Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубомора во врската

Дискусија во 'Врски' започната од kate, 19 ноември 2009.

  1. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    ^ Извини ама за последната реченица не се сложувам... кога тогаш вистината сама си излегува на површина,а ако несака/ш да си заедно со него не мора, за се постои разговор и објаснување.ако правевме така сите со друг/а и партнерите појма да немаат од тоа до кај ке стигневме...ама не можи да се докажи некоја работа на прости луѓе.
     
  2. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    4.555
    Пол:
    Женски
    Фала ти ама единствен простотилук е од твоја страна , што очигледно немаш појма како се води дискусија , а и немаш појма како да почитуваш туѓо мислење , можеби некогаш и ќе научиш

    назад на дискусијата од погоре , да вистината ќе искочи некогаш ( месеци , години и сл ) ете и пак изневерениот партнер ќе живее со помислата дека нема такво нешто и сл.и јас сум за отворен муабет ама ете не секој ја има таа храброст па во очи да си каже се што му треба
     
  3. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Не се карајте одма, не е никој глупав а точно е тоа дека секогаш ќе има нешто што ќе го мисли цело време. Самиот ќе се издаде. И не заборавајте на нашата женска интуиција, без причина не се станува љубоморен!!!!
     
    На swrcii му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Љубомората во врската е веројатно најсилниот убиец на страста во неа и сигурен пат до замразување на партнерите доколку се решени да бидат заедно на подолг период, како брак, на пример.

    Љубомората, комбинирана со посесивноста, да бидеме попрецизни, зашто љубомората сама од себе, по некогаш знае да биде и слатка, па дури и потребна. Посесивноста, е магичниот напиток за самоубивање на една врска.

    Забраните и ограничувањата нема да донесат апсолутно ништо позитивно, деталните проверки и испрашувања ќе донесат сомнежи, тие сомнежи нови сомнежи, а новите сомнежи ќе успеат порано или подоцна да создадат проблем, како кога ќе отидете на доктор, иако сте здрави... сигурно ќе ви најдат нешто.

    Почитувајте си го партнерот и неговата слобода, не бидете од оние луѓе чии сопрузи или сопруги не сакаат да си дојдат дома кога ќе имаат можност да бидат некаде надвор. Разберете дека сите имаат приватен живот и дека комуникацијата со светот е основната работа преку која се пронаоѓаме самите себеси во општеството, се проектираме... бидејќи без пријателите, колегите, но и обичните странци кои ги поминуваме на улица без да си кажеме збор... нема да бидеме оние луѓе кои сме, нема да ставаме убав мирис на себе, нема да се облекуваме убаво и нема да се трудиме да изгледаме добро, да зборуваме паметно и да бидеме едноставно - луѓе. Ќе бидеме неандреталци кои живеат во пештери и не комуницираат со никого.

    Не се занимавајте со љубомора. Ако едноставно е посилно од вас, решението е едноставно. Откачете го партнерот и најдете некој кој ќе биде љубоморен и посесивен врз вас. Потоа, уживајте во домашната војна. ;)
     
    На barbiegirl.24, LadyAlek, K-pozitiv и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Лошо е само ако личноста е претерано љубоморна што без никаква причина го напаѓа партнерот.
    Многу е битно да не се дава повод за љубомора, се да се прави до одредени граници.
    На пример несоодветни муабети со другарки или колешки, криење на телефон и сл.
    Порано покажував поголема љубомора, незнам зошто :D сега не толку. Го научив, а и он мене.
    А инаку како што е кажано погоре женската интуиција ретко кога лаже :D . Мене ме нема излажано :) .
     
  6. LadyAlek

    LadyAlek Нов член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Mnogu e ubavo da sakas i da bides sakan no momentot na ljubomorata e predznak za nesigurnost i toa vo sebe i vo partnerot, a ljubomorata e na tenka granica so posesivnosta koja i ne e bas taka vkusna za vrskata. Mora da postoi nekoja pricina koja ja sozdava seta taa ljubomora, nemozes tuku taka da ljubomoris za se i sesto sto partnerot ke go stori. Fakt e deka koga iskreno i silno sakas postoi doza na ljubomora koja iskreno ja opravduvam, na toj nacin i pokazuvas na licnosta deka ja sakas i deka ti znaci!
     
  7. Cottonmouth

    Cottonmouth Нов член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0

    Што значи несоодветни муабети со другарки? Мислам, како тоа може да биде повод за љубомора? И зашто треба партнерот да ми го гледа телефонот?
     
  8. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Па незнам што нејасно има во зборот несоодветни :D .
    Едноставно да се однесува кон девојките исто како да е слоботед, да им се пушта и наметнува.
    Значи зборувам за преминување на граница, а не за забрана дечкото да има другарки да се разбереме.
    И не сум напишала да гледа партнерот, туку за криење на телефон- значи во никаков случај да не го остави телефонот, намалување на тон за да не ѕвони телефонот или исклучување на телефон. Ете поопширно :D
     
  9. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    А јас мислам дека љубомората е несигурност.

