубоморна сум на ситници и ме убива оваа љубомора... имам доверба во дечко ми ама пак сум љубоморна а не сакаммммммм незнам што ми е :devil: :devil: :devil: :devil: :@
     
  12. demilovato4ever

    demilovato4ever Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    220
    Како викат,
    ЗА ДА СИ ЉУБОМОРЕН ТРЕБА ДА САКАШ! ;)
    Па не кинете живци за тоа,секој е љубоморен па дури и малце :)
     
    На Mia14 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. butterfly.94

    butterfly.94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    14
    Исто и мене ме мачи голема љубомора, со дечко ми сме отворени..се си кажуваме, поради неговата несигурност и страв да не ме изгуби а и по негова желба престанав да комуницирам со сите другари,општо со сите ДРУГАРИ што ги имав, истото го побарав јас од него ама не добивам повратен одговор..тој продолжи да си се гледа со другарките а мене ми е страв муабет да напрам а камоли нешто повеќе,а искрено и не сакам да го направам..не е фер, а коа ќе изреагирам бурно и љубоморно заради тоа што е излезен САМ на кафе со другарката одма ми вика дека не сум му верувала и дека не треба да љубоморам за тоа..ПРОКЛЕТА ДА Е ЉУБОМОРАТА!!! :@ :@ :@ :@
     
  14. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    хеххе па убаво те насамарил ти да си ги прекинеш другарствата со сите твои другари а он не уште си се друже и си пие кафе со другарките не е будала како тебе да се откаже од другарите и другарките заради тебе која што денес си тука а утре може и не не мислам да те навредам или повредам истото вази и за тебе денес си со него утре може не и кога него ке го снема ке нема со кој едно кафе да се напиеш и да си помуабетиш отворено кажи му дека ако тој нема намера да го направи истото што го бара од тебе нема да го правиш и ти односно и двајцата ке си имате друштво со кое повремено ке се дружите и не е крива лјубомората крива си ти што си му дозволила да управува такасо тебе ти седи дома и чемреј а он со другарка си пие кафе у град и утре друг ден и да те изневерува нема да имаш пријателка која ке ти каже ке бидеш будала што ке кваче дома и ке биде срекно залјубена и влезена сама со себе во некоја бајка али некоја ден се ке ти се руши како карта од кула значи отвори очи и не дозволувај вака да управува со тебе
     
    На Mia14 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. butterfly.94

    butterfly.94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    14
    Thank you :) зборев со него вчера и му кажав се што треба :))
     
  16. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Љубомора да , во умерени дози.Но да бидеш љубоморна да му ѕвониш на секои 5 минути како што ѕвони мајка на мало дете тоа не е во ред ич.Барем јас така мислам ..тоа е како да му ставаш лисици да не може да мрдне никаде без да го провериш или да се налутиш.
     
  17. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Љубомората е нормална во некои нормални граници да не се биде болно љубоморен на секој поглед на секоја постапка на секое излегување со другари/другарки.Секогаш ќе има причина за љубомора ако постои љубов кога ќе рече некој дека не е љубоморен не верувам секој е кој е заљубен и е во врска со личност што му значи љубоморен е било за женско или за машко обострано е тоа.
     
  18. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Ретко кога сум љубоморна.
    Јас сум онака поладен тип и со по отворени сфаќања за една врска.
    Дечко ми е љубоморен. Тоа веднаш можам да го кажам.
    Неговата несигурност и страв да не ме изгуби го прават сето ова.

    Ајде душо почни опуштај се малку...што си го замараш главчето со глупости? :)
     
  19. Li..Na

    Li..Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Лелее луѓе не можам никако да ја контролирам таа љубомора .... за ситници избувнувам , последен пат не паметам кога сме поминале вечер без кавга.... се поради мене , не можам да се контролирам и готово......... ќе ме умри таа љубомора ... читам сте пишувале да не мислиш на случките и да не се преоптеретуваш, имам пробано , ама е посилно од мене , нема лек за оваа болест :!:
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    Таа љубомора проклета очигледно ни ја уништува комплетно врската. Се јавува и кај мене и кај него, но кај него апла голема незнам дали можам да јанаречам и болна љубомора.
    Значи го сакам, му верувам, не се љутам доколку искочи со пријатели ниту пак му правам проблеми околу тоа. Но, он се одалечи од сите негови пријатели, и едноставно 95% од времето сака со мене да го поминува. Се гледаме секој ден скоро, но тоа му е малку .. Се вади јас не го рецкам, јас сум таа која што уништува врска.. и така јас за да стабилизирам започнав комплетно да му обрнувам внимание..
    Имам голем круг на пријатели кои што го запоставив малку ради него, а исто така гледа КОНКУРЕНЦИЈА помеѓу него и моите најдобри две другарки кои што дооооолго време се секогаш тука за мене. Веќе и нив помалку ги запоставив, и поради тоа ми е тешко, враќам односи, но тој е пречката..
    Ако искочам со нив или мора и он да дојде или се љути ако сме сами, незнам дали е од љубомора, недоверба или од нешто друго, но јас никогаш не сум направила нешто за он да нема доверба во мене, и како што ми кажува имал доверба.. но, ете он сака со него и само со него.
    Правевме милијарда пати муабет, после муабетот се се решаваше .. и демек се ќе биде во ред, но не иде .. пак продолжува.
    Никој не е должен да ми ја ограничува слободата, и балансирам помеѓу врската и пријателството .. но ова е претерано, мојата слобода ја снема и веќе е во неговите раце. Јас тоа не го дозволувам но на некој начин тој тоа го прави.
    Се караме многу често, се љути за глупости .. никако да средиме односи веќе месец и нешто..
    Последниот муабет го направивме пред некој ден, и се договоривме дека ако не биде како што треба да раксинеме, иако и јас и тој не го сакаме истото и секој ден ке се гледаме бидејки во исти околности сме..
    Имам притисок и од него и од сите мои блиски.. незнам дали вреди да се руши долга врска заради љубомората негова и нетрпението.. незнам, но вака не иде, секој ден ја сум таа што се нервира. Доколку некој бил во слична, иста или пак може да ми даде совет од чисто познавање би била благодарна :)