^ Да излегуваш со другари и другарки на кафиња е нормална работа и не би требало да биди причина за љубомора. Пред се ти си индивидуа на која и е потребно и друго друштво, а потоа си во заедница да речам, како што е врската, па треба да ги задоволиш и тие потреби. Бегајте луѓе од љубоморни. Секој можеби ќе осети онака стна љубомора, но не секогаш треба да се покажи. Јас знам за еден факт АКО НЕКОЈ САКА ДА ИЗНЕВЕРИ ЌЕ ИЗНЕВЕРИ без разлика дали вие ќе му се качувате над глава или тој вас. Ако јас сакам да го изневерам дечкото не ми треба кафе со другарки, не ми треба ни дискотека, ни фејсбук, тоа може смао да ми ги олесни околностите, но не да биде и причина за неверство. Ако сакам ќе го направам тоа и до продавница кога одам. Истото важи и за него. Со тоа што ќе го притискате и ќе правите љубоморни испади само повеќе го туркате од себе во рацете на некоја друга. Како што имам кажано во темава се расправав со еден болно љубоморен и посесивен. Сегашниот дечко е скроз друга приказна. Се случи бившиот да ми пиши на фб на ѕидот и овој мојот не изреагира никако, кога му кажав едноставно ми го игнорираше мубетот, не ме праша ни што ни зошто. По неколку дена го прашав зошто не изреагира никако. Јасно си кажа дека јас сама треба да сум свесна што е во ред, а што не е. Тоа што го игнорирав муабетот требаше да ти кажи доволно, дека не ми се допаѓа да ти пиши и дека не треба, иако јас не го сметам него за жив...ете ова ми го рече. Рече и дека не прави и не планира да прави љубоморни сцени, ако јас се опуштам и почнам да правам глупости ќе раскиниме и готово. За мене ова е здраво размислување. Се знае дека на секој нормален човек не му е сеедно, но тоа не значи дека треба да се прават љубоморни сцени. Јас љубоморна не сум, ако има нешто што не ми е јасно си прашувам. Е сега ако има причина, тоа е веќе друга приказна. Дури и тогаш зависи што е причината...ако е нешто големо крај и готово. Нема потреба од малтретирање, оти за мене љубомората е баш то-малтретирање.
Дечко ми е мноогу малку љубоморен, да не речам ич, а јас сум малку повеќе од него, ама не опсесивно љубоморна
Љубомората е опасна работа.Најчесто произлегува поради ниска самодоверба. Мала доза понекогаш може да биде слатка и да ја зачинува љубовта и врската,но ако е постојана и многу силна,може да прерасне во опсесија,која може да доведе до непромислени работи. Порано бев по малку љубоморна,но сега веќе не се замарам.
За една врска да опстане треба да има доверба меѓу двајцата партнери. Довербата се гради полека и со време. А кога нема доверба, тогаш се јавува љубомора. Љубомората е плод или на недоволно познавање на партнерот или сомневање во сопствените вредности. Значи, може се тоа да ти се случува бидејќи не го познаваш доволно партнерот и не знаеш како би изреагирал во одреден случај, или пак имаш многу ниско мислење за самиот себе, ги потценуваш своите лични вредности. Како и да е, љубомората не е убава во никој случај. Лошо влијае и на расположение, ама последиците ќе си ги трпи самата врска. Бегајте подалеку од љубоморни луѓе.
Ана.Јонес убаво си ја опишала од што и како може да дојде љубомората но златна знај дека нема ниедно правило Единствено е ако ја забележиш кај партнерот да и ставеш крај на врската Ова го кажувам од аспект на тоа што сето твое кажано јас сум го испробала и применувала и тоа со човек интелектуалец со функција образован што секој што ке го види ке рече дека е идеален,но внатрешната БОЛЕСТ никој не му ја гледа освен јас На почетокот си мислиш се произлегува од љубовта и со тек на време ке помине Но не никогаш не помина Дали мислиш дека не ме запозна добро во толку години или тој има сомневање на сопствените вредности Не златна тоа едноставно ке го окарактеризирам како болест од која бавно се умира ,те тишти,те уништува,ти ја краде насмевката и те сменува до 360 степени и тогаш ни самата неможеш да се препознаеш До тој степен се програмираш што постапките во одредени ситуации ти се вештачки необични за твојот карактер од страв да не најде нешто во нив од што ке направи цел игран филм Јас само на сите можам да ви кажам ако осетите љубомора ( а верувајте таа се осека никој не може да ја скрие) бегајте независно колку сте заљубени зошто во остатокот од животот ништо нема да остане од таа љубов ке се распукне како меурче од сапуница и ке живееш програмирано по шема
Во секоја врска има барем малце љубомора од двете страни ! Но Болната љубомора е многу лоша. Моја другарка иде со еден дечко,он е болно љубоморен,не ја пушта да искочи од дома без да го праша него.И еве до ден денес неможе да се откачи од него
Ве молам за помош...Иако ми е тешко ова шо го кажувам но кај мене преовладува болна љубомора, со никој ми се нема ова десено само со овој дечко можеби бидејки премногу го сакам нема потреба од љубомора тој не би направил ништо но зошто е така зошто ? секогаш кога тој ке излезе со другари јас морам да му се издерам да му се извикам тој ни крив ни дужен, јас кога треба да излезам тој само ми рече во ред убаво помини си и тоа е а кога тој ке излезе јас триста филови си разививам во главата ми прости по кој знае кој пат поради истата грешка и ми рече дека нема да ми прости ако пак се повтори и јас несакам тоа да се случи но како да се контролирам ?
