Јас воопшто не сум љубоморна, не ми е секогаш сеедно кога ке помислам на некоја згодна бивша но во врската треба да се има доверба, јас му верувам и знам дека ме сака само мене, исто така ни тој не е љубоморен.
Љубоморна бев и уште сум,му ѕвонев по 600 пати на ден и му пукна филм.Ама ја си продолжив хаха .Имав причина,мислам дека имаше друга,а глупа не сум да и го отстапам . Па виде не виде дека на мир не го оставам и си се тргна .Ја само тогаш ја покажувам а има денови и коа и4 не ја покажувам зш некад знае да биде фатална по врската.
Во врска сум 2 години и мислам дека пола година веќе не сум среќна воопшто во оваа врска... Се почна со тоа што тој е претерано љубоморен, јас морав и морам да пазам на секој мој чекор, на секој мој збор, да се објаснувам за секаква глупа ситуација непредвидлива што ќе се деси, да ми го знае секој чекор и секогаш и во секое време да знае што правам. Ова звучи измачувачки а и така е, но тоа до пред година дена не го сфаќав така, тогаш бев лудо заљубена во него и се прифаќав... е сега више гајле ми е за се, ако се лути, збори глупости му спуштам телефон па тој врти, се дере како ненормален вреѓа, за на крај пак он да се јави и да каже дека јас сум крива што сум ја направила кавгата и јас сум крива за тоа тој само се шалел кога искоментирал нешто за некој друг и кога ке направи љубоморен скандал тоа било "шала", а јас сум таа која не сфаќа шала. Најискрено последниве месеци се измачувам самата себе како да го оставам, каде ке најдам некој што толку ке ме сака, нема да ме изневерува, зошто за тие работи е срце, имам 26 години и имам страв од иднината, страв од пронаоѓање на прав партнер, си викам кај овој е љубомората, кај друг ке биде друго... Во последно време малку гледам се контролира со испадите, но мојата љубов мислам дека згасна, се изморив од сето тоа 2 години...
^ ЏинТоник, ова не се однесува исклучиво на тебе, туку ти си само еден од бројните примери: Жените се спремни да трпат се‘ и сешто и да се задоволуваат со помалку од она кое навистина го заслужуваат само по цена да не бидат сами. Пусти страв да не не најдат никој со кој ќе го поминат животот. Не велам дека сум во право, само го искажувам сопственото мислење: Поарно ќе се мажам на триесет, четириесет години, поарно никогаш нема да се мажам, отколку секој ден да се будам покрај човек со мислата Зар овој треба да го трпам до крај на животот?.Да се биде во врска или во брак е не само да се БИДЕ физички или на хартија или пред луѓето присутен. Треба таа врска да ти причинува радост и задоволство и исполнетост во душата, не само во креветот и на семејни собири. И после ќе се жалат жени по форуми....
Убаво те сфаќам како ти е, и мој совет ти е да раскинеш и воопшто да не се замараш со тоа дека си 26 години и дека сама ќе останеш, па не си престарела и нема да си единствена која е сингл на 26, не се сите на тие години мажени или во сериозна врска. Никогаш не знаеме што ни носи животот. А ти заслужуваш да бидеш среќна, да имаш исполнет живот, со човек кој ќе има доверба во тебе и на кој нема да му го правдаш секој чекор. Нема што да мислеш за народот, ти си таа која ќе живее со него. Дали си подготвена цел живот да бидеш во 4 ѕида и изолирана од сите? Бидејќи тој штом уште сега е ваков, во брак ептен ќе стане. Мисли само за себе и за својата среќа, а годините се најглупавиот изговор за нивно уништување. П.С љубоморните луѓе никогаш не се менуваат, не дозволувај да те залаже со тоа.
