За мене да... но, зошто тој би бил љубоморен ако има доверба. јас не му давам повод за да биде. не сваќам зошто, на почетокот беше подобро, како поминува времето се повеќе и повеќе наместо обратно. Ме растажува тоа што е таков, а повеќе кога гледам дека нема доволно доверба во мене.
Сигурна си дека на било кој начин,несвесно..не си му дала повод? Или си имала претходно бурна врска? Некако сомнително ми е после 5-годишна врска да биде толку љубоморен. Освен разговор,ништо друго не би помогнало.Но се сомневам дека и истиот ќе помогне.
Тој и на почетокот беше љубоморен но не до толку.. мислам дека не сум дала повод затоа што мн ретко излегувам без него бидејки сме секој ден заедно, секаде одиме заедно, се дружиме со исти луѓе.Јас сум со него од неполни 18 год, не сум имала некоја којзнае што врска пред него. Кога разговарам со луѓето што дсе дружиме, познаваме велат, се плаши да не ме изгуби зошто е поголем од мене 6 год, не сваќам каква врска има тоа. Секогаш разговараме и се е ок и после ден два пак исто... не знам зошто. Можеби таков е, карактер. А порано не го покажувал толку мн. Збунета сум, понекогаш сето тоа ме изморува психички и тоа многу. Барем да сум напраела нешто,нема да ми биде мака, ке знам зошто
Znaci vaka Imam dolga vrska 2 ipol godini sme zaedno so decko mi i do pred 2-3 meseci se beshe okej znaci eden i edinstven ee najvazna mu bev jas se otkacuvashe drugarite ne mu bea vazni za nishto ako jas kazev NE nema ni da bide imashe natprevari fudbal kosarka ne odeshe poradi mene za da bideme zaedno trebase da odi vo skopje da uci ne otide radi mene za da ne bideme na dolgo vreme razdeleni zaso nikogas ne sme bile razdeleni poveke od 2 dena ednostavno nemozeme eden bez drug potoa imashe ponuda od kosarka da odi vo probistip da igra od kosharka tamu i da uci toj pak odbi i sega naednas ovia 2-3 meseci e smenen znaci porano ako jas zaplacev toj nemozese taka da me gleda ke me tesheshe aa dodeka go praveshe toa nemozese da izdrzi i ke zaplacese sega voopsto ne gledam iskrena solza vo nego nikogas ne place zaso imame stavrno dosta problemi od mojte i negovite doma odednas pocna daa ne me razbira koga mu ukazuvam na neshto jas zboram po telefon a toj bez da me slusa samo povtoruva po mene "MM DA SEKAKO SEKAKO DA DA TAKA E KAKO NE" ete toa pocnuvam da se plasam i mu go kazav toa mu pokazuvam non stop kako se odnesuva a toj ne saka da prifati ne me ni slusa samo veli deka ne e smenen mislev deka ke bide dobra idea i jas taka da pocnam ama nemozham nemozham taka jas neznam kako da objasnam nemam srce za toa neznam znaci beeshe eden shto samo ljubovta mu beshe vazhna samo toa jas kako ke se osekam i ako mu kazev nekoj zbor kee zaplacese a sega nishto nema totalno nishto...Shto da praam ??
Ти си ги поставила границите, тебе ти одговарало, едно време било добро но нешто и на некого му дошло преку глава. Со забрани девојче не се гради врска. Без оглед кај и да оди тој ако сака да биде со тебе ќе биде, ти не можеш да му браниш. Те слушал,но те оставил да види до која граница ќе одиш, богами не ти е маж. Дечкото сака да си гради кариера, да си има иднина. 2ипол години сте заедно така го гушиш верувај. Сега ти преостанува да си се навикнеш на него таков каков што е. Си го сменила за тие 2ипол години ама си претерала искрено.
Имав таква другарка и знаеш како завршија со таквата врска Се разделија и се мразеа како што некогаш се сакаа,беа заедно 4 години ама баш вака како во твојот случај и сега... таа е среќно омажена со друг а тој ја бара совршената Си претерала или сте претерале незнам ... Времето минува неможе да биде исто како порано што било...сакаш секогаш ли да гледа на тебе да ти погоди и да ги игнорира сите свои понуди па можеби тие многу ќе му се најдат во иднина...ако некогаш изградете семејство и на работа ли нема да треба да оди не ми се јасни таквите врски .Каде и да е ако се сакате ќе успеете во се .Јас по оваа заклучив дека тебе ти е најкриво што тој веќе не испушта солзи пред тебе .Промени го малку твоето однесување и разговарајте смирено и отворено за да си ја спасиш врката
Не знам зошто толку ви пречи да е љубоморен.. Едноставно се плаши да не ве кидне некој или еве не знам... нвм. Дечко ми со кој идеме година и пол не е ни малце љубоморен. Сум искачала со другари, сум се дружела ама не не ич... Порано беше се океј, знаеше да замрчи. Ама од кога почна годинава со факултет (1ва факс) некако љубомората и грижата се сведоа на 0. Наеднаш почна да му станува сеедно дали сум со некој, кој е, што правам... Глупо ми е... А мене не ми е ич сеедно кога ќе ми каже дека е со колешки, еве не знам .. понекогаш дури проблеми сама си правам, превише размислувам, па ќе се изнервирам, ама тоа е. Ништо не му кажувам за тоа, не сакам да знае дека некако сум несигурна. Многу доверба изгубив и дури ја стекнам ќе потрае. И секогаш кога ќе го прашам кај е, со кого е, тој тупи дека сум љубоморна. Не сум љубоморна туку многу сум загрижена да не едноставно ме извара и ... пукне цела врска. Упорно се плашам дека ќе дојде некоја поубава и дека ќе сум сама. Не сум љубоморна конкретно на едно девојче, не ги мрзам колешките негови, не го следам што прави, ништо од тоа! Едноставно психава ме мава и загрижена сум...