Некогаш знам да изреагирам, ама мислам дека пак се враќам во нормала. Обиди се нешто да промениш со позитивна автосугестија - љубомората не е баш пријатна. Не сум имала искуство со љубоморни партнери, но претпоставувам дека на подолги стази создава притисок во врската. Нареден пат кога ќе ти дојде таков наплив од љубомора би можела да се обидеш да одолееш - не да го притискаш тоа во себе, туку да ја чувствуваш љубомората во моментот - диши длабоко, и не дозволувај да те повлече една мисла. Одолеј на непроверување телефон за почеток Мислам дека со тек на време полесно ќе дишеш
секогаш кога тој ке излезе некаде а секако јас знам каде е ми се јави и ми каже и јас морам да се јавам каде си ова она и од еден пат да се издерам доброооооооооооооо кога ке си одиш дома јавими се несакам тоа да го правам жими све несакам, но ми рече уште еден таков испад и крај со нас ми рече дека досега ме толерирал бидејки навистина сакал да биде нешто од нас
А зошто не пробаш да му се отвориш и да му кажеш за овој проблем што те измачува? Направете еден искрен разговор, кажи му дека и ти не сакаш тоа да го правиш, но ете во дадени моменти е посилно од тебе.....ќе видиш дека ќе те разбере, заедно полесно ќе го решите проблемот, верувај. Треба да те разбере, сепак ти е дечко, си се сакате и тоа е преубаво, тој сепак треба да биде твоја подршка во животот Ќе ти биде многу полесно и со тек на време ќе ја снема оваа твоја лоша навика....само морам да прашам...тој не прави нешто намерно за да ја поттикне љубомората кај тебе, така? Внимавај, зависи од типот на машкото, можеби не мисли нешто лошо со тоа, но на машките им годи кога девоката покажува љубомота па иако вика дека му смета тоа, намерно несвесно го поттикнува тоа. Остави малку простор и тој да биде љубоморен....не му покажувај слабост, може тоа да го сфати како недостаток на самодоверба
Здраво дечки, и јас се пронаоѓам во оваа тема. Епа вака, и јас сум многу љубоморна но незнам како да го сменам тоа :/ . Со глупости се замарам и самата сум свесна за тоа, ама неможам никако да се контролирам ! На пример: Дечкоми ми се јавува и ми вика јас ќе излагам малку со другариве и ќе се вратам за пола саат, саат време и сл.. и покрај тоа што јас знам каде оди и со кого е многу се нервирам и тогаш почнувам да му викам; Добро иди кај што сакаш, јавими се кога ќе дојдеш. И он ми вика е добро што ти е сега ? ( онака опуштен -.- , а ја жива се јадам! ) Зашто се љутиш ? .. Без причина се љутиш.. и почнува да ми се умилкува :/ ( маче, срце те сакам и сл. ) Јас пак продолжувам му викам ти значи не се менуваш, секоја вечер излагаш во кафиќ со другарите, играте покер, пиете кафе и правите муабет.Тоа значи дека другарите твои ти се поважни од мене а ? Океј, више што сакаш прави не се замарам! ( ама пустото џабе е што сум го рекла тоа, јас пак се нервирам..) Он ми вика НЕ, НЕ МИ СЕ ПОВАЖНИ..! ТИ СИ МИ ПОВАЖНА.. Ама разбериме некогаш и јас сакам да излезам малку да прошетам со друштво! Јас пак: Океј океј! И така секој ден. Значи он мора да излага секоја вечер! И баш синојка зборевме му се искажав, и ми вика добро ќе пробам да го сменам тоа за да не се нервираш. И баш ќе видам како ќе се понаша после тоа. Не му е гајле ич за мене.( Барем така јас го сфаќам тоа :/ ) Но, знам дека ме сака навистина и не сака да ме изгуби.. го сакам и јас многу и затоа вака сум љубоморна и не сакам да го изгубам! .. Инаку и тој е љубоморен, ама не е како мене ! -.- Јас сум ептен. :/ И сакам да го сменам, и да му покажам дека не се замарам више но незнам како !!! Ако знае некоја да ми даде некој совет океј ќе биде. Зашто навистина и јас не сакам ова да му го правам, ама љубомората е посила од мене во некои моменти ! Значи многу се нервирам така кога излага некаде, се мислам дека ќе се случи нешто. Ама му верувам :/ Навистина незнам што ми се случува ! Помогнете ..
