ок е мала љубоморичка у стил дека не ти е баш сеедно но љубомора никакооо само може да се јават проблеми сомнежи и кавги во врската благодарение на неа...
Ај да не си мислам дека сум само јас патетична, да ве прашам: дали би ви сметало ако дечко ви и` каже на ваша најдобра другарка те сакам онака како поздрав за крај на муабет? И него му многу блиска, се знаат од одамна (да не зборам дека она не` запозна), нешто како втора сестра, плус има дечко ама не ми е сеедно. Како прво мојот однос со моите најблиски другари не вклучува кажување на те сакам, а и сум посесивна зошто сакам тие зборови да ми се упатени само мене..
...сеа, ако му каже дечко ти на сестра му дека ја сака, или дека го сака внукот, или дека ја сака баба му...шо праиме тогаш... ...љубовта доага во повеке форми, и ме мрзи сеа да образложувам кои се тие форми... ...едно е сигурно, мастерот ве љуби затоа што ви е љубоморен малце...
Ја мразам оваа љубомора што ја чувствувам во себе. Иако направил многу работи за да ми докаже дека не треба да се сомневам во него, јас повторно ќе најдам игла во сеното. Како да се променам? Како? Се трудам, но не можам. Жал ми е. Заради оваа моја љубомора имаме глупави кавги јас и тој..
Па малце љубомора е во ред Тоа е убаво. Ама многу претерано мислам дека не е добро, само ќе донесе проблеми..
Јас сум добра со љубомората мислам.. Да, љубоморам можеби повеке од колку што треба, но НИКОГАШ не правам сцени од тоа, само разговарам и прашувам (прм. Која беше девојката сношто што се поздравивте, колку сте блиски, си чуствувал ли нешто повеке со неа) А тој, понекогаш го мразам заради тоа. Ме прави најтешката курва на свет. Јас сум била и со сите школски, и со цело маало, и со сите другари, па и со другарите на тато веке И тоа, се пропратено со целодневни тешки сцени... А колку јас само го сакам и колкаво внимание му посветувам и се.. Фрла во вода, да има на олимпијада таква категорија со години би бил прв... И мислам дека ке ја прекинам врската заради тоа што мислам дека тоа веке е голема непочит, кога мене ми е и арно и лошо, тој така да ме повредува заради некое си здраво или штознам што..
јас немам таков проблем со љубомора,ниту пак со навреди со мојот дечко сме веке 4 години и си имамае некое заедничко разбирање за сите пречки што ни се јавуваат во врската,за излегување не ми прави проблем ниту па јас нему.(се е до тоа како ке се поставиш од почетокот на врската)-мое мислеље!
Premnogu sum ljubomorna na decko mi ... sakam da znam se kade e so kogo e , non stop mu zvonam ..mu proveruvam istorija vo pc koga sum kaj nego ... a najmnogu sum ljubomorna sto gleda porno filmovi dali e toa normalna ljubomorata ili ne pomognetemi [mod-kirilica:17lqfck7][/mod-kirilica:17lqfck7]
Тоа е ненормална работа и ако продолжиш така само ке го изгубиш.Немаш потреба да бидеш толку љубоморна.И нема зошто да си љубоморна кога гледа порно филмови,па сите машки го прават тоа. А јас имам прашање дали и тој постапува така,дали и тој е љубоморен?
ниту јас ниту дечкоми на почетокот не ја искажувавме љубомората... после неколку месеци можеби година почнавме да ја искажуваме...јас можеби не толку ама тој некогаш мислам дека ја претерува... не дека ми вика или ми префрла нешто ама незнам неможам да го опишам... нормално е да постои љубомора во секоја врска ама и таа да има свои граници...
Љубомората значи во буквален превод убивање на љубовта. " Љубоморна сум бидејќи го сакам ", не е ништо друго освен бледа сенка на твојата опсесија со него затоа што ти во тој случај бараш докази дека те изневерува (иако не е така), бараш и забележуваш ситници само за да си докажеш дека си во право. Но до кога? Наместо да се опуштиш, да уживаш со него, се мачиш со опсеии кои немаат врска и несвесно се уништуваш себеси но и твојот партнер. Нормално е да не ти биде сеедно кога тој ги надминува границите со некоја другарка, девојка ама тука проблемот не е во тебе ниту во љубовта туку во него, тоа со него се решава. (и да е таков по природа со секоја девојка). Сакам да кажам дека човекот кои сме го одбрале за партнер не треба да го менуваме (иако сите го правиме тоа) туку треба да го прифатиме таков каков што е со сите доблести и мани.
Јас сум премногу љубоморна. Сакам да се сменам. Постојано читам по разговори, од мравки слон правам. Не пишува дечко ми со девојчиња, туку за ситници многу љубоморам. Ќе видам на некој другар пратил линкови од профили на убави девојчиња, од кои дел ги познавам, и ќе почнам да се комплексирам како тоа јас сум погрда од нив,дека тој ќе ме остави за нив.. свашта. Се чудам сама себеси на паметов кој го носам, сакам да престане, ама се влошува. Во долга врска сум, и голем проблем ми е љубомората поради недостаток на самодоверба. Тој постојано ми вика `Ако не беше убава, ќе бев ли толку време со тебе`. Знам дека ме сака, и го сакам повеќе од се. Му реков да ја смени лозинката и да не читам повеќе, туку да се трудам да му верувам повеќе. Што би ме советувале вие?
Сум љубоморна но не премногу во граници на нормала и не секогаш, како ме води интуиција, инаку не сакам да бидам многу љубоморна бидејќи и мене ми пречи кога некој е многу љубоморен, а и двајцата сме умерено љубоморни, дури и интересно и симпатично изгледа, значи минимално, а во однос на болната љубомора сум против, како што не сакам јас не сака ни тој, се што е во граници на нормално е убаво интересно хехе
bobby.pin јас би те советувала, лично за тебе, да не си ја мачиш душичката. Колку помалку се замараш толку подобро. Пробај да му веруваш на дечко ти. Не му проверувај разговори со сите итн. Зашто се знае со другар или другарка што може да се прави муабет. На машките во главном тоа им се разговорите фудбал, автомобили, жени, мислам оние површните разговори и мораш да прифатиш дека дури и да рекол дека некоја си таму е убава и јака и не знам ти што тоа не значи дека тој тебе не те сака или не смета за тебе дека си убава и јака итн. Инаку, сам си кажал, зошто би бил со тебе. Мораш малку да му пуштиш јаже, колку да види дека му веруваш малку од малку, иако не сум ни јас за некоја слепа доверба, тоа ми е будалесто. Ама малку од малку мора за да опстои врската . Мислам дека одлуката што си ја донела на крајот е во ред зашто и ти така ќе бидеш пораат. А не дај Боже ти да слушнеш што разговараат кога не си тука косата ќе ти се крени. Пример јас на дечко ми ништо му немам забрането, ама со осет да биде и тој сам си знае каде му е границата. Неговото друштво затоа ме смета така за поблиска ( си имам јас некои особини на машко , плус тоа многу повеќе се имам дружено со машки и во минатото и им ги знам муабетите и не ми е чудно.) Така да неретко се случило да се опуштат пред мене и да си почнат: леле, брат знаеш онаа колку е јака, леле, ваква-таква, ова-она и си се забораваат. Ако фаќав кусур јас ехее требаше да се убиеме. А кога ќе размислам и јас коментирам кога сум со другарки, а тој па да ме слушне не косата, не знам што ќе му се случи. Затоа има некои работи кои само со другар и другарка се коментираат и се споделуваат и зошто ти да се замараш со нив. Само себе си ќе се мачиш и повеќе ќе ти паѓа самодовербата за глупости и без потреба. Опушти се малку и кулирај си
Zdravo na site .Jas sum nova vo forumot.Vidov naslov za ljubomorata pa resiv i jas da vi pisam za mojot problem.Imam 27 godini i sum vo brak veke 10 godini Imam dve maski decinja,so mm sme vrsnici i nikako nemozeme na kraj da izlezeme so negovata ljubomora.premnogu e ljubomoren.Znaci nesmeam da se druzam so sekogo ,ako odam kaj prijatelka na kafe prasuva dali mazot i bil doma dali sedel so nas,moram da biram sto ke oblecam,da ne e mnogu razgoleno da ne e provokativno i toa ako sum doma i ako nema potreba da izlezam od doma.nemam sloboda na govor,nesmeam da se nasmeam so nikogo ziveam vo zatvor .a premnogu go sakam i sakam da me razbere deka sum covek i si baram troska sloboda ,da zaboraviv ne rabotam nikade 10 godini sum doma.zabegan e so pomislata deka ke go izneveram so nekoj a toa ne moze da go podnese.uporno mu kazuvam deka ne e taka kako sto zamislil no zaludno e .Kazete nekoj predlog kako da postapam so nego ?kako da go ublazam vo seto toa? [mod-kirilica:3jiscf24][/mod-kirilica:3jiscf24]
Mиличка здраво и добредојде .Jас прво што помислив е да не те изневерува мажот тебе,штом толку е љубоморен без причина ?Tи не си негов роб и имаш право на говор ,слобода и дружење.A тој шета ли често без тебе,и што го наведува толку да љубомори тоа не е нормално спротивстави му се ,не одиш ни на работа сигурно ти е досадно по цел ден дома.Kога некој сака да изневери не му треба повод место ,и 5 минути се доволни и никако не дозволувај да те ограничува сигурна сум дека си права дама невкусно од него што ти наметнува како да се облечеш.