Mmm..isto beshe i od negova strana znaci isto totalno ne deka jas sum go pritiskala vsusnost koga razmislis podobro i ne treba i od dvete strani do tolku da e no neznam toa taka beshe megju nas ...Ipak fala reshivme se so i da beshe sega sme posrekni od bilo koga
Искрено,јас би се запрашала што не е во ред..а нешто очигледно не е. Значи јасно е дека љубомората е лоша работа,но мала доза на љубомора во врска мора да постои некогаш,не зборувам за посесивност,претерано контролирање на партнерот,нарушување на неговата приватност(чепкање по телефон,фб,твитер..)и сл. И изгубената доверба тешко се стекнува(искрено и не се стекнува). А ти поради слободоумниот негов пристап ја загуби довербата,или друга е причината?
Пролистав неколку страници и да ви кажам генерално.Љубомората ви е драги мои грешка на младоста...наместо да уживате во свежината,убавината и здравјето ,да лудувате и се забавувате,си ја загадувате сопствената младост со бесмислени и глупи караници,депресија околу ништо,посесивност,плачење,многу озбилни врсли во кои никој не е среќен веќе некое време. Ама никој не слуша дури е млад (не сум ни јас),ама тој безгрижен период ќе помине и тогаш ќе ви биде жал на што сте го потрошиле времето. После неколку години ,некој порано,некој никогаш ,ќе сфатите дека животот е само еден ,краток и со секоја секунда сме се постари и враќање нема. Уживајте девојки,оставете ги депресиите,караници околу глупости,предолги врски кои очигледно не одат.Оставете го шпионирањето,фб,плачење и хистерисување.... Знам дека нема да ме послушате ама ете да си кажам...
Љубомора може да постои во врската,доколку не сте успеале да стекнете доверба кај партнерот.Зошто сте заедно,ако не му верувате Не можам да ги разберам оние што упурно глумат дететективи,трагаат по фајлови,мејлови,телефонски броеви и се опседнуваат со постапките на другиот,а тоа е всушност човекот што го сакаат,истиот оној со кој делат постела и интимни моменти.Опуштете се и живејте релаксирано.Не си задавајте удар сами на себе и не го барајте проблемот каде што не постои.Треба да бидете мудри и да знаете како да постапите со љубениот,но и моментот да го погодите.Драги мои,бидете паметни и проникливи жени.Само така ќе стекнете статус на сакана и почитувана личност
Lunicka Зашто викаш дека е грешка? Те сваќам што сакаш да кажеш, постара си од мене но што ако заради невнимание се направат грешки? И мојов е љубоморен, не искажува толку, но многу пати ми се има дерено и викано, имав страв од него и фобија но се навикнав дека ќе биде добро. И не е само заради нестекната доверба, мм вика ако не те сакав немаше да ти љубоморам, да ми сметаат машки и ќе те пуштав да излагаш со кој сакаш и каде сакаш. Незнам, ме осудија дека лошо искоментирав во една слична тема, сакам и јас да не се замарам и да живеам слободно, но прашањето е како?
Затоа што љубомората е чудовиште,кое ги јаде двајцата во една врска. И немој да ми кажеш дека ти било пријатно кога ти викал сопругот.Какви грешки можат да се направат од невнимание,не те разбирам?! За мене љубомората е нормална кога е во рамки на шега,кога почнуваат кавги,зашто си застанала,погледнала,направила муабет,облекла нешто,каква нормалност има тука??И екстремната љубомора е резултат на несигурност од било која страна.
Колку повеќе гушиш некого толку побрзо ќе си отиде од тебе.Не ви смета на вас кога дечкото ви виси над глава и за секоја ситница зошто вака зошто така ? Да ви забрани муабет со машко да правите ? Ок нормално е до негде да се има љубомора , да ви засмета некоја дроца што упорно пробува да му се упика , ама другиов вид на опсесивна љубомора само ќе ви биде тешко на вас , самите ќе се измачувате со тоа што го пратите секој негов чекор. Реално ако сака нешто да направи со друга , ќе го направи а вие нема да имате појма за тоа