Љубомора во врска.. Хммммм.. ако му правите убаво да му е секое сабајле да знаете тој каде и да појди и без разлика колку жени има околу него, тој никогаш нема да направи нешто. Зошто? Зошто знае дека се враќа на убаво.. Тоа е.
ljubomora ima vo sekoj par ama kaj mene e vejke pregolema. prestanav da izlegvam eve vejke 3godini mob.broj go menvam sekoja vtora nedela... mora od skolo doma od doma na skolo i so nego treto nema. nemoze da verva deka ne go lazam i nema da go izlazam so nikoj drug do kajot na zivotot ama koga e ljubomorata pogolema od svesta e . a i jas sum ljubomorna zosto go napnuvaat mn KURVICINJA vo prava smisla na zborot i zhenista od po 26-36 god omg. ama mislam deka e veren i ne popushta. barem mislam.
навистина имаш 17 години како што ти пишува на прифилот ? зарем дозволуваш во најубавите години да ти забранува дечкото да излегуваш на журки, со друштво и слично? Немој мака ке ти биде!
Многу сум љубоморна. Секогаш сакам се да знам кај оди, кој го бара на тел., морам да му ги прочитам сите пораки што му стигнуват. Никогаш не сум го фатила да ме лаже или да крие нешто од мене. Мислам дека во секоја љубов постои љубомора, но мојата е преголема и незнам која е причината за тоа. Сите околу мене велат дека претерувам понекогаш, но не можам да го контролирам иако се обидувам да не правам љубоморни сцени. Кажете дали и вас ви се случило да бидете љубоморни без некоја голема причина.[/quote] Istiot slucaj go imav i jas.... toa e taka posto premnogu ti znaci no za se si ima granica. Jas toa go pravev so pricina posto me izvara i mu prostiv, a poslem normalno deka nema da imam doverba u nego... prosto kazano- GO SAKAS AMA Ne MU VERUVaS
Дечки ми треба мала помош Дечко ми моментално е во Скопје на факс,во ред тоа е прифатено носам се со врска на далечина,ама..почна да оди во теретана.А таму има мн девојчиња Како да го надминам тоа,т.е да го прифатам,и на секој тел. разговор да не се расправаме околу тоа?
sadgirl21 љубомората не' тера да замислуваме нешта кои и не се случуваат реално. Така да тој оди за него, девојчињата за себе, одат да вежбаат, па и да разменат збор, два, мислам дека нема потреба од љубомора. Постојано го кажувам истото: ако зборува со неа не мора да му биде девојка, можеби е пријателка, братучетка... знам дека забегав од твоето прашање ама тоа ми е мислењето.
Пробај да не гледаш на тоа така и да не размислуваш негативно. Сигурно не отишол во теретана за да гледа девојки, туку отишол за себе, да си го среди телото и сл. Ако си имате потполна доверба нема потреба од љубомора. Тој додека е во теретана ти излези на кафе или најди некое хоби, а не да седиш дома и да мислиш што прави сега, дали зборува со некоја...
Ви благодарам девојки Ќе пробам мн да не се оптеретувам околу тоа,всушност и воопшто да не размислувам.
Сакам да знам какво мислење имате за следнава ситуација.. Се гледаме со дечко ми секојдневно, но на пример денес 1 час се видовме плус со многу луѓе околу нас,ете вечерва е кај другар дома. Сношти бевме заедно, но сепак со друштво, не сами, послем тоа малце се видовме еден час насамо. И скоро секој ден така,повеке сме заедно со љуѓето отколку сами. Мене не ми е проблем за тоа,но скоро секој ден со други?! Јас не сум љубоморна на тоа, туку на тоа што малку време ми посветува, ако зборувам мислам дека ке биде за џабе заедно сме долг период и знаете како течат работите. Не се сомневам дека ме сака,но што да направам барем малку да бидеме по интимни, знам дека не е интимен тип,па и јас не сум ама ова е апла.. што мислите?
ако имате стабилна врска исполнета со доверба и љубов - никако немој да си правиш филмчиња сепак тоа само може да ја расипи врската и да ја влоши комуникацијата и довербата верувај му - ако те сака никогаш не би те изневерил. a нема врска теретаната, надвор од теретаната не се сите машки па да се нервираш ради тоа
Првио ден кога стаса у студентски-беше на кафе кај комшиките,демек викале го да се запознае.. Тоа ми е причина плус за љубомора. Врската е стабилна кога е тука.Ама кога не е,лошо е,премногу сме некако ладни..
искрено истото го помислувам ијас кога е на факс, дека е поладен но верувај нема врска тоа и овај му се јавив пред некој ден таму женски се смееа и одма ми кажа кај комшивките сум встуденски еј океј е му реков немој да го притискаш за такви работи и да се карате.. биди самоуверена машко е ама и тој немат пет срца во него, едно имат а то едно тебе те сакат куде ти е позитивноста! поддржувајте се, и верувајте си и никако немој да се расправате за вакви работи.
Разговарај со него дека сакаш да минувате повеќе време заедно САМИ. Нема ништо подобро од искрен разговор .
Љубомората може да биде корисна, но не треба да бидете претерано љубоморни. Јас и дечко ми воопшто немаме такви проблеми. Се` е во умерена доза. Си се познаваме еден на друг и си веруваме, а тоа е најбитно. Сум била сведок и сум слушала многубројни примери за штетите кои може да ѝ ги донесе љубомората на една врска. Девојки до претерана љубомора доаѓа кога не веруваш во твојата друга половина! Тоа подоцна прераснува во кавги, и најлошо од се - со прекин во врската. Ако некој еднаш ве изневери никогаш, ама никогаш, работите нема да се наместат во првобитната положба. А, ако постојат такви моменти на слабост - без разлика дали од ваша или од негова страна, тогаш љубовта не е толку голема. А, од друга страна, вие ќе станувате се` повеќе и повеќе љубоморни на луѓето што ве опкружуваат, затоа што сите ќе ги гледате како можен плен на вашиот дечко, па ќе сакате да го следите секој негов чекор. Но, дали е во тоа суштината на една врска, врз која подоцна ќе градите семејство?!? Јас можам да се пофалам со една прекрасана личност, којашто ја имам до мене секогаш! Долго време сме во врска и иако знаеме да се скараме понекогаш, сепак наоѓаме заедничко решение. Размислете добро ако се наоѓате во таква врска - каде што сте биле изневерени
Кога го читам твојот проблем, би сакала јас да имам таква врска И мене на почетокот ми сметаше што сме скоро секој ден излезени или на кафе, или со друштво, и се видувавме само по потреба, а јас секако сакав повеќе гушкање, бакнување, едноставно и да си седиме и самите да си зборуваме. Му кажав и почнавме повеке време да поминуваме дома. Е, а сега па откако дремам дома и излегувам еднаш во месец, ми пречи што седам дома како утка?
Исто те советувам и јас ... разговарај кажи му убаво дека сакаш да си повеќе со него да сте сами , заедно да минувате повеќе моменти
Ми треба мислење и помош... имам дечко, долга врска 5 год. Тој ми бесе прв и јас многу го сакам. Постар е од мене 4,5 год. И се сложуваме. Но... тоој е мн љубоморен, на се и сешто. И понекогаш од таа љубомора, се однесува толку себично што и ме повредува, а со тоа ме одалечува од себе. Кога го кажав тоа, тој кажува како се сменал поради мене во смисла јас го натерав да биде таков. А кога прашувам со што, нема одговор. ситуацијава како да ме задушува, кога нема разбирање каква е смислата на љубовта и колку може да опстане. Како да му докажам дека нема потреба од љубомора?