Ти сама себе да си се изанализираш. Не е до мажот ти проблем, колку што е до тебе. А вака ако продужиш па уште со притисоци брзо ке ти летне од раце.
Љубомора Значи неверојатно многу сум љубоморна. Не за работи за љубовна врска всушност, туку се работи за тоа што сум љубоморна на глупави работи, на пример како кога другарките нема мене да ме повикаат за заедно да излезиме или еден друг куп такви работи. Не знам како да се справам со ова затоа ве молам помогнете ми и дајте ми некаков совет. Би ви била благодарна
отпрво бев љубоморна,ама ете неќев да го нервира него па си збирав си се јадев самата себе..кае што вака така.. ама со тек на време со зголемување на довербата и со подолгото време заедно сватив дека немат потреба од љубомора.. секој си имал свој живот свој другари/ки и пред мене а ија исто.. така да не ми претставуват никаков проблем да излагат со другарите, другарките и да си поминуват убо
Значи,вистина е тие што кажале дека "Љубомората е болест".Осетив на своја кожа и не би посакала на никој да се случи тоа што ми се има случено на мене.Му верував,го сакав најмногу на овој свет,слободно можам да кажам повеќе и од самата себе си.А ТОА МИ БЕШЕ НАЈГОЛЕМА ГРЕШКА.Мој совет -НИКОГАШ НЕ ВЕРУВАЈТЕ ЦЕЛОСНО НА МАШКО-.Иако имам 17 години и знам дека многумина ќе помислат као погледни го детиште не знае нос да избрише ова она ...Ова што го зборувам е вистина.И да од како лажеше,правеше некои негови филмови,пробуваше .. На крај се деси тоа што најмалце го сакав.Му раскинав,и пак ми се врати после одреден период му простив и тотално се сменив.Толку бев љубоморна што ни самата себеси неможев да се поднесам.А исто и тој.Најтрагично е тоа што тој немаше причина да љубомори,од дома не искачав(ако ми е кога сум глупа) ,све го слушав.Ама и него не му беше лесно.Толку бев љубоморна што секој ден се каравме за глупости,за ситници,за некои глупачи,за све што ќе видев.И на крајот ни пукна фимот.Раскинавме,ама после некое време пак пробавме.Сфатив не е тоа тоа.И сеа имам само едни спомени ,едно сеќавање.. Го сакам многу,ама неможеме да функционираме.Сакам да е среќен,од се срце.Нека биде,и јас ќе бидам ако е и тој.Те сакав искрено и СЕКОГАШ ЌЕ ТЕ САКАМ.Се трудев многу.И уште нешто.. Се надевам нема да ме заборавиш :// (идевме 1 година,ми беше прв дечко.)
Не знам зошто,ама не сум љубоморна во принцип. Значи онака малку..не дека сум љубоморна на партнерот,во смисла дека со девојки се дружи(бидејќи се машко и женско друштво),повеќе би рекла љубопитна сум. А онака,кога не станува збор за љубов,сум.На пример,ако другарките излегле на кафе без да ме викнат и мене и слични работи.
Ауу таа љубомораа ми го зема здравјето Бев љубоморна до степен ако толку многу се изнервирам да незнам да се исконтролирам.. но сега сватив дека љубомората е нешто најлошо што може да го има во некоја врска .. Добро сега не да не ни биде гајле ама секој сомнеж,недоразбирање.. може да се реши со смирен разговор.. ни тебе ни него да го боли глава... А у принцип колку и да бидеш љубоморен и да поставуваш граници тој пак ќе го направи тоа што го наумил ..
