1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубомора во врската

Дискусија во 'Врски' започната од kate, 19 ноември 2009.

  1. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Љубомората не е ништо друго, туку страв од загуба на саканиот бар по мое.
     
  2. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Туку себична ’љубов’
     
  3. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    многу често сум љубоморна... лошоо, лошоо ... :^)
     
  4. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Нема љубомора во нашата врска сеа за сеа , верувам дека ќе биде така и понатака.
     
  5. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Сум љубоморна, но си се контролирам , и ја имам само онаа позитивна љубомора која е знак дека нешто ми значи оној со кој сум.
    Инаку, сакам да кажам дека открив дека има и луѓе што се толку љубоморни и посесивни што се спремни да те прогласат за мртва ако поразговараш малце, дури и најпристојно, со нивен многу добар другар што го кријат... :D
    Секакви има :D :D :D
     
  6. IvanaOneD

    IvanaOneD Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    ок за мала доза на љубомора,али има случаеви,дечкото и ѕвони на другарка ми а она кај мене (куќа до куќа сме) и ја прашува кај си,она вика дома (да не му објаснува) и овој и вика,како дома сега те барав.Она му кажува епа кај другарка до мене што живее,и он и вика ок ќе ти ѕвонам на домашен,дигни.Оваа му вика абе ај тука да зборие,а овој исклучил,и она одма трча!Па мислам до толку ако нема доверба зошто се у врска?????????
     
    На Willbeokay му/ѝ се допаѓа ова.
  7. pretty-girl6

    pretty-girl6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Точно така, ние девојките не сме предмет па да не поседуваат т.е не смее ничија сопственост. Зошто ти е таков покрај тебе, за правење само на сцени за ништо друго :) Таквите немаат место во мојот живот :D
     
    На IvanaOneD му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Wellness.girl81

    Wellness.girl81 Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    17
    Душо ти мислиш дека дека му веруваш, затоа што ако навистина му вруваш нема да бидеш љубоморна. Јс сум апсолутно кул со секоја девојка со која ке се поздрави вереникот затоа што знам дека никогаш не би погледнал во друга. А ако тој по некоја слуќајност ја изневери мојата доверба јас тоа ќе го знам. Секоја жена знае кога љубениот ја изневерил. И во тој случај јас не сум во загуба. Тој ќе биде. Па што ќе ми е човек кој ме изневерил. ака јас ги гледам работите.
     
  9. Natence88

    Natence88 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    8
    Ми треба ваше мислење во врска со ЉУБОМОРАТА...
    Епа вака...Имав долга, сериозна врска со мојот прв дечко со кој се сакавме премногу. Првата година се беше како што треба, секако имавме мали караници, но со тек на време неговата љубомора се повеќе растеше, а верувајте дека тоа воопшто не се трпеше повеќе. Раскинував многу пати но секогаш успеваше да ме разубеди пак да се смириме, а и премногу го сакав. Работите одеа од лошо-полошо што дури кога навистина сакав да се откачам од него, поради тоа што ме влечеше и малтретираше пред народ, на крај целата работа заврши со полиција за да се тргне од мене. Од тогаш поминаа 2 ипол години, моментално имам дечко што премногу е добар и ме сака многу. Го сакам и јас ама секогаш помислувам на мојот бивш дечко и се нервирам зошто некои работи така испаднаа ( А и моментално сум премногу разочарана затоа што бившиот има женска (прва сериозна врска после мене) и според тоа што приметив како се однесува мислам дека е изменет, а тоа премногу ме боли доколку успеал да се смени со тек на време, а јас нема да можам да го уживам тоа, туку некоја друга. Сепак, премногу љубов имаше меѓу нас, а и знам дека сеуште ме сака, но не смее да ми се приближи затоа што има забрана.
    Моето прашање е дали овие личности со болна љубомора можат да се изменат. Јас се мислам дека кога-тогаш ќе избувнат и нема да можат да ја сокријат. Ми треба мислење од некој што стварно има искусено нешто вакво. Навистина ми треба помош...не сакам веќе да мислам на него
     
  10. doki55

    doki55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Натенце јас имам големо искуство со овој проблем што го имаш ти и ке ти кажам дека правилно си постапила Љубомората го разорува човекот и ја уништува љубовта Тебе сега ти се чини дека се сменил но се лажеш Како се вели Вук длака мења чут не мења Јас се омажив со мојот дечко оправдувајки го дека затоа што ме сака е многу љубоморен но не златна љубомората е болест и не се лечи Бракот и да сјае љубомората пекол ми го прави и со тек на време се одалечуваш од партнерот Немој да се каеш колку и да си го сакала ке помине заборави го посвети се на новата врска ЉУБОМОРАТА Е РАК ЗА БРАКОТ Мој совет е никогаш повеке не му се враќај животот ке ти биде пекол ако сега попуштиш и повторно му се вратиш,ке ти ја открие слабоста а никогаш нема да се смени ТОА Е ЛИЧНО ИСКУСТВО Во кој си погледнал,како си рекла здраво,кој те погледнал,како си се насмеала,колку време ти треба да дојдеш од работа до дома и ред други глупости да не ги бројам ми се смачи животот Верувај ми ПРАВИЛНО СИ ПОСТАПИЛА и никакво каење гледај напред ке го најдеш вистинскиот.
     