    Ако не му верувате доволно на партерот и мислите дека тој може да ве изневери, тогаш се јавува љубомората. Кога чувствуваме опасност и се чувствуваме запоставени почнуваме да љубомориме.

    Доколку имаш доверба во парнерот, и ти значи премногу нема потреба од љубомора.

    Сепак 21 век сме, нормално е да бидеме љубоморни. Какви се нема по улиците... :x
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Savana93

    Savana93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    159
    Nije strasno nije svaki dan :D
    Да не се лажеме доза на љубомора има во секоја врска во која вистински се сака.
    Посесивната љубомора е убиец на љубовта точно, и предизвикува несигурност и љубомора кај парнерите.
    Но да е сеедно со кој е кај е т.е да се има потполна доверба то според мене е заслепена љубов.Ако ти дал доволно причина за доверба океј, но ние жени како жени никогаш не ние доволно секогаш е потреба сигурност ако партнерот добро те познава ќе го знае тоа и ќе нема потреба од FBI.
    Исто така малата доза на љубомора според мене која е слатка значи зборам за она малце налутенко па да го гушнеш да му помине е знак дека не муе сеедно на партнерот и затоа ти иди уште посилно да го гушниш :)
     
    На tallyweijl и makedonkamak им се допаѓа ова.
  11. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    извесна доза на љубомора е корисна и здрава за една врска....барем јас така мислам, инаку партнерот потсвесно ке свати и дека не е ништо посебно во вашиот живот. ние девојките сме така пољубоморни, не даваме лесно нешто што е наше-тоа е факт.
     
  12. Slikaprilika

    Slikaprilika Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2014
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    3
    kazete mi devojki ili momci sto da pravam imav vrska so sakaniot 2 godini od koj raskinavme za glupost i sega 2 godini se gledame redovno so emocii :( kazete mi sto da napravam za da go zadrzam i povtorno da bide so mene vekje 4 godini eden bez drug nemozeme a pak ne mozeme eden so drug :(
     
  13. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    девојко јас би ти препорачала да седнеш со него убаво да разговараш, да си кажете се што ви лежи на душичката, да се отворите еден спрема друг -да дознаете што понатаму, ако се сакате како што пиша тогаш мислам дека немате никаква пречка и одговорот го знаеш, ако не оди и не оди, со сила неможеш ништо да направиш, секој по свој пат така ке биде најубаво. седните и сериозно разговарајте сепак се работи за заедничка иднина, неможеш само ти да ја градиш врската, треба двајцата да знаете на што сте.позз и се надевам дека љубовта ке победи :inlove: :inlove: :inlove:
     
  14. Slikaprilika

    Slikaprilika Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2014
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    3
    Фала ти мила се надевам и јас но незнам што очекува уште да направам јас за него стварно ми треба да поразговарам со некој и да ме посоверува но незнам еднаш седнав да правам муабет но тој ја одбегна темата :(
     
  15. Insatiable13

    Insatiable13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    367
    Извесна доза на љубомора ми ласка секако се додека сето тоа не премине во рутинска контрола: каде си, со кого, зошто, како, кога и итн итн итн.. Додуша јас сум таков тип што на нерви ми иде некој да ме распрашува што и како постојано... не знам, едноставно таква сум, колку повеќе ме напиња со љубоморни испади толку почнувам да се оддалечувам.
     
  16. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.883
    Допаѓања:
    33.342
    Пол:
    Женски
    Devojki,imam problem.Znachi obsednata sum so ljubomora.Mrazam koga toj zboruva so drugi zhenski,sekogash sakam da znam so kogo e i sho kako.I toj me kontrolira mene ama ne kako jas nego shto mu pravam.I toj e ljubomoren,no ne go iskazhuva za razlika od mene.Kako da se spravam so ova? Se trudam da ne se zamaram,da ignoriram,ams nikogash ne mi uspeva i sekogash zavrshuvame so karanje.Ve molam za sovet :)
     
  17. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.894
    Допаѓања:
    89.419
    Пол:
    Женски
    Колку време сте заедно ? Ако навистина го сакаш и не сакаш да го изгубиш мораш да се контролираш и колку и да е тоа посилно од тебе не го искажувај пред него затоа што тоа е голем притисок а и љубомората во една врска е најнегативната работа ,воздржувај се самиот да осети дека си се променила,верувај дека многу поубаво ќе ти биде доколку не си толку многу љубоморна за секаква ситница :)
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.883
    Допаѓања:
    33.342
    Пол:
    Женски
    Znam deka e po dobro za mene,no veruj po silno e od mene toa.Che probam da ne go iskazhuvam toa. 1ipol godina sme zaedno.
     
  19. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    QweenSM,вообичаено љубомората ги заморува машките.Тоа е прилика само да се одалечи од тебе поради твојата посесивност.
    Контролирај го тој нагон на љубомора.А и не сте малку време заедно,такашто требало до сега да стекнеш целосна доверба во него ;)
     
  20. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.894
    Допаѓања:
    89.419
    Пол:
    Женски
    Година ипол не е мал период за стекнување доверба и опуштање без никакви љубоморни сцени помеѓу вас :) Тој сепак сеуште е со тебе ,затоа потруди се за да не ви се растури врската поради љубомора ...