^ Е арно де, да не сакаш да се залепи за тебе како за здолништето на мајка му? Што ако излегува секоја вечер? Ако има средства и желба, нека излегува човекот, се‘ додека ти посветува и тебе внимание. Не можеш да очекуваш дека ќе излегува само со тебе, или дека кога нема да излезете заедно, тој ќе седи дома. Тоа не е нормално и кога некој МЕНЕ би ми се припотресувал со вакви љубоморни испадни, сериозно ќе размислам дали ќе сакам да ја продолжам мојата врска со него. Олади малце, не му си ти единствена личност во животот, како што се надевам не ти е ни тој тебе. Имаш и ти другарки со кои сакаш да излегуваш, верувам
Мојата БОЛНА љубомора почна полека да исчезнува, тоа е така бидејки тој ми покажа дека навистина ме сака и дека јас сум таа што треба да бидам со него, и го знам дека тој е човек што никогаш не би направил такво нешто....Колку по сигурен си во него и колку повеќе знаеш дека те сака љубомората се губи мило ми е што веке несум толку љубоморна бидејки несакам да сум му напорна и да го оптеретувам со моите глупости
Како да се псречи љубомората? Па вака женски, нова сум на форумов и гледам има доста занимливи теми, но се даваат и добри совети. Јас и дечко ми одевме скоро 3 години, на почетокот се одеше како што треба, подоцна карања, изневерувања, али како што се вели љубовта победува поминавме преку се и двајцата.Во последно време се повеќе се оддалечувавме и причина за тоа беше неговара љибомора.Премногу е љубоморен, тоа веќе како болест му беше.Почна и да ме навредува, како да не ме ценеше.Ако застанев со машко на здраво, тој веднаш мислеше дека имам нешто со него и многу слично.Се договоривме и двајцата да ги деактивираме фб профилите, но пред една недела раскинавме, сега му е криво ми пишува пак, али не е како шсто беше.Не ми е седно го сакам, а и тој мене но љубомората беше прочина за се.Пред неколку деан тој си го активираше профилот на фб, дали тоа значи дека има некоја или пто би можело да биде ако може да ми помогнете и да ми даде совет како да се спречи љубоморат, бидејќи ако се смириме(како што увек постапуваме) мада овој пат неверувам, сепак треба да се спречи. Помогнете ми ве молам, благодарам однапред!
Очигледно му имаш дадено причина за да биде љубоморен. Претпоставувам ти си го варала него?! Мислам најпаметно ќе ти биде да го седнеш и да му направиш отворен муабет. Која е причината што е љубоморен, дали може да ти прости и да продолжи со тебе како ништо да не се десило (ако сум во право за тоа дека ти си го варала), да пробате да сватите што е тоа што ви ја сменило врската на полошо. Само со искрена комуникација, разбирање и простување можете да си ја спасите врската. Тоа што го деактивирал профилот треба да ти биде најмал проблем. Јас би се фокусирала на делот каде викаш не те цени. Пробај пак да стекнеш доверба и почит кај него.
Може едноставно сакал да си уклучи фб човекот. Да сакал нешо да праи, пре би си отворил нов акаунт и преку него би праел. Мене тоа поише ми праи логика. Е сеа многу е битно од чија страна било неверството во ситуацијата. Доколку било од твоја страна, извини вака, ама има право да се сомнева. Иако и двајцата сте сакале, очигледно не сте можеле вистински да преминете преку некои работи. Затоа разделба е најубаво решение за вас.
По ова што го имаш напишано заклучив дека ти го имаш изневерено,а тој сакал и навидум ти простил во првиот момент,но сега се освестува и сваќа дека не може.Според мене тој ја изгубил довербата во тебе и оттука и она што ти го нарекуваш љубомора,а според мене е страв од повторно изневерување и повредување.Јас не гледам причина повторно да бидете заедно од просто што ќе биде се полошо и полошо.Тоа што си го деактивирал Фб може да значи и нов почеток за него. Туку друго мене ми е колку смешно,толку и глупаво ,што толку се замарате со ФБ ? Па уште и се проверувате едни со други,па си правите сцени ако некој Лајкнал нечија слика,ако дал некому некој фин коментар ? Врските не се само пријателство на ФБ,вистинскиот живот не е пред компјутер
Znaci poznavam devojce sto jas navistina go sozaluvam.. Znaci nejziniot decko e ljubomoren i posesiven ludak, sto navistina ne znam kako izdrzuva so nego, a veke odat dobri 2ipol godini mislam... Ja kontrolira preterano, saka postojano da e so nego.. A taa naivna go slusa..mnogu pati ja ima spionirano kade i so kogo odi, taa doznava no pak e so nego.. Ne mozam da ja sfatam navistina, pa koj e toj mene da mi vrsi kontrola na se ona sto jas go pravam... Niogas nema da go dozvolam toa... [mod-kirilica:2iig8jh6][/mod-kirilica:2iig8jh6]