Сите што се претерано љубоморни се сакаат повеке себе си отколку партнерот . Значи он толку многу се сака себе што му е страв неговото его да не биде повредено , страв му е тој да не пати , него да не не му е убаво , ако толку те сака кажи ми зошто те измачува со такви работи ? Не може да стисне заби еднаш , двапати , трипати и на крај да се навикне да ти верува ако толку сака , да пропати малку тој кога се воздржува да не ти постави прашања со кои те гуши и те прави несреќна ама да те види дека си среќна тебе ? Значи не му е . Еве јас имав претерано љубоморен дечко и исто како тебе на почетокот мислев дека е од што ме сака и исто како тебе поминував низ секакви скандали , ама пошто сум јак карактер имавме и жолчни расправии , никогаш со навредување бидејки тоа да се случело веројатно ќе сум прекинела . Значи таквите луѓе не знаат да сакаат и да се препуштат само мислат дека сакаат и дека така треба .Еве јас сега сум пресреќна што имав сили да го оставам бившиот зад себе . Сега имам дечко кој буквално секоја секунда од денот гледа да ми го разубави животот . Без број пати ми купил ситници или онака баш поклони без повод , секој ден прави секакви гестови да ми докаже дека ме сака и ме чува како капка на дланка . Ова ти го кажувам дека секогаш има подобра прилика . Имаш 26 години воопшто не си престарена ,зошто да чекаш и на 30 да се освестиш? Зошто никогаш да не се освестиш и цел живот да ти пројде вака измачувачки и да се присеќаш на овие моменти и да се прашуваш зошто не си прекинала ? Цврсто верувам дека оние кои имаат доволно сила да го остават минатото зад себе и да почнат од почеток им следува гратис среќа пошто биле храбри
секако дека требит да постојт љубомора во врската..во граници на нормалата.. јас не сум многу љубоморна,ама сакам да знам каде оди,што прави и со кого е тој ме разгали така на почеток,па сега ми е тешко да се одвикнам и тој исто,сака да биди информиран за се
Многу сум љубоморна човече :/ Незнам што се дешава со мене.Во врска сум 2год ипол години. На почетокот се беше океј. Секој ден се гледавме, ни беше многу убаво.. не дека сега не ни е, ама се сменија работите некако, не е како претходно. Незнам зошто. Во последно време, многу се замарам со тоа кој ќе му пише на фб, мора да се уклучам за да видам што како.. во школо има едни "другарки" што во последно време многу почнале да му лајкнуваат статуси ова она. Незнам што им е финтата :/ А пред тоа, не беше вака сега како што е, да му лајкнуваат и да му зборат во школо, многу си се опуштиле. -_- Глупачки. И сум зборела со него за тоа, но тој ми вика дека што има врска тоа, не биди до толку па и ти, јас да сум ги сакал ќе сум излегол со нив. Ама јас нон стоп му се лутам, незнам што ми се случува во последно време. Не дека не му верувам, ама паак.... не е свеедно. Страв ми е, да не му се мотка некоја.. ма да знам дека не би ми го направил тоа, да ме изневери. Знам дека му значам и дека ме сака и јас исто него премногууу. Ама незнам навистина, што да направам за да не се однесувам вака. Сакам да знамммм се буквално сее -_- Кај е, со кого е.. кога оди на кафе нонстоп се нервирам, а не сакам да му забранувам мн мн за да не испаднам јас дека сум таа која го гуши, ама не сакам да му зборат други, и да му се пуштаат!!! Ги мразам сите шо му се другарки! Сега матурант е, ќе умрам кого ќе размислам што ќе прават таму. Таа што му е партнерка во последново време изгледа сака да не скара некако, ама не е успева. Му реков да не се слика со неа, но тој ми вика што има врска другарками ништо повеќе, нема за што да се нервираш... АМА НЕ Е СЕ ТАКА, КАКО ШТО МИСЛИ ТОЈ! Неможе да ме сфати очигледно. Што да правам незнам Кажите некој лек против љубомора.
^ Леле леле колку само те разбирам. Иста сум, само што си чувам во себе и не му викам него оти знам дека не сум во право. Премногу ме почитува и сака за да ме изневери. Ама ете... порано не ми сметаше ништо, сега секое девојче во негова близина ми смета, а дружељубив си е, со сите си прави муабет... И лек за љубомора нема, само може да се навикнеш да живееш со тоа и да му веруваш на дечко ти, сеа не слепо ама со граници.
Имам пишубано и предходно....Ти мочам лубомората... 100 пати си имам даденно збор дека повече нема да лубоморам,од утре отворам нова листа... АХА да сигурно истата... Ми се смачи од самата себе си...со оваја проклета лубомора неможам да ја тргнам од во себе и доага и до скандали со дечкоми караници за глупостииии !!!! Се нервирам немозам да се контролира, по природа сум избувлива личност но знам дек претервам уфаа..Разговарав и си мајками ми кажа остај го не го замарај остај го нека дише...Дај му простор тој да трча по тебе ни ти по него....Јас не можа така бе неможам, да се прам како не ме интересира не мозам бе че пукнам...Луѓе ве молам дај ми совет како да прекина со либомора!
Pred toa ne bev.Ama sega sum mn se mi smeta.nemam oset ponekogas..sto da pravam taa sum,porano koga bef so drug.mi bese seedno a sega me naucija da kazuvam se kaj odam sto pravam pocnav od toa i jas da ucam!se isprasuvam..ako nasteti nesto na vrskava za toa kriva ke bidam Jas.kazete mi kako da ne isprasuvam,glupavo e prasanjevo ama toa e..-_-
Многу сум љубоморна, ама не секогаш покажувам, но кога ќе покажам коа ќе ми засмета нешто се карам асално
јас не сум нешто претерано љубоморна,никогаш не сум се скарала за такво нешто ме нервира кога ке ја видам другарка ми колку многу е љубоморна,нон-стоп се караат заради тоа
Не сум многу љубоморно но сепак малце да ... Едноставно не сакам други женски да го чепкаат ! АХ тој е мој само мој!
