СуМ љубоморна али никад не покажувам го 4увам тоа во мене и се правам дека ми е сеедно.А тој е љубоморен до коски,секојдневно ми прави сцени и сл.Али со тоа само ја расипува врската и можда еден ден ЉУБОМОРАТА би била при4ината за нашето ЗБОГУМ.Не само во мојата врска него ЉУБОМОРАТА е уништува4 на врски.Врската не ја прави само љубовта него и довербата.Во ред е малку љубомора од 2те страни но цело време да ти изиграва скриена камера како во мојот слу4ај тоа е мн лошо..
Дечко ми е многу љубоморен, ме живцира тоа и ме гуши тоа. Јас за разлика од него воопшто не сум, може кога сака да излезе со другарите, да се дружи фала богу секој имал свој живот пред да го запознае другиот... Еднаш бев на свадба со моите и излеговме порано и му се јавив и му кажав дека со братучедка ми ке одиме на пиење во еден кафиќ, и он ми вика ДОБРО, мене моментални цревата ми се превртуваат кога ке ми каже така, и седам јас пола саат таму и си одам после накај дома, и он ми вика кој се бил таму и ја му викам братучетка ми, и нејзините две другарки со дечковците... и он кога викна како јас лажам, имало и дечковци, јас не сум му кажала, значи јас не можам да знам кој ке има таму додека не отидам...и ок после се смири и као претерал со испадот ама сакал се да знае, а јас СЕ му кажувам, и дури на тоа што се му кажувам пак има замерка.. а да не спомнам дека баш тогаш он бил со другарите во некоја кафана, и му викам кога јас не изигравам љубоморна девојка никогаш, и увек му викам ако излези, убаво да си поминеш, треба и он исто и да има бескрајна доверба во мене како што имам и јас во него, зошто реално многу време поминуваме заедно и ни требаат малку и други луѓе
Преземи нешто на време подоцна ке е касно Само едно да знаеш “Вук длака мења чут не мења“ Љубомората е опасна работа ништо нема да остане од љубовта Ја разорува врската а и здравјето, ти цел живот ке треба да објаснуваш докажуваш што толку ке те измори што на крај и ке го замразиш Ако немаш слобода немаш Живот Ке живееш под нечиј надзор во страв како и на што ке реагира Затоа пред да стапиш во брак со таква личност запрашај се каков ке ти биде животот Кога сега нема никакво право да те контролира што би било ако сте во брак Јас го искусив тоа на сопствена кожа и никој не ми е крив што денес научив да живееам за друг а не за себе Затоа размисли Поздрав
До пред некое време бев болно љубоморна и мило ми е што го надминав тој проблем. Секогаш кога ке ми речеше дека ке излезе со другари на кафе јас во глава си развивав 320 филма одма си мислев ах таму е со таа е ова она абе глупости живи иако никогаш не ми е дал повод за да реагирам така и секогаш ми кажува каде оди , но пред некое време одкако заправивме еден моабет и ми кажа дека со мене има сериозни намери и ми докажа колку е искрен и што планира за нас двајцата од едншке таа болна љубомора ја снема од мене , не дека сега несум но тоа е само минимална љубомора што дури се чудам јас самата себе толку да сум смирена....Мислам дека кога сите би знаеле што планираат саканите со нас, дека љубомората не би била толку голема кога би знаеле дека искрено не сакаат и планираат сериозна иднина
Баш од вакви искрени одговори и се плашев зошто тоа "Преземи нешто на време подоцна ке е касно " знам што значи, откачи го и најди си друг, а не можам немам храброст зошто премногу го сакам, а и тој мене... дури кога ке се скараме нешто он ке каже жално е што толку се караме со оглед на тоа колку се сакаме...а јас знам дека ке се изгубам себеси ако он продолжи вака зошто више приметувам се кога ке треба да му кажам ке излезам со другарки, на роденден сум ова она, знам дека ке има одма коментар на тоа и пред време се нервирам Фала ти за советот, едино што морам да направам сега е да го истестирам малку повеќе до каде ке оди неговата љубомора .