    На imelda, kravce и Natence88 им се допаѓа ова.
  11. Natence88

    Natence88 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    8
    Ти благодарам Доки55!
    Ми требаше таков совет и мислење од некој што добро е запознаен со овој проблем. Ме потсети низ што и јас имам поминато, баш караници за тешки глупости од кои ми се смачи да објаснувам на некој што ништо не може да ме разбере...
    Фала ти многу!
     
  12. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
    Ако нема љубомора, нема љубов :angel:
     
  13. Natence88

    Natence88 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    8
    Да, но се во границите на нормалата. И на мене ми беше слатко да почувствувам љубомора од негова страна, но таа се повеќе и повеќе растеше па не се издржуваше на крај...Гледај да не си имаш работа со такви болно љубоморни луѓе. :)
     
    На doki55 и bluegirl7 им се допаѓа ова.
  14. doki55

    doki55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Блуегирл кај љубомората не се работи дали има љубов или не Ти мислиш ако не е љубоморен не те сака ГОЛЕМА ГРЕШКА Љубовта со љубомората треба тенко да е поврзана а не болно Ако сакаш некој многу треба да го почитуваш да му веруваш да му дадеш слобода да дише да не го гушиш со секакви глупости и во секоја расправија падне и по некоја навреда од која душата ти гори и со тек на време станува црнилиште Љубовта е колку даваш бараш и толку да земеш Ако ти даваш се од себе а наидуваш на неразбирање што и кому ке објаснуваш на некој кој не те разбира Никогаш немојте да мислите дека ако не е љубоморен не ве сака Туку дека ве почитува и ви верува а тогаш таа љубов е поискрена и посилна
     
    На Natence88 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    И јас имав искуство со болно љубоморен човек, му пречеа значи најмали ситници, веќе не се трпеше. Едно време сакав да се вратам со него, да го променам, верувам дека би можел да се промени заради мене ама и додека бевме заедно пробав да го сменам, стопати раскинувавме не бре не се опаметува. Е сега, некој со малце мозок би се опаметил и во наредна ситуација не би правел така ако има повод, а штом е без повод него тоа му е вродено и неможе да го смени. Однадвор ти неможеш ништо да знаеш за нивната врска. И ние личевме на совршен пар ама само блиските знаеа што уствари се случуваше. И јас жалев за тоа како излегоа работите бидејќи имавме совршен почеток ама што е тука е, неможе свашта да трпиме заради убавите моменти кои стануваа се поретки заради караниците.
    Мое мислење е дека љубомората потекнува од несигурност и неможе да се искорени, може да биде поттикната уште од детството, недоволна родителска љубов или слично.
    Ја имаш и мојата поддршка дека си ја направила правилната одлука. :*
     
    На Natence88 и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  16. Natence88

    Natence88 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    8
    Исто!!! Ги имав истите надежи ама се џабе... Изгледа заборавив што се поминав. Најмногу ми е мака што од цела врска јас го извлеков најдебелиот крај, ама тоа е што е, треба да се продолжи понатаму... Само сакам да не ме мачи минатото повеќе!
     
  17. doki55

    doki55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Натенце немој да ти е мака за ништо не знаеш колку си срекна што си имала храброст и сила да ја раскинеш таа врска.Последиците во иднина не ти се познати и затоа мислиш сега дека тис си го извлекла најдебелиот крај Не си Кога ви било убаво сте биле заедно и тоа е тоа Нема потреба да те мачи минатото Секогаш кога ке се чувствуваш така потсети се на стресните ситуации и расправии што си ги имала и така со време ке избледат спомените за него Посвети се на некоја поискрена и здрава врска во која ке имаш разбирање почит од партнерот и секогаш да знаеш дека најголем губитник во животот ке биде тој
     
    На imelda и Natence88 им се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Ние жените таква ни` е психологијата по се` изгледа, се навраќаме на минатото, се обидуваме да исправаме криви дрини, да довршиме недовршеното, и тн. А да се сменил така лесно, искрено не ни верувам. Затоа што на фејсбук и пред луѓе еден пар може да биде совршен, какви се насамо е работата... или пак можеби решил да не ги сфаќа толку сериозно жените и неа ја пуштил да праи шо сака, ама ја предупредил „ама и ја ќе праам шо сакам“, а коа болно љубоморен дечко ќе ти упати таква закана, обично е многу повеќе од она ти што го правиш (безопасно и наивно муабетење со другар) затоа што таквите луѓе обично ги преувеличуваат работите кои ги прави другиот и тоа многу им олеснува со грижата на совест коа ќе напраат некоја глупост.

    Едноставно биди среќна што го имаш душевниот мир повторно, што си безбедна и што имаш поддршка од блиските...а на таа другата нека и` е со среќа себичниот дечко, затоа што болната љубомора е показател на себичност (според мене); второво може моментално да се прикрие, но првото во секоја најситна постапка успева да излезе на виделина.
     
    На Natence88 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    љубомората е доказ за сакањето(за љубовта)...
     
  20. doki55

    doki55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Не знам како мислиш дека може љубомората да е доказ на љубовта Има иљада начини да се искаже љубовта а не со љубомора и измислени фантазии и сомневања Да,има мала но позитивна љубомора која потекнува од помислата да не го издубиш саканиот но љубомора која создава проблеми и нервози во една врска не е знак на љубов.Тоа е твое мислење но ти посакувам никогаш да не наидеш на вистинска љубомора која уништува и љубов, а животот е пекол Поздрав