Па многу нормално дека сум меѓутоа пробувам да биде тоа во нормални граници..не ми смета секоја во негова близина но се си има своја мерка...он е по љубомортен од мене иако не признава
За првпат сум на форумот.Проблемов за кој станува збор тука го влечам со години,после долга пауза упознав преку фб разведен човек(кој сега е и мој свршеник)...МОжам да кажам дека отако го запознав донесов одлука љубомората никогаш веќе да не ми го поматува мозокот.Му кажав за мојот проблем и за тоа дека запрвпат сакам да имам врска бе љубоморни сцени. Делуваше многу вљубено,уште од првите денови ми зборуваше дека е спремен за уште еден брак,дека во мене пронашол се што барал,велеше дека н ему смета мојата моментална работа во угостителство.Ме опсипуваше со внимание какво што несум дожиевала,подароци и јавни пофалби и искази на љубов пред сите ,брзаше да ги упознае моите родители и моите другарки.Од неговиот однос спрема мене некои од другарките позеленеа од завист и се тргнаа.Другите ја споделуваа мојата среќа.И се беше ок додека он не почна со изливи на љубомора,почна да прави филмови дека јас ќе го оставам,ние поминавме мала криза на несигурност и се веривме.После веридбата почна нагло да ме замара на работа дека сигурно некои ми се пуштаат,дека он и без оглед на тоа ќе бил со мене додека не си најдам поарен,пошто тој не бил доволно добар за мене,постар оти бил 10 години од мене.Почна да ми брои колку пијачки ке испијам и дали некој од неговите другари ќе флертувал со мене.Такво нешто никогаш немало,бидејќи сум лојална по природа.Колку повеќе се правдав и плачев тој почна да прави филмови и дека комшиите кај што бев под кирија биле сигурно со мене,на работ бев да прекинам бидејќи тоа размислување ме навреди многу..Потоа се реши да спушти топка малку,но сомневањата прекинаа откако јас излегов дури од работа,пошто секој ден ми правеше проверки кој бил на работа,дали ми бил бившиот дечко со кој раскинав бидејќи ме изневери..за тој бивши главата ми ја пукна демек не сум престанала да го сакам,а мене не ми ни текнува оти беше пред 6 години тоа,јас му раскажав за него за да биде свесен дека изневерување не простувам,да знаев немаше да му кажам.Самиот ме навлече да почнам и јас да истражувам,почнав да се чудам зошто ги брише сите повици и пораки од моб,тој ме натера да блокирам другар,јас него другарки,тој избриша 2оо пријателки под наводници со кои си комуницирал дотогаш,почнав да му го отварам фб профилот за да дознаам дека баш оние за кои велече дека најмногу ги презира -највеќе му биле при срце,едната што рече другарка му била чак и се пуштал...Тој сам си бараше да му забранувам кафенисувања со другарки кога тој ми забрани другар да имам.Фер нели?Истовремено лудо!И сега сам ме навлече да неможам да престанам да го проверувам кога сама открив дека оние кои наводно ги мразел-го привлекувале.Нели една лага е доволна за сите вистини да станат сомнителни.Сега јас чекам да најдам работа со негова помош и да видам дали пак ќе прави сцени.Додека работев умираше по мене и љубомореше,почесто имавме и односи(по 3 пати на ден) а сега откако се преселив кај него едвам еднас неделно!Што е со некои љумори- траат додека не те имаат под свое?Е сега јас инспектор станав ,сам предизвика да ми падне самодовербата и да мислам дека го интересираат други...
Преќини на време, бегај од овој. Никогаш нема да ти најде работа верувај, а кога сама ќе ја најдеш нема да те остави да работиш. Кои му се причините за разводот испита ли онака одоколу, не него? Недовербата е створена, нема што повеќе да бараш со него. Понатаму кога ќе бидеш во брак па и детенце, ќе го осетиш вистинскиот пекол.
Lakisantandzelo никогаш не го сфатив ова како е можно да му дозволувате на вашиот дечко да ви наредува, како тој свири ти така играш?!!? Мислам проблемот е во тебе, не во него. Оти си немаш свое јас и не знаеш да му се спротиставиш, па макар и по цена да ја прекинеш веридбата. Тој човек бил еднаш во брак да бил добар сопруг немало да се разведе иако за развод се потребни двајца. И не се надевај многу многу дека ќе ти најде работа оти тоа нема да се случи никогаш. За кратко врееме ќе се земете, ќе му родиш едно детенце и дури тогаш ќе почуствуваш што е вистински пекол. Тој дури тогаш ќе те врти како што сака затоа што тој е вработен, тој носи пари дома а ти не и ќе мора да молчиш. Ќе мора да го молиш за 50 денари за најобични влошки. Колку повеќе ти се правдаш и плачеш нему тоа му годи и ќе ги врти работите како тој сака, ќе си игра со тебе. И какви се тие забрани бе луѓе? Небива тинејџери сте. Човекот е болно љубоморен затоа тргни се од него дури е време.