Ти си знаеш само сега си во облаци од љубов и не ја гледаш тежината на проблемот И јас мислев дека сето тоа произлегува затоа што ме сака мнооогу Но сето тоа немало врска со љубовта Прави тестови прави што ке правиш но добро размисли Годините се пред тебе а се е минливо и се се заборава Јас сакав само да ти уочам дека љубомората не се контролира не се крие и никако до старост не поминува Поздрав со срека
Кога го прочитав постов искрено помислив дека сум го напишала по некоја случајност јас.....за прв пат кога се запознавме првиот разговор ни беше дека ниту он е љубоморен ниту јас....но кај него се воспостави спротивното секој божји ден јас сум под притисок....морам да внимавам како се оденсувам, со кого излегувам што ке му кажам пред се начинот на кој ке му кажам....љубоморен е на колеги мои од работа што е многу непријатна ситуација тие се возрасни луѓе родители на возрасни деца....останав без ниту една другарка бидејќи на секое мое излегување добивав лекција дека тие се курви и не се чесни девојки што не е вистина.....и уште многу други работи.....и тоа е тоа.....сепак го сакам....незнам до каде ке оди ова но го сакам премногу
зошто му кажуваш се тој ти е партнер НЕ татко кој и мисли се најдобро на својата керка запомни и еве да речеме дека планирате заедничка иднина што мислиш ако е сега ваков , каков би бил да почнете да живеете заедно или во брак :^, ГПС да не ке ти стави или детектив да најми за да те следи Нинула девојко, ти си постара само една година од мене,размисли малку со каков тип се гледаш и дали твојата иднина ја замислуваш со него БЕЗ другарки, љубоморни сцени и сл. не те свакам зошто му кажуваш каде одиш, со кого се дружиш и уште да внимаваш како да му кажеш зошто си дозволуваш да страдаш и да си под притисок за некој што не вреди изгледа дека во крвта на Балканците им е љубомората-секоја чест на исклучоци
Значи исто, да не се браќа разделени при раѓање И он кога ке спомнам нешто за колега и он одма ахаа кој колега што има он така да ти вика, и му викам добро значи човекот е дупло постар од мене и ништо лошо не кажал (за некоја шала) и он после добро бе добро знаеш дека се заебавам (а јас знам дека не се заебава зошто на се има коментар). За другарки не ми прави проблем одам на кафе и со колешки (само машки да нема тогаш би било скандал) знае да искоментира ваква била онаква другарката, али не може да ми забрани да се дружам со некој со кој цел живот пред него сум се дружела. А тоа што спомна "....морам да внимавам како се оденсувам, со кого излегувам што ке му кажам пред се начинот на кој ке му кажам...." тоа самите сме си криви според мене, сега некако гледам да го поправам тоа ама тешко ми оди. Кога треба да излезам со другарки (зборам вечерно излегување-дискотека) психички се припремам цела недела да му го кажам тоа, и јас се нервирам самата и ако ми е, никој не ми е крив за тоа, и викам ма што ме брига ако сака нека се лути што сака нека каже ама не можам тоа е посилно од мене и ме иритира од внатре. Од како ја почнавме врската се поставивме така некако се да си кажуваме... реално гледано и он мене ми се кажува и јас нему, тоа не ми смета се додека он не се побуни за нешто и не коментира и не ми се качува на глава, искрено се ни е супер и си го замислувам животот покрај него и сакам да сум со него, но само кога ке помислам дека ке ми попува и ке ми коментира цел живот секој ден за нешто уште сега се нервирам.
Пуста љубомора зашто мора да постои???????? Порано никогаш не сум била љубоморна сум имала врски сум сакала ама никогаш не сум љубоморела и сум се гледала со нив 2-3 пати во неделата.. ама сега?????!!!!!! Сега е нова приказна Идам со дечко ми година ипол на полчетокот се беше ок немаше никаква љубомора и се гледавме исто 3 пати неделано, ама после неколку време поминато почнавме да се гледаме секој ден, значи по секој ден бевме заедно по 4-5 саати Проблемот е што сега јас се навикнав на тоа и кога еден ден нема да се видиме или тој ке ми рече утре нема да се видиме ке идам кај другар ми јас се лутам а не треба знам ама тоа е посилно од мене, или пак ке ми даде некое друго објаснување кога нема да се видиме јас полудувам си правам филмови во главата и љубомората ме убива Проклета нека е оваа љубомора ни ја уништува врската стално се караме ама дечко ми ме знае каква сум и пак ми попушта после караницата пак е се по старо ама зашто бе да се караме заради таа љубомора веке и мене ми здосади а и на него преку глава му е од сите караници ама ете тоа е посилно од мене а 100 пати ми има и кажано дека има сериозни намери со мене а и веке имаме некои планови за во иднина... КАКО И ДА Е НИЕ ПАК ПОСЛЕ КАРАНИЦИТЕ СМЕ СИ ИСТИТЕ СИ СЕ САКАМЕ СИ СЕ ГУШКАМЕ ИТН ИТН капа му симнувам како ме трпи дури јас самата сум свесна дека претерувам и да сум јас на негово место би се мислела дали да продолзам понатака ама си се сакаме
Целата ситуација се сведува на тоа дека бев сама долг период....кога го запознав него мислам дека ме врати во живот, бев разочарана осамена не излегував......и уште полошо он на почетокот од врската не беше воопшто таков.....можев каде сакам да одам сама и буквално што сакам да правам, но после неколку месеци ниту самата на себе неможев да ти поверувам што се случи со него......
Девојки помош имам дечко со него сум 2 години...Тој ме сака ми има докажано но и јас го сакам Но тој се сака да кажува се е по негово и за мали ситнице се тој се лути нз што да правам ...!Не ми дозволува со другарки да дружам Или ако треба некаде да одам ке ми се јаве и ке сака да прави муабет ...Многу е љубоморен ! Дајте некој совет ве молам ???
Devojche kje sednesh i kje razgovarash so nego! Bidejkji ako toj ne te pushta sega pa zamisli koga kje se zemete nema da iskachash od doma! ..Najdobro e da razgovarate bez da se karate!
неможам да сватам? како рече дека ти има докажано дека те сака??? со љубомора? па и уште се да биди по негово види мајкатаааааа многу итар овај бла бла отвори ги очите и устата и зборувај со него! ако ти кажува дека те сака и ако ти кажува убави зборови и често те прашува како си - тоа не мора да значи дека те сака. Зборни си со него почитта што треба тој да ја има во тебе е многу важна за една врска. згора на тоа- со самото тоа што не те остава воздух да земиш кога си со друштво, прашање е на колкаво ниво е довербата што тој ја има во тебе позз
Не ми е јасно што се замислува дека е , па да не ти дозволува да се дружиш и излегуваш со другарки разговарај со него и кажи му дека не е во ред тоа, ако не свати тргни се од него пред да биде предоцна
dragi feminki baram sovet i pomos kako da ja otrgnam golemata ljubomora. vo vrska sum veke 5 meseci, go zasakav premnogu, sekoj moment mi nedostiga, koga sum so nego se cuvstvuvam odlicno, srekna sum, stalno nasmeana. no sum premnogu ljubomorna na nekoi negovi drugarki, jas se oddaleciv od site moi drugarki, ne izleguvam so niv, gi ottrgnav site moi drugari za da ne go pravam ljubomoren i zatoa sto nemu mu precea, no toj toa ne go sfaka, znae deka sum premnogu ljubomorna i na eden nacin ponekogas mi se cini kako da dodava benzin na oganot. koga sme izlezeni vo diskoteka so drustvo toj stalno gi posmatra negovite drugarki sto pravat, gi izgleduva od glava do petici, duri go promenuva i glasot koga zboruva so nekoj od niv, go pravi pomil, ponasmean e. koga sme zaedno nasamo e mnogu realen so mene, me pravi da se cuvstvuvam edinstvena. se gledame cesto no ovaa nedela se vidovme samo na 20 min eden den iako ziveeme blisku i toj pocesto bese izlezen so drugarite, snosti mu rekov da se vidime da izlezeme toj rece deka nema plan da izleguva, deka ne mu se izleguva i posle dva saata izleze so drugarite, jas izbuvnav, mu rekov deka ne sum mu vazna i deka za mene nema vreme i se skaravme, mu zvoniv ne mi odgovori i koga probav povtorno da mu zvonam go iskluci tel, ova sabajle se slusnavme i zboruvavme za toa, mi rece deka sum mu go rasipala raspolozenieto i ne sum zasluzuvala da mi odgovori....dolgo e da napisam se sto se sluci no sfakam deka mojata ljubomora unistuva se!! kako da se spravam so ljubomorata, edna nedela se vozdrzuvav da ja potisnam ljubomorata no ete vcera izbuvnav, sto da napravam?? pomagajte!!! [mod-kirilica:1low3grq][/mod-kirilica:1low3grq]
Pregolema ljubomora А зошто ти да се откажеш од другарките а тој од неговите не?? Па оди ти со друштво-му сметало, па кажи му дека и тебе ти смета неговото друштво. Ако сака ти да бидеш само за него нека биде и тој само за тебе што е ова.
Pregolema ljubomora Едноставно немој да бидеш т.е колку и да бидеш љубоморна не го покажувај тоа биди ладна иако те боли многу. Машките не поднесуваат љубоморни. Од друга страна ти покажуваш колку ти значи и колку го сакаш, а тоа машките често го искористуваат. Направи го ти љубоморна.Тој нека тпча, наместо ти. Се во нормала, вишокот секогаш носи во загуба. Позз