Проклета љубомора.. Па вака сега.. одам со дечкоми веќе 2год. и 1 месец првата година беше се океј, но веќе последно време од зимоска некако како да се смени, не е истиот како порано.. Ми падна многу чудно првиот пат зашто така се понаша. Разговарав со него и го прашав, тој ми рече дека не е сменет така сум мислела јас и дека сеуште ме сака и според него се било океј, но според мене не е :/ Ми рече дека не сакал да биде папучар голем, бидејќи тој на почетокот така се понашал, и поради тоа малку се сменил. Можеби дека сме биле премногу блиски на почетокот и сега ми е почудно, стварно незнам. Но, нема врска океј си е тоа.. знам дека ме сака и јас него го сакам премногу. И не се замарам со тоа, важно ми се јавува секогаш каде и да оди и со кого. И не ме запоставил никогаш. Нооо, сега во последно време јас многу станав љубоморна.. Незнаммм што ми се дешава луѓе! За глупости се нервирам самата, се караме.. но, по некое време ми проаѓа таа нервоза. Ми доаѓаат некогаш бубачките и ми притекнува за нешто што се дешавало со него во минатото, за неговите бивши. Зашто било така, а не вака. Кога е излезен со другарите на кафе, мора да му се јавам да прашам што како.. и одма после тоа се нервирам зашто да оди, ете сега некоја ќе му се залепи и се така.. А нонстоп тој ми вика да не се секирам и да не се нервирам за глупости, дека ме сакал само мене и не сакала никоја друга. А во спротивно и тој е љубоморен нормално, но не како мене.. премногу -.- Понекогаш самата си викам леле како може да сум толку глупава да се замарам нонстоп со глупости, ако ме сака ќе ме сака и нема да ме изневери!! Но, џабе ми е .. по некое време самото ме тера да мислам се и сешто, и да се закараме за нешто ! Незнам стварно што да правам со оваа љубомора ! Ме убива. Незнам како да се справам со ова.. Денеска баш додека бил во школо ми се јави и ми кажа дека седел со другарите во ходник и правеле муабет.. и мене толку ми треба и се наљутив, одма помислив дека гледа други девојчиња.. и му спуштив. Не сакам да се караме, а не сака ни тој , самиот ми викаше дека незнаел што да прави со мене дека за свенешто сум се карала и сум се нервирала за глупости.. ама тој неможе да ме сфати мене, може до некаде ме разбира ми го има кажано тоа.. ама незнам стварно што да правам! Едноставно не сакам да го гледаат другите женски, тоа многу ме иритира! Многу пати сум пробала да се контролирам но, неможам.. пак истото па истото ! НЕЗНАМ ДО КОГА. .. Ве молам, кажете како да се справам со оваа љубомора, да ја намалам.. како да му покажам дека малку и јас сум се сменила дека не сум љубоморна како порано ?! ?! ?!
QuewOw Не сакаш да го гледаат други женски? Никому не можеш да забранеш да гледа, ако го гледа нема да ти го украде. А за љубомората морам да ти кажам дека си претерала. Обиди се да се вратиш на старата ти, кога тој ти тврди дека те сака тебе и само тебе нема причина за нервирање. Мораш да се промениш зашто во спротивно ќе ја влошиш ситуацијата и можеби ќе дојде до крај на врската (а тоа не сакаш да се случи, нели?) Мотивирај се малку и уживкај си. Ти можеш да се промениш, секој може кога сака. Мораш да ја спасиш твојата врска. Мислам дека тоа ќе ти е доволен мотив. Поздрав и се надевам дека колку толку помогнав.
Љубомората е можеби најлошото нешто во една врска. Ако се појави подобро навремено, додека не е голема да се проба да се острани затоа што со тек на време љубомората ќе расте и расте се додека не дојде до крај на врската... Од искуство ви кажувам... Нормално е да се појавува љубомора, но доколку успееш да ја контролираш врската ќе биде многу подобра
Значи вака, ПРЕМНОГУ сум љубоморна и цело време го брецам за бившите. Девојките учат во исто школо со мене , и сеа со едната се мувал 4-5 дена пред ја и он да се муваме и сеа девојчето е убаво да, ама не знам пред да му кажам дека ми смета лајкнувањето он и лајкнуваше па не баш скоро се ама преку 2-3 постови на фејсбук. И почнав да имам кавга скоро секој ден за банални работи и моја најголема грешка, го брецам секогаш за таа пред да се измуваме. Кажете ми како а прекинам да љубморам?! Цело време ми вика ти си една и единствена, те сакам ова она.. ПОмош вем олам нејќам д аси уништам врска за глупости..
Девојче нема некој метод за престанување на љубомората. Едноставно е,ќе си ветеш дека веќе нема да си-и го применуваш тоа. Објасни му дека ти смета лајкнувањето по фб,да го сведе на минимум или евентуално да престане.И нема потреба да им љубомориш,тие се бивши-со причина,а ти си тука во сегашноста. Биди љубоморна во умерени граници,и нон стоп не го тормози околу нив,зашо само така може да постигнеш ефект-на здосадување.
Не знам дали си го прочитала мојот пост погоре, но нема веза, ќе повторам: мораш да се промениш за да ја спасиш твојата врска. Не сакаш нели да го изгубиш и да ставиш крај на врска за глупости. Ова нека ти биде најголема мотивација. П.С. Ако и' лајкнува, не значи дека се мува со неа.
Јас верувам дека има два типа на љубомора во врска. Еден што нема основа и што се темели само на недоволно самодоверба, да не речам опсесивна љубомора која е последица на личен проблем и љубомора која има основа и е причина на претходна акција од партнерот, или кога некој ти дава причина за да бидеш љубоморна, на што сите би биле. Епа јас мислам дека ти си од оние од вториот тип. Всушност сакам да ти кажам дека дечко ти на некој мал начин за него безопасен (за сите машки таквите работи се безопасни се додека не му испееш една песничка) ти дава причина за да ти се однесуваш вака како што се однесуваш. Мислам, која девојка не би била љубоморна кога дечкото би ставал на секое лајкови на негова бивша? Колку и да сите се правиме дека фб нема врска со реалноста и дека сето тоа е онака, на сите би ни сметало, можеби на почеток не ама ако тоа константно се случува сите би се запрашале "зошто има потреба од такво нешто?". Затоа мислам дека вака треба да гледаш на проблемот и да си го седнеш и да му направиш еден убав муабет. Кажи му дека ако не сака да се однесуваш вака дека и он треба да си седи мирен и да не ти дава причина. Зашто за секоја реакција претходно би требало да има акција така? Ништо не иде само по себе. А доколку ми дадеш одредена причина дека грешам и дека целосната кривица е во тебе тогаш би ти дала друг совет.
веќе сме 4 месеци заедно, во почетокот не бев многу љубоморна, ама како поминува времето се повеќе го засакувам и станувам љубоморна на сите женски околу него. Некако избегава многу да не не гледаат во јавност да знаат сите, како да го прикрива малку тоа. А тука се и бившите со кои уште е во контакт вели другари останале а јас ужасно се нервирам за тоа. Како да надминам ова и како да го задржам само за себе ? Како да дознаам дека ме сака вистински и дека не ме изневерува ?
Тоа што љубомората може да го предизвика кај повеќето парови кои се сакаат неможе ништо друго.Дали станува збор за љубомора меѓусебно или љубомора од страна на нивните познаници нејзината врска може трогателно да заврши доколку си ги земаат сите овие видови на љубомора здраво за готово. Луѓето се зли, од една прошетка во град со пријател ќе кажат и дека се бакнале и дека се триеле и што уште не,а ...зошто? само за да си ја заситат нивната незаситна гневна душа. Љубомората е како некоја болест која полека но сигурно ја гризе врската а со тоа ја заболува и љубовта. Но многу парови се слепи за да го увидат тоа.Мислат дека доколку се љубоморни со тоа докажуваат дека го сакаат партнерот. Не со тоа го оддалечуваат,партнерот почнува да се плаши од својот сакан или сакана затоа што во некои случаеви љубомората ја преминува својата граница. Почнува да го прашува : Каде беше,со кој беше, имаше ли други што те гледаа,со кој зборуваше, кога се врати дома, со кој си сега дома, ме сакаш ли, лажеш, се лажеш, не ти верувам,сигурно ти се допаднал овој или оваа. А тоа го доведува партнерот до една неизбежна ситуација. Повеќето ја раскинуваат врската кога неможат да го издржат овој притисок. А некои се помируваат и знаат што го лути партнерот и тоа не го прават. Но јас според мое мислење,љубомората е добра кога е нормална, но не претерана. Затоа парови намалете малку, партнерот ако ве сака и на крајот на светот ќе ви е верен и на најубавата жена ќе ја одбие, а ако не ве сака и дома пред вас ќе ве изневери
Ахххх љубомора до некоја граница е потребна но до некоја да не биде тоа претерување од типот лајкуваш на фб,пишуваш со таа.Тоа се многу банални работи и можат само да наштетат на една врска се ствара притисок меѓу партнерите.Во случај да контактира со бившите тоа да одма ни удира у глава дека не вара,којзнае шо праи со нив но верѕвајте и тука нема место за паника доколку има љубов п акрај краева сите сме имале бивши и не сме си удриле секира на врат па да не праиме муабет од типот здраво шо праиш како е .
Ljubomora mora da pistoi, sekako do odredeni granici. So toa si dokazuvate deka ste si vazni eden na drug. ako ne postoi ljubomora znaci nesto